„Граѓаните да се охрабрат и да пријават во Општина Лозово или во Полициска станица во Свети Николе доколку имаат информации за вандализмот којшто му се случи на штотуку изграденото катче за одмор и рекреација во село Каратманово. Тоа е изградено со нивни пари и за нивна потреба,“ рече за Дума.мк Бошко Цветковски градоначалник на Лозово. Цветковски го осуди вандалскиот чин којшто се случил за време на викендот кога вандали го сардисале и ја ...

Полициски службеници за превенција при Одделение за внатрешни работи Свети Николе, вчера, спроведоа едукативна кампања под мотото – „Не користи пиротехнички средства“ со цел да не се користат пиротехнички средства за претстојните празници. -Мотивот на превентивната кампања беше да се опфатат што повеќе категории на граѓаните, но пред се најмладите, и да им се укаже за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички ...

Превентивна активност во рамки на кампања под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“, вчера, беше спроведена од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе при Сектор за внатрешни работи Штип. -Полициските службеници на повеќе патни правци околу Свети Николе, како и во централното градско подрачје преку непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, пред се со возачите, укажуваа на опасноста од користење на мобилен ...

Малиот број на дописници од внатрешноста на државата на националните медиуми наспроти потребата на граѓаните од приказни на локални теми поврзани со дезинформации и родовосензитивно известување ги поттикнаа Здружението на новинари на Македонија и Програмата на обединетите нации, УНДП да бидат партнери во проект за формирање на Мрежа на новинари, медиуми и граѓански организации на локално ниво. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, денеска во ...

Денес се чествуваат светите маченици Козма и Дамјан, бесребрени лекари коишто бесплатно им помагале на болните луѓе. Тие се заштитници на сите лекари. Во дворот на велешката болница пред три години се игради црква којашто го носи името на заштитниците на лекарите и во нивна чест денеска се одржа свечена литургија. Годинешната кума на празникот, дипломираната правничка Татјана Атанасова, заедно со колегите од управата на Општа болница Велес ...

Во Центар за јавно здравје Велес за 15 дена вакцинирани се 1.000 граѓани со вакцина за сезонски грип. Во првите денови, по 25 октомври, дневно се вакцинираа по 60 Велешани на два отворени вакцинални пунктови во јавната здравствена установа. Сега се вакцинираат по 90 граѓани и граѓанки. Во Центар за јавно здравје Велес отворен е и трет вакцинален пункт. Д-р Билјана Трајкова специјалист епидемиолог и началничка на епидемиолошката служба во ...

ССОУ„Димитрија Чуповски“ одбележа патронен празник. Директорот Петре Жабев во обраќањето пред поканетите гости, колеги и ученици потсети на почетоците на училиштето во далечната 1946 година, како одделен отсек во рамките на средното училиште „Здравко Цветковски“ од Скопје кое по една деценија подоцна го носеше името на „Борис Кидрич“, револуционер и учесник во НОБ, се до учебната 1993/94 година кога се преименува во „Димитрија Чуповски“ ,познат ...

Судијката Габриела Гајдова и судијата Александар Шопов на Основен суд Велес се избрани од Судскиот совет помеѓу осумте нови судии за Апелацискиот суд Скопје. Гајдова е избрана за една од четворицата судии од кривична додека Шопов од граѓанска област. Прва што ја добила довербата да биде унапредена во кривичната област била судијка Габриела Гајдова од Основниот суд Велес, за која членовите на Судски совет истакнаа дека е со висок интегритет, ...

Долг и бесконечен процес на легализација на дивоградби, комплицирано добивање на градежни дозволи, проблеми со сопственост и упис на нов имот во Катастар, бесправно отуѓен имот, неможност за откуп на земјиште под колективен објект за домување, несоодветно димензионирани улици, неправилно поставени раскрсници, градови без атмосферска канализација од една и од друга страна дотрајани канализациони и водоводни мрежи. Вака одговорија најголем број од ...

Потребно е постојано јакнење на свеста на граѓаните за ризик факторите кои придонесуваат за зголемување на бројот и видовите на кардиоваскуларни болести гласи генералната порака од синоќешниот настан што се одржа во Велес и на којшто присуствуваа членовите на здружението на дијабетичари „Лолипоп-Шеќерче“. Настанот особено беше посветен на дијабетот како важен ризик , којшто според проф. др. Елизабета Србиновска, субспецијалист кардиолог, наменет ...

