
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата,вчера од 9:00 до 13:00 часот, спроведоа акциска контрола на територијата на град Велес за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 51 возачи, од кои 13 за возење без возачка дозвола, осум возачи за управување на мотоцикл без ...
ЦУК известува, според податоците од Секторот за операции и координација, дека пожари на отворен простор вчера имаше вкупно 26, од којшто како активен пожар се води до утрово пожарот во Општина Прилеп каде што кај село Алинци се уште чади опожарената депонија. Изгнаснати 25 пожари, при што гореле стрништа, отпадоци, сува трева, трње, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума – даб и габер, а и борова шума и неколку депонии, биле во 24 општини ...
Родум од Халкидон. Татко ѝ беше сенаторот Филофрон, а мајка – Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани за да го одбегнат тоа скверно жртвопринесување се сокрија. Меѓутоа, ги пронајдоа и ги изведоа пред Приск. Меѓу нив беше и Ефимија. Кога надмениот Приск ги запраша зошто не ...
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени, а максималната ќе достигне 30 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во недела и понеделник ќе дува ...
Транспортната дејност е многу важен сегмент за целата држава, за развојот и јакнењето на економијата и оттаму Владата заедно со вас транспортерите креираме развојни политики со цел подобрување на условите за работа за сите вас. Ги надминуваме турбулентните времиња и со успешни политики успеваме да го зајакнеме партнерскиот однос и заеднички да постигнуваме резултати, истакна министерот Благој Бочварски на традиционалната средба со превозниците, ...
„Владата на седницата која се одржа утринава донесе неколку одлуки со кои се намалуваат царинските давачки од 65, 55 и 45 отсто на 10 отсто за повеќето производи кои спаѓаат во категоријата овошје и зеленчук, освен домати, краставици и пиперки, имајќи во предвид дека ќе им се даде дополнителен рок на нашите производители на овие производи до 1 декември за да го снабдуваат и македонскиот пазар,“ информира министерот за економија Крешник Бектеши. ...
Министерството за внатрешни работи ги предупредува граѓаните да не наседнуваат на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), бидејќи станува збор за обид за измама во меѓународни рамки. Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се ...
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за два денара за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 87 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 91, ЕУРОДИЗЕЛ ...
Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови се запленети од страна на царинските службеници по извршена контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничен премин Ново Село. Часовниците се откриени во картонска кутија за која лицето кое управувало со автомобилот изјавило дека е пратка со лекови која ја испратил негов пријател за болно дете. „По откривање на непријавените часовници лицето, ...
Во кражба што вчера околу 14:00 часот ја извршиле во близина на село Рожден, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода С.Ш.(59) од село Кукуречани, битолско, Ј.Н.(53) од село Долно Ботушје, општина Македонски Брод и Б.С.(62) од село Лисичани, општина Пласница. Крадците, два часа претходно, биле забележани кај претоварна станица на правно лице од Кавадарци, во близина на рудник кај с.Мрежичко, како со подесен алат ...
Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога готскиот кнез Атанарик почна да ги прогонува христијаните, тогаш свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше ...
Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови интервенирале на 24 пожара, некаде заеднички – здружени од повеќе општини, а и со помош од месните жители, како и со воздухопловна поддршка од ДЗС и МВР. Утрово еден пожар се води како активен – во Општина Прилеп, кај с.Алинци, каде што горела ниска вегетација, а се уште чадела само депонијата што ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени, а максималната ќе достигне 30 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Следува период на стабилно време со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Услови за локален дожд ќе ...
Македонскиот пазар да не им биде резервен на трговците со овошје и зеленчук во снабдувањето со овие продукти, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши, предупредувајќи дека ќе предложи целосно укинување на увозните давачки за земјоделските производи доколку продолжи дополнително да се зголемува извозот, наместо да се пласира на домашниот пазар. Бектеши при денешната посета на компанијата „Горска“ изјави дека од јули до денеска се ...
Кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ за маж од Долно Јаболчиште поднесе Секторот за внатрешни работи Велес. Во пријавата, Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, го осомничи дваесет и четири годишниот Б.Д од село Долно Јаболчиште, во Општина Чашка за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. „Пријавениот Б.Д, на 11.09.2023 година, на свадбена веселба во село Горно Јаболчиште, од автоматка пушка испукал повеќе ...
