„Под влијание на фронтална долина од северозапад со поладен воздух на висина која преку алпскиот регион ќе се спушти кон нашиот дел од Европа, утре 3 септември и во четврток 4 септември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Развојот на конвективните грмотевични облаци локално ќе биде поинтензивен и ќе има појава на локално невреме, проследено со обилен ...

„Oд село Каласлари на првиот училишен ден на настава во училиштата во Велес не дојдоа 21 ученик во основно и 16 ученици во средно образование бидејќи нема организиран превоз. Никој од надлежните не презема ништо, а децата седат дома кога баш денес на 1.9.2025 година треба да седнат во училишните клупи. Ова е голем срам и проблем кој мора јавно да се објави. Ве молам да реагирате со вест, напишаа родители на учениците од ова велешко село ...

Со интонирање на државната химна, многу балони, приредба со кореографии и рецитации, подготвена од учениците во повисоките одделенија, претпладнево, ООУ „Панко Брашнаров“ им посака добре дојде на 59 првачиња во училишниот двор. Од утре, во наставата ќе се вклучат уште три првачиња и засега во ова, едно од четирите велешки основни училишта, во прво одделение ќе учат вкупно 61 ученици. Во присуство на Градоначалникот Марко Колев како и на ...

Во Охрид годинава се одржа јубилејното, десетто издание на „Танц Камп Охрид“, во организација на Балетско студио „Анабела“. Кампот, којшто низ годините прерасна во вистинска танцова традиција, повторно обедини млади танчари од различни градови, меѓу кои и учесници од „Урбан Кру“ од Штип и Кочани како и од Балетско студио „Магија“ од Пробиштип. -Програмата, како и секогаш, беше исполнета со разновидни активности. Учесниците имаа можност да ...

Понеделнички и првосептемвриски афористичарот Никола Бошковски Коки со осум нови афоризми за заедницата на читатели на Дума.мк: „Учебната година започна: По извесно време професорите ќе започнат да ЗАВЕДУВААТ оценки, а некои, пак…УЧЕНИЧКИ“. „Тешко е денес предизборно да се бара, а уште потешко в иднина да се очекува коректност и пристојност во меѓусебното однесување на политичките опоненти“. „Денес сите некаде брзаме, дури и оние коишто ...

„Територијата на Македонија во текот на оваа седмица ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ, токму ова ќе услови повторно да имаме значително повисоки температури на воздухот. Температурите ќе постигнат и надпросечност како и значителна по умерена висина за овој период од годината поради тоа што полека но сигурно наближува есенскиот период од годината, кога денот е се пократок а ноќта се подолга. Времето ќе биде претежно сончево ...

Полициски службеници на СВР Велес, вчера утро, во 07:20 часот, го лишиле од слобода А.Р.(34) од Велес, по претходна пријава од 70-годишната Ѓ.Д. од Велес, која пријавила дека откако го повикала во нејзиниот дом за да и помогне, тој и го одзел паричникот во кој имало пари и лични документи и заминал. -Кога пријавителката забележала дека и го нема паричникот и повторно го повикала А.Р. за да и го врати, тој дошол во нејзиниот двор, физички ја ...

Во текот на денешниот ден, недела, 31 август, во Македонија ќе имаме постепена стабилизација на времето и намалување на облачноста. Сепак, ќе биде значително посвежо за разлика од изминатите денови поради продорот на значително посвежа воздушна маса од север. Се ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски. „Во Скопје и околината исто така следува ...

Неготино повторно ќе биде домаќин на една од најстарите стопанско-културни манифестации во Македонија – традиционалниот „Неготински панаѓур“, кој ќе се одржи на 21, 22 и 23 септември. Подготовките за настанот се веќе во тек, а оваа година ќе бидат поставени вкупно 706 тезги распоредени во шест различни зони, информираа од Општина Неготино. На последната седница на Советот на општината беше усвоена програмата за поставување урбана опрема на ...

