Со брза реакција на полицијата пронајдено одземено дете во Скопје, приведена сторителката Денеска (16.08.2022) полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, спореед пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје. Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица. ...

Дедото на момчињата убиени во масакрот во Цетиње зборувал за српските медиуми. „Не ми ги уби само внуците и снаата, туку сите нас“, низ солзи раскажува Перо Мартиновиќ, дедото на Марко (8) и Машан (11), убиени на Цетиње од Вук Бориловиќ (34) при крвавиот поход минатиот петок. „На моите внуци им пукал во главите со карабин. На сите им пукаше во глава. Барем да ни оставеше едно дете“, изјавил дедото за Курир по погребот на внуците и снаата Наташа ...

Државниот обвинител Љубомир Јовески поведе предлог за дисциплинска постапка и привремено ја суспендира шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. За двете нејзини колешки Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева, пак, поведе дисциплинска постапка. Како причина за суспендирањето се наведува „тешка дисциплинска повреда“, а поводот е претресот во Финансиската полиција. Русковска ја потврди ...

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми вели дека се повлекува од позицијата, со цел да нема сомнеж за било какво влијание врз предметот кој се води во Обвинителството. -Имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител ...

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков пред да оди на издржување на затворската казна стана дедо. Вчера сопругата на неговиот постар син, Јордан Мијалков, Анастасија родила женско бебе. Веста дека Мијалкови добиле принова беше обајвена на социјалните мрежи, а веста ја сподели сестрата на Анастасија, Александра, партнерка на актерот Атанас Атанасовски, со кој има две деца. Мијалков го нема на ...

Препораките за заедничко одбележување на историски личности не ги допираат идентитеските прашања, треба да се разграничуваат сегашните и идентите во средниот век, ние не навлеговме во идентитетот на цар Самоил и не може сите фактографски податоци да ги вметнеме во текстовите, порача копретседателот на историската комисија, Драги Ѓоргиев во интервју за Сител. Тој, како што рече, има повеќе толкувања, но во светската медијавистика за цар Самоил ...

Две лица се полесно повредени во серија експлозии предизвикани од пожар што зафатил складиште за муниција во близина на населеното место Мајско во областа Џанкој на полуостровот Крим. Руското Министерство за одбрана потврди дека пожар избувнал во магацин за муниција, по што дошло до детонации. „Според информациите од лице место, засега нема сериозно повредени“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана, посочувајќи дека се ...

Фамилијата Бориловиќ со години редовно одат во црква, а секој Бадник носат елка пред манастирот. Вук редовно учествуваше на овие церемонии. Каде му е душата, какво зло му влезе, зошто ги уби неговите соседи и две деца, прашуваат очајните жители на Цетиње. Вук Бориловиќ (34) од Цетиње, Црна Гора, кој во петокот уби 10 лица, меѓу кои две деца, а рани шест лица, пред да го изврши страшното злосторство отишол во црква и му се помолил на Бога, ...

Експертите за безбедност на патиштата коментираа дека покрај тоа што возачот на автобусот изгубил контрола над возилото, го прекршил бугарскиот закон затоа што од фестивалот во Сончев Брег во Србија отпатувал за да земе деца навечер и ноќе, што не е дозволено. Возачот на српскиот автобус кој се преврте во Стара Загора во Бугарија е приведен и му е наредено да не ја напушта Бугарија, изјави за МИА во Софија портапорлката на главниот обвинител на ...

Познатиот писател Салман Ружди е тргнат од респиратор и повторно може да зборува, откако во петокот беше нападнат и тешко повреден со нож на еден настан во Њујорк. Лицето обвинето за напад со нож над светски познатиот писател, 24-годишниот Хади Матар, се изјасни пред судот дека не е виновен за напад и за обид за убиство. Меѓутоа, обвинителот оцени дека во прашање е „однапред планиран напад со умисла“, поради што авторот на „Сатански стхови“ ...

Банатскиот владика Никанор во скандалозен јавен говор практично „ја проколна“ премиерката Ана Брнабиќ, но и сите кои ќе учествуваат на EuroPride во септември во Белград. Тој изјави и дека би „употребил оружје“ против учесниците на Парадата на гордоста, пренесе Нова.рс. Никанор ја нарече Ана Брнабиќ „ќерка и внука на српските касапи“, а ги повика свештенството и народот да се побунат против геј парадата, тврдејќи дека тој лично би употребил ...

Црногорските медиуми објавија фотографија од Ненад Нено Калуѓеровиќ, кој го уби Вук Бориловиќ и го запре масакрот во Цетиње. На социјалните мрежи граѓаните на Црна Гора го слават како херој кој спречи бројот на жртвите да биде уште поголем. Тој нема да одговара за убиството. Бориловиќ околу 16 часот уби 11 лица, а рани уште четворица, од кои тројца се во животна опасност. Јавната обвинителка Андријана Настиќ изјави дека во Цетиње загинале девет ...

На социјалните мрежи битолчанка објави шокантна сторија како мајка и два дена се борела за здрив и два дена барале помош во битолската болница. Исходот е инфаркт кој според сведоштвото докторите не го препознале и не превзеле соодветни мерки. Сведоштвото го пренеуваме во целот – идентитетот познат на редакцијата Болницата- штала во Битола е невидено нешто. Невидено. Синоќа бевме со мајка ми на ургенто во Битолсата болница , ја прегледаа и ...

Ердован Шабаноски (Прилеп, 24 октомври 1980 – на автопатот Скопје – Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител со ромско потелко, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје – Тетово во масакрот кај Карпалак. Ердован Шабаноски е роден на 24 октовмри 1980 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Сестрата на Ердован беше мажена за Веби ...

Денеска околу 7 часот во пожар кој избувнал во куќа во Стар Дојран и зафатил еден спрат и покривот, загинала жена. Настанот го потврдија од СВР Струмица, каде пожарот бил пријавен во 07:20 часот. -Пожарот избувнал во куќа на улицата „Маршал Тито“ во Стар Дојран. Бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице, соопштија од СВР Струмица. Според информациите од Доброволното ...

Вук Бориловиќ(34) кој уби 11 лица и повреди шестмина во Цетиње до скоро се лечел во психијатриска установа, а масакрот го извршил по кавга со своите потстанари за неплатена кирија, пишува српски Телеграф. Тој се расправал со жената потстанар да му ги плати сметките, а негде околу 16 часот во куќата пристигнал семеен пријател. Бориловиќ најпрвин посегнал по животот на пријателот со својата ловечка пушка, а потоа излегол на улица и продолжил да ...

Во Обвинителството е повикан д-р Жан Митрев кој е на распит кај обвинителот Гаврил Бубевски кој го води предметот, објави Фактор. -Жан Митрев е повикан на распит во обвинителството на распит за одредени околности за предметот кој го води обвинителството, односно ОЈО Скопје по допрен глас од јавноста, потврдиле од Обвинителството. Како што е познато, обвинителството отвори предмет, по емисијата Нечиста крв за наводни неправилности во таа приватна ...

Русија и Украина не престануваат меѓусебно да се обвинуваат за ракетирање на нуклеарката во Запорожје, а на социјалните мрежи се гледаат снимки од најголемата електрана во Европа. На снимките се гледа облак од чад кој доаѓа токму од нуклеарката. Ројтерс пишува дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предложил областа до електраната да се прогласи за демилитиризарана зона. Украинската агенција која ги управува четирите електрани во ...

Русија е обвинета дека ја користела нуклеарната централа како штит додека од неа истрелала проектили на блиските локации, пишуваат медиумите во регионот. Двајца работници за Би-Би-Си изјавиле дека секојдневно добиваат закани за киднапирање и дека стравуваат од радиоактивна контаминација на поширокиот регион и од нуклеарна катастрофа. Никопоље, град под украинска контрола, е одделен од нуклеарната централа со околу 15 километри од реката Днепар. ...

Претресот во Палм Бич на Флорида е една од бројните истраги со кои се соочува поранешниот претседател на САД уште од неговиот престој во Белата куќа. Против него се води и посебна истрага поради неуспешниот обид на неговите поддржувачи да го променат исходот на последните претседателски избори со наводно внесување на лажен попис на гласачи Агентите на ФБИ барале документи поврзани со нуклеарно оружје за време на претресот на домот на поранешниот ...

Триесет и пет мигранти од вкупно 49 се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија на клучката за село Марвинци откако камион „сканија“ со скопски регистарски, таблички, во кој се превезувале мигрантите, излетал од патот. Според информациите од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, еден од мигрантите е со потешки повреди, а останатите имале полесни повреди. -Според кажувањата на ...

Како што пренесува британски Телеграф, во автомобилите кои создале голема гужва има руски цивили кои решиле да побегнат од полуостровот по огромните експлозии во вторникот во руската воена воздухопловна база Саки на западот на Крим. Според сателитските снимки, најмалку осум воени авиони биле уништени во експлозијата што се случи во вторникот во руската воздушна база. Тоа е воздушна база на Крим. Причината за експлозијата се уште не е позната. ...

43-годишно лице од Кичево можеби е заразено од мајмунски сипаници. По 3 недели престој во Австрија, побарал лекарска помош кога се вратил. Од кичевската болница велат дека на одделението пристигнал во понеделникот со симптоми на изнемоштеност и видливи траги на кожата. Од првите прегледи на дежурниот лекар му било препорачано да остане во болница и да се тестира за мајмунски сипаници. Но, според тамошните власти, кичевчанецот побегнал и не го ...

Руското министерство за одбрана ја објави најновата листа на странски борци или платеници како што тие ги нарекуваат кои се борат или се загинати во војната во Украина. Во графата за Македонија стои дека вкупно од 24 февруари до сега во Украина на страната на владата на Зеленски се бореле 79 македонски државјани. Од нив според руското министерство за одбрана елиминирани или убиени се 26 македонски борци или странски платеници како што ги ...

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од КОВИД-19, изработен врз основа на длабински мониторинг на постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година. Мониторингот детектираше дека јавните набавки поврзани со КОВИД-19 и во второто полугодие од 2021 година, односно и по повеќе од една година од почетокот на кризата, изобилуваат ...

ФБИ во понеделникот изврши претрес во одморалиштето Мар-а-Лаго на Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, како дел од истрагата за ракување со претседателските документи, вклучително и доверливи документи, кои можеби биле донесени таму. Поранешниот претседател потврди дека агенти на ФБИ биле во Мар-а-Лаго и рече дека „дури провалиле во мојот сеф“. Тој бил во кулата Трамп во Њујорк кога беше извршен налогот за претрес на Флорида, изјави извор за ...

На 06.08.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17.00 часот откако го земал неговото дете од приватна детска градинка на бул.„Илинден“ забележал дека со детето нешто не било во ред. Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите. Во приватна ...

Увидот за сообраќајната несреќа во која загинаа 12 луѓе на автопатот кај Брезница, Хрватска, утврди дека возачот изгубил контрола над воланот, а за да се утврдат причините за несреќата, наредена е обдукција на жртвите и вештачење за интоксикација на возачот. Несреќата што се случи утрото околу 5 часот и 25 минути на автопатот Горичан-Загреб во правец на Загреб кај градот Брезница ја истражуваше заменичката на жупанискиот правобранител на ...

Сирени и експлозии се слушнаа денеска во западното предградие на Ерусалим поради палестински ракетни напади додека Израел продолжува со бомбардирањето во Појасот Газа. Околу 30 Палестинци, од кои најмалку една третина цивили, и двајца високи команданти на милитантната група Исламски џихад се убиени во бранот борби за време на викендот, додека ракетните салва испратија десетици илјади Израелци во засолништа. Министерството за здравство на Газа ...

ДАНИЕЛА НИКОЛОВА (1979-2022) е жртвата на денешната огнена трагедија во Стар Дојран. Дојранчани се простуваат со неа на социјалните мрежи, напомнувајќи дека сите си ја познаваа како ДАДА. Беше вредна, насмеана, отворена. Погребот ќе се одржи утре во 10 часот на гробиштата во Стар Дојран. Почивај ви мир Даниела! Остануваат немирите на оние кои ги слушале твоите крикови утринава кога избил пожарот, а одбрале без никаква интервенција да останат ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
66%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
67%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
69%
1012
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
1.34
75%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
66%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
73%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52