Стотина вработени со договор на дело ангажирани од разрешениот директор и негови сопартијци, новиот директор на скопски водовод нема да им ги продолжи договорите кои им истекуваат утре. Во водовод коментираат дека наводно се работи за партиски војници на вмро дпмне Ова е епилог од војната на релација градоначалнилката Арсовска со екс директорот Перински и врвот на ВМРО ДПМНЕ, партија која застана зас нејзината кандидатура и и овозмози да седне ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски доживеа сообраќајна несреќа, јавува Би-би-си. Неговиот портпарол, Серхиј Никифоров изјави дека несреќата се случила во Киев, кога патничко возило се судрило со претседателскиот автомобил. Според неговите зборови, Зеленски бил прегледан од лекар и констатирано е дека нема сериозни повреди. Возачот на приватниот автомобил бил прегледан на местото на настанот и пренесен во болница. Никифоров кусо рече ...

Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во недела ќе дува силен северен ветер што ќе услови значително заладување Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен, информираат од Управата за ...

Акционерите во американскиот гигант за социјални медиуми Твитер речиси едногласно го одобрија претходно склучениот договор со Илон Маск за купување на компанијата, јави ДПА. Првично, Маск се согласи во април да го купи Твитер за 44 милијарди долари, а вредноста на неговите акции во моментов е проценета на 32 милијарди долари. Тој се повлече од договорот во јули, тврдејќи дека Твитер не ги исполнил условите. Според адвокатскиот тим на Маск, ...

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, според најавата од Министерството за надворешни работи, денеска ќе одржи средба. МНР вчера соопшти за средбата споделувајќи информација дека Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја – Скопје, е назначен за нов член на Комисијата. -Љоровски е именуван за нов член на Комисија согласно со ...

Од МВР испратиле известување и до јавен обвинител од ОЈО Скопје и најавуваат кривична пријава за насилство против тројцата приведени Полицијата привела три лица за нападот на градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, кој денеска утрото беше нападнат од неколку лица во неговата канцеларија. „Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од Р.И. дека ...

Го пренесуваме во целост неговиот пост на социјалната мрежа: „Денеска навршуваат точно 8 месеци од моето именување за в.д. директор во ЈП Градски паркинг Скопје. На 13 јануари оваа година беше мојот прв работен ден во ова претпријатие, а денес е мојот последен ден на оваа позиција. Влегов со план и визија, со посветеност, професионализам и со континуирана работна динамика, и сето тоа со цел да им овозможам на сите граѓани подеднаков третман и ...

Познатиот српски композитор Корнелие Ковач почина денеска на 81-годишна возраст во Белград. Легендарниот музичар бил позитивен на коронавирус и бил сместен во ковид болницата во Батајница. Корнелие Ковач беше српски композитор, пијанист, аранжер. Роден е во Ниш во 1942 година, а својата прва композиција „Пусти тротоари“ Ковач ја компонирал веќе на 14-годишна возраст – во 1956 година. Откако бил во многу босански оркестри, тој се приклучи на ...

Тие се обратија во Парламентот од тронот во Вестминстерската сала во Лондон. Кралот Чарлс III. за време на церемонијата во Домот на лордовите се заложи за лојалност и изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета. Црвените и златните тронови на кои седат Чарлс и Камила се разликуваат само во еден, едвај забележлив детал. Престолот на Камила е понизок за неколку сантиметри за да се истакнат нивните улоги. Новиот крал сега почнува обиколка низ ...

Разрешен е Златко Перински, директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер, соопшти Град Скопје. Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомневања на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, ...

Новиот британски крал Чарлс Трети официјално беше прогласен за суверен во Шкотска, Велс и Северна Ирска. Сличен проглас беше објавен вчера во Лондон на раскошна церемонија согласно долгогодишната традиција. Во Белфаст на читањето на прогласот му претходеа ѕвонење на камбаните и свирење со рог. Читањето на прогласот беше проследено со поздрав со 21 истрел и воен оркестар кој ја свиреше химната „Боже чувај го кралот“. Во Велс, третиот баталјон на ...

Првичниот наод од обдукцијата врз телото на починат маж, кое беше пронајдено во семејна куќа во Кавадарци на 8 септември, покажа дека починатиот бил лишен од живот со повеќе убодни рани, а потоа бил запален, соопшти Обвинителството. Со оглед на утврдените факти, Основното јавно обвинителство Кавадарци презема интензивни дејствија за откривање на сторителот или сторителите. Веднаш по пронаоѓањето на телото беше извршен увид на лице место, а сега ...

Иран повторно ја напаѓа Албанија. По нападот на 15 јули, албанските власти објавија дека хакери спонзорирани од Иран го нападнале информацискиот систем за управување со земјата ТИМС кој служи за снимање на влез и излез на граничните точки. Како резултат на нападот, блокирана е работата на граничните точки Какавија, Капштица, Ќафасан, пристаништето Драч и пристаништето Валона. Системот TIMS е веднаш исклучен за да се спречи хакерите да ја ...

чера околу 21:30 кај местото Рајиќ во Хрватска се судрија патнички и товарен воз. Според последните информации од хрватското МВР, во несреќата животот го загубиле три лица, меѓу кои машиновозачот и кондуктерот од патничкиот воз. Повредени се 11 лица, меѓу кои, неофицијално, седум биле странски државјани од Иран. Според првичните информации, патничкиот воз не запрел на знакот за застанување и се движел со брзина од над 100км/ч кога се судрил со ...

Кралицата Елизабета Втора, британскиот монарх со најдолг стаж, почина мирно во четвртокот на 96-годишна возраст во Балморал, соопшти Бакингемската палата. Палатата ја објави нејзината смрт во кратко соопштение, по што следуваше 10-дневна национална жалост и почит за нејзиниот долг живот и рекордно владеење. „Кралицата почина мирно во Балморал попладнево”, се вели во соопштението на Бакингемската палата. „Кралот и кралицата ќе престојуваат во ...

Апелација побара, основниот суд пресуди и ги зеде предвид напаствијата да се разгледаат доказите дали актерката Силвија Стојановска е виновна за производство, дистрибуција и организирање мрежа на продавачи и посредници за запленетите 700 килограми кокаин во Шпанија. Такви докази обвинителството не приложило и наместо 3,6 години затвор како во претходната пресуда, актерката денеска од судечкиот совет доби ослободителна пресуда на повтореното ...

Портпаролот на косовската влада Перпарим Криезиу синоќа потврди дека институциите на Косово во последните два дена имале привремени проблеми со интернет сервисот, како резултат на хакерски напади. Тој рече дека нападот не навлегол во инфраструктурата на државната компјутерска мрежа и дека е идентификувано дека нападот дошол надвор од Косово. .-Тимот од секторот за кибер безбедност на Агенцијата за информатичко општество, во соработка со ...

Премиерот Димитар Ковачевски денеска апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. -Во однос на снабдувањето имам апел. Има одредени домови па и правни лица во кои има енормно висока потрошувачка на струја и тоа е речиси 100-процентно заради копање крипто валути, тоа треба да се прекине зашто таа електрична енергија е субвенционирана од сите граѓани. Субвенцијата која на финалната цена ја плаќаат ...

Економската криза и мерките за нејзино надминување се во фокусот на денешната 17. седница на Советот за безбедност. Седницата почна, а на неа покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши. Седницата се одржува ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека новото икслучување на струјата што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје со националната мрежа ја довело нуклеарната централа чекор поблиску до катастрофа со радијација. Зеленски рече дека за тоа е одговорно новото руско гранатирање. – Уште еднаш, по втор пат, поради руска провокација, станицата Запорожје беше на работ на радијациска катастрофа, рече тој во својата вечерна видео ...

