Според соопштението на Бундесбанк Хановер, постојат многу причини зошто уште се наоѓаат заостанати банкноти и монети од старата германска валута – марката: пролетно чистење, средување стара облека, посетители од странство со преостанати ДМ, расчистување на станови или откритија по смртта на роднините. Еврото како валута постои веќе 23 години. На 1 јануари 2002 година, еврото ги замени националните валути во дванаесет европски земји. ...

На кој начин карикатуристи треба да го сатиризираат Семоќниот? Во комеморација на жртвите од нападот во 2015 година во нивната редакција, францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ распиша конкурс под хаштагот #MockingGod, а победниците се објавуваат на 7 јануари. Професионални новински карикатуристи и цртачи беа повикани да ја нацртаат „најзлобната и најсмешна карикатура за Бог“. Победниците ќе бидат објавени во списанието. Конкурсот ја ...

За негови околности, претежно смирениот канцелар Олаф Шолц беше навистина, а исто така и видно вознемирен. Шолц во неделата во партиската централа на Социјалдемократите (СПД) во Берлин зборуваше за објава на платформата X, во која се наведува дека Шолц планирал средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва пред парламентарните избори во Германија на 23 февруари. Шолц рече дека тоа „е лажна вест. Тоа е крајно непристојно“. И неговиот ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по темелна анализа и експертски консултации решила да не го потпише указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, усвоен на 24-ти декември 2024 година. Известувањето за нејзината одлука стигнало до претседателот на Собранието, Африм Гаши на 31-ви декември. Јавноста дозна за решението на претседателката Сиљановска, од вчерашните партиски реакции на СДСМ и ...

Времето е пари. Самиот поглед во должничкиот часовник на Германија го покажува тоа. Виси над влезот на седиштето на Здружението на даночни обврзници во Берлин. Дигитален семафор - црвени бројки на црна позадина. На него секоја секунда се додаваат 3.225 евра нов долг - заклучно со декември. Вкупниот износ на германскиот национален долг е околу два ипол билиони евра. Во меѓународна споредба, ова сè уште изгледа умерено, бидејќи одлучувачки фактор ...

Има одредена иронија во сцената која се одвива на овој горко студен викенд во Вашингтон. Две комбиња со знамиња на Трамп се паркирани два блока западно од Капитолот. Тука наскоро треба да се одржи парада на солидарност за оние кои учествуваа во упадот пред 4 години. Но, само четворица се појавија. „Не знаат каде сме поради оградата“, се жали ко-организаторката Џејми Кроу од Пенсилванија. Фактички договореното место е затворено - безбедносна ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во подкаст интервју ја претстави идејата за можно решение за крајот на војната. Во тричасовен разговор со американскиот подкастер Лекс Фридман, Зеленски шпекулираше за можните услови за добивање покана од НАТО за неговата земја. Во таа прилика тој индиректно направи разлика меѓу територии под контрола на Украина и пет територии во источна Украина кои делумно или целосно се под контрола на Русија. Во ...

Србија влезе во новата година со политичка криза каква што не памети владата на Александар Вучиќ. Додека претседателот ја заострува ситуацијата во секојдневните „обраќања“ - зборува за вмешаност на странски служби и за „лојалисти“,тврдокорното екстремно крило во неговата партија кое наводно во црквата му се колне со крв – нема сомнеж дека универзитетите остануваат блокирани. Неодамнешниот собир на Славија, најмасовниот од петти октомври, како да ...

Годината 2025 е јубилејна за Баухаус во Десау. Од 1925 до 1926 траела изградбата на прочуеното здание на школата, по проектот на архитектот и директор на Баухаус, Валтер Гропиус. Затоа времето од септември 2025 до декември 2026 ќе биде исполнето со јубилејна програма. 100 години слават во 2025 и куќите за професорите на Баухаус, изградени повторно по проектна Валтер Гропиус. Белите вили, со чиста геометриска форма и многу светлина поради ...

Прашањето од насловот на овој текст може да изгледа несоодветно, па дури и еретичко во нацијата, во која со години дијаболично се повторува дека „не нѐ бива, но сега ќе нѐ биде“, а во исто време е полна со предрасуди кон нашите соседи кон исток и кон запад за наводната наша доминантност, а нивна подреденост во многу аспекти од животот – од економијата, образованието, прозападните корени, развојот, прогресивноста и што уште не. Ние сме во ...

Сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен, е навикнат на политички кризи. Тој веќе ја навигираше земјата и по таканаречениот скандал од Ибица. Со стоичка смиреност, Ван дер Белен ја води земјата и низ новата политичка криза во Австрија. „Ако нешто научив за време на мојот мандат како сојузен претседател на Република Австрија, тоа е дека секогаш има нови ситуации“, рече 80-годишниот пред да одговори што ќе се случува наредно во ...

