Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Јувентус е во потрага по нова „деветка“ по заминувањето на Душан Влаховиќ, а за раководството на „старата дама“ нема дилема – тоа треба да биде Рандал Коло Муани. Французинот мина шест месеци пред една сезона блескајќи во црно-белиот дрес, но Јуве и покрај долгите преговори не успеа во намерата да го откупи договорот со ПСЖ. Коло Муани на крајот заврши на позајмица во Тотенхем, но не се прослави во Премиер-лигата, па летово се врати назад во ...
Раководството на Струга ТЛ потврди уште едно заминување од редовите на поранешниот шампион откако стружани се збогуваа од голманот Марко Ангелети. Италијанскиот голман пристигна во Струга минатото лето и беше стандарден на голот, не примајќи погодок на 15 меча од вкупно 29-те на кои ја бранеше мрежата на овој клуб. Тој имаше договор со Струга ТЛ на уште една сезона, но двете страни сепак се договорија за предвремен прекин на соработката со ...
Вејн Руни покажа дека е човек од збор, откако со пријателите влезе во чамец и мораше да весла во близина на Њујорк откако загуби облог. За што станува збор? Руни пред мечот меѓу Бразил и Норвешка во живо изјави дека Норвежаните немаат никаква шанса и дека доколку направат сензација, тој ќе весла по реката Мерси. Изјавата допре и до Норвежаните, па Халанд веднаш по победата го поздрави легендарниот напаѓач: Се радувам што ќе го видам Вејн како ...
Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Дидие Дешамп вечерва ќе ја води Франција по 187. пат како селектор на „триколорите“, ова ќе биде негов 26. меч на мундијалите, што е рекорд на светските првенства. Пред поразот во ...
Шкендија продолжува со ангажман на квалитетни фудбалери со кои тетовци планираат да ја нападнат титулата и да се вратат на тронот на мак-фудбал, битка во која за главен ривал ќе го имаат актуелниот првак Вардар. Тетовци вчера го комплетираа трансферот на напаѓачот Марко Ѓорѓиевски, а од денеска нов член на Шкендија е и македонскиот репрезентативец Јован Манев. Овој 25-годишен дефанзивец се враќа во мак-фудбалот по 2023 година, кога по добрите ...
Во подкастот „Американски Екстра“, еден од гостите беше и хрватскиот новинар, Вики Ивановиќ, кој во разговор со својот колега Марк Шапит, го раскажа своето искуство од следењето на Светското првенство 2026 од САД. „Беше над сите очекувања. Ми беше многу интересно, особено затоа што одев со одредени предрасуди. Бевме бомбардирани со еден куп информации од негативна природа, како што се „тешко дека ќе добиете виза“, како и „внимавајте на ...
Грузиецот Торнике Шенгелија би можел да биде едно од најголемите имиња засилувања на Партизан ова лето. Според информации од неколку извори, грузискиот крилен центар е на листата на желби на црно-белите, кои се сериозно заинтересирани да го доведат во Белград. Ситуацијата на Шенгелија во Барселона сè уште не е целосно јасна, па Партизан сака да ја искористи евентуалната можност за негово заминување од каталонскиот клуб. Искусниот 34-годишен ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не можеше да каже дали ова Светско првенство е последно во кариерата на Лионел Меси. Аргентина и Шпанија ќе играат во финалето на Светското првенство 2026 во Њујорк во недела од 21 часот, а неизбежна тема беше Лионел Меси, кој на 39 години би можел да го игра последното светско првенство во својата кариера. „Не знам дали ова е неговото последно светско првенство. Мора да го прашате него. Тој никогаш не ...
Марк Кукуреља го објави своето пензионирање од шпанската репрезентација доколку ја победат Аргентина во финалето на Светското првенство 2026. Шпанскиот дефанзивец верува дека со освојувањето на европската и светската титула ќе ги исполни сите свои цели во националниот тим, а му даде и необично ветување на селекторот Луис де ла Фуенте. Дефанзивецот верува дека по освојувањето на трофејот, нема да има што повеќе да постигне за својата земја. Со ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел истакна дека никој од фудбалерите на Англија но и Франција не сакаат да се игра натпреварот за третото место на СП 2026, кој според него е бесмислен. „Ниту еден играч од Англија или Франција не сака да игра на овој натпревар. Сите сакаа да бидат во финалето. Сите се тука за да го добијат ова натпреварување, а не да го играат натпреварот за третото место. Но, така е како што е“, рече Тухел. Иако многумина се ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, пред финалето на Светското првенство 2026 против Шпанија изјави дека има максимално почитување кон својот ривал и дека неговиот стручен штаб со месеци ја анализира играта на „црвената фурија“. На прес-конференцијата пред големото финале, Скалони истакна дека практично сè го загрижува во врска со Шпанија, но се обиде да ја намали тензијата со малку хумор. Натпреварот за титулата светски шампион ќе се ...
