Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Јеротеј се јави во Јерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабошци ги обрати ...

Во Македонија денеска ќе преовладува облачно и студено време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12 степени, а максималната ќе достигне 15 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Од утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со ...

Општината за задоволителна ја оцени наплатата на данок на имот од физички лица за 2023 година. Заклучно со месец септември,годинава, 75 отсто од семејствата веќе ја подмириле својата обврска по овој основ. Во општинската каса се слеале вкупно 14 милиони денари. Од вкупниот број на даночни обврзници од оваа категорија и по овој основ се очекува прилив од уште 5 милиони денари или помалку од 30 отсто. Помала е наплатата на данок на имот од страна ...

Полициски службеници на ОВР Кавадарци, вчера напладне, ги лишиле од слобода А.Т.(26) и С.Т.(29), двете од Кавадарци. При претрес извршен со судска наредба, А.Н.(21) од Кавадарци била затекната во нивниот дом додека користела марихуана. Дрогата и била одземена, додека од А.Т. и С.Т. биле одземени неколку пакувања со марихуана. За случката известен бил Јавен обвинител додека трите жени биле приведени во полициска станица. „По целосно документирање ...

На почетоков на денов почна сериозен пожар на отворено меѓу Лозово и Велес, каде што гори претежно квалитетна борова шума. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, при координацијата за гаснење на пожарот, даде насоки за упатување на еден хеликоптер од МВР за гаснење на таа локација, после ангажманот и дејството врз пожарот кај с. Кондово, Скопско. Ангелов информираше дека истовремено при координацијата дал насоки за ...

Понеделник е ден кога го пренесуваме најновиот афористички израз на Никола Бошковски Коки. Тој за оваа работна седмица ви ги напиша следниве шест афоризми: -Нема наталитет,штом наместо нозете ги дигаме цените. -Се стекнува впечаток дека политичарите кај нас живеаат „кучешки” живот: постојано некој,на некого лае. -Мојата комшивка дел од младоста го посвети барајќи го вистинскиот маж, не престана да го бара ниту тогаш кога се омажи! -За разлика од ...

Во текот на вчерашниот неделен ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од институциите на Системот За управување со кризи (СУК), противпожарните тимови интервенирале на 52 пожари на отворен простор, некаде заеднички – здружени од повеќе општини и институции, а и со помош од месните жители, како и со воздухопловна поддршка од ДЗС и МВР. Утрово активни се следниве четири ...

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден, пред шеснаесет години, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. На 14 октомври деветмина ултра маратонци тргнаа од Нова Градишка на традиционалниот 16-ти по ред маратон долг 900 километри и во чест на Проески, во присуство на амбасадорот на Република Македонија Милаим Фетаи, градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, заменик ...

Почина познатиот хуморист, сатиричар и имитатор Војче Китаноски (68). Кариерата ја започнал за време на студентските денови, а често знаеше да каже дека тој е првиот стендап комичар на поранешните југословенски простори. Китаноски е роден во 1955 година во Крапа, Македонски брод. Гимназија завршил во Кичево, а дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје. Автор е на „Енциклопедија за хумор и сатира“, „Антологија на 500 вицеви за деца“. Беше 50 ...

Претпладне ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена. Во Скопје во утринските часови со врнежи од дожд, а преку денот променливо облачно и ветровито. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...

Се вбројува во Седумдесетте апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Египет за да учи уште. Во тоа време, еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Египет беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. ...

Нашиот став по однос изборите е јасен, тој е договорен и апсолвиран. Изборите ќе бидат редовни, а по однос на тајмингот може да се разговара, согласно роковите во Собранието. Претставниците на поличките партии нека седнат и на работно ниво нека разговараат за деталите. Тоа го изјави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска одговарајќи на прашања на новинарите. Ковачевски појасни дека во процедура е измената на Изборниот законик, ...

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, вчеравечер предавање одржа д-р Зоран Крстевски кој зборуваше за мудростите кои стојат на страниците на неговите книги „Излез од криза“ и „ Исцелување на душата“. -Во скоро четиричасовно предавање, д-р Зоран Крстевски, како автор на десет книги кои се едни од најчитаните во Македонија на сите нас ни е познат по неговите предавања и настапи на медиумите каде обработува теми од областа на ...

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади врз граѓаните, со цел неовластено прибавување на лични податоци од нив. -Фишинг нападот е обид за измама на корисниците преку испраќање на лажна порака која изгледа како вистинска. Фишинг нападите имаат за цел да го измамат примачот на пораката и да го ...

Инфлацијата ги изеде првичните барања за линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари и најниска пензија од 18.000 денари, констатираа незадоволно пензионерите кои повторно се собраа на синоќешниот протест на плоштад „С`рмаале“ во Велес. Тие го поддржаа Иницијативниот одбор кои пред нив ги соопшти новите барања со корегирани суми како на еднократната помош така и на висината на минималната пензија коишто очекуваат да ги прифати Владата. ...

Македонското здружение на приватни лекари бара ист третман на сите здравствени работници во државата независно дали работат во јавно или приватно здравство. Претседателката др Лилија Чолакова Дервишова денеска вели дека при последната најава од страна на централната власт во Македонија поврзана со зголемувањето на платата на здравствените работници во јавното здравство повторно се заборавени од приватното здравство. Денешната изјава на ...

