Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, коментираше како неговиот тим може да се спротивстави на напаѓачката моќ на Франција во форма на Килијан Мбапе, Михаел Олисе и Усман Дембеле во претстојниот полуфинален натпревар на Светското првенство денес во 21:00 часот во Далас. Кога го прашале дали е загрижен за францускиот напад и како планира да го запре, Де ла Фуенте одговори: „Ја анализираме Франција многу, многу внимателно. Нашите тимови се ...

Скандал со репрезентацијата на Сенегал за време на Светското првенство. Се откри дека главниот доктор на националниот тим по професија бил гинеколог. Оваа вест ја откри претседателот на сенегалската фудбалска федерација. „Нашиот лекар во нашиот персонал нема потребна специјализација за работа со нашите играчи. Д-р Фериор е гинеколог по специјалност, а јас за ова дознав многу доцна“, изјави Абдулае Фол. Тој исто така додаде дека и играчите не ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, пред денешната полуфинална пресметка нагласи дека неговиот тим добро ја познава Шпанија пред утрешниот полуфинален натпревар меѓу двата тима на Светското првенство во 2026 година. Тој ја препушта улогата на фаворит на својот противник, веројатно сакајќи да го тргне притисокот од себе и од своите фудбалери. Тој ова го смета затоа што Шпанија влегува во пресметката како актуелен европски првак. „Ја ...

Досегашниот играч на Олимпија Милано Зак ЛеДеј и официјално е промовиран за нов кошаркар на Хапоел Тел Авив. Тој потпиша двегодишен договор со својот нов клуб, откако имаше успешна сезона во италијанскиот тим. 32-годишникот доаѓа по уште една продуктивна сезона со Армани Олимпија Милан, со просек од 13,1 поен, 4,2 скока, 0,9 асистенции и 15,1 поен во нападот, додека шутираше со 51,4% од линијата за два поени и 49,5% од линијата надвор од ...

Германскиот фудбал остана без уште еден голем талент. Ваел Мохја, млад фудбалер на Борусија Менхенгладбах, одлучи во иднина да игра за мароканската репрезентација. Мароканската фудбалска асоцијација успеа да го убеди талентираниот играч да го носи дресот на Мароканците, иако Мохја е роден и израснат во Германија. Младиот играч од средниот ред се смета за еден од најинтересните играчи од неговата генерација во академијата на Борусија ...

Норвешката репрезентација вчера се врати дома по историскиот настап на Светското првенство, каде што стигна до четвртфиналето и ги освои срцата на фудбалските фанови ширум светот. По пристигнувањето во Осло, членовите на тимот се упатија кон Кралската палата, каде што беа пречекани од кралот Харалд V заедно со членови на кралското семејство. На овој начин, Норвежаните беа признати за најголемиот успех на репрезентацијата во модерната ...

Поранешниот хрватски фудбалер Крешо Ковачец (56) е во индуцирана кома и се бори за живот по руптура на аортата, по што доживеа мозочен удар, а неговото семејство започна кампања за собирање средства, објавува „Билд“ . По руптурата на аортата, Ковачец бил итно опериран, а лекарите се бореле за неговиот живот 12 часа. Му бил заменет и срцевиот залисток, но следеле сериозни компликации. Ковачец претрпел тежок мозочен удар и крварење во мозокот, ...

Во голема полициска акција во Хрватска, уапсен е познатиот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ, и поранешната раководителка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотни работи на Државната управа на Шибенско-книнската жупанија, Неда Ливљаниќ. Се сомнева дека Шимиќ нелегално добил потребни дозволи за изградба на камп преку Ливљаниќ. Ливљаниќ веќе бил притворена по слични обвиненија. Шимиќ во својата кариера играше за Динамо, па во Интер, ...

Технологија што го олеснува секојдневието Летото е период кога домот станува место за собирање. Семејните ручеци, скарата со пријателите, спонтаните дружења на тераса и вечерите резервирани за најважните фудбалски натпревари бараат многу повеќе од обичен фрижидер. Потребни се простор, добра организација и технологија што ќе го олесни секојдневието. Токму затоа Gorenje ви предлага да одберете Side by Side фрижидер – апарат кој комбинира ...

Тибо Куртоа го напушти четвртфиналето на Светското првенство против Шпанија 20 минути до крајот поради повреда, а неговото исклучување на крајот ја чинеше Белгија. Резервниот голман Сене Ламенс направи грешка што ги чинеше „Црвените ѓаволи“, а сега пристигнаа резултатите кои велат дека Куртоа воопшто нема повреда. Белгија одигра исклучително добро против Шпанија, но при резултат 1:1 се појави проблем кој на крајот го одлучи победникот на овој ...

