Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Шеесет годишниот Ќ.С од Делчево и три години помладата С.С од истиот град вчера го загубија животот во сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп – Градско. Како што соопштуваат од Министерство за внатрешни работи патничко возило „ауди“ кое го управувал Ќ.С излетало од коловозот. Несреќата била пријавена во Сектор за внатрешни работи Велес во 14:35 часот. -Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна ...
Триесет и двајца играорци од фолклорниот ансамбл „Керамичар“ од Велес утрово пристигнаа во Несебар, Сончев Брег, Бугарија. Во наредните шест дена тие ќе ја претставуваат Македонија и македонскиот фолклор пред бројна меѓународна публика на Интернационален фестивал „Црноморски бисери“. Со кореографиите „Овчеполка“, „Сред село“ и „Поречки игри“, ансамблот ќе настапува во автентични носии од различни региони, носејќи го духот на традицијата на ...
Во услови кога сè повеќе новинари и медиумски работници преживуваат со минималец, ССНМ апелира до Владата и работодавците за итно зголемување на минималната плата. Зачувувањето на дигнитетот на новинарите и медиумските работници е клучно за одбраната на медиумската слобода и јавниот интерес. „Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во време на општата дебата за висината на минималната плата смета дека е неопходно да го соопшти ...
Едукацијата ја посетија 15 млади волонтери. Со нив работеа обучени едукатори на Црвен крст кои преку разни видови на избрани игри како и подготвени тестови ги мотивираа новите волонтери да се отворат и да проговорат за состојбите на стрес, анксиозност и депресија, во кои многу често можат да западнат младите луѓе. Координаторот за млади на Општинската организација на Црвен крст во Велес, Александра Илијевска вели дека тоа што ги поттикнува за ...
„Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во Македонија следува подолг период на стабилно, суво и претежно сончево време со значителен пораст на максималните дневни температури на воздухот. Повремено ќе засилува ветер претежно од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината следува подолг период на стабилно, суво, значително потопло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветер ...
Работилница на отворено, насловена како „Книга во лето“ е настан што ќе се одржи на отворено и има за цел да ги стимулира децата да продолжат да читаат. Работилницата ќе се одржи вечерва, со почеток во 19:00 часот, на спортски терен во Дворови, вели директорката на Градска библиотека „Гоце Делчев“ и има за цел низ креативна игра да мотивира што поголем број на млади сограѓани, до 10 годишна возраст, да започнат да читаат освен задолжителна ...
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2025 година. Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина од банкоматите на банките, како и да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денес, 6 август 2025 година. Од ...
Шумарските работници засега, ова лето, на територијата на шумите и шумското земјиште со коешто управува ШС„Бабуна“ гаснеа само два поголеми шумски пожари. Пожарот во Богомила на територијата на Општина Чашка и вториот во атарот на селата Иванковци, Џидимирци и Крушје во Општина Велес. Раководителката на ШС „Бабуна“, Жаклина Гушева констатира сека има разлика и во бројот и во видот на шумски пожари на територијата на двете општини годинава во ...
Сообраќајката се случила, вчера попладне, околу 16:45 часот на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Градско. Таму патничкото возило „бмв“ со босанскохерцеговачки национални ознаки, управувано од С.В.(32) од Босна и Херцеговина, излетало од патот. Незгодата била пријавена во Сектор за внатрешни работи Велес. Портпаролот на Општа болница Велес, др Ванчо Граматов, вели дека во потешка здравствена состојба била жената. -Пациентите, ...
Шумарските работници засега, ова лето, на територијата на шумите и шумското земјиште со коешто управува ШС„Бабуна“ гаснеа само два поголеми шумски пожари. Пожарот во Богомила на територијата на Општина Чашка и вториот во атарот на селата Иванковци, Џидимирци и Крушје во Општина Велес. Раководителката на ШС „Бабуна“, Жаклина Гушева констатира сека има разлика и во бројот и во видот на шумски пожари на територијата на двете општини годинава во ...
Територијалната противпожарна единица Велес, вчера, во 18:35 часот примила дојава за запалено патничко моторно возило на улица Лазо Осмаков пред зградата на Хигиенски. На лице место излегло едно против пожарно возило и тројца пожарникари спасители кои по пристигнувањето веднаш пристапиле со гаснење на пожарот. Како што информираат од велешката пожарна благодарение на брзата интервенција пожарот бил ставен во контрола и спречено било негово ...
Со отпочнувањето на градежните активности на терен, започна реализацијата на проектот „Реконструкција и партерно уредување на КП 2055 и КП 2411“ во населеното место Лозово, општина Лозово. Проектот е дел од Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година, и претставува значаен чекор во унапредувањето на јавниот простор во општината. Во рамките на ...
Најубавата бајка за деца добива нова магија – овојпат на сцената на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ во Битола. Детската претстава „Пепелашка“, во режија на Микица Илова, која доаѓа од Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, вечерва ќе биде изведена како специјален гостин на фестивалот. Со почеток во 19 часот, младите кавадаречки актери ќе имаат ретка можност своето сценско знаење и талент да го ...
Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од утре, четврток, 7 август до следниот петок, 15 август, времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и топло со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец, гласи временската прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски. „Во Скопје и околината во погоре споменатиот период исто така ќе имаме ...
Цените на угостителските услуги во јули се зголемени за пет проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по групи, цените во угостителството во однос на јуни се зголемени за 0,4 проценти кај храната, 1,6 проценти кај алкохолните пијалоци, 0,9 проценти кај безалкохолните пијалоци и за 0,2 проценти кај ноќевањата. Во периодот јануари – јули во однос на истиот период лани се бележи ...
