
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



На 21.11.2023 во 12 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш- Отсек за економски криминал го лишија од слобода К.Ѓ. (33) од село Подареш, радовишко, вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“ по член 357, а во врска член 45 од Кривичниот закон. На 21.11.2023 ...
Отсекот за превензија при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, на повеќе локации во Кавадарци спроведе превентивни активности во кои целна група беа повозрасните граѓани. Како што соопштуваат од Министерство за внатрешни работи на овие средби полициските службеници заедно со граѓаните разговарале на повеќе теми за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот, поточно пешаци и повозрасни лица. Полициските службеници им ...
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир Свети Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот ѝ непрекинато трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, па беше во Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград. Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет ...
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб, а наместа со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а попладне долж Повардарието од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 7 степени, а максималната ќе достигне 15. Во Скопје облачно со слаба магла и со повремен слаб дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер. До петок ќе преовладува променливо ...
Во Полициската канцеларија Демир Капија, вчера вечер М.Ц. пријавила дека нејзиниот брат Ј.К.(31) од село Дрен, Демир Капија се упатил кон планината Кожуф и не се јавувал на телефонските повици. Полициски службеници од Демир Капија, група граѓани и пожарникари од Територијалната противпожарна единица Неготино извршиле пребарување на теренот и во 20:45 часот Ј.К. е пронајден и предаден на семејството. Дума.мк … Сподели: Поврзано: Тагови: ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 116.4. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување ...
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска најави дека се очекува до крајот на оваа недела, Владата да ги донесе мерките за сите ранливи категории граѓани. Според нејзе, тогаш точно ќе се знае кој се ќе биде опфатен и колку месечна ќе биде поддршката. Од Работната група, додаде, се веќе доставени предлози поддржани да бидат особено пензионерите со ниски пензии. Како што информира министерката, се работи и на решението ...
Поставениот државен Мониторинг системот за мерење на квалитетот на воздухот во државата според којшто во Велес се мери присуството на честички кои го дефинираат загадувањето со една мерна станица, во населба Тунел, бил апсолутно доволен за да даде индикативни податоци кои Министерството за животна средина и просторно планирање секојдневно ги обработува и дава слика на дневното загадување на ниво на држава, рече министерката Каја Шукова. ...
Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници, како и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари се запленети од мобилни тимови на Секторот за контрола и истраги во три контроли на влез во државата на граничните премини Богородица, Блаце и Табановце во текот на изминатиот викенд. Со овие акции е спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки од околу 150 илјади денари. Во првиот случај двајца сопружници ...
Седмиот Медиумски фестивал Скопје ја вперува камерата кон корупцијата и улогата на медиумите во вечната антикорупциска борба. Како и секоја година, содржините и на ова фестивалско издание закажано од 21 до 23 ноември, се бесплатни. Трите фестивалски дена носат интересни дискусии, но и богата филмска програма. Фестивалот започнува вечерва со македонската премиера на наградуваниот филм „Лекциите на Блага“, кој ќе се прикажува во Кинотеката во ...
Општинската организација на Црвен крст од Велес, годинава повторно ја воведува услугата – „Мобилни тимови за поддршка на стари лица“. Тоа значи дека од 20 ноември до 15 декември, секој работен ден во период од 09:00 до 13:00 часот ќе вршат бесплатна достава за набавка на храна, хигиенски производи како и лекови. Сите лица од трето доба, можат да ги контактираат волонтерите на Црвен крст по што на домашна адреса ќе им биде доставена направената ...
Изборот на новиот Претседател на Совет за развој на Вардарски плански регион се случи на вчерашната седница, во Кавадарци. Градоначалниците на општините на Вардарски плански регион едногласно го избраа Бошко Цветковски. „Вардарски плански регион служи за пример, како треба да функционира еден центар за рамномерен развој. Оттука сакам да потенцирам дека во периодот што е пред нас, силно ќе се залагам за носење на квалитетни одлуки, за подеднаков ...
Дваесет и девет годишниот А.Г од село Башино село, велешко, доби кривична пријава од Сектор за внатрешни работи Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. -На 06.07.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, соопштија од Министерство за внатрешни работи во ...
Според последните пристигнати информации од граѓаните во Центарот за управување со кризи и институциите од Системот за управување со кризи, во последното деноноќие имало четири регистрирани пожари на отворено, вкупно 1.626 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК и имало една потрага по исчезнато лице. -Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје, во текот на деноноќието, гаснеле запалена ниска ...
Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но, тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето, во ангелите гледаа богови, други, иако не ги сметаа за богови, ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор, којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ...
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а попладне променливо облачно со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови ќе има повремен дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во попладневните и во вечерните часови вдолж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени, а максималната ќе ...
Кога се дефинираат регионалните патишта, согласно конфигурацијата на теренот, се појавува потреба од одредени отстапки но мора да е во законските и проектните критериуми коишто се зададени, одговори Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Бетиќи на новинарското прашање на Дума.мк за стеснетиот пат од Велес до езеро „Младост“. Дума.мк на Вицепремиерот Бетиќи му ги пренесе мислењата на професионалните возачи кои, исто како и граѓаните на Велес, ...