Во организација на Министерството за економија денеска во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на туризмот. На одбележувањето ќе се обратат државниот секретар на Министерството за економија Размена Чекич Дуровиќ и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски. Министерството за економија во рамки на одбележувањето на Светскиот дел на туризмот ќе додели признанија за учесниците во туристичко-угостителскиот процес ...
Реализацијата на проектот за основање на регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство влегува во финална фаза. На вчерашната седница советот на Кавадарци донесе одлука за основање на заедничко јавно претпријатие со општините од регионот. Истото во наредниот период ќе треба да го сторат и советите на општините Велес, Неготино, Свети Николе, Демир Капија, Чашка, Градско, Лозово и Росоман. Јавното претпријатие се ...
Неколку земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се случиле во текот на ноќта во големиот вулкански регион на Флегрејските полиња, во близина на Неапол, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија. Според сеизмолозите, најсилниот земјотрес е регистриран во 3 часот и 35 минути и бил почувствуван во некои делови на Неапол и околните села, пренесува АНСА. Епицентарот на ...
Компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци се приклучува во реализација на швајцарскиот проект воден од М6 Едукативниот центар, за образование и за вработување во нашата држава. Овој месец, на 20-ти, на настан во Кавадарци повеќе компании од приватниот сектор, помеѓу кои и „Кожувчанка“ ДОО, го најавија своето партнерство со кое ќе помогнат во развој на стручниот кадар. На панел дискусијата „Патека кон прогресот: Вклучување на приватниот сектор во ...
Во светиниколското село Кадрифаково со голем народен собор, денеска ќе се прославува празникот на Чесниот Господов крст или кај народот познат како Крстовден. Собирот традиционално ќе се одржи пред црквата од 10 до 12 часот. Црковните обичаи почнуваат од 10 часот, а веселбата од 12 часот. На настанот ќе учествуваат повеќе познати естрадни имиња, како Спасен Сиљаноски, Перо Христов, Ани Малинкова, Марјан Коцев, Душко Георгиевски, Орце Стефковски, ...
Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 33 пожари во 23 општини, од коишто 30 се изгаснати. Според информациите што стигнаа до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови (некаде заеднички – здружени од повеќе општини) изгаснале 30 пожари до утрово, а три се уште се евидентираат како активни до утрово. Карактеристично, за вчерашните пожари, е што до пладне немало пријавено пожари – ...
Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а во јужните делови повремено со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 17 степени, а максималната ќе достигне 28 степени. Во Скопје времето ќе бидде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Следува период на стабилно време со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. ...
На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Јерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја, светата царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христа. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, што на Голгота го ...
За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското Езеро во споредба со вчера, а за исто толку е намалено нивото на Дојранското Езеро, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Водостојот, пак, на Преспанското Езеро е ист со вчерашниот, но е за 1,9 метри понизок од просечниот за септември и е на 8 сантиметри под апсолутно појавениот минимум. Пониско од просечното е и нивото на ...
На педесет и седум годишна возраст,утринава,по кратко боледување почина новинарката Весна Крстева. По 28 години плодна радиска кариера, која траеше се’ до петокот, 15 септември, кога, и самата незнаејќи, се одјави со своите последни вести на националното радио. Крстева на уредничкото место беше 13 години. „Секој кој ја познаваше лично, знаеше дека беше најпозитивниот човек, насмеана дури и во најтешките моменти. И ова не е фраза. Избираше да го ...
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2023 година (четврток), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците. ...
Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК) во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 10 пожари на отворен простор и противпожарните тимови сите пожари до утрово ги изгаснале. Бројката од 10 пожари изгледа мала, за разлика од неделата кога имаше и беа изгаснати 45 пожари, односно за викендот, за два дена – во саботата и неделата имаше и беа изгаснати 71 пожари. Практично, ...
Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (ДАп. 10, 1). Беше прв од незнабошците што ѝ пристапија на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се крсти, Корнилиј остави сè и тргна по апостолот Петар. Овој апостол подоцна го постави за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што ...
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 18 степени, а максималната ќе достигне 30. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а ...
Во текот на вчерашниот ден,недела,24 септември, на територијата на државата регистрирани биле 45 пожари и сите се изгаснати. Инаку, вкупно, викендов имаше 71 пожари, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана шума и борова шума и депонии, во речиси сите општини. Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното ...