
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планинитe снег, особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи ќе има во ноќните часови кон четврток. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне 11 степени. Во Скопје облачно, претпладне со врнежи од дожд. Во четврток ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради ...
Александар Ѓорчевски, таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска која беше убиена, повторно на денешниот распит кај јавен обвинител негира дека им дал информации на убијците за тоа кога Вања ќе излегува од дома и дека ќе биде сама. Скопското Јавно обвинителство соопшти дека Ѓорчевски во основа негирал дека давал информации за движењето на Вања кои што можеле да им помогнат на грабнувачите полесно да го изведат киднапирањето. Инаку, грабнувањето на ...
Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски во Институтот за судска медицина и криминалистика е завршена, но извештаите сѐ уште не се готови, потврдија од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје. Извештајот од обдукцијата треба да ги утврди причините за смртта на малолетничката Вања и велешанецот Панче кои беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември, по ...
Квалитетен и најефикасен начин за стекнување со знаења и практикување на вештини за волонтерство е неформалното образование. Тоа овозможува градење на капацитети на млади луѓе во локалната заедница кои преку различни форми и облици на дејствување, без надомест, учествуваат во создавање на подобри услови на живеење за себе и за останатите граѓани во локалната заедница. Волонтерите се значаен дел во градењето на про активната заедница. „Со својата ...
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2023 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 декември 2023 година. Со цел да се ...
Сектор за внатрешни работи Велес во дневниот билтен информира дека триесет и девет годишниот З.Н од неготинско село, вчера, во 11:20 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино. -З.Н физички го нападнал неговиот 10 години повозрасен брат . Известен е јавен обвинител и по и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Велес. Дума.мк ...
Малолетник од Кавадарци во семејниот дом физички ја нападнал неговата триесет и четири годишна мајка, по што случајот бил пријавен во Одделение за внатрешни работи Кавадарци и полициски службеници го лишеле од слобода. -За настанот е известен јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци. Малолетникот бил предаден на Центарот за социјални работи и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти Биљана Ѓаковска ...
Царинските службеници на Ќафасан спречија обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила – цистерни. Против сторителите се поднесени кривични пријави до Јавно обвинителство. Имено на влез во државата на граничниот премин Ќафасан пристигнале две товарни возила со цистерни коишто се пријавиле за транзит. Испраќач на стоката е фирма од Албанија, а примач фирма од Република ...
Велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“ за месец декември понуди 11 театарски претстави коишто публиката до крајот на месецот ќе има можност да ги погледне. Утре, на 6 декември, велешани ќе имаат можност да ја гледаат претставата „Мисирков, отпосле…“ којашто е перформанс во режија на Дејан Пројковски со почеток во 20:00 часот на големата сцена во театарот, два часа претходно, поточно во 18:00 часот на малата сцена ќе има трибина „Мисирков, отпосле..“ со ...
Четириесет и осумчасовен притвор за таткото на Вања Ѓорчевска, откако претходно таква мерка им беше изречена и на тројца осомничени, но и почеток на официјална истрага и покрената меѓународна потерница за првоосомничениот е епилогот од вчерашниот ден во врска со грозоморното убиство на 14-годишното девојче и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, кое ја потресе јавноста во земјава, но и во регионот. Се чекаат наодите од обдукцијата и од ...
Архип беше еден од Седумдесетте. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го спомнува свети Павле пишувајќи му на Филимон: „Твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а ...
Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1.479 повици на Единствениот број за итни случаи 112. „Реални“ повици за итни случаи биле 41,78%, а 58,22% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од непродуктивни за нив, службите институциите во Системот за управување со кризи коишто се за ...
Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 11 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. До четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на ...
Градоначалникот на Општина Велес преку фејсбук статус изрази длабоко сочуство за прерано починатата девојче Вања Ѓорчевска од Скопје како и за предвреме згаснатиот живот на сограѓанинот Панче Жежовски. Во објавата на Колев пишува: „Понекогаш, едноставно не постојат зборови кои можат да ги опишат чувствата… Почивајте во мир Вања и Панче, нека правдата биде задоволена час поскоро!„, пишува градоначалникот Колев. Статусот на градоначалникот Колев е ...
Седумдесет и четири годишниот О.Ш од Кавадарци, вчера, бил пронајден со тешки телесни повреди и во безсознание, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес. Поточно, случајот бил пријавен во Одделение за внатрешни работи Кавадарци во 15:45 часот а кавадарчанецот бил пренесен во Општа болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Од СВР Велес додаваат дека на местото бил извршен увид од Јавен обвинител и екипа од ОВР Кавадарци. Се преземаат ...
Министерот за правда, Кренар Лога изрази сочуство на семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и жалење за големата трагедија во која безмилосно се одземени два живота. -Денеска е тажен ден за Македонија. Потресени сме и шокирани од настанот. Доживотен затвор е најмалата казна која треба да им се изрече на монструмите од оваа трагедија. Верувам во МВР и во ЈО дека на крајот, судот ќе ја изрече соодветната казна и правдата ќе ...
