Само еден ден после вчерашната трагедија во Гевгелија се случи грозоморно убиство во Кочани. МВР информираше дека рано утрово во Кочани, по претходна меѓусебна расправија, средовечен маж физички нападнал 46-годишна жена, при што ја усмртил со нож. Според првичните информации, мажот ѝ нанел околу 40 убоди, при што од здобиените повреди, жената починала на самото место. -Денеска во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го ...

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 120 возачи. „Од нив 60 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 45 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 15 за управување возило без возачка дозвола. Сообраќајните контроли продолжуваат и во ...

Анамарија Костовска, Марија Ивановска и Марија Бошевска заедно со менторката Лили Арсова учествуваа, викендов, на Викикамп во Михајлово, на Кожуф. Таму се реализираше проектот „Вики го сака живото наследство“ којшто трае цела година и е поттикнат од Сузана Анас од Копенхаген. Станува збор за петти по ред камп, кој за прв пат е од меѓународен карактер, на тема „Да го зачуваме нематеријалното наследство” со што Википедијанците се приклучуваат кон ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Двојно убиство се случило синоќа во Гевгелија, соопшти МВР. Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вчера вечерта ги усмртил братот Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62). Од СВР Струмица информирале дека синоќа околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот. Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Итна ...

Во времето на гонењето на Диоклецијан пребегна од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од градот Сореос беше местото Лимна, населено само со незнабошци. Свети Автоном отиде во тоа место и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа ќе бидат поројни, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава наград, особено во западните, централните и крајните северни делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени, а максималната ќе достигне 28 степени. Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, ...

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 проценти. Договорот во МОН го потпишале претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков и министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Септемвриските плати во основното и средното образование повисоки за 15 отсто. Продолжуваме понатаму со потпишување на колективните договори за основно, средно и високо образование, напиша на ...

Туристичкиот промет покажа раст и во вториот квартал за 2023 година и изнесува 136 милиони долари во македонската економија, со раст од 28% споредбено со истиот период 2022 година. Двата квартали во 2023 се со раст од 24% споредбено со претходната година. Вкупно двата квартали за 2023 година имаат раст од 24% компарирано со периодот од изминатата година, односно 229 милиони долари прилив од туристичкиот промет во БДП-то. „Како туризмот ...

Во едно кафуле во Приштина, вработените се откажале од проверката дали монетите од две евра со кои луѓето ги плаќаат се оригинални, поради огромната количина на фалсификати и нивниот висок квалитет, што го прави речиси невозможно да се утврди автентичноста. „На почетокот сите беа загрижени и проверуваа дали монетите од две евра се лажни или не“, изјави келнерот Ендрит за Ројтерс. Тој и неговите колеги ги испитувале монетите под светло или ги ...

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија и оружје на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне, поради поседување на оружје без дозвола ги лишиле од слобода П.П.(51) од село Плевење, во општина Чашка, Т.С.(78) од село Теово во општина Чашка и Н.Ш.(28) од Велес. „По преземени мерки било дојдено до сознание дека П.П. поседува огнено оружје. Во службен разговор со него, П.П. изјавил дека поседува една пушка карабин која ...

Семејствата ќе можат да конкурираат за добивање на два станови со површина од 68 м2 во изградениот објект за колективно домување во населбата Хабитат во Велес што се наоѓа на улица „Невена Георгиева Дуња“ бр. 8А. Становите се новоизградени и заинтересираните граѓани ќе бидат нивни први сопственици. Со купувањето на становите граѓаните се вклучуваат во Програмата за новоградби во Велес што ја реализира Хабитат Македонија која е афилација на ...

Свети Јоаким беше син на Варпафир, од Јудиното колено, и потомок на царот Давид. Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиево, како и првосвештеникот Арон. Тој Матан имаше три ќерки: Марија, Совија и Ана. Марија се омажи во Витлеем и ја роди Саломија; Совија се омажи исто така во Витлеем и ја роди Елисавета, мајката на свети Јован Предвесник; а Ана се омажи во Назарет за Јоаким и во својата старост ја роди Пресвета Богородица. Јоаким ...

Пожари на отворено утрово нема. Сите 18 се изгаснати, според информациите од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Противпожарните тимови со целодневен ангажман, некаде и заедно со месното население ги изгаснале. Изгаснатите 18 пожари настанале во сите делови на државата, а во некои општини имало и по неколку пожари на отворено, при што горела сува трева, ниска вегетација, мешана шума, една плевна а гореле ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени и максимална до 33 степени. Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Денес и утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од ...

Винарската визба „Тиквеш“, со своите ресурси и експертиза, активно ќе учествува во партнерството со кое приватниот сектор ќе се ангажира за развој на кадар во државата, во рамки на активноста која е кофинансирана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија, преку проектот „Образование за вработување“ спроведуван од „Хелветас“. Целта на Проектот е преку специјализирани обуки кои ќе бидат дизајнирани согласно претходно идентификуваните ...