Благица Дончевска , која јавноста ја запозна како фризерката која измами 40 луѓе продавајки им непостоечки станови за што одлежа 8 и пол години затвор повторно активна. Таа деновиве влегува во судница за две дела измама по истата шема. Скопјанка измамила луѓе за пари, со тоа што им ветувала станови, но откако ги земала парите ја снемувало. Според информациите, 39-годишната Благица од јануари до август годинава измамила две лица од Гостивар и ...

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски денеска пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар. На денешното рочиште тројцата обвинети изјавија дека го разбираат обвинението кое им се става на товар и изјавија дека не се чувствуваат виновни во врска со истото. Воведните зборови ...

Со воведен говор на јавниот обвинител, во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска започна судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот ...

Канадската полиција е во потрага по две лица, осомничени дека со нож до смрт избоделе десет, а раниле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван. Полицијата ги посочи Демиен Сандерсон и Мајлс Сандерсон како осомничени извршители на нападите, појаснувајќи ја јавноста дека двајцата патувале со возило „Нисан Роуг“, со црна боја. Нападите биле пријавени рано утринава, по што полицијата веднаш прогласила тревога и издала потерници по осомничените. ...

Авион „Цесна“ се урна вечерва во Балтичкото Море, објави „Билд“. Авионот полетал од југот на Шпанија и се упатил кон Германија, поточно кон градот Бон. По полетувањето имало проблем со притисокот во кабината. На Пиринејскиот Полуостров била прекината секаква комуникација со авионот. Шпански и француски борбени авиони полетале за да дознаат што се случило со „Цесната“, но не успеале да остварат контакт. Според првичните информации, во леталото ...

Приватните лекари од утре (понеделник 5 септември) три дена нема да работат со пациенти и нема да издаваат рецепти, но ќе бидат на нивните работни места и ќе примат само итни случаи, на штрајкот со кој бараат покачена капитација. Лекарите бараат промена на законската одредба пациентите да бидат врзани со приватните здравствени установи, режимот на препишување на лекови. Претседателката на Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) д-р Лили ...

Светската здравствена организација (СЗО) следи неколку случаи на пневмонија од непознато потекло во Аргентина, каде досега се регистрирани три смртни случаи. Десет случаи се поврзани со приватна клиника во северозападниот аргентински град Сан Мигел де Тукуман, соопшти Панамериканската здравствена организација, регионалната канцеларија на СЗО. Негативни се сите досегашни направени тестови за познати респираторни вируси и други вирусни, бактериски ...

Доналд Трамп синоќа го нарече американскиот претседател Џо Бајден „државен непријател“, одговарајќи му на тврдењето дека тој и неговите МАГА-републикански поддржувачи ја поткопуваат американската демократија, пренесе ДПА. Во своето прво појавување во јавноста по претресот на ФБИ во неговиот дом на Флорида на 8 август, Трамп на митингот во Пенсилванија кажа дека претресот е „травестија на правдата“ и предупреди дека ќе даде одговор каков што ...

Војната има големо влијание врз економиите на сојузниците на Украина, но „додека Британците бројат пени, ние броиме мртви“, изјавила Олена Зеленска, сопругатa на претседателот на таа земја, во интервју за Би-Би-Си. Кажала дека кризата ќе биде пократка доколку Украина добие посилна поддршка. Во интервјуто снимено во Киев, таа изјавила дека е важно постојано да се нагласува цената на војната, која се плаќа со човечки жртви. Зеленска рекла дека ...

Над 400 излагачи и производители на вино се претставија на овој прв меѓународен саем, а од земјава учествуваа 42 винарии и три дестилерии. Посебни трофеи ќе се доделат и на вина направени од автохтони сорти од Балканот Во Белград денеска почнува третиот ден од првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“. Според програмата, предвидено е српската премиерка Ана Брнабиќ да го додели „Винскиот трофеј Отворен Балкан“. Беа ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
69%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
83%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
75%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
65%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52