Поранешниот светски шампион во шах Анатолиј Карпов е тешко повреден и се наоѓа во вештачка кома. Оваа информација ја објави Telegram каналот 112, а ја пренесоа бројни медиуми во Русија. Рускиот велемајстор Анатолиј Карпов е хоспитализиран во Москва со сериозна повреда на главата и моментално е на интензивна нега. Брзата помош наводно го однела во болница, кога бил во несвест и во алкохолизирана состојба. Според извештаите, по прегледот лекарите ...

Без вода во Киев останаа 80 отсто од корисниците „поради оштететување на електроенергетски објект во близина на градот“ по денешните руски воени напади, информираше градоначалникот Виталиј Кличко. Тој додаде дека локалните власти работат на тоа што поскоро да се санира дефектот. На жителите на Киев, градоначалникот им порача да се снабдат со вода „од најблиските пумпи и продажни места“. Руските напади погодија критични инфраструктурни објекти во ...

Dota 2 тимот Tundra Esports каде што игра и нашиот Мартин ‘Сакса’ Саздов го освои The International 11 – Dota 2 откако во финалето ги победија Team Secret со резултат од 3-0. Победата на овој турнир му ја доделува на тимот титулата Најдобариот Dota 2 тим во светот и огромна награда за прво место од околу 8.000.000 милиони долари! Тимот Tundra Esports остана непоразен во текот на целата фаза од натпреварувањето, губејќи само четири мапи во ...

На денешната седница на Советот на јавните обвинители не беше избран ниту еден од шестмината пријавени обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. На огласот требаше да се изберат четворица обвинители. Поддршката на членовите не ја добија пријавените кандидати: Арсим Адеми, Милица Гаврилова, Маја Коневска, Верица Беджетска Крстева, Елизабета Јосифовска и Златко Биковски. Обвинителката Милица Гаврилова од 2018 ...

Дојавите за бомби во неколку скопски училишта буквално го парализираа сообраќајот во главниот град. Во период кога завршува работното време за најголемиот дел од скопјани и кога сите брзаат кон своите домови, полицијата одлучи да го забрани приодот покрај средните училишта за каде што постои инфорамција дека е поставена бомба. Затворени се неколку главни сообраќајници, меѓу кои и таа пред гимназијата Јосип Броз Тито во центарот на градот. – ...

На денешното отворање на македонскиот културен клуб, претседателот на Левица – Димитар Апасиев беше физички нападнат од бугарски уфрлен шовинист! Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви, за потоа да се истакнуваат и фашистички симболи. Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна ...

Со македонскиот Устав, правото на сите малцинства е загарантирано и македонскиот Устав е согласно буквално сите меѓународни норми и правила. Прашањето е зошто правoто на Македонците во Бугарија не е признаено, праша Мицкоски во Благоевград. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предмалку пристигна во Благоевград, Бугарија, на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“. Во изјава за медиумите пред почетокот на настанот, ...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол денеска прогласи национална жалост откако во вчерашното стампедо за Ноќта на вештерките загинаа 151 лице во популарна област за ноќен живот во главниот град Сеул. Јун изрази сочувство за жртвите и на повредените им посака брзо закрепнување. Ова е навистина трагично, рече тој. „Трагедија и катастрофа што не требаше да се случи, се случи синоќа во срцето на Сеул“. Толпата која славеше во популарната населба ...

Во Гинеколошко – акушерската клиника Народни фронт во Белград 600 бебиња биле вакцинирани со физиолопки раствор наместо бсж бакцина. Скандалот ја тресе Србија , а за грешката при вакцинирањето истрага отвори и обвинителството. Српските здраствени власти соопштија дека децата се безбедни и дополнително ќе ја примат вакцината. Истата може да се даде до 12 месечна возраст заради што во болницата каде примиле вакцина е огласено повторно бебињата да ...

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, за БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, но и во Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, тоа треба да се провери, внимавајќи на чувствителноста на билатералните односи и да се види дали навистина има добронамерност или се дел од туѓа агенда. ВМРО во Бугарија најави дека во недела ќе ...

Истрагата за вчерашните дојави за поставени бомби во осум скопски средни училишта во тек, ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие меилови и најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Северна Македонија или политички игри, како една од претпоставките, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Без разлика на ...

