
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Министерот за внатрешни работи на Хрватска Давор Божиновиќ потврди дека во болница починало уште едно лице од автобусот со полски регистарски таблички кој утрово излетал од автопатот и бројот на жртви сега изнесува 12. „Автобусот патувал од место во близина на Варшава. Според некои информации, станува збор за група која планирала да оди на аџилак во Меѓугорје“, рекол Божиновиќ на прес-конференцијата. Одговарајќи на прашањето за тоа колку возачи ...
Бајрам заедно со неговиот син се осомничени во постапка што скопското обвинителство ја отвори за кривичното дело насилство откако минатата недела во кафеана кршеше шишиња и претепа вработен зашто не му давал да крши чинии Габриел Бајрам, советник во Град Скопје и син на поранешниот пратеник Амди Бајрам, ќе остане во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари уште 30 дена. Основниот кривичен суд во Скопје му ја продолжил мерката, која првично ...
Првиот човек на Финансиска полиција Арафат Муареми со својот стручен тим ги пишува кривичните пријави против обвинителките Вилма Рускоска како и Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска и тие ќе им биде поднесени во понеделник, информираат за ТВ21 од кабинетот на Муареми. Пријавата, како што велат оттаму, се однесува на злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа. Муареми и јавно ја повика Рускоска доколку има некакви докази против ...
Растот на потрошувачките цени веќе ги примора властите и економистите оваа година неколку пати да ги сменат своите прогнози, бидејќи напорите да се стабилизира лирата пропаѓаат во време кога конфликтот на Русија и Украина ги зголемува сите цени, од храната до енергијата. Денешните официјални податоци на заводот за статистика и министерството за финансии покажуваат дека годишната инфлација минатиот месец достигнала нешто повеќе од 80 отсто, со ...
Четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра деновиве ѝ се донирани на Украина, дознава МКД.мк. Од Министерството за одбрана оваа наша информација не ја демантираа, ниту пак ја потврдија. Се работи за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година. На нашето прашање дали е точна информацијата дека Македонија, по тенковите, ѝ ги донирала и воените ...
Претставници на Заедничкиот координативен центар во Истанбул утрово започнаа инспекција на првиот товарен брод со украинско жито, кој се закотви во близина на Босфор, соопшти Министерството за одбрана на Турција. Не е прецизирано колку долго ќе трае проверката. Според телевизијата Си-Ен-Ен Турк, увидот ќе трае околу два часа. За време на инспекцијата, претставниците на Турција, Русија, Украина и ОН ќе ги проверат документите на екипажот, карго ...
Русија смета дека е голема грешка одлуката на властите на Северна Македонија да и донираат на Украина тенкови Т-72, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Иако станува збор за застарена опрема, со донацијата, наведува Захарова, се дава поддршка за „продолжување на криминалните активностите на режимот во Киев“. – И покрај тоа што, според северномакедонските власти, тоа е „безопасна“ донација на ...
Во американската сојузна држава Калифорнија продолжува да беснее најголемиот шумски пожар сезонава. Освен голем број луѓе, загрозени се бројни домашни и диви животни во регионот. Но, ова маче имаше среќа. Го преживеа пожарот, изгорени му се само мустаќите. Ова маче спас од огнот нашло меѓу камења и карпи во националниот парк Кламат во северна Калифорнија каде беснее најголемиот пожар сезонава во американската сојузна држава. Околу 1300 ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 60 до 90 минути, а на граничниот премин Богородица време на чекање за влез и излез од државата е околу 30 до 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...
Денеска требаше да започне издавањето на таканаречените документи за влез и излез за сите граѓани на Србија кои влегуваат во Косово. Но, Приштина го одложи тоа за еден месец што беше поздравено од САД и ЕУ. Косовските власти најавија дека ќе го одложат спроведувањето на одлуките за 30 дена откако ќе се отстранат барикадите поставени од локалните Срби во северно Косово. Дотогаш, документите за влез во Косово на граѓаните на Србија им се издаваат ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска од зградата на Претседателството им се обрати на граѓаните. Претседателот зборувал за актуелни прашања за земјата, пред се за северот на Косово. – Приштина испрати единици со 21 тон гориво на Јариње и Брњак за да ги запрат сите со српски лични карти! Сѐ почнува вечерва на полноќ – рече претседателот, додавајќи дека Приштина сака да ја искористи моменталната ситуација во светот и да привлече ...
Американскиот претседател Џо Бајден повторно е позитивен на корона вирусот, нешто повеќе од три дена откако доби дозвола да излезе од изолација поради претходна инфекција, соопшти Белата куќа. Лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор рече дека Бајден е „симптоматичен и се чувствува прилично добро“. Во согласност со упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Бајден повторно ќе мора да биде во изолација најмалку пет дена. ...
Времето на чекање за влез во државата на граничниот премин „Табановце“ е околу еден час, на граничниот премин „Богородица“ за излез, исто така, се чека околу еден час, а на граничниот премин „Дојран“ се чека околу 30 минути за излез од Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните ...
Парно греењето во