Во успешна крводарителска акција, денеска, во ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, беа дарувани вкупно 20 крвни единици. Од нив, 11 лица го направија својот прв хуман чекор и станаа дел од најхуманото семејство во државата. -Вчера имавме мотивациска работилница за крводарители во ова училиште, каде што учениците од завршните години имаа можност да се запознаат со процесот на дарување крв, критериумите што треба да се исполнат и придобивките од ...
Делчево, 6 ноември 2025 (МИА) – Во просториите на Општинската организација на Црвениот крст Делчево денеска се одржа редовната ноемвриска крводарителска акција, на која беа собрани вкупно 78 единици крв. Акцијата се реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, а од Црвениот крст информираат дека со оваа бројка повторно е потврдена високата хуманост на делчевчани. – Благодарност до сите доброволни крводарители кои и овој пат ...