Леброн Џејмс, кој наскоро ќе наполни 42 години и влегува веројатно во последната сезона од својата кариера, ја држи целата НБА во неизвесност. Во време кога не се знае каде легендарниот кошаркар ќе продолжи да игра, никој во лигата не прави никакви клучни потези. Поминаа повеќе од две недели откако објави дека ги напушта ЛА Лејкерс и станува слободен агент, но името на новиот клуб сè уште е непознато. Неизвесноста ги погодува не само ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги бранеше своите тактички одлуки по поразот од Аргентина (2-1) во полуфиналето на Светското првенство 2026. Германецот изјави дека не жали за никаква промена и дека ја презема целата одговорност врз себе. На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција во Мајами, германскиот стручњак призна дека неговиот тим станал премногу пасивен кон крајот на натпреварот, но нагласи дека не ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се поизвесно ќе добие уште еден мандат на чело на Светската фудбалска федерација. Како што пишува „Гардијан“, Инфантино досега има поддршка од 200 национални федерации, пришто остануваат уште само неколку федерации кои треба официјално да ја потврдат својата поддршка. Токму затоа се очекува Инфантино без проблеми да обезбеди и четврти мандат на чело на ФИФА. Од поголемите национални федерации досега се ...
Ромел Лукаку го напушта Наполи, а американската МЛС лига се појави како нова можна дестинација за белгискиот напаѓач. Ајакс, Монако и Фенербахче покажаа интерес за него и претходно, но сега е активен интересот од САД. Наполи сака да го продаде за да ги намали високите трошоци за плата, но секој трансфер ќе зависи од тоа дали заинтересираните клубови ги исполнуваат финансиските услови за траен откуп на договорот. Според Тутоспорт, иднината на ...
Утре во Њујорк ќе се игра финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина, а поранешниот шпански репрезентативец Жоан Капдевиља е во центарот на вниманието поради молбата што ја упати до Доналд Трамп. Капдевиља играше за Шпанија многу години и беше дел од златната генерација што го освои Светското првенство во ЈАР во 2010 година. Овој 48-годишник е пензиониран девет години и имал намера да патува во Њујорк за да го гледа ...
Mашката кадетска репрезентација на Македонија, по успешно реализираниот подготвителен период во Грац, Австрија, ги продолжува завршните подготовки пред настапот на Европското првенство 2026. Низ подготовките, нашите кадети во Скопје ќе одиграат два контролни натпревари против селекцијата на Грција, кои ќе бидат последна проверка пред почетокот на Европското првенство. Првиот тест се игра веќе денеска од 18 часот, а вториот е утре со почеток ...
Словенечкиот судија Славко Винчиќ е назначен за судија на финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина. Веста му ја соопшти претседателот на судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, а 46-годишниот Словенец не можеше да ги скрие емоциите откако дозна за одлуката што претставува врв во неговата кариера. Финалето ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, а на Винчиќ ќе му помагаат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ. Покрај ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му се поклони на Лионел Меси пред финалето на Светското првенство 2026, во кое Аргентина и Шпанија ќе се сретнат утре во 21 часот. „Сите можеме да видиме колку е добар Меси! Тој постигна три гола на еден натпревар, а тоа е многу ретко во овој ваш спорт“, изјави Трамп пред новинарите што го следеа Светското првенство. Меси одлично се снаоѓа на турнирот иако има 39 години. Капитенот на Аргентина ја ...
Францускиот фудбалски клуб Бордо , против кој играше и Вардар во Купот на УЕФА во 1995 година, е на работ да биде исфрлен од националните лиги обдувајќи се да избегне законска ликвидација. Претседателот на клубот, Жерар Лопез, ги понуди своите акции на продажба за симболичен износ од едно евро за да привлече инвеститори и да го спаси клубот од најлошото сценарио. Британскиот инвестициски фонд „Спарта“ повторно се вклучи во процесот на ...