Четвртата по ред крводарителска акција во организација на „Велес Бајкинг“ и Црвен крст – Општинска организација Велес којашто се одржа вчера, на 3 декември во просториите на велешкиот театар е успешна. Вкупно 60 граѓани ја подадоа својата рака и даруваа крв од кои тројца за прв пат со што станаа дел од најголемото хумано семејство. Од здружението „Велес Бајкинг“ со особена гордост и радост соопштија дека оваа крводарителска акција полека станува ...
Четвртата по ред крводарителска акција во организација на „Велес Бајкинг“ и Црвен крст – Општинска организација Велес којашто се одржа вчера, на 3 декември во просториите на велешкиот театар е успешна. Вкупно 60 граѓани ја подадоа својата рака и даруваа крв од кои тројца за прв пат со што станаа дел од најголемото хумано семејство. Од здружението „Велес Бајкинг“ со особена гордост и радост соопштија дека оваа крводарителска акција полека станува ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од полноќ се намалуваат за еден, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство за за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 80,50, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76,00, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) по 75,00 денари за литар. Малопродажната ...
„Велес е препознатлив по безвремениот поет Кочо Рацин. Објектите, поврзани со него се од интерес на фотограферите. Овој пат ви нудам една моја постара фотографија со интересен мотив од една стамбена зграда во градот, дело на стрип цртачите која посебно ги привлекува туристите“, вели велешанецот Атанас Крлевски за фотографијата којашто ни ја испрати овој понеделник. Овој мурал се наоѓа на зграда на улица „8-ми Септември“, наспроти плочникот пред ...
Како биле поврзани двете убиства и што се правело пет дена, беше прашан министерот Спасовски на денешната прес конференција. -По претходно добиена информација што ја имале вечерта пред грабнувањето, осомничените го земаат девојчето во влезот во зградата со врзани раце и нозе и во една вреќа за спиење спиење и го изнесуваат и го ставаат во гепекот од возилото. Пред возилото „цитроен3 се наоѓало возилото „рено канго“ кое цело време се движи пред ...
Седумдесет и четири годишниот Панче Жежовски е убиен на 22-ри ноември, два дена пред неговата ќерка да го пријави неговото исчезнување во полиција. Мотивот за убиството на Панче бил должничко доверителски одос, односно тој должел 500 евра и веројатно е „избран“ како „прометна жртва“ за да се змеме неговото возило за киднапирањето на Вања, рече обвинителот Гаврил Бубевски. Се до 27-ми ноември нема никакво сознание за него кога неговиот автомобил ...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на заедничка прес конференција со ОЈО Бубевски ги изнесе информациите за случајот со Вања и Панче. Според него, МВР во координација и под водство на ЈО во текот на изминатата ноќ го расчисти случајот, откако вчера се добија информациите, се обезбедуваа доказите и беа пронајдени телата на двете лица кои се водеа за исчезнати. -Иако, за жал, разрешницата не нѐ доведе до исходот кој го посакувавме ...
Министерството за внатрешни работи под водство на Јавното обвинителство во текот на изминатата ноќ го расчисти случајот откако вчера се добија информациите, се обезбедуваа доказите и беа пронајдени телата на двете лица кои се водеа за исчезнати. Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференцијата која сѐ уште е во тек, а која институциите ја организираа по вчерашната информација за убиството на велешанецот Панче ...
Нови шест афоризми на афористичарот Никола Бошков – Коки за читателите на Дума.мк. „Посакувам убава работна недела на секој читател“, додава Коки. -Кој учи љубов од книги, тој ги плаќа печатните грешки. -Од новите избори, најмногу очекуваат да се офајдат многуте полтрони, голтари и маргинални партиски лигуши. -Ми вети невиност, сега чекам на ред. -Во бракот каде што жената е „прва“ виолина, на мажот единствено му преостанува да ги свртува ...
Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Јерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Јерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и Ангелите Божји. Напред одеа девиците со ...
На Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера била добиена пријава за изгубени, залутани, деца во предел на Средно Водно коишто преку земјен пат сакале побрзо да стигнат на градот, па се изгубиле. Веднаш од страна на ЦУК е известена полицијата, конкретно СВР – Скопје за понатамошна постапка. По релативно кусо време по интервенцијата, од страна на СВР Скопје е информирано дека со помош на локацијата добиена од 112 децата се најдени во ...
Претпладне понекаде вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени. Утре преку денот ќе преовладува облачно време. Од вечерните часови од северозапад ќе започнат врнежи од дожд, на високите планини од снег, а во четврток снег ќе има и понекаде на северозападот и на ...
„По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на денешната седница за пратенички прашања во Парламентот го објасни новиот пакет со 26 антикризни мерки со вкупна финансиска сума за поддршка од 662 милиони евра, со коишто се опфатени 120.000 млади лица, над 74.000 социјално ранливи категории на граѓани, над 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, речиси 540.000 корисници на апликацијата Мој ДДВ, 600.000 домаќинства и ...