Пожарникарите од ТППЕ Велес вчера вечер, околу 19 часот, додека врнеше пороен дожд интервенирале и при спасување на мајка и дете заглавени во поплавен автомобил кај поранешниот силос на „Жито Вардар“. Како што соопштија од Територијалната противпожарна единица Велес возилото останало заглавено на поплавена улица, а мајката и детето не можеле самите да излезат. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите од ноќната смена, двајцата ...
По вчерашното попладне кога велешките улици беа поплавени со дотеци на голема количина на вода, којашто се слеваше од околните ридови, најголема количина на наноси од земја се создадоа на улица „Благој Ѓорев“. Затрупан со наноси беше делот на кружниот тoк кај „Авона“. Таму како и во останатите делови на градот чистеа работниците на ЈКП „Дервен“. Според информации на Регионалниот Центар за управување со кризи Велес атмосферска вода се прелеала ...
Во насока на зголемување на капацитетите за справување со пожари, Општина Чашка донираше 10 батериски грбни прскалки на Територијалната противпожарна единица Велес. Донацијата беше свечено предадена во присуство на командирот на ТППЕ Велес, Димче Јованов, и градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски. Овие современи грбни прскалки ќе овозможат поефикасна и побрза интервенција при појава на пожари, особено во тешко пристапни терени на ...
Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против 17-годишно лице од Неготино поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик. Како што информираше МВР при полициска контрола на влезот во Неготино, бил извршен преглед на мопед управуван од малолетникот. При прегледот, полициските ...
Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици. Околу 3 ...
По вчерашното попладне кога велешките улици беа поплавени со дотеци на голема количина на вода, којашто се слеваше од околните ридови, најголема количина на наноси од земја се создадоа на улица „Благој Ѓорев“. Затрупан со наноси беше делот на кружниот тoк кај „Авона“. Таму како и во останатите делови на градот чистеа работниците на ЈКП „Дервен“. Според информации на Регионалниот Центар за управување со кризи Велес атмосферска вода се прелеала ...
ЈКП „Дервен“ информира дека поради неопходни работни активности на водоводната инсталација, денес ќе дојде до прекин на водоснабдувањето на дел од корисниците на улиците Благој Јосмов и Јован Алабаков. Според соопштението од претпријатието, прекинот ќе трае приближно три часа, во текот на кои ќе се вршат интервенции за санација и подобрување на водоводната мрежа. Од ЈКП „Дервен“ апелираат граѓаните кои живеат на овие улици да имаат разбирање ...
Пожарот во производствениот погон на фирмата „Аронија“ со брендот BioCosmos е предизвикан како резултат на удар од гром. Нема повредени работници бидејќи во производството на здрава храна не се работи во смени. Пламенот го зафатил скоро целиот дел од фирмата „Аронија“ која е дел од комплексот на велешката фирма ДПТУ „Мирана“. -Изгорени се производствениот погон, дел од машините, магацинот за суровини, магацинот за готови производи како и ...
Голем оган и чад, е прикажан на фотографијата којшто граѓани ја испратија на Дума.мк тврдејќи дека гори фабриката за здрава храна „Аронија“ која што е на локација во близина на поранешната фабрика за талк „Димче Мирчев“ во Велес. Пожарот избил околу 19:30 часот велат Велешани кои живеат во близина на фабриката. Според информации кои тие ги споделија со Дума.мк во гаснењето на огнот учествуваат пожарникари со три противпожарни возила на ТППЕ ...
Ранливите потрошувачи на електрична енергија ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка на јавен оглас објавен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Огласот објавен е согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која министерството обезбеди 42.3 милиони денари финансиска поддршка. „Право на поддршка имаат домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока ...
„Попладнево Велес и околината беа зафатени од силно невреме со многу обилен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Непосредно пред големото невреме над Велес се формираше и Суперкелиски облак,“ напиша во ФБ статус метеопрогнозерот Славчо Поповски. На фотографијата објавена на порталот Метеоаларм е прикажано дека Суперкелиски облак се формирал над дел од велешката населба Тунел. Според информации на Управа за ...
„Попладнево Велес и околината беа зафатени од силно невреме со многу обилен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Непосредно пред големото невреме над Велес се формираше и Суперкелиски облак,“ напиша во ФБ статус метеопрогнозерот Славчо Поповски. На фотографијата објавена на порталот Метеоаларм е прикажано дека Суперкелиски облак се формирал над дел од велешката населба Тунел. Според информации на Управа за ...
Дел од велешката бизнис заедница тврди дека во изминатите 27 месеци по донесување на Одлуката на Совет на Општина Велес, за пресметка на надоместокот за собирање и транспортирање на комунален отпад според површина на нивните плацеви, изразена во метри квадратни, наместо по количината во метар кубен произведен отпад , не ги плаќала или делумно плаќала дел од сметки на ЈКП „Дервен“. Една од фирмите којашто се соочила со наплата на долгот од ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се вршизголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24 % во однос на одлуката од 28.7.2025 година. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР ...
Смеење, навивање и креативна енергија ја исполнија просторијата каде што младите волонтери од Црвен крст Велес се собраа за уште една од низата летни работилници. Наместо класична едукација, учењето се одвиваше преку игра – со внимателно осмислени активности кои поттикнуваат доверба, тимска работа и фокус. Во рамките на Летната програма 2025, младинскиот клуб при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес реализираше работилница во која ...