
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Учениците нема да одат на настава а нивните родители од понеделник повторно, секојдневно, ќе протестираат во училишниот двор против намерата на Министерство за образование да отвори албанска паралелка во ООУ„Тодор Јанев“. Советот на родители,исто како денеска, така и наредната недела ја очекува поддршката на наставниците кои со откажување да влезат во училиштето сметаат дека им дале поддршка. Настава нема да се изведува се додека шестмината ...
Велешкиот театар на крајот од месец ноември, поточно на 29, ќе гостува во Београдско драмско позориште. Претставата „Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, а во режија на Дејан Пројовски, ја имаше својата премиера во април 2023 година на сцената „Петре Прличко“ во „Ј.Х.К Џинот“.Приказната е сместена среде апокалиптична околност во која се поместени двата лика – оној што е осуден на смрт со електричен стол и оној што треба да ја ...
Велешкиот театар на крајот од месец ноември, поточно на 29, ќе гостува во Београдско драмско позориште. Претставата „Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, а во режија на Дејан Пројовски, ја имаше својата премиера во април 2023 година на сцената „Петре Прличко“ во „Ј.Х.К Џинот“.Приказната е сместена среде апокалиптична околност во која се поместени двата лика – оној што е осуден на смрт со електричен стол и оној што треба да ја ...
Триесет и девет годишна жителка на Неготино, вчера, во Одделение за внатрешни работи Неготино пријавиле дека таа и нејзиниот брат се измамени од едно лице. Поточно, како што соопштуваат од Сектор за внатрешни работи Велес, според пријавеното тие се договориле лицето да им посредува за транспорт на мебел од Кавадарци до Норвешка, по што на трето лице деле 850 евра за транспортот. – Како што е пријавено, мебелот бил товарен во возило на 16.11.2023 ...
Наставниците на ООУ„Тодор Јанев“ во Чашка денеска не одржаа настава. Сите наставници ги поддржаа родителите кои ја бојкотираат наставата поради обидот на Министерството за образование да отвори паралелка на албански наставен јазик. Родителите на учениците се едногласни во барањето МОН и директорката на училиштето да не се обидуваат без поддршка од месното население да воведуваат двојазичност во училиштето. „Во училиштето наставата ,до пред некој ...
Екипа на Службата за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен дом во Велес, денеска, ја реализираа претпоследната теренска вакцинација за претшколски и школски деца кои не се вакцинирани во Велес. Оваа активност е дел од кампањата „Од врата до врата“ којашто ја спроведува Министерство за здравство и се реализира во текот на месец ноември на повеќе локации во градот и населените места околу него. За време на теренската вакцинација ...
Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека вчера, утрото во 06:30 часот, било пријавено дека во кругот на Автомото сојуз во Велес настанал пожар во патничко возило „рено меган“ во сопственост на шеесет и шест годишниот велешанец В.К . -Возилото со велешки регистарски ознаки на 20 ноември било донесено во кругот на АМСМ со нивно шлеп возило. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијана противпожарна единица од Велес и нема повредени лица, ...
Во вторник ќе биде познат пакетот антикризни мерки кој што Владата го најави за помош на најранливите категории граѓани, како и за помош на приватниот сектор. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. -Во вторник има седница на Влада. Тогаш ќе има повеќе информации за се што содржи најновиот пакет на антикризни мерки на Владата, рече денеска министерката. Mинистерот за финансии Фатмир Бесими уште во ...
Законските обврски при преземање на авторските фотографии, скромната судска пракса за авторските права во македонскиот контекст но и потребата од колективно здружување за заштита на правата на фоторепортерите беа дел од темите на работниот состанок кој се одржа во ЗНМ, а на иницијатива на секцијата на фоторепортери при ЗНМ. Присутни беа група на професионални фоторепортери но и засегнатите страни од медиумската индустрија како и националниот ...
Wizz Air објави дека ќе започне нова линија од Скопје до Салцбург, Австрија. Планирано e да започне во април 2024 година, преку целата година ќе се изведува три пати неделно во понеделник, среда и петок. Билетите се веќе достапни на wizzair.com или на мобилната апликација на Wizz Air. „Со задоволство воведуваме нова рута до Салцбург од Скопје. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на Wizz Air и ние сме горди што сме лидер на ...
И овој петок афористичарот Атанас Крлевски со нови седум крлевизми коишто имаат за цел да ја насмеат читателската публика на Дума.мк. -Денешните заљубени: срце и паричник! -Мислам со туѓа глава. Значи, не постојам! -На изборите постигнавме голема победа. Ќе ја прославуваме до крајот на мандатот. -Живата вистина како жива песок. Многумина пропаднале во неа. -Еден историчар – сто добиени битки. Двајца – добиена војна! -Добростоечките клечат. -Се ...
Полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес заедно со полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал и малолетничка деликвенција при СВР Велес, во текот на вчерашниот ден, одржаа едукативна работилница за учениците од шесто до деветто одделение во основното општинско училиште „СВ. Кирил и Методиј“ во Велес. Во рамки на работилницата активностите беа посветени на темите „Насилство во училиштата и ...
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во последното деноноќие, согласно пристигнатите директни информации од граѓаните и од институциите од Системот за управување со кризи (СУК), нема податоци за регистрирани пожари на отворено, пожарникарите интервенирале само врз пожари во населени места и има вкупно 1.375 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК. Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот што избувна на 22.11.2023 ...
По потекло египќанец и војник по занимање, свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската, и градот, и луѓето, и сиот свет, та отиде во пуста планина. Бидејќи на свети Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден, светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ...
Времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје претежно облачно со појава на магла и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 ...