Во 5 училишта во Скопје на нивни меил адреси, претпладнево се пристигнати закани за поставени бомби, потврдија од МВР за Телма. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Средношколци од училиштето Орце Николов потврдија дека и нивното училиште било евакуирано и дека полицијата е во училиштето. ...

Град Скопје го урна знакот „Ја сакам Кисела Вода“ поставен на пешачкиот остров меѓу улицата Народни херои и булеварот Борис Трајковски. Овој знак беше поставен кон средината на јуни за да се разубави општината. Но, сега како што вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, градоначалничката Данела Аровска наместо да се занимава со проблемите на граѓаните, урива знаци кои се донација од граѓани. „Поставување на овој знак, беше иницијатива на граѓани. ...

Овој викенд стрелите на часовникот ќе се вратат еден час назад, односно во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 часот, што значи дека останува зимското сметање на времето. Од Владата информираат дека анализите подготвени од Министерството за економија покажале дека треба да остане доглогодишниот системот за промена на времето. Иницијативата да не се менува летната часовната зона, односно да не се вратат стрелките на часовникот, потекна ...

Новиот лидер на британските конзервативци, Риши Сунак, денеска официјално ќе ја преземе премиерската функција од неговата претходничка Лиз Трас. Како што е случај и со сите претходни премиери, Сунак официјално ќе стапи на функцијата по аудиенцијата што ќе ја има кај монархот. Тој ќе биде третиот Британски премиер оваа година кој ќе се соочи со голем број предизвици меѓу кои прв предизвик ќе биде да излезе со збир на буџетски мерки на 31 октомври ...

Скај њуз објави статија во која ја опишува атмосферата во Москва, во која се наведува дека во главниот град на Русија е се повидлив и се поголем стравот и напнатоста кај луѓето кои стравуваат од воена мобилизација Освен впечатливите постери и плакати кои ги слават хероите на руските „специјални воени операции“, нема ништо што кажува дека ова е главен град на земја во војна. Животот на московските улици, се вели, продолжува, но под изгледот на ...

Во трката за наследник на краткотрајната британската премиерка Лиз Трас, Риши Сунак е првиот кандидат кој го собра потребниот број номинации. Но, кам-бекот на Борис Џонсон исто така изгледа можен. Поранешниот британски министер за финансии, Риши Сунак, е првиот кандидат на Конзервативната партија кој го помина цензусот од 100 гласови поддршка од пратениците на партијата и кој ќе се најде на гласачките ливчиња за избор на нов шеф и иден премиер. ...

Борис Џонсон би можел да се врати на премиерската функција во Велика Британија само шест недели откако беше заменет со Лиз Трас. Таа вчера поднесе оставка откако нејзината економска програма ја доведе во прашање финансиската стабилност на земјата. Конзервативната партија, која и натаму има значајно мнозинство во парламентот и нема потреба да свикува избори уште две години, ќе избере нов лидер на 28 октомври, кој ќе биде петти британски премиер ...

Неполни шест недели откако стапи на функцијата во матичната партија и владата, Лиз Трус во четвртокот ја најави својата оставка. Во кусото владеење таа ја втурна Британија во тешка финансиска криза. Британската премиерка Лиз Трас беше принудена да се повлече од функцијата поради бурните шест недели во кои нејзините политики предизвикаа бура на финансиските пазари, а бунт во нејзината партија и го збриша авторитетот. Во обраќање до јавноста таа ...

Обвинителката Вилма Русковска за којашто се води дисциплинска постапка по кривична пријава на директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми соопшти дека се кандидирала пак да биде шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Таа пријава поднела вчера и очекува колегите да ја поддржат и да гласаат за нејзе. Русковска попладнево беше повикана да даде исказ пред обвинител во ОЈО Скопје по поднесената ...

Од Град Скопје утринава се огласија по повод копасот во ЈСП. Од таму велат дека уште во текот на вчерашниот ден, а веднаш по завршување на вонредната седница на Советот на град Скопје изготви одлука за пренамена на средства со кои ќе се исплати септемвриската плата на вработените во ЈСП Скопје. „Иако законскиот рок за исплата на платите е до 15 текот на месецот, дел од менаџментот на ЈСП одлучи дека треба со манипулации и подбуцнување на дел од ...