Неколку недели му требаа на Арне Слот да најде нова работа, откако доби отказ од Ливерул после разочарувачката сезона во Премиерлигата. Холанѓанецот не „преживеа“ на клупата на „црвените“ од Енфилд, и на негово место беше донесен Андони Ираола. Затоа Слот нема да чека многу за нова работа. Тој ќе ја преземе репрезентацијата на Холандија, откако селекторското место на оваа репрезентација остана празно по оставката на Роналд Куман. Слот ќе има ...

КУПС со предност од 0-2 стекната во Скопје го пречекува тимот на Вардар на свој терен. Финскиот тим е еден чекор понапред во следната фаза од македонскиот првак, а утре очекува поинаква игра од својот противник. Барем така вели тренерот Мика Нутинен, кој смета дека тимот мора да биде подготвен на се, и покрај солидната предност од првиот меч. „Возбуден сум, но подготвени сме да ја завршиме работата на свој терен. Резултатот од првиот меч ќе ...

После неуспехот на Мундијалот, на кој Уругвај беше елиминиран уште во групната фаза, селекцијата остана без селектор. Марсело Биелса доби отказ после три години на клупата на овој тим, а сега стигнуваат вести од оваа земја кои велат дека легендарниот фудбалер ќе го замени на клупата. Станува збор за некогашниот голгетер на оваа земја, Диего Форлан кој ќе треба да ја преземе селекторската палка. Уругвајскиот напаѓач одигра 112 меча за својата ...

ужноафриканската полиција во неделата соопшти дека истражува смртта на играчот на Светското првенство и јужноафрикански репрезентативец Џејден Адамс, откако неговото безживотно тело беше пронајдено минатиот викенд на имот во Кејптаун. 25-годишникот почина две недели откако ѝ помогна на Јужна Африка да стигне до нокаут фазата на Светското првенство за прв пат во својата историја. Властите не ја открија причината за смртта. „Полицијата во ...

Фудбалерите на Реал Мадрид денес ги започнаа подготовките за новата сезона 2026/26 со Жозе Мурињо. На прозивката на Португалецот се јавија голем број играчи, меѓу кои најзначајни се Трент Александар-Арнолд, Дин Хаусен, Раул Асенсио, Фран Гарсија и Едуардо Камавинга, кои не беа во составот за Светското првенство, додека најважните вести дојдоа од Белгија. Тибо Куртоа, кој мораше да ја напушти играта во поразот од Шпанија, не е повреден и ...

Вардар утре го игра реваншот во 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите против фински Купс. Македонскиот првак ќе мора да направи сензација и да брка негатива од два гола, по натпреварот во Скопје во кој финаскиот тим стигна до 0-2 предност. Тренерот на „црвено-црните“ Кристијан Фабијани најави дека очекува тимот да го смени менталтитетот, и очекува да види организиран Вардар и пред се дисциплиниран. „Важно ми е на овој натпревар да го ...

Лукас Дињ наскоро би можел да стане нов играч на ПСЖ. Францускиот лев бек постигна усмен договор со францускиот шампион. ПСЖ веќе ја извести Астон Вила дека ќе ја активира откупната клаузула во договорот на искусниот дефанзивец, а трансферот треба да биде комплетиран по завршувањето на Светското првенство. Износот на обештетувањето треба да биде помал од 10 милиони евра. Дињ наводно ја прифатил улогата на резервна опција за Нуњо Мендеш на ...

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина се договорил за лични услови за соработка со клубот од Бергамо, а сега двата клуба треба да се договорат за обештетувањето. Според информациите од италијанските медиуми, Алајбеговиќ се договорил за договор со Аталанта до летото 2031 година. Исто така, беа договорени и финансиските детали, а според договорот, младиот фудбалер на БиХ треба да заработува нешто помалку од три милиони евра по сезона. Откако ...

Младинскиот репрезентативец на Литванија, Мантас Јузенас постави нов рекорд по бројот на постигнати поени на У20 европските првенства, откако во победата на неговата селекција против Полска 112-67, тој постигна 46 поени. Јузенас стигна до овој подвиг за само 25 минути игра, откако погоди седум тројки, шутираше 11 од 13 за два поени, и 3/3 од линијата за слободни фрлања. Со тоа го собори рекордот на Владо Илиевски кој во 2000 година постигна ...