Борба против нелегалното доселување и промовирање на посакуваната имиграција. Подобро справување со сајбер напади, јакнење на владеењето на правото и демократијата наспроти непријателите од внатре и од надвор – тоа се задачите со кои ќе се соочи новата сојузна влада на внатрешнополитички план во 2025 година, без разлика кој ќе ја предводи по предвремените избори во февруари годинава. Но, ако се прашаат политичарите кои во изминатите години беа ...

Само неколку демонстранти се собраа во Дума, предградие на Дамаск. Ги нема ни стотина затоа што стравот уште владее. Самите тешко можат да поверуваат дека можат да протестираат во Сирија без веднаш да бидат собрани од слугите на режимот. Во рацете држат или фотографии од луѓе за кои не се знае каде се или знамиња на новата Сирија. „Тука сме и ја зборуваме вистината. Звучи лудо: можеме дури и да протестираме овде во Сирија“, ни вели Селин Касем. ...

Според Гинисовата книга на рекорди, таа важеше за најстарата личност на светот: Јапонката Томико Итока почина на 116-годишна возраст, како што јави јапонската јавна телевизија НХК, повикувајќи се на општината на нејзиниот роден град Ашија во префектурата Хјого. Итока таму живееше во пензионерски дом шест години во добро здравје. Таа починала на 29 декември 2024 година, но веста беше објавена дури сега. Според НХК, Итока е родена на 23 мај 1908 ...

Најголемиот германски производител на автомобили, Фолксваген, планираше да затвори погони во Германија, што никогаш до сега не се случило во историјата на концернот. Додуша, во пресрет на божиќните празници беше постигнат договор со синдикатите, но тој предвидува укинување на 35 илјади работни места и намалување на производството за околу една четвртина. Единствената придобивка е што нема да има директни отпуштања и затворања на фабрики. Но, во ...

Ранлива Украина, Русија која ја поттикнува војната и нарцисоиден Доналд Трамп - и во новата 2025 година тоа се најголемите предизвици за Европската унија. Освен тоа, има и внатрешни проблеми, како што се забавената економија, високото задолжување и ограничената способност за дејствување во двете најголеми земји-членки, Германија и Франција. Значи, изгледите не се розови. Што е следно за новиот ЕУ-тим во Брисел? Претседателот на Советот на ЕУ, ...

Украина имаше тешка година. По офанзивата на украинската армија во текот на летото во Курск, Русија ги интензивираше нападите во регионите Доњецк и Харков, како и врз објекти од енергетската инфраструктура и врз градовите. Според проценките на американскиот дневен весник „Вол Стрит Џурнал“, Москва есеноска користела четири пати повеќе беспилотни летала и проектили отколку во истиот период во 2023 година. Победата на Републиканецот Доналд Трамп ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија на седница денеска избра нов претседател на тоа тело, Александар Камбовски, откако претходната претседателка Весна Дамева поднесе оставка на втори декември 2024 година, три дена пред пред истекот на нејзиниот мандат (петти декември 2024 г.) Избор на нов претседател не се реализираше пред крајот на минатата година и беше одложен до комплетирањето на составот со изборот на двајца нови членови од редот ...

Коментарите на интернет форумите на кои луѓе кои бараат виза за Германија не изгледаат многу мотивирачки. „Исклучително е тешко да се добие термин“, пишува еден студент од Мароко на платформата Редит. „Ужас!“ додава Трет кандидат нуди совет: Сè му се одвивало без проблеми кога испратил е-пошта до германската амбасада во која ја пофалил „прекрасната земја со богата култура, прекрасни пејсажи и топло гостопримство“. Дали ваквите трикови навистина ...

Во Германија почна „жешката“ фаза одпредизборната кампања - на 23 февруари ќе се одржат изборите за нов состав во Бундестагот. Десничарската Алтернатива за Германија (АфД), во која германската служба за заштита на редот гледа екстремистички елементи, може да смета на поддршката на една добро позната личност - Илон Маск. Овој близок пријател на Доналд Трамп од пред неколку дена отворено ја поддржува партијата Алтернатива за Германија, а ...

Во внатрешната политика на Словачка, прашањето за Украина веќе подолго време предизвикува тензии. Меѓутоа, премиерот Роберт Фицо, номинално социјалдемократ, а всушност десничарски популист, сега предизвика сериозен дипломатски конфликт поради прекинот на транзитот на гас во Украина. Но, не станува збор за наводна енергетска криза во Словачка, туку за обид да се оттргне вниманието од внатрешните проблеми, како што се драстичната програма за ...