Болеста канцер на грло на матка е премногу опасна болест во државата поради предрасудите на женската популација и најчесто лекарите, специјалисти гинеколози, ја откриваат во доцна фаза. Жените на лекар одат кога болеста се манифестира преку контактно крварење при сексуален однос и појава на болки. Според др Аристотел Тренчев специјалист гинеколог, вака откриената болест е во напредна фаза и не дозволува хирушка интервенција кај пациентките. ...

На осум фитнес справи, младите но и повозрасните жители на Општина Чашка, ќе може да вежбаат и своето слободно време да го искористуваат на ново отворената фитнес зона којашто се наоѓа веднаш до основното училиште во населбата. Овие справи за вежбање се бесплатни за секој жител и истите ќе можат да ги користат и младите од другите населени места. Фитнес зоната е дел од проект којшто целосно е финансиран од Агенција за млади и спорт, а директорот ...

Изминатиот викенд се одржа јубилејната 10-та по ред Рекреативна велосипедска тура „Велес мтб тоур 2023“ со којашто се одбележа првиот организиран велосипедски настан во градот. Во трката учество земаа над 250 велосипедисти и 20 планинари. Станува збор за традиционален велосипедски настан кој веќе е препознатлив бренд за рекреативниот велосипедизам како во Велес така и на територија на Македонија. За него секоја година има се поголем интерес и се ...

Целосниот прекин на железничкиот сообраќај на Коридорот 10 започна од вчера попладне, поточно од 15:25 часот поради напукнат бетонски столб на железничкиот мост на Црна Река. Мостот е во близина на Археолошкиот локалитет „Стоби“ поточно на делницата помеѓу железничките станици Градско и Кукуречани. ЈП Македонски железници за патничкиот сообраќај најде решение со тоа што обезбедува пренесување на патниците со автобуси помеѓу Градско и Криволак но ...

„Ми се објавува, ми се плаче“, „Право на вистината пред бизнис интересите“, „Не сме џубокс, ние сме новинари“, „Не се претставувам лажно, сакам да објавам нешто важно…“ ова се дел од пораките што новинарите ги испратија на денешниот протест на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) што се одржа пред Граѓанскиот суд во Скопје. Под мотото ПРАВОТО НА ГРАЃАНИТЕ ПРЕД ИНТЕРЕСОТ НА ...

Од здружението за заштита на животните ,,Спаси живот, добиј живот, помогни им на животните” Кавадарци, известуваат дека конечно е фатен трујач на животни и истиот го признал делото. Станува збор за лице на возраст од 32 години кој минатата недела во Глишиќ расфрлал Ланате во салама и во агонија и страшни болки умре маалското куче Белка. Против трујачот веќе се воделе постапки за две кривични дела. „По пријава од активист за заштита на животните, ...

Поради енергетската криза, како и војната во Украина, растат цените на храната на светските пазари што се отсликува со зголемени цени на прехранбени производи и зголемена инфлација во регионот и Европа. Навремено преземените мерки на Владата, како замрзнување на трговски маржи во трговијата, намалување на стапката на ДДВ од 10% на 5% кај основните прехранбени производи, субвенционирањето на електричната енергија на производителите на прехранбени ...

Афористичарот Атанас Крлевски со нови седум издумани крлевизми за читателите на Дума.мк. Читајте, насмејте се и ширете само позитивна енергија! -Многу политичари се разбираат во сѐ. Освен во политика! -Кај нас и организираниот криминал е хаос. -Критиката не е опструкција. Опструкцијата е немање работа. -Ја изгубија мерата, па грабаат без мерка. -Целта на Тројанскиот коњ е да ве направи магаре. -Бракот е последната глупост на ергенлакот. -Цврсто ...

На македонска територија во првата фаза треба да бидат изградени 50 километри, а интенцијата е Коридорот 10 да биде целосно изграден односно до Солун и Атина. Брзината на оваа пруга ќе биде најмалку 160 километри на час. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ денеска потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси ...