Пелистер продолжува со подготовките за новата сезона под водство на Борче Христов кој нагласува дека максимално е задоволен од ангажманот на фудбалерите, верувајќи дека истите и тоа како ќе бидат подготвени за предизвиците кои следат. Битолчани денеска ги очекува и првиот пријателски натпревар против грчкиот Паниониос. „Ова е прв натпревар. Може да кажам дека сум задоволен од тоа што го сработивме досега, посебно од младите фудбалери кои се ...
Светското првенство 2026 ни понуди неколку незаборавни натпревари, но најважниот е пред нас меѓу Шпанија и Аргентина во битката за титулата светски шампион. Шпанците успеаја да го елиминираат првиот фаворит Франција во полуфиналето, додека актуелниот светски шампион ја победи Англија по неверојатен пресврт и дојде до ново финале на крилјата на Лионел Меси. Многумина веруваат дека ова ќе биде и „судир“ меѓу заштитните лица на Барселона, Лионел ...
МАЈКЛ Рубин, претприемач вреден околу 12 милијарди долари, објави селфи од Светското првенство 2026 со голем број спортски и шоу-бизнис гиганти. Кевин Дурант, една од најголемите ѕвезди на НБА, се фотографираше себеси, шпанскиот капитен Родри, иконата на американскиот фудбал Том Брејди, најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ, аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, раперот Тревис Скот, легендата на Манчестер Јунајтед и англиската ...
Пеп Гвардиола наскоро би можел да се повлече од тренерската работа. Еден од најуспешните експерти во историјата на фудбалот призна дека во моментов не чувствува потреба да се врати на клупата и дека сака да го проживее малку животот надвор од спортот што ја одбележа неговата кариера. Гвардиола веќе еднаш направи пауза од фудбалот. По четири исклучително успешни години како тренер на Барселона, кога освои речиси сè што можеше со каталонскиот ...
Француските репрезентативци сакаа да имаат слободен ден во Мајами пред натпреварот за третото место на Светското првенство 2026, но Дидие Дешамп го одбил нивното барање. Франција ќе игра против Англија денеска во 23 часот, а тоа ќе биде и последниот натпревар на 57-годишниот тренер на клупата на националниот тим. Како што пишува „Л’Екип“, повеќето играчи побарале да имаат слободен ден по пристигнувањето во Флорида за да се релаксираат и да ...
Струга ТЛ имаше успешна „генералка“ пред стартот на новата 2026/27 сезона во Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против албанскиот суперлигаш Скендербег во Корча. Стрелец на победничкиот гол за стружани беше Арби Воша во 50. минута од средбата. На стартот од новата сезона во ПМФЛ, Струга ТЛ следниот викенд го пречекува новиот тим во елитата, Шкендија Арачиново. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Цеск Фабрегас испиша историја внесувајќи го Комо во Лигата на Шампионите, а младиот стратег не отстапува од идејата да дава шанси на млади фудбалери кои правилно се развиваат во најголемите шпански клубови. Тоа се покажа како вистински потег со Нико Паз од Реал Мадрид, па Фабрегас и Комо денеска завршија уште една одлична работа, носејќи го Андрес Куенка од Барселона. Станува збор за млад дефанзивец кој ги мина сите младински категории на ...
Едерсон требаше да биде првото засилување на Манчестер јунајтед летово, беа договорени сите детали со Аталанта, но Бразилецот имаше проблеми на лекарските прегледи, по што „црвените ѓаволи“ се премислија и решија да го доведат Сантош како ново засилување на позицијата последен играч за врска. Челниците на Аталанта веднаш изразија подготвеност да го задржат овој одличен фудбалер во Бергамо, беа почнати преговори за продолжување на соработката, ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија претрпе минимален пораз на првиот од двата договорени контролни натпревари против Бугарија, одигран во Софија. Во израмнет и неизвесен натпревар, домашната селекција славеше со 65:64, откако двете репрезентации водеа голема борба во текот на сите 40 минути. Селекторот Дејан Стојановски им даде можност за настап на 12 кошаркари, а најефикасен во македонскиот состав беше Дион Шабани, кој забележа ...
Франција сонуваше за ново мундијалско злато, полуфиналниот пораз од Шпанија се уште ги боли „триколорите“, кои сепак најдоа мотив за утрешниот дуел за третото место против Англија. Килијан Мбапе денеска се појави пред новинарите, јасно ставајќи до знаење дека Французите ќе сторат се за да победат – во чест на селекторот Дидие Дешамп кому тоа ќе му биде последен натпревар на клупата на националниот тим. Од претходно беше јасно дека Дешамп ќе ...