Велешанка, мажена во друга општина во Македонија, поради долгогодишно психичко малтретирање и финансиско злоупотребување, по 16 години брак одлучила да се врати во домот на својата мајка и брат во Велес. Триесет и седум годишната жена е мајка на две малолетни деца. Жената на 1 јуни, годинава, со себе во Велес ги донела и своите две малолетни деца кои се на ученичка возраст. Таа за Дума.мк тврди дека веднаш поднела барање за развод и побарала ...

Во општинската зграда на Свети Николе отворена е нова канцеларија за е-услуги, со цел да им се овозможи на граѓаните полесен и побрз пристап до државните дигитални сервиси. Канцеларијата беше отворена од министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на општината, Дејан Владев. Министерот Андоновски информира дека канцеларијата е подготвена за кратко време и во неа ќе работат тројца вработени. Тој посочи дека сите ...

Четириесет годишниот Д.Н од Велес, вчера вечерта, десет минути пред полноќ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес постапувајќи по пријава од неговиот 64 годишен татко. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, таткото на велешанецот пријавил дека во дворот од семејниот дом, тој му се заканувал, агреснивно се однесувал и кршел предмети а потоа со употреба на остар предмет ги оштетил и гумите на патничко ...

Наставниците од средните училишта во државата можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата. Доколку имаат основно ниво на познавања на дигитални алатки и активно го владеат англискиот јазик, можат да аплицираат за обуката „AI во училница“, што ќе им помогне да ја вклучат вештачката интелигенција во сите фази на наставата, од подготовката за час до оценувањето. Министерството за образование и наука ...

„Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, утре, сабота, 30 август, како и во текот на ноќта кон недела, 31 август времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со услови за појава на град. И во Скопје и околината во погоре ...

Тешката сообраќајна несреќа се случила ноќеска, десет минути по полноќ, на локален пат село Горно Чичево – село. Долно Чичево, во општина Градско, кога патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20), двајцата од Градско и Х.Л.(22) од село Ногаевци, општина Градско, констатирани ...

Кандидатурата на Хеско ја објави претседателот на опозициската партија,д-р Венко Филипче, на синоќешната седница на Извршниот одбор во Скопје. „Велес има избор за промена! Нашиот кандидат за градоначалник, Маја Хеско е личност што ја обединува силата, храброста и одлучноста на сите граѓани. Време е за нова енергија, време е за работа во интерес на секој човек, секое семејство,“ соопшти партискиот лидер Филипче. Дипломираниот социолог Маја ...

„Денешното утро, четврток, 28 август, во Македонија повторно донесе исклучително ниски температури на воздухот. Најсвежо ова утро беше во Берово со измерени само 6 степени. Времето насекаде во државата е ведро и претежно тивко без некој изразен ветер. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во Македонија ова утро кои се исклучително ниски и под просекот за овој период од годината“, соопшти метеопрогнозерот Славчо ...

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од 2025 година изнесуваат 3,6 милијарди денари, што во однос на истиот период лани е зголемување за 7,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Според ДЗС, во второто тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство ...

Нова шампионската титула годинава освои производот прополис на „Пчеларник Дукови“ на натпревар на медопроизводители од балканските држави што се одржа во Степоевац, соседна Србија, по минатогодишната за саќе. Високото признание Дукови го донесоа во Велес, изминатиов викенд, заедно со уште два златни медали коишто ги добија за квалитет на ливадски мед и повторно за производот мед во саќе. Балканот веќе знае дека Дукови се производители на ...

Со мирис на зрело грозје, вкус на домашно вино и звуци на традиционална и современа музика, Општина Лозово со голема гордост го најавува овогодинешниот Овчеполски Гроздобер 2025, кој ќе се одржи на 6 и 7 септември. Настанот, кој полека но сигурно станува препознатлива традиција, го слави најголемото богатство на регионот – плодната земја, вредните луѓе и вековната винска култура. Дводневниот настан ќе биде исполнет со богата културна и ...