Автобусите на ЈСП утринава останаа во своите бази во Автокоманда и Ѓорче Петров, а скопјани без превоз. Вработените порачаа дека нема да сообраќаат на линиите се додека не ја добијат својата плата. Нервозно пред камерите изјавија дека им се вршат притисоци, а од в.д. директорот Александар Стојковски побараа да не биде партиски послушник туку да се одважи и да им се придружи. Вработените порачаа дека јавен превоз нема да има се додека не ги ...

Огнената група се чини ја доби првата битка во ДУИ, бидејќи на денешната седница на Генералниот совет, едногласно беа изгласани имињата за внатрепартиските функции. Кадрите за кои претходно беше постигнат консензус во ДУИ, беа изгласани за членови на Претседателството на Генералниот совет. За потпретседатели се избрани Изет Меџити, Бајрам Реџепи, Арбер Адеми и Арбана Пашоли, генерален секретар – Фатон Ахмети, организациски секретар – Блерим ...

Владимир Путин објави дека прогласува воена состојба во окупираните украински региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, што Русија ги анектираше минатиот месец. На денешниот состанок на Безбедносниот совет, Путин ѝ нареди на владата да формира специјално координативно тело на чело со премиерот Михаил Мишустин, кое ќе работи со овие четири региони. Ова е последната ескалација од страна на Путин, која следува откако руската војска доживеа низа ...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја пречека министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, со знаме на Република Словачка. За грешката попладнево реагираа од Министерството за надворешни работи и се извинија. „Изразуваме длабоко извинување за ненамерениот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата министри при посетата на министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни ...

Раководството на ЈСП денеска со неколку автобуси ја блокира улицата пред Владата, поради неисплата на долгот од околу два милиони евра, додека вработените протестираа во кругот на претпријатието, поради неисплатата на заостаната плата. Секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров, рече дека скопјани заслужуваат јавен превоз и ќе го добијат, без разлика на проблемите со кои што се соочуваат и без разлика на притисокот што се прави, како од МОН кој не ...

Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП. авното сообраќајно претпријатие Скопје преку соопштение информира дека денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, постапувајќи по пријава од ЈСП околу 5 часот. Во пријавата се наведува дека од неговиот мејл пристигнала порака на службениот мејл на ЈСП и на мејловите на сите директори и повеќе служби во ЈСП дека поради нередовното земање на плата планирал да ...

ЈСП „Скопје“ утре во 12 часот ќе протестира пред Владата поради нередовна исплата на јавниот долг од страна на централната власт но и од страна на општините за превозот кој го врши претпријатието на учениците и на студентите. Поради ваквата одлука на Град Скопје и на ЈСП „Скопје“ се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот градски превоз во Скопје поради што скопјани можат да останат без превоз. Секретарот на Град Скопје Зоран ...

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во утринската емисија „Магазин“ на Сител рече дека фитнес-салата „од одредени“ причини е надвор од употреба во Собранието. Вели дека таму веќе никој не вежба откако поради ковид-мерките била затворена. – Ја користевме теретаната, поради одредени причини се уште не е отворена, иако знаеја понекогаш да ја искористат. Сега е надвор од функцијата, но и не вежбаме поради обврските ...

Инспектор во полицијата во Благоевград го повикал претседателот на Градскиот комитет на ОМО „Илинден“, Благоевград, Атанас Кирјаков на 17-ти октомври, пред да биде донесена одлуката да не биде отворен македонскиот клуб, „Никола Вапцаров“ во Благоевград, да се пријави во полиција. -На 14.10.2022 (во петокот) телефонски се јави Давид Кавраков инспектор во полицијата во Благоевград, да се пријавам на 17.10.2022 година во 9.30 часот наутро. Прашав ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
53%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Загреб

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
42%
1016
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
73%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.73
76%
1018
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.03
60%
1017
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
5.14
38%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
44%
1013
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
32%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.14
53%
1018
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
47%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
3.6
65%
1013
Currency

61.54

Currency

52.6656

Currency

71.3284

Currency

34.2016

Currency

38.162

Currency

65.2485

Currency

7.33004

Currency

0.65425

Currency

0.35625

Currency

0.5243

Currency

1.2883

Currency

0.60315