И да има поскапување на струјата по Нова Година, тоа ќе биде минимално. Значително се намалени трошоците за производство на електрична енергија и со помош од државата се намалува продажната цена, уверуваат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Државава очекува помош за покривање на енергетските потреби од Европската унија. Во меѓувреме, во услови на забрзаниот раст на инфлацијата, Централната банка повторно ја зголеми основната каматна ...

Уништен е натписот со името на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, кој се наоѓа над влезната врата на зградата. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, изјави дека инцидентот се случил денес по пладне и сè уште трае увидот на полицијата. Бугарскиот клуб беше отворен пред пет дена, а на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од политичката партија Левица. Тогаш претседателот на здружението „Цар Борис Трети“, Томе ...

Според руските медиуми, камионот што експлодираше на 8 октомври 2022 година превезувал полиетиленски филм. Од проверката на бугарските служби е утврдено дека на територијата на Бугарија, од друга земја членка на ЕУ, во контејнер со уредни документи под транзитен режим била внесена стока со слични карактеристики Во врска со шпекулациите и обидите за вмешаност на името на Бугарија во експлозијата на мостот на Крим, по наредба на премиерот е ...

Едно лице утринава загина во новиот руски ракетен напад врз Запорожје, каде врз јавни институции беа истрелани 12 ракети С-300, објави на каналот Телеграм регионалната воена управа на овој украински град. Агенцијата Укринформ, цитирајќи ги локалните украински власти, наведе дека две ракети погодиле автосалон, при што загинало едно лице. Другите ракети погодиле една образовна и една медицинска установа, како и едно училиште. Од утринава во ...

Времето денеска ќе биде облачно и свежо, со повремени локални врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје и околината ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 16 степени. Во наредените денови до петок ќе се задржи променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен ...

До крајот на неделата би требало да бидат готови анализите што ги прави Министерството за економија за можноста да остане летното сметање на времето со цел поголеми заштеди на електричната енергија. Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека во тек се анализите кои треба да покажат дали ќе се премине кон зимското сметање на времето или ќе остане летното сметање. – Анализите се прават и најверојатно до крајот на неделата ќе бидат ...

Битолчанецот Тони Ѓорѓевски-Фердо доби ослободителна пресуда за убиството на зетот, за кое тврдеше дека го сторил во самоодбрана на неговата ќерка. Судот ја прифати ваквата одбрана односно дека Ѓорѓевски го сторил делото во самоодбрана и нужна одбрана. Пресудата е донесена осум месеци по настанот. „Конечно судот по осум месеци донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката“, напиша ...

Силни експлозии се слушаат во Киев, главниот град на Украина, утрово. Градоначалникот на Киев потврди дека „неколку експлозии се забележани во главниот град во понеделникот наутро. Виталиј Кличко на Телеграм вели: „Неколку експлозии во квартот Шевченкив – во средиштето на главниот град. Сите служби се на терен. Детали подоцна“. Има мртви и повредени, соопшти итната служба на регионот. Сведок за новинската агенција „Ројтерс“ вели дека црн чад ...

Од појавата на новинарството како јавно добро до денес, неговата улога е непроменета. Професионалното новинарство во која било форма – вест, извештај, репортажа, анализа или истражување, има иста цел, а тоа е пренесување на точни, навремени, проверени и балансирани информации. Но, паралелно со времињата, се менуваат и трендовите во известувањето. Новинарската етика во дигиталната ера подлежи на многу предизвици во трката со времето да се биде ...

Шолја кафе, секојдневната рутина со која многумина го започнуваат денот, ги чини македонските граѓани за 18,3 отсто поскапо отколку една година порано. Граѓаните на ЕУ, пак, пијат кафе поскапо за 16,9 проценти, покажуваат податоците на Евростат за август 2022 година, споредено со истиот месец лани. За оние кои го пијат кафето со млеко или шеќер, овој утрински ритуал може да биде уште поскап и да стане луксуз бидејќи цените на тие артикли се ...

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска одлучи да учествува онлајн на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда во Бали, со цел судот да заштеди. Како што наведуваат од судот, поради економската ситуација во земјава и мерките за штедење кои ги спроведува Судот, претседателката Кацарска одлучила во оваа прилика да не патува делегација на Уставниот суд поради трошоците кои изнесуваат околу 14 илјади евра и присуството ...