Во Скопје во градскиот парк на „Езерце“ се одржа традиционалниот Куп натпревар во спортски риболов “Рибарче”. Натпреварот го организираше македонската риболовна федерација. Победник е екипата на „Оскар“ од Кавадарци пред „Трофеј“ од Струмица а третопласирана е велешка „Бабуна“. Вториот велешки претставник, екипата на „Професионал“, го освои шестото место. Поединечно првото место го освои Атанас Ципушев од „Крап“ Радовиш, второ пласиран е Петар ...
Граѓаните коишто денеска поминуваат пред главниот влез на хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес, имаат можност бесплатно да го измерат својот крвен притисок и шеќер во крвта. Учениците на почеток ги информираат граѓаните за можностите, им поделуваат изработени флаери коишто ги содржат сите информации за дијабетот и хипертензијата а потоа ги упатуваат до местата кадешто се мери шеќер во крвта и крвен притисок. Голем број на велешани фо ...
Средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес, неделава е посетено од страна на двајца професори од белгиското училиште „ХИВСЕТ“ од Турнов, со цел да се запознаат со образовниот и здравствениот систем во Македонија. Преку оваа посета тие ќе можат да ги согледаат можностите коишто ги нуди училиштето и во 2025 година преку Еразмус + програмата да се направи размена на ученици поточно нивни ученици да посетуваат настава во ...
Последиците врз здравјето од повеќе децениското загадување на воздухот, водата или почвата од тешката индустрија, од асвалтна база и од свињарски фарми, депониите со смет и шут, недоволната грижа за јавната хигиена, нефункционалните урбанистички планови и повеќегодишно чекање за легализација на објекти како и трома јавна администрација, партиски наместо вработувања според квалификации и знаења, се дел од приоритетните проблеми на граѓаните ...
Струјата нема да поскапи, ниту по 1 јануари, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Министерот информира дека постапката за избор е почната и кон почетокот на наредната година ќе има нов универзален снабдувач. „Никако нема да има повисока цена на струјата, имајќи предевид дека тоа ...
На јавната расправа што Општина Велес ја организираше по Нацрт програмите за работа во 2024 година, Градоначалникот Марко Колев, рече дека од година во година значително се зголемуваат финансиските средства и бројот на културни настани во Програмата за култура. Тој соопшти размислување за збогатување на оваа програма со уште три културни манифестации во 2024 година. Првата, „Новогодишен базар“, општината да започне да ја организира уште од оваа ...
Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес го распиша конкурсот за стипендирање во учебната 2023/24 година. Стипендии ќе добијат по 17 ученици и студенти. Стипендиите за талентирани ученици од II, III, IV година во средно образование изнесуваат по 2.000,00 денари додека за талентирани студенти кои запишале минимум II година на студирање по 2.500,00 денари, месечно. Стипендиите ќе се исплаќаат за ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, Општина Тетово, ставен е под контрола. „Има по малку чад, но на лице место континуирано се уште има екипа пожарникари од ТППЕ Тетово којашто ја контролира ситуацијата и има и полиција за обезбедување на локацијата,“ соопшти ЦУК. Согласно информациите во ЦУК, екипа Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово е на терен и за да ја ...
Сите беа од Седумдесетте апостоли. Последните тројца се прославуваат и на друг датум, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28 април, а Терциј на 30 октомври. Светите Олимп и Родион беа следбеници на апостолот Петар и кога тој пострада пострадаа и тие, на заповед од Нерон беа обезглавени. Ераст беше најпрво економ на Црквата во Јерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска. Кварт беше епископ во Бејрут, многу страдаше, но и многумина ги ...
Променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд, особено во југоисточните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне 13. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Под влијание на ...
Во пожарот во магацинот на фирмата Евроком кај тетовско Фалише изгореа бои и лакови и друг вид хемикалии, па надлежните препорачаа да се ограничи движењето во тој дел од Тетово, граѓаните да останат дома и со затворени прозорци. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опасниот пожар кај село Фалише се упати во Тетовско. -Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни ...
Промотивен настан на тема „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања: Искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации“, се одржа денеска во Велес. Целта беше промоција на постигнатите резултати од мониторингот на изборните ветувања на политичките партии, како и мобилизирањето на заедницата за барање отчет и исполнување на ветеното. Работниот дел се состоеше од два панела. На првиот панел свои излагања имаа ...
Од јануари, следната година, пензионерите од Кавадарци ќе можат да користат бесплатен превоз во одредени денови, соопштија од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Оваа одлука беше изгласана на 35-тата седница на Советот на Општина Кавадарци по барање на пензионерите. Бесплатниот превоз пензионерите ќе можат да го користат секој вторник, четврток, сабота и недела. Градоначалникот Митко Јанев појасни дека субвенцијата произлегува ...
Родителите на учениците во ООУ„Тодор Јанев“ во населба Чашка утрово не ги пуштија на настава своите деца. Овој начин го избраа за да го изразат својот револт на одлуката на Министерството за образование за смената на директорот, примемот на работа на наставник по албански јазик и отворањето на паралелка што настава ќе следи на албански јазик. Од Советот на родители соопштија дека започнувајчи од денеска секое утро ќе протестираат пред училиштето ...
Забрзан е транспортот на стока на граничниот премин Богородица по поставувањето на новата дигитална вага со која се контролира тежината на секој камион кој поминува низ преминот. Со нејзиното поставување е значително скратено времето на чекање на граничниот премин каде дневно поминуваат околу 245 камиони коишто пред да се царинат на царинска испостава Гевгелија, или да се пуштат за транзит, задолжително се мерат на овој премин. Нејзиното ...