Црвен крст Велес организира хуманитарна акција за донација на училишен прибор под мотото „Донирај училишен прибор“, со цел да се помогне на ученици од социјално загрозени семејства да започнат со насмевка и достојно новата учебна година. Акцијата ќе се одржи во понеделник, на 1 септември, во периодот од 16:00 до 18:00 часот, спроти влезот на Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес. Сите заинтересирани граѓани можат да ја покажат својата хуманост и ...

„Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес, среда, 27 август до петок, 29 август, времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и значително потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Tемпературите, во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите ...

Осумдесет и седумте уметнички дела од кошто е составена постхумната 62 Самостојна изложба на академскиот сликар Ангел Петров изложени во Ликовен салон Велес се само дел од неговото по опус и разновидно по мотив како и техника творештво создавано низ децениите на живот во родниот Велес. Бројот на уметнички дела, се избрани суптилно и педантно, бидејќи е посветено внимание да бидат за прв пат прикажани на публиката поточно на љубителите на ...

Брзото пристигнување и навремената интервенција на велешките пожарникари вчера спречија поголем пожар над црквата „Св. Спас“ во градот. Поточно во 10:36 часот била примена дојава за запалени кабли над верскиот објект по што двајца пожарникари со едно противпожарно возило веднаш се упатиле кон пријавеното место. Како што соопштија од ТППЕ Велес пожарникарите затекнале како гори дива депонија и веднаш пристапиле кон нејзино гаснење. ...

Претседателот на Советот, Даниел Јаневски, на членовите на Совет на Општина Велес им предлага дневен ред составен од 42 точки. Дваесет и тројцата Советници се очекува да го разгледаат Кварталниот извештај на Општина Велес, да донесат одлуки за давање на времено користење на простории сопственост на општината на граѓански организации и за затворање на Депонија за земја, шут и друг отпаден градежен материјал, за потреби од доесување на ...

Денес, вторник, 26 август, од запад над Македонија ќе помине облачна воздушна маса која може да донесе сосема слаб локален дожд. Веќе од утре среда, 27 август до петок. 29 август државата ќе биде под влијание на топол бран од Африка кој ќе услови температурите да бидат значително повисоки, речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија тие локално ќе надминат и 35 степени. Во Скопје и ...

Поради неопходни работни активности на водоводната линија, утре, 26 август, ќе биде извршен прекин на водоснабдувањето на дел од улицата Белградска, информираат од Јавното комунално претпријатие „Дервен“ од Велес. Како што соопштија од претпријатието, прекинот ќе започне во 8.00 часот наутро и ќе трае сè до завршување на градежните активности на терен. Од ЈКП „Дервен“ апелираат граѓаните од овој дел на градот да имаат разбирање. Дума.мк ...

Рано изутринава, околу 01:50 часот, полициски службеници од СВР Велес привеле 27-годишниот Д.В. од Велес, кој бил фатен како управува патничко возило под дејство на алкохол. Според информациите од СВР Велес, возилото „БМВ“ со велешки регистарски таблички било запрено при рутинска сообраќајна контрола. По извршената проверка било утврдено дека возачот управувал со возилото со 2,28 промили алкохол во крвта, што е далеку над дозволената граница. ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77, ЕУРОДИЗЕЛ БС ...

Обезбедени 135 крвни единици, во времетраење од шест часови и во услови на летен период поточно за време на користење на годишни одмори, повеќе е од успех, соопштија од Општинската организација на Црвен крст Велес. Крводарителската акција што вчера се одржа во велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ имаше одличен одзив од страна на Велешани кои како и многу пати до сега се докажани хумани граѓани. -Осум граѓани се одзваа за прв пат ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
79%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.0
78%
1025
weather icon

Софија

6ᴼ / 0ᴼ
1.54
61%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.71
77%
1025
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
63%
1024
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
76%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1024
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 6ᴼ
1.79
62%
1025
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Паладиум

52823.68

Платина

69606.37

Сребро

2704.52

Калај

51.64

Кобалт

66.14

Цинк

3.28

Рутениум

45750.51

Бакар

11.80

Алуминиум

3.35

Иридиум

221848.72

Родиум

368126.05

Злато

166049.28