Околу 11,4 милиони деца и млади луѓе посетуваат училишта во Германија. Доколку тие и нивните семејства одат на одмор во исто време, последицата би била уште поголем сообраќаен метеж на автопатите, преполни возови и хотели. Затоа секоја од 16-те сојузни покраини на Германија ги започнува своите летни училишни одмори во различно време. Така, на пример, во Саксонија, шестнеделните летни одмори во 2025 година започнаа на крајот на јуни, додека во ...

Работите помалку, се чувствувате подобро и сте уште попродуктивни? Тоа звучи како добивка на лотарија - за вработените и работодавците. Експериментот со четиридневна работна недела започна на почетокот на оваа година и сега е вреднуван од Универзитетот во Минстер. Во експериментот учествувале 45 фирми во Германија: само 4 работни дена неделно, но со иста плата. Научната анализа откри интересни и не сосема очекувани резултати. Всушност, такво ...

Огнометот на Рајнкирмес во Диселдорф, еден вид градски панаѓур, повреди 19 лица, од кои четворица сериозно. Службите за итни случаи ги потврдија повредите доцна во петокот откако ракетите, според сведоците, експлодирале невообичаено блиску до земјата. Според полицијата, меѓу повредените е најмалку едно дете. Очевидци изјавија за германскиот јавен радиодифузен сервис ВДР дека некои ракети летале настрана или детонирале ниско, а неколку дури ...

„Сушење на мочуриштето“, што во преносна смисла е битка со корупцијата, отсекогаш беше едно од централните предизборни ветувања на Доналд Трамп. Тоа беше и едно што имаше особен ефект кај неговите поддржувачи: Вашингтон, гласеше основната порака, е управуван од целосно корумпирана политичка елита која се смета себеси за правно и морално недопирлива. Откако Трамп, наводниот политички аутсајдер, ќе дојде на власт, тој конечно ќе го исчисти и ќе ...

Украина доби неочекуван застапник во Белата куќа- првата дама Меланија Трамп. Бран пофални објави се проширија низ украинските социјални мрежи неделава, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, откри дека неговата сопруга почнала да ги истакнува контрадикторностите во неговите преговори со рускиот претседател Владимир Путин за договорот за завршување на војната во Украина. „Многу зборувам со него за да го завршиме ова“, рече Трамп во ...

И една година по воведувањето, многу луѓе во Германија сметаат дека цврсто прицврстените капачиња на пластичните шишиња или тетрапак амбалажите се непрактични. Според новото истражување на Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки (НИМ), речиси две третини од испитаниците се жалат дека пиењето станало покомплицирано. Потрошувачите често забележуваат дека т.н. „прицврстени капачиња“ пречат при точење и тешко се затвораат. Купувачките навики ...

Само 37 проценти од вкупно произведената вода лани била фактурирана, додека речиси 40 проценти (39,96%) од водата од изворите Рашче, како и од бунарските подрачја Лепенец и Нерези завршува во „матно“. Станува збор за физички и комерцијални загуби од вкупниот влезен волумен на вода во системот, што е голем процент ако се има предвид дека дозволената загуба на вода во системот е 20 проценти. Ова го покажува анализата на работата на Јавното ...

Директно патување со воз од Германија до соседна Швајцарија? Со повеќе од 40 директни линии тоа некогаш беше сосема вообичаено. Денес, четири линии веќе завршуваат во пограничниот град Базел. Патниците таму мора да се префрлат на швајцарски возови. „Возовите од Германија од 2022 година редовно пристигнуваат со задоцнување ",наведуваат Швајцарските сојузни железници (СББ). Мерката е неопходна за да се „намали преносот на доцнењата во ...

Во светлината на предлогот на Европската Комисија за значително зголемување на даноците на цигарите, германската тутунска индустрија предупредува на повисоки цени. „Планот би довел до зголемување на цената на пакување цигари со бренд во Германија од сегашните околу 8,50 евра, на повеќе од 12 евра“, изјави Јан Мике од Сојузното здружение на тутунската индустрија и нови тутунски производи. Кесичка од 30 грама ситно сечкан тутун за виткање ...

„Македонско најдобро“ е новата кампања преку која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се обиде да го зајакне и зголеми производството на домашни земјоделски производи, да ја подигне свеста за квалитетот и автентичноста на овие производи и да обезбеди полесен пристап на граѓаните до овие производи. „Кампањата „Македонско најдобро“ ќе биде препознатлива по специфично лого кое преку сонцето и почвата не потсетува дека ...