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, допатува во ненадејна посета на Сирија. Заедно со нејзиниот француски колега Жан-Ноел Баро, а во име на Европската унија, таа сака да разговара со претставниците на привремената влада, која ја формираа бунтовниците. Двајцата политичари меѓу другото имаат намера да се сретнат со водачот на исламистичките милитанти од Хајат Тахрир ал-Шамс (ХТС), Ахмед ал Шара. На 8 декември ХТС стави ...

Ако можеме нешто да предвидиме за 2025-та година, тогаш тоа е дека дефинитивно ќе се санкционира појавата на еден нов политички вид и субјект, изроден од комбинацијата на милијардерскиот технокапитализам на Илон Маск или Силиконската долина и реакционерското и популистичко движење „МАГА" на Доналд Трамп. Станува збор за епохален настан кој ретко кои генерации можат да го доживеат во своето време и предвидува создавање на еден нов културошки, ...

Нападот во Њу Орлеанс на новогодишната ноќ е најновиот во долгата низа случаи во кој возила беа користени како смртоносно оружје. Германија и Кина доживеаја слични напади во последните месеци. Њу Орлеанс, САД, 1 јануари 2025 година Вооружен маж влета со возило во толпа луѓе за време на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, убивајќи 15, а повреди десетици луѓе. Федералното истражно биро на САД (ФБИ) соопшти дека го истражува инцидентот како ...

Веројатно најголемиот предизвик е Доналд Трамп, затоа што идниот американски претседател веројатно ќе се откаже од многу нешта кои ѝ беа важни на претходната коалиција во Берлин под водство на канцеларот Олаф Шолц од СПД. „Јасно е дека старата формула оти можеме да се потпреме на САД за нашата безбедност веќе не важи“, оценува за ДВ Торстен Бенер, директор на Институтот за глобална јавна политика во Берлин. Тој додава дека „не беше Трамп ...

„Во огромното мнозинство на места во Германија, новата година започна мирно и радосно“, вака германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ја сумираше новогодишната ноќ. Истовремено, политичарката од СПД ги осуди сите кои со злоупотреба на пиротехнички средства ги попречувале акциите на полицијата, пожарникарите и итните служби на терен. Сторителите мора да бидат казнети со целосна сила на законот, додаде Фезер. „Ситуации слични на ...

Среде новогодишната ноќ камионче пикап влетува во толпа луѓе во францускиот кварт во Њу Орлеанс, кој е центар на ноќен живот и собиралиште на туристи. 15 лица се убиени, а многу други повредени во нападот. Мртов е и осомничениот сторител, кој беше застрелан од полицијата. Што се знае за него и неговиот мотив? Кој е сторителот? Властите соопштуваат дека осомничениот сторител е 42-годишниот Шамсуд-Дин Џабар, американски државјанин од Тексас роден ...

Инвалидитетот на раката кај 13-годишно дете, настанат како последица на тешка повреда од петарда, не ги разбуди родителите од зимскиот сон. И по новогодишната ноќ, која наликуваше на војна со петарди, нивната употреба продолжува и понатаму. Полициските билтени се полни со информации за заплена на големи количини пиротехнички средства низ градовите во земјата, но продавачите и натаму наоѓаат разни начини да ги испорачаат. За жал, меѓу најчестите ...

Заврши новогодишната прослава по плоштадите низ Македонија, на Универзитетската клиника за гинекологија во Скопје во првата минута од Новата 2025 година се роди и првото (машко) бебе во земјата, а по бучната ноќ од петарди и огномети, осамна тивок ден во кој секојдневието се враќа во претходната рутина. Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, ...

По турбулентната 2024, Владата влегува амбициозно во 2025 година. Со прв буџет скроен по сопствена мерка, се планира поттикнување на економскиот развој и подобрување на условите за живот на граѓаните. Се планираат инвестиции, засилени реформи, повисоки плати и пензии, но не и зголемување на старосната граница за пензионирање. Во интервјуто за Дојче веле, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска зборува како би се реализирал планот ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
63%
1017
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
3.13
74%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
58%
1019
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.51
53%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
0.0
94%
1018
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
6.17
51%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
83%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
78%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
3.09
52%
1017
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
61%
1017
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
73%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6624

Currency

70.9477

Currency

34.6945

Currency

38.0578

Currency

65.9863

Currency

7.37394

Currency

0.64871

Currency

0.35804

Currency

0.52671

Currency

1.27699

Currency

0.59729