Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари. Против едно лице е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство поради основано сомневање за сторено кривично дело криумчарење и спречување службено лице во вршење службено дејствие, казниви по Кривичниот законик. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, при контрола на автомобил управуван од ...

Граѓанската иницијатива SupportKocani ја информира јавноста за состојбата со донациите и реализираната помош заклучно со 19 август 2025 година. Оваа иницијатива, која беше формирана веднаш по трагичниот настан на 16 март 2025 година во Кочани, продолжува да работи транспарентно, координирано и во интерес на сите засегнати лица и нивните семејства. Еден од најважните сегменти на помошта е набавката на специјализирана компресивна облека, која е ...

Учениците од прво до петто одделение во сите основни училишта на територијата на Општина Лозово и оваа учебна година ќе добиваат бесплатен дневен оброк, мерка што локалната самоуправа ја спроведува по трет пат, со цел да придонесе за подобрување на детската исхрана, образовните резултати и општата благосостојба на семејствата. Со одлука на Советот на Општина Лозово, средствата за реализација на оваа мерка се обезбедени директно од буџетот на ...

Ретроспективната изложба ќе им прикаже на љубителите на ликовната уметност 87 дела колку што години живееше академскиот сликар Ангел Петров. Тие се создадени во повеќедецениско негово творештво. Избрани се 36 пејзажи, 25 актови и 26 коњи, поточно трите мотиви што го следеле Петров низ целиот негов творечки живот. Изложбата ќе биде отворена во понеделник, на 25 август во 19:30 часот. „Во неговите пејзажи длабоко е втемелена занаетската ...

Крводарителството е еден од најголемите хуманитарни гестови што секој човек може да го направи – гест што спасува животи. Во време кога потребата од крвни единици е секогаш присутна, граѓаните повторно имаат можност да дадат свој придонес и да помогнат таму каде што е најпотребно. Црвен крст – Општинска организација Велес организира две крводарителски акции, повикувајќи ги сите хумани граѓани да се вклучат. Првата акција ќе се одржи на 22 ...

Преображение Господово е еден од оние осум големи Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен. На Преображение се преобразува и листот и гората и каменот во водата, листовите почнуваат да жолтеат и да опаѓаат, а водата станува постудена па не е за капење. Кај луѓето на Преображение се случуваат промени-кој преку лето поцрнел, почнува да белее. На ...

„Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во периодот од среда, 20 август, до петок, 22 август, времето во Македонија ќе биде значително потопло и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Температурите ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите ќе надминуваат и 35 степени, односно во овие предели тие локално ќе се искачат до околу 38 степени. Во Скопје и ...

Граѓанската иницијатива Support Kocani ја реализира и третата пратка компресивна облека, наменета за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување. Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а средствата се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и ...

Со отворање на традиционалната изложба од стрипови, годинава и јубилејна, посветена на 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал “ ВЕКОВНИЦИ“ во среда, на 20 август, во Велес ќе се одржи 22 Меѓународен стрип салон . Промотор ќе биде нејзиниот иницијатор и автор, Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија којшто е голем пријател на стрип манифестацијата. На културната манифестацја ќе бидат доделени награди ,дипломи и признанија од ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 76,00, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 67,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 67,00 ден/лит. ...

Општина Лозово и оваа година ќе обезбеди ваучери од 4000 денари за сите ученици кои оваа есен ќе започнат во прво одделение. Средствата се наменети за набавка на училишен прибор и облека, како поддршка за родителите во подготовките за новата учебна година. Одлуката е донесена едногласно од Советот на Општина Лозово. Градоначалникот Бошко Цветковски истакна дека оваа мерка е дел од заложбата за помош на семејствата и вложување во иднината на ...

Со скршеници на ребрата од двете страни се здобил педесет и три годишниот С.С од Велес, кој вчера во 08:40 часот на регионалниот пат Велес – Штип бил учесник во сообраќајна незгода. Како што соопшти портпаролот на велешката болница пациентот поради тешките повреди бил испратен во Ургентен центар Скопје. Од Сектор за внатрешни работи Велес објаснуваат дека незгодата се случила помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки ...

Велешкиот афористичар Никола Бошков Коки со нови осум афоризми за читателите на Дума.мк. Неговите кратки и прецизни мисли, препознатливи по критичката острина и социјалната ангажираност, повторно отвораат простор за размислување. -Некои нешта немаат цена, токму затоа вредат најмногу. -Кога челните луѓе во државата имаат проблеми со очите и ушите, кога министрите во некои министерства се во хаос, кога политиката е без филтер, а политичарите ...

По силното невреме кое вчера,недела, 17 август, го зафати Лубојно, Ресенско, направи штети и поплави улици и куќи, денес следува ново невреме во повеќе делови од Македонија. Државата ќе биде под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина. „Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во поголем дел од Македонија. ...

Граделе убави и нови домови, во изминатите три децении, а живеат без основна инфраструктура. Најголем дел од жителите на велешката населба „Речани“ се движат по земјени и макадам улици, кои се полнат со вода при секој дожд, дел пијат вода наместо од градскиот водовод од сопствени бунари и дел немаат канализациона мрежа.Во оваа населба уличните светилки се бројат на прсти. Жителите на „Речани“ во вечерните и во ноќни часови потребите да ...

Од денеска се намалуваат цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти и таа ќе важи од 15 август до 15 септември. Одлуката е донесена поради тоа што дел од трговците пред почетокот на новата учебна година ги зголемиле цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на ...