Македонија нема да стане членка на ЕУ по секоја цена, порача премиерот Христијан Мицкоски во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5, каде се осврна околу блокадите од страна на Бугарија и условите кои и ги поставуваат на државата за влез во ЕУ. Според Мицкоски, „овој народ и Македонија дале премногу изминативе повеќе од 30 години“. „Сите сме за ЕУ, и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. Затоа што да беше ова прво нешто, нема ...

Граѓаните можат да бидат сигурни дека јавната администрација ќе биде поодговорна, поискусна, и навистина ќе работи во служба на јавниот интерес, а не под ничиј личен или партиски диктат. Ваква порака испрати министерот за јавна администрација Горан Минчев на настан за антикорупција во Скопје, во период кога се позасилени се критиките за партиски вработувања во пресрет на локалните избори во Македонија. На веб-страницата на Агенцијата за ...

Адолф Хитлер и натаму „живее“, барем на интернетот – насекаде фотографии на Хитлер, свастики, „зиг хајл“. Антисемити, расисти, теоретичари на заговор, противници на демократијата и следбеници на Хитлер ги шират своите идеолошки отрови насекаде - во Германија, Европа, САД, Латинска Америка, на Блискиот Исток, Индија. На пример, кој и да го пише зборот „Хитлер“ во кое било време на платформата X во сопственост на Илон Маск, ќе најде објави од ...

Светиот архијерејски синод на Православната црква во Америка донесе одлука за признавање на каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и целосно евхаристиско општење со нејзините епископи, свештенство и верници. Верските аналитичари со воздржаност гледаат на одлуката, предупредувајајќи дека таа може да доведе до ново оддалечување во односите со Вселенската патријаршија. „Мислам дека првата последица ќе биде во ...

Според буџетот на ЕУ за следните седум години се чита меѓу редови што е важно за земјите-членки и Европскиот парламент и колку за нив вреди Европа - и кој одредува како ќе се трошат средствата. Сигурно е дека ЕУ во иднина ќе троши повеќе за одбрана ќе се залага повеќе за тоа европските компании да бидат на глобално ниво конкурентни. За таа цел, Брисел сака буџетот да го поедностави и значително да го зголеми на речиси два трилиони евра. ...

Археолози кои работат на бреговите на Охридското Езеро во Албанија се уверени дека ја откриле најстара човечка населба изградена на европско езеро, пронаоѓајќи докази за организирана заедница на ловци и земјоделци која живеела пред околу 8.000 години. Тимот од Швајцарија и Албанија секојдневно поминува часови на околу три метри под вода, внимателно вадејќи дрвени столбови кои ги поддржувале куќите. Тие исто така собираат коски од домашни и ...

Во изминатите три години постојано се слушаа гласини за реконструкција на владата во Украина, но сега тие стануваат реалност. Во средата украинскиот парламент ја одобри оставката на премиерот Денис Шмихал, по што кабинетот автоматски беше распуштен. Шмихал беше на функцијата повеќе од пет години - подолго од било кој друг украински премиер. Два дена претходно, претседателот Володимир Зеленски ја предложи поранешната министерка за економија ...

Целосно неприфатливо е земјите кои се членки на Европската Унија да се обидуваат да ги решат своите, она што јас би го нарекол историски прашања, блокирајќи ги преговорите со земјите кандидатки. Ова е ставот на еврокомесарот за одбрана, Андриус Кубилиус, откако за ова прашање коментар од него побара пратеникот Драган Ковачки - шеф на Делегацијата на македонското Собрание во Парламентарното собрание на НАТО, на 107. Рос-Рот Семинар во Брисел ...

На Потсдамската конференција, трите победнички сили од Втората светска војна пред 80 години го поставиле темелот на новиот поредок по војната. Многумина тогаш се прашувале дали атмосферата на поделби и недоверба ќе го „отруе“ мирот во 1945 година, како што тоа се случило во 1919 година – по крајот на Првата светска војна? Иако нацистичка Германија веќе била поразена, Јапонија упорно продолжувала да се бори. Фотографијата на „Големата тројка“ ...

Владата усвои ново законско решение со коешто се стега обрачот околу коцкарниците во Македонија. „Предлог-законот за игри на среќа е многу значаен чекор во борбата против мафијата на коцкањето“, порача на прес-конференција вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. Со новото законско решение на почеток ќе се намали присуството на „оваа колективна катастрофа“ за најмалку 70 отсто, вели вицепремиерот. ...