Царинската управа информира дека е спречен шверц на 50 штеки цигари што грчки државјанин ги купил на фри-шоп и без да ги пријави сакал да ги внесе во РС Македонија преку граничниот премин Богородица. Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 85.900 при што вкупните царински давачки коишто лицето сакало да ги избегне изнесуваат 60.900. Царинските службеници штеките цигари ги откриле во фабричките шуплини зад тапацирот на задните врати од ...

Тепачката се случила во Кавадарци, вчеравечер, околу 22:45 часот, на ул.„Блажо Алексов“ кога Р.Н и уште три лица физички го нападнале четириесет и пет годишниот Д.Ј.(45) од Кавадарци. Напаѓачите користеле и тврд предмет. „ Д.Ј. бил пренесен во болницата во Кавадарци каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес. ...

Агенцијата за управување со одземен имот соопшти дека е започната постапка за враќање на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски. Станува збор за станови, апартмани и градежно земјиште кои му се одземени со правосилни судски одлуки. „Со влегувањето во владина постапка започна враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот премиер Никола ...

Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата. По смртта на својата жена, Григориј се врати во Ерменија и се стави ...

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во ЦУК, добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК), противпожарните тимови интервенирале на вкупно 22 пожара, а активен е уште е еден: во Општина Македонски Брод, над с.Белица, кај месноста „Аргулица“, каде што гори ретка борова шума на тешко пристапен терен. За време викенд има најмногу пожари на отворено, според податоците од изминатите ...

Времето денеска наутро ќе биде свежо, а преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени. Според прогнозата на УХМР, во деновите од викендот ќе се задржи ...

Триесет годишна жена од Демир Капија, вчера, во 23:30 часот, во Полициска станица Неготино пријавила дека подолг временски период четири малолетници, врсници на нејзината малолетна ќерка во објект во изградба во Демир Капија, поточно во двор на основно училиште ја присилувале нејзината ќерка на сексуални односи со нив. За случајот информиран е јавен обвинител на ОЈО Кавадарци и информиран Центар за социјални работи Неготино. „Се преземаат мерки ...

Практичната настава учениците од угостителската насока во ова велешко средно училиште наскоро ќе ја изведуваат во нова, современа и практична кујна.Проектот на ССОУ„Коле Неделковски“ го поддржа амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје. Договорот е потпишан во вторникот, на 10 октомври помеѓу заменик Амбасадор Ото Граф од една и од втора страна директорката на ССОУ,, Коле Неделковски, Весна Стојанова Богоевска заедно со Кристина ...

Во Германија се уапсени неколку лица на возраст од 31 до 65 години, а меѓу нив има и македонски, бугарски, српски и ирачки државјани. Тие се лишени од слобода под сомнение дека дистрибуирале неколку стотици килограми кокаин. Како што пренесуваат германските медиуми, со оваа акција, која била спроведена во средата, германската полиција успеала да ѝ зададе силен удар на меѓународната трговија со дрога. -Осомничените учесници во синџирот на ...

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.10.2023 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 80,00 ...

Запленети се четири златни алки вредни 586.224 денари со вкупна тежина од 77,5 грама, откако истите се пронајдени во женска чанта при детална контрола на патничко возило на граничен премин Богородица на влез во државата. Патничката која патувала како совозач не ги пријавила алките кај царинските органи. Имено таа заедно со возачот и уште четири лица на влез во државата на прашањето дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо. ...

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 13:30 часот, ги лишеле од слобода дваесет и две годишниот В.М од село Раштани и една година повозрасниот Н.Т од Велес. Како што соопштуваат од СВР Велес, откако биле запрени од полициски службеници, Н.Т. почнал да бега и притоа фрлил пакување со марихуана. Набргу, тој бил фатен, а по пребарување на теренот била пронајдена марихуаната. Оттаму ...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утрово ги даде последните информации со нашите државјани кои биле или моментално се наоѓаат во Израел и околу загрозеното подрачје во Газа. Како што рече, во и околу појасот имало дваесетина наши државјани кои биле заглавени. -Нашиот фокус беше да ги донесеме на аеродромот во Тел Авив, оттаму да ги извлечеме. Од нив, ноќеска петмина стигнаа во Атина, нашата амбасада им обезбеди места во комуникација ...

Четириесет и четири годишниот Д.И и триесет и пет годишниот Б.П од село Башино село, велешко, вчера, биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при Сектор за внатрешни работи Велес. -При преттрес во домот на Д.И., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Додека, при претрес во домот на Б.П., извршен, исто така, со судска наредба, биле пронајдени и одземени ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
78%
1009
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
77%
1010
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1012
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.9
91%
1010
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Атина

19ᴼ / 15ᴼ
2.06
55%
1008
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
82%
1011
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1011
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
69%
1011
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
69%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.66
76%
1011
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15550.00

Рутениум

20190.67

Калај

30.95

Сребро

1079.39

Злато

105721.82

Бакар

9.71

Паладиум

29642.99

Платина

30985.83

Родиум

172810.26

Цинк

2.61