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера, во 23:30 часот ги привеле осумнаесет годишниот С.Ѓ и еден малолетник од Неготино, како и малолетник од Демир Капија. -Имено, тие откако ги забележале полициските службеници, фрлиле цигара со зелена растителна материја, која била пронајдена и одземена. Со малолетниците бил извршен разговор во присуство на адвокат за малолетници и претставник од Центарот за социјални работи ...

Полициски службеници од СВР Велес, вчера, во 21:15 часот ги лишеле од слобода триесет и две годишниот Ѓ.Ш и дваесет и пет годишниот Е.У од Велес. Како што пишува во дневниот билтен најпрво во угостителски објект во градот, Ѓ.Ш му се заканувал на Ш.А (43) каде бил со Р.З (39) а потоа пред објектот настанала и меѓусебна физичка пресметка која продолжила и на улица „Благој Ѓорев“ во Велес. -Таму Е.У. употребил дрвен предмет и се заканувал со ...

Министерството за образование и наука информира дека од денеска почнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Во повикот објавен од МОН се наведени условите и начинот на аплицирање. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5 септември 2025. Финансиската поддршка во износ од 140 денари е ...

Во сабота и недела, 16 и 17 август во нашата држава ќе има изолирана попладневна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, информира метеорологот Славчо Попоски. Поради атмосферски фронт со поладен воздух на висина, во понеделник, 18 август, во попладневните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. -Локално пак атмосферските процеси ќе бидат ...

Два одделни случаи на физички напади се регистрирани на 13 август во регионот на Велес и Неготино, при што полицијата интервенирала и привела две лица осомничени за насилство. Првиот случај е пријавен во СВР Велес во 12:40 часот од страна на 40-годишна жена од Велес. Таа пријавила дека на улицата „11-ти Октомври“ била физички нападната од З.Н. (42) од Велес, со кого претходно била во љубовна врска. Според пријавата, тој ја нападнал и во домот ...

Кога зборовите се силни, годините не се пречка. Само 15 години има Весна Мартинова од Кавадарци, а нејзината прва книга „Трошка надеж“ веќе ги освојува срцата на читателите. Овој понеделник, на 18 август 2025, со почеток од 19 часот, Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ ќе биде домаќин на промоцијата на ова топло и длабоко дело. “Трошка надеж“ е трогателна приказна за загуба, пријателство и храброст да се продолжи напред. Преку патувањето ...

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година ...

Општина Демир Капија, која е дел од Вардарскиот плански регион, ќе реализира неколку капитални инфраструктурни проекти со финансиска поддршка од Владата на Република Северна Македонија, добиена преку вториот јавен повик за финансирање на проекти во општините. Со овие инвестиции се очекува значително подобрување на условите за живот на граѓаните и поттикнување на понатамошен развој на општината. Градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров, ...

На изглед обично цвеќе со особено привлечни виолетови цветови, со сребреникави листови, во чиј средишен дел се наоѓа жолтобоен толчник, којшто врзува жолти бобинки, но во суштина станува збор за опасен и отровен плевел. Плевелот „Сребренолисен зрнец“ е веќе мапиран на две локации во Македонија, во близина на Неготино и на Кавадарци. Првото активно жариште се наоѓа веднаш до патот Неготино – Кавадарци, пред влезот во селото Марена, додека ...

„Во остатокот од оваа недела во Македонија ќе имаме многу топло време, тоа значи дека остануваме под влијание на многу топлата воздушна маса од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец. Сепак поради продор на малку поладен воздух од север, на висина, ќе имаме делумно дестабилизирање на атмосферата и попладневен развој на конвективни ...

Револуционерната серија на иновативна технологија за загревање тутун без негово согорување, IQOS ILUMA i, сега е полесно достапна за полнолетните корисници во Велес преку IQOS мобилната продавница лоцирана во Peron retail park, на улицата Алексо Демниевски Бауман. Мобилната продавница работи секој ден од 9:30 до 21:30 часот, освен во недела и на државни празници. IQOS ILUMA i е досега технолошки и дизајнерски најнапредна серија која нуди ...

Спортски ветерани, поранешни фудбалери и пријатели на велешанецот Игор Ѓаковски Ѓак поттикнаа иницијатива и во недела, на 17 август ќе ја реализираат со прва спортска манифестација посветена на нивниот пријател, љубител на фудбалот, фудбалер и помагател на спортски настани за да ги зачуваат спомените затоа што „Ѓакчето“ повеќе не е меѓу нив. Ако годинава во негова чест, на Ракометното игралиште во Градски парк во Велес ќе се одржи Меморијален ...

Во последните денови во Велес е забележано зголемување на бројот на пациенти со симптоми на стомачен вирус. Матичните лекари посочуваат дека ова заболување е во текот на целата година, а најчесто се појавува кај помладата популација, особено во пролет и лето, но овојпат има и голем број на возрасни пациенти со стомачен вирус. Кај пациентите се појавува треска, покачена температура, симптоми на настинка, гадење, повраќање, дијареа. Лекарите ...

Во Општина Лозово веќе дваесетина дена се изведуваат интензивни градежни активности за целосна реконструкција на локалниот пат што го поврзува селото Каратманово со експресниот пат А3. Реконструкцијата се спроведува во организација на локалната самоуправа, а градоначалникот Бошко Цветковски ја истакна важноста на проектот за жителите од овој рурален дел на општината. -Овој патен правец е од суштинско значење за Каратманово и неговото ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1026
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
61%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
3.53
64%
1025
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 8ᴼ
0.18
60%
1026
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
53%
1024
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
44%
1023
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
41%
1024
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
48%
1026
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
45%
1027
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
67%
1025
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Калај

51.64

Родиум

368126.05

Сребро

2704.52

Злато

166049.28

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.35

Бакар

11.80

Платина

69606.37

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Паладиум

52823.68

Цинк

3.28