Една година по најавата за инвестиција, започнува изградбата на ветерниот парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“ треба да инвестира 500 милиони долари за изградба на 55 ветерници. Ветерниот парк ќе се протега на површина од 326 хектари и се очекува да произведе струја за 100 илјади домаќинства. Новиот ветерен парк, кој се најавува како најголем во Западен Балкан, се очекува да биде значаен чекор кон зајакнување на ...

Верските заедници се на чекор да влезат во образовниот систем во Македонија. Владата го усвои текстот на законското решение за средно образование на верските заедници, со кој им се дава можност на Македонска православна богословија „Свети Климент Охридски“ и на Средното исламско училиште Медреса „Иса Бег“ за влез во образовниот систем и да се признаваат нивните дипломи. „Православното богословско училиште и Средното исламско училиште ќе вршат ...

Во пресрет на есенските локални избори во Македонија, веб-страницата на Агенцијата за администрација е преплавена со огласи за вработување. Се бараатадминистративни работници за во министерствата, општините, јавните претпријатија, болниците, а огласите се отворени до крајот на јули, по што започнуваат да важат изборните правила, согласно кои постапките треба да се стават во мирување, освен во случај кога се итни и неодложни.Десетици огласи за ...

Го прашав ChatGPT како го толкува ставот на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот на Владата и партиски лидер Мицкоски да не прават уставни измени за внесување на Бугарите во нашиот конститутивен акт. Ми одговори дека тоа значи дека власта е повеќе подготвена да ја плати цената за застојот на државата отколку цената за ново понижување. Во превод тоа значи и дека владејачката партија и нејзиното раководство кое седи и во Владата процениле дека ќе ...

Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи би можела да рече: „Нели ви реков?"- зашто американскиот претседател Доналд Трамп ги менува своите претходни пофалби за Владимир Путин со ветување дека ќе го зголеми притисокот врз Москва. „Гледаме дека и САД сфатија дека Русија всушност не сака мир“, им изјави Каја Калас на новинарите во Брисел овој вторник (15 јули). Поранешната естонска премиерка е позната како еден од ...

Доналд Трамп ја промени својата политика кон Русија на два начина. Прво, Трамп им се заканува на Русија и нејзините трговски партнери со нови економски санкции и тоа го комбинира со ултиматум. Тој изјави дека ќе воведе таканаречени секундарни царини доколку Русија не се согласи на прекин на огнот во војната во Украина во рок од 50 дена – царини „кои изнесуваат приближно 100 проценти“. Трамп ги таргетира земјите како Кина и Индија, кои ...

Неодамна, во Унгарија заврши кампањата против Украина и нејзините аспирации за влез во Европската Унија. Автократскиот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, и неговиот апарат ја претставуваа соседната земја како мафијашка држава полна со криминални и исклучително опасни орди, кои би ограбувале, киднапирале и убивале Унгарци. Но, тоа очигледно не беше дното на пропагандата на Орбан. Унгарското политичко раководство ја искористи смртта на регрут ...

Не стивнуваат реакциите во Бугарија, откако македонските власти упатија серија критики кон Софија поради притисокот да се избрише „македонскиот идентитет и јазик“ од последниот извештај за напредокот на Македонија.Известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Северна Македонија, Томас Вајц, обелодени дека добивал „закани по живот“ и дека бугарските европратеници сакале да го отстранат од позицијата известувач. Во интервју за ТВ Канал 5, тој ...

Две години по почетокот на изградбата, не престануваат политичките препирки во Македонија кој е највеќе заслужен за изградбата на Коридорот 8, кој претставува стратешки интерес за земјата. „Проектот го носи потписот на ДУИ, во визија, одлука и политичка инвестиција“ - порачаа од партијата на Али Ахмети, која што го поздрави ентузијазмот со кој актуелната Влада го промовира реализирањето на стратешките проекти во земјата, како што е Коридорот ...

Минатата недела (11 јули 2025) кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио зад затворени врати на маргините на самитот на АСЕАН во Куала Лумпур. Рубио инаку веќе пет години е под кинески санкции поради неговите критики за состојбата со човековите права во Кина. За средбата малку нешто се дозна. Разговорите беа „позитивни, прагматични и конструктивни“, објавија подоцна кинеските ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
7.72
54%
1010
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
63%
1012
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
100%
1012
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
7.2
70%
1015
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
11.77
60%
1008
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
52%
1007
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
60%
1008
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
40%
1008
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
9.26
59%
1002
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
54%
1009
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
72%
1005
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Платина

65233.86

Сребро

2585.69

Алуминиум

3.50

Калај

54.16

Паладиум

46843.64

Цинк

0.00

Злато

150267.72

Бакар

12.70

Родиум

320703.70

Иридиум

253540.09