Центар даде дозвола и за втората висококатница кај „Холидеј ин“ – од иницијативата Шанса за Центар тврдат ДУП-от за тој дел е незаконски, бидејќи ги прекршува сите параметри на Генералниот урбанистички план. Алармираат дека тој не смее да се спроведе и го обвинија градоначалникот е глув на предупредувањата. „Ваквото незаконско постапување го поддржуваат и други институции како Јавното обвинителство кое повеќе од една и пол година не одговара на ...

Пратеничката на СДСМ, Соња Мираковска која во Советот на Европа жестоко се расправаше со бугарскиот пратеник Александар Јорданов. Јорданов порача дека за Македонија реално да ги започне преговорите со Европската Унија најпрво треба да го промени Уставот и Бугарите да влезат во него. Мираковска му порача на својот бугарски колега дека никогаш не може да го оспори македонскиот идентитет. -Вие мене ниту на моите сограѓани не можете никогаш да им ...

Рускиот претседател Владимир Путин со указ нареди преземање на украинската нуклеарна централа Запорожје и впишување во сопствеништво на Руската Федерација. Најголемата централа во Украина со месеци е под окупација на руската војска, а украинската настојува да ја поттисне. Владата на Руската Федерација треба да обезбеди нуклеарниот објект на нуклеарната централа Запорожје и друг имот неопходен за спроведување на нејзините активности, да бидат ...

Доктор Жан Митрев пред околу еден месец дал гаранција од 1 милион евра дека нема да бега, а како осомничен во истрагата која неодамна ја отвори скопското обвинителство. Претходно на докторот му беше одземен и пасошот, по барање на обвинителството, а поради опасност од бегство. Пред два месеци од обвинителството информираа дека е донесена наредба за истрага против Митрев, поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 ...

Девет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот Словенија во Скопје. Несреќата се случила меѓу три возила – автомобил „фолксваген“, управувано од М. Б. (25) од Скопје, автомобил „опел“, управувано од И. Ш. (52) од Скопје, и автомобил „мерцедес“, управувано од И. А. (34) од с. Љуботен, Скопско, сите три со скопски регистарски ознаки. Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетен сопатник од возилото ...

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) АД Скопје и Адора постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на Адора, кои ќе се користат од страна на ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје, информираат од ЕСМ. -Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23 година. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика. Двете компании покажаат ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска поднесе обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири за злоупотреба на службената положба. Cпоред обвинението кое ОЈО ГОКК денеска го поднесе до Основниот кривичен суд Скопје, Зекири се товари дека со умисла во повеќе наврати ја злоупотребил функцијата генерален секретар на Владата и со тоа извршил продолжено кривично дело ...

Универзитет во Лувен, Белгија, открил начин на кој се отвора можност за стопирање на метастазите кај болните од рак, јави дописничката на МИА од Брисел. Истражувачката екипа на професорот Пјер Сонво во белгискиот универзитет Лувен објаснува за што станува збор: откривање на еден вид сензор кој испраќа сигнал до клетките со тумор, кај ракот на дојка, дека треба да сопрат во мозокот, што им овозможува да развијат метастази во мозокот. Со ова ...

Средбата на Илинденска бр. 2 треба да се одржи денеска во 16 часот Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со економскиот тим на партијата денеска ќе оди на средба кај премиерот Димитар Ковачевски на која се очекува да разговараат за справувањето со економската криза. Според најавите, средбата е закажана да се одржи во 16 часот, а потврда за неа вчера стигна и од Владата и од ВМРО-ДПМНЕ. „Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за утрешна ...

Регионот на Карпош, Капиштец, Влае, Ѓорче Петров, Матка, Кондово и Сарај утрово се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Прекинот се случи како последица од испад на 110 кВ далекувод од трафостаницата “Скопје 3” до трафостаницата “Запад”. Поради прекинот на струјата во овој дел од градот, настана хаос и во сообраќајот бидејќи не работеше сообраќајната сигнализација Од ЕВН посочија дека нивни екипи веќе излегле на терен за да ...

