Меѓу најсреќните вкупно 86 мажи кои годинава пливаа во осветениете води на река Вардар во Велес најсреќен беше дваесет и три годишниот Стојанче Илчевски од месноста Варналиите. Илчевски е невработен хемиски техничар со завршено средно училиште. Тој скокна во Вардар заедно со неговиот брат и тајфа составена од уште пет другари. Традиционално манифестацијата „Богојавление – Водици“, на која Митрополитот Повардарски Господин Агатангел ги ...
Со голема вера, масовна посетеност и почит кон вековната традиција, денеска низ повеќе градови и населени места во земјава беше одбележан големиот православен празник Богојавление – Водици. По светите литургии, во реките, базените и осветените води, свештенството на МПЦ-ОА го положи светиот крст, а најсреќните меѓу учесниците го извадија како симбол на благослов, здравје и духовна сила. Во Општина Карбинци празникот беше чествуван на три ...