„Јас сум горд што во Извештајот на Европската комисија е дадена позитивна оценка за бројот 112 зад кој стои новоформираниот сектор во ЦУК, кој јас го формирав од искусни професионалци кои ги затекнав во ЦУК“ рече директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Тој додаде дека на било кој човек кој има проблем и на кој му е потребна полиција, итна медицинска помош, противпожарна единица или се соочува со друг вид опасност може да ...
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски изрази незадоволство од работата на „Македонски железници и транспорт“. Како што истакна, до пред две години Владата како субвенции исплаќаше 6 до 7 милиони евра годишно за да реализира одреден број линии за патничкиот сообраќај. Минатата година Владата помогнала со 15 милиони евра, а годинава поддршката се очекува да биде околу 20 милиони евра. -Апсолутно и граѓаните и Владата не сме задоволни и ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65% во однос на одлуката од 13.11.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,158%, кај дизелот има ...
Телото на починатиот планинар од Скопје, кој почина на Пелистер, по барање на јавниот обвинител на Битола е дадено на обдукција. И покрај тоа што лекарите на Итната медицинска помош од Битола утврдија дека се работи за смрт без видливи траги на насилство, сепак по барање на јавниот обвинител, телото на починатиот планинар од Скопје е дадено на обдукција. Од СВР Битола соопштија дека по преземените мерки и активности утврдено е дека станува збор ...
На Клиниката за инфективни болести во 2023 година се откриени 46 лица позитивни на ХИВ, од кои 41 се на редовен антиретровирусен третман. Една третина од овие пациенти се откриени во доцна фаза од болеста, беше соопштено денеска по повод Европската недела на тестирање и месецот на машкото здравје која Инфективната клиника и ХЕРА ќе ја одбележат со кампања „Грижи се за себе“ и со бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од ...
Афористичарот Никола Бошков – Коки со шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги, насмејте се и очекувајте ги следниот понеделник новите шест! Уживајте: -Колку многу правнички, толку повеќе дупки во законот. -Занимавањето со политика за многумина претставува мошне корисен бизнис, почувствуваа луѓето дека тоа најмногу се исплатува. -Од жената не можам да дојдам ниту до збор, од комшијата…ниту до креветот. -Кога го земам својот ...
Територијалната против пожарна единица Велес, преку својот фејсук профил апелира до граѓаните на Велес и околните места, редовно да ги чистат оџаците пред и за време на грејната сезона. Оттаму велат дека во зимскиот период најголема опасност по безбедноста на имотот и животот на граѓаните доаѓа токму од запалени оџаците. Овој апел на Територијалната против пожарна единица во Велес граѓаните не треба да го занемарат бидејќи на тој начин нема да ...
Полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес и од превенција при СВР Велес, вчера, во Велес, Кавадарци, Неготино реализираа превентивни активности под мотото „Биди подготвен за безбедно патување со возило во зима“. -За време на активностите, граѓаните беа информирани за актуелната важност на обврската за задолжително носење на зимска опрема во возилата, во периодот од 15 ноември до 15 март. Притоа, во ...
„Низ годините Костурницата со својата необична архитектура е фотографирана од многу фотографи, било да се професионалци или аматери. Освен необичната архитектура јас ја фотографирам зашто секоја фотографија ми буди посебно чувство на гордост, неизбожно при посетата на овој историски споменик,“ напиша велешанецот Атанас Крлевски како автор на фотографиите. Му благодариме на Крлевски и во исто време ги покануваме граѓаните од Свети Николе, Велес, ...
Во Македонија утрово ќе биде студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево и потопло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3 степени, а максималната ќе достигне 17. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб променлив ветер. Во вторник по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а кон крајот на денот ...
Светиот маченик Валериј пострада заедно со уште 32 други маченици, во Ерменскиот град Митилина, во времето на прогонот на императорот Диоклецијан, во 298 година. Императорите беа усрдни поклоници на идолите и гонители на христијаните. Кога до нивните уши дојде веста дека жителите на Ерменија и Кападокија, и покрај заповедите на императорот, одбиваат да им се поклонат на идолите, тогаш тие пратија двајца лукави и предадени на идолопоклонството ...
Во неделата, односно во последното деноноќие, согласно пристигнатите информации во Центарот за управување со кризи имало три регистрирани пожари на отворено, вкупно 1.482 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК и имало едно комбинирано интервенирале за пренесувањето – извлекување на починатиот планинар од планината Пелистер до пристапен пат за понатамошна постапка. Секако имало и задоцнети повици за санирање ситуации од силен ...
Генерално, не верувам дека руската кампања за дезинформации и моменталната поддршка на погрешната перцепција за војната во Украина ќе влијае за евентуална промена на надворешната политика на С. Македонија. Во моментов на Балканот нема реални можности за војна. Руските дезинформации со хибридни средства и понатаму се шират, со што се дава залудна надеж на одреден слој граѓани дека еден ден Русија ќе ги спаси од Западот. Ова, меѓу другото, го ...