Македонската фудбалска репрезентација бележи прогрес од две позиции на рејтингот на ФИФА. На септемвриската ранг-листа објавена денес „Црвено-жолтите“ се најдоа на 66. место со 1.362,95 бода. Напредокот од 68 на 66-та позиција се должи на победата над Малта и нерешениот исход со Италија во септемвриските квалификации. Од противниците на Македонија во Ц-групата од еуро-квалификациите, најдобро котира Англија – 4. место, Италија е 9-та, Украина се ...

Александар Стиков е роден во 1947 година, а целиот свој работен век го помина во Македонското радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма. Со својот препознатлив глас ги овековечи најважните спортски настани во македонската и југословенската спортска историја, и со преку 2000 преноси е новинарот со најмногу изговорени минути на програмата на македонското радио. Стиков беше последниот претседател на здружението на спортски ...

Под мотото „Првата помош спасува живот“ оваа сабота, на 23 септември, ќе се одржи 29-от по ред Државен натпревар по прва помош. Вкупно 30 екипи ќе се натпреваруваат меѓу себе и преку вежби ќе даваат прва помош на луѓе со различни видови на повреди и во различни ситуации. Од велешкиот Црвен крст соопштија дека натпреварот ќе се одвива во две траектории. – На секоја траекторија ќе има по пет работни позиции по првата помош на кои ќе бидат опфатени ...

Дваесет и седум годишниот Д.С од Велес, на регионалниот пат Старо Нагоричане-Пелинце, во Општина Старо Нагоричане, вчера, во 17:20 часот, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Полициско одделение Старо Нагоричане. При направена контрола на товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки коешто го управувал велешанецот, биле пронајдени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и ...

Двата настани се случиле вчера и се регистрирани во полицискиот билтен. Малолетниот Неготинец бил приведен во Полициската станица Неготино, околу 21:30 часот, каде во присуство на родители, бил извршен службен разговор поради пронајдена и одземена марихуана. Од Секторот за внатрешни работи Велес соопштија дека по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок како и дека по расчистување на вториот случај ќе поднесат соодветна пријава за ...

Полициски службеници од Отсек за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес, на подрачјето на Кавадарци, вчера, на 20 септември реализираа превентивна активност под мотото „Безбедно од дома до училиште“ којашто е дел од кампања на Министерство за внатрешни работи за безбедност на учениците и училиштата. – Превентивната активност беше реализирана на приодите кон повеќе училишта во Кавадарци, и притоа на учениците и на децата од предучилишна ...

Осумнаесет пожари на отворено утрово се целосно изганати според информациите од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи. Сите пожари се изгаснати од страна на тимови со целодневен ангажман, накаде заедно и со помош на месното население. Изгаснатите 18 пожари настанале во сите делови на државата, а во некои општини имало и по неколку пожари на отворено, при што горела сува трева, ниска вегетација, мешана шума, една ...

Во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени, а максималната ќе достигне 31 степен. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ...

Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко ѝ беше од племето Давидово, а мајка ѝ од родот Аронов. И така, таа по татко беше од царски, а по мајка од архијерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Кој од неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги ...

Сообраќајната несреќа се случила денеска, околу пладне, на автопат Велес-Неготино, после наплатна станица „Виничани“. Таму товарно возило марка „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А.(47) од Скопје, излетало од коловозот. Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес. „По наредба на јавниот ...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Владата на Република Северна Македонија и се сретна со претставниците на координативното тело за протести на пензионерите. Од страна на министерката беше посочено дека Владата има слух за сите граѓани во државата, а одржувањето на денешната средба, како и претходната во Министерството за труд и социјална политика се потврда за тоа. Министерката Тренчевска истакна дека ...

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ денеска информираше дека на состанокот, на која се дискутирало за состојбата со коронавирус, била донесена една препорака – задолжително носење на маските во здравствените установи. Според него, тоа е со цел да се минимизира можноста за пренесување на заразата, особено онаму каде што имаме загрозени групи кои можат да бидат подложни на тешка компликација, како резултат на ...

Министерот за економија Крешник Бектеши, денеска на својот Фејсбук профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци ќе се намалат за 10% во наредниот период. -Намалување на цените на безалкохлните и алкохолните пијалоци! Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата “ГАРАНТИРАНА ЦЕНА” со намалување на цените од минимум ...

Среќен празник, пензионери. Наместо да празнуваме, ние протестираме, изјавија пензионерите од земјава кои денеска се собраа пред Владата да протестираат на Денот на пензионерите 20-ти септември. Тие како и претходно побара линеарно зголемување на пензиите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата. Дел од собраните пензионери порачле дека автобусите што тргнале од Охрид накај главниот град, не биле пуштени. Сепак, немале ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1010
weather icon

Белград

14ᴼ / 10ᴼ
1.54
85%
1009
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
2.57
85%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
0.78
90%
1010
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
94%
1010
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
56%
1008
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1010
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1010
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 8ᴼ
2.06
78%
1010
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
73%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
76%
1010
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15550.00

Рутениум

20190.67

Калај

30.95

Сребро

1079.39

Злато

105721.82

Бакар

9.71

Паладиум

29642.99

Платина

30985.83

Родиум

172810.26

Цинк

2.61