Охрид се засилува во обидот да избори „кам-бек“ на прволигашката сцена. Најново засилување во таборот на охриѓани е искусниот десен бек Горан Силјановски – Шаро. Силјановски зад себе има искуство со над 300 натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Во својата кариера натапуваше за Македонија ЃП, Вардар, Тетекс, Ренова, Работнички, Брегалница, Беса, а кратко беше и во Албанија, во екипите на Фљамуртари и Динамо Тирана. Станува збор за ...

Оскар Вембањама веќе им го привлече вниманието на скаутите кои ги следат јуниорските лиги во Франција, но и пониските сениорски лиги. Сите сме слушнале за „Вемби“, а на сцената стапува уште еден. Помладиот брат на Виктор, Оскар, полека го трасира својот пат кон кошаркарските височини. Сепак, тој нема да ги достигне висините на постариот Вембањама, бидејќи на 19-годишна возраст е висок „само“ 202 сантиметри. Постариот брат е висок 224 ...

Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар утре ќе има тешка задача на гостувањето во Финска кај КуПС да ја анулира негативата од два гола од првиот натпревар одигран пред седум дена во Скопје. Кристијан Фабијани и неговите избраници денеска го одработија официјалниот тренинг пред утрешниот меч кој е со почеток во 17 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно ...

Холандскиот фудбалски судија Роб Диперинк почина на 38-годишна возраст, соопшти Кралскиот фудбалски сојуз на Холандија (KNVB), изразувајќи длабок шок и тага од трагичната вест. Смртта на елитниот арбитар доаѓа само неколку недели откако Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука да го отстрани од списокот на судии за Светското првенство во 2026 година. Диперинк беше предвиден да ја врши улогата на ВАР-судија на Мундијалот. ...

Сите го критикуваат претседателот Џани Инфантино и ФИФА, но никој не презема ништо конкретно, изјави Марк Пит, поранешен член на ФИФА и швајцарски експерт за кривично право, како што пренесе германската новинска агенција ДПА. ФИФА е на удар на критики, особено за време на тековното Светско првенство, поради бројни очигледни или помалку очигледни афери, а Пит наведува дека клучниот противтег треба да биде европската фудбалска организација. ...

Рома официјално потврди дека Пауло Дибала потпишал нов договор и дека ќе остане во клубот до 30 јуни 2027 година. Аргентинскиот интернационалец формално беше слободен играч во првата половина на јули, бидејќи неговиот претходен договор истече на 30 јуни, но „волчицата“ и искусниот офанзивец постигнаа договор за продолжување на соработката. Според италијанските медиуми, 32-годишниот Дибала се согласил на значително намалување на примањата за ...

Еден од најдобрите плејмејкери во историјата на Евролига, Шејн Ларкин, официјално е нов кошаркар на Фенербахче. По осум сезони минати во Анадолу Ефес, за време на кои стана клупска легенда и освои две последователни европски шампионски титули, искусниот организатор на играта одлучи да ја продолжи кариерата во редовите на големиот ривал од Истанбул. Според информациите на „BasketNews“, Ларкин платил околу 400.000 долари од сопствен џеб за да ...

Женската јуниорска репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 29 јули до 7 август ќе се одржи во романскиот град Тулчеа. По двата контролни натпревари против Бугарија, стручниот штаб ги анализираше настапите на националниот тим, а во наредниот период следуваат и нови проверки против селекцијата на Косово. Селекторот Виктор Петровски е задоволен од односот и ангажманот ...

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед денеска го официјализираше својот прв трансфер за новата сезона. Официјално нов фудбалер на тимот од „Олд трафорд“ е играчот за врска Андре Сантос кој доаѓа од редовите на Челси. 22-годишниот Бразилец од Васко де Гама во Европа дојде токму во редовите на Челси, а неколку сезони помина на позајмица во Нотингем форест и Стразбур. Ready to make his mark. The Manchester United family welcomes you, ...

Раното испаѓање на германската фудбалска репрезентација од Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе има значителни финансиски последици за Германскиот фудбалски сојуз, објави германската новинска агенција ДПА. Според Штефан Грунвалд, финансискиот директор на сојузот, се очекува дефицит од 9,4 милиони евра. „Планираниот дефицит изнесува 9,4 милиони евра, а поради сметководствените процедури, конечниот резултат ќе можеме да го потврдиме ...

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари „под 18“ години влегува во завршната фаза од подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое ќе се одржи во Опатија и Ријека, Хрватска. По двата контролни натпревари против Бугарија во Ботевград, селекторот Миодраг Тодоровиќ изрази задоволство од она што неговите избраници го прикажале на теренот, и покрај проблемите со кои се соочи тимот во подготвителниот период. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42