-На 30.09.2022 околу 17.35 часот во Полициска станица Крушево било пријавено дека на ул.„Коча Миленку“, настанал пожар во куќа сопственост на Н.К.(49). Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Крушево, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крушево и ОВР-Прилеп – информираа во текот на вчерашниот ден од МВР. За среќа во пожapoт немало повpeдени лица, а за тоа е заслужен полициски службеник. Полицискиот службеник ...

Податоците на социолошката агенција „Галуп“ од паралелното пребројување на 100 отсто од гласовите покажуваат дека на предвремените парламентарни избори во Бугарија победи коалицијата на Бојко Борисов – ГЕРБ-СДС со 23,5 отсто од гласовите. Втора е „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Васелив со 19,5 отсто, јавува дописникот на МИА од Софија. Движењето за права и слободи – 15,2%, националистичката партија “Преродба” ги удвои ...

Градоначалникот на општина Желино преку социјалните мрежи објави дека утринава во реката Вардар е најдено телото на Ердон Рамадани, 22 годишното момче кое на 27 септември излета од автопатот Тетово-Скопје. Младиот Ердон со возило фолксваген голф излета од коловозната лента на автопатот кај мостот што поминува над реката Вардар во близина на Желино. -Најден е младиот кумановец, во реката Вардар. Благодарност до сите спасувачки екипи кои ...

Албанската Влада се предомисли па одлуката, што требаше да стапи во сила денеска, кој троши повеќе од 800 киловат часови месечно да плаќа поскапа струја, нема да се применува. Премиерот Еди Рама во денешната онлајн комуникација со граѓаните, ги наведе причините зошто е повлечена одлуката, која според него, можно е да почне да се применува од следниот месец, што зависи од тоа колку самите граѓани ќе штедат во потрошувачката како и хидролошките ...

Главниот директор на украинската нуклеарна централа Запорожје под руска окупација е уапсен од руската патрола, објави Енергоатом, државната компанија задолжена за електраната. Ихор Мурашов бил приведен на пат од најголемата европска нуклеарна централа до градот Енерходар во петокот околу 16 часот, изјави директорот на компанијата Петро Котин. „Тој беше извлечен од автомобилот и со врзани очи одведен во непознат правец“, напиша Котин на ...

Осудениот на ниска казна за упадот во Собрание што се случи на 27 април, Александар Василевски Нинџа, пред судот признал дека му помогнал во бегството на поранешните разузнавачи, Горан Грујевски и Никола Бошкоски кои се осудени во предметот за масовното прислушување. Од Кривичниот суд за „Фокус“ велат дека Нинџа е осуден на шест месеци затвор откако признал вина, односно признал дека сторил кривично дело „помагање на сторител при вршење на ...

Од 1 октомври, за 1.000 денари ќе поскапи казната на пајак-службата на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ). Наместо 2.500 денари, ако за погрешно паркирање интервенира пајак-службата казната сега ќе биде 3.500, објави СДК. „Цените на пајак-службата не се сменети 10 години, а поскапено е горивото, сервисот и деловите за возилата. Исто така, зголемен е и бројот на непрописно паркирани возила низ градот“, велат од ПОЦ. Јавното претпријатие „Градски ...

Руски сили утринава истрелаа ракети врз цивилен конвој автомобили и комбиња во близина на градот Запорожје, објави Олександр Стријук, украински гувернер на областа Запорожје. Станува збор за конвој цивили кои со автомобили оделе да ги земат своите роднини од териториите под руска окупација. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат вознемирувачки сцени со мртви и ранети како лежат на патот. „Непријателот нападна цивилен конвој во ...

Шведска откри четврта дупка од која истекува гас на гасоводите „Северен тек“, соопшти крајбрежната стража. „Две од четирите оштетувања се наоѓаат во ексклузивната економска зона на Шведска“, изјави портпаролката на крајбрежната стража за весникот „Свенска Дагбладет“. Останатите две оштетувања се наоѓаат во ексклузивната економска зона на Данска, пренесува Танјуг, повикувајќи се на „Ројтерс“. Истекувањето на гас од системите „Северен тек“ во ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
48%
1012
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
62%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1011
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
63%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.88
56%
1011
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
76%
1012
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
71%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
63%
1013
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
51%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
1.07
61%
1010
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
4.63
48%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52