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, во 12:15 часот, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишеле од слобода четириесет и осум годишниот Ќ.С од Кавадарци. -Тој се сомничи дека околу 05.30 часот пред неговата куќа во Кавадарци пукал со воздушна пушка и погодил куче сопственост на четириесет и четири годишниот С.Н. од Кавадарци. На К.С. му била одземена пушката, а тој бил приведен во полициска ...

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Министерство за внатрешни работи, заедно со Одделението за недозволена трговија со дрога при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, го лишеле од слобода четириесет и четири годишниот Г.Ш од Велес. -При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста ...

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера, го лишија од слобода педесет и три годишниот Џ.Г. од Скопје поради лажно пријавување. Имено, вчера околу 19 часот Џ.Г. во СВР Скопје пријавил дека наводно во Скопје две лица со комбе „мерцедес“ се обиделе да грабнат малолетничка , но не успеале. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземале соодветни мерки и активности и утврдиле дека пријавата е лажна односно нема таков случај. Потоа, со ...

Јавното комунално претпријатие „Дервен“ преку својот фејсбук профил соопшти дека има прекин на водоснабдувањето на три улици во градот. Поточно, поради неопходни работни активности за реконструкција на водоводна линија прекин на водоснабдувањето има на улица Роса Плавева, улица Белградска и на дел од улицата Невена Георгиева Дуња. -Овие три улици без вода ќе бидат се до завршувањето на работите, додаваат од ЈКП „Дервен“. Дума.мк Сподели: ...

Ученици од осмо и деветто одделение од ООУ „Даме Груев“ во Градско, вчера, беа дел од едукација за болести на зависност спроведена од велешки Црвен крст. -За време на едукацијата учениците имаа можност да научат за сите последици и негативни влијанија коишто ги има употребата на цигари, алкохол и дрога, соопштија од Црвен крст Велес. Оваа активност била спроведена во просториите на Дом на кулута „Крсте Петков Мисирков“ и предавањето било ...

Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на град Скопје во изминатото деноноќие имал две помали интервенции во градот и околината. Регионалниот ЦУК Велес, известува дека пожарникарите од ТППЕ Свети Николе во период од 16:20 до 18:00 часот, со два пожарникара и едно противпожарно (ПП) возило интервенирале на запалена ниска вегетација покрај патот Свети Николе – Штип, конкретно под надвозникот кај с.Ерџелија. Регионалниот ЦУК ...

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20 l/m2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет. ...

Ова големо духовно светило се роди во селото Марикати, во областа Витиниска, од татко Миритрикиј и мајка Анастасија. Како момче беше овчар. Пасејќи ги овците често се повлекуваше во самотија и по цел ден стоеше на молитва, оградувајќи го своето стадо со знакот на крстот за да не се оддалечува и разотидува. Потоа, го зедоа во војска каде што покажа чудесна храброст, особено во војните против Бугарите. По војничката служба, Јоаникиј се повлече во ...

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес денеска го лишиле од слобода Д.Б.(37) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и пари во различни апоени. „Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава,“соопшти Сектор за внатрешни работи Велес. Убавка ...

Четириесет и девет годишна Кавадарчанка пријавила во ОВР Кавадарци дека била измамена од лице кое се преставило како посредник за работа во странство. Според пријавеното тие се запознале преку мобилна апликација, по што во периодот од 14 август до 18 септември годинава, Кавадарчанката му уплатила вкупно 18.437 денари за обезбедување документи за работа во странство. Но документи не добила а лицето ја прекинало комуникацијата, по што сфатила дека ...

Над 600 изложувачи од повеќе од 28 земји меѓу кои и 74 македонски ќе се претстават на меѓународниот Саем за вино „Винска визија Отворен Балкан“ и кулинарскиот спектакл „Фуд Вижн“ што од денеска до недела се одржуваат на Белградскиот саем. Најголем дел од винариите, дестилериите и гастрономските компании што ќе се претстават на саемот се од земјите членки на Отворен Балкан. Покрај нашите 74 претставници ќе има 260 од Србија и 21 од Албанија. ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1014
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
69%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
78%
1016
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.09
42%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1013
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
3.09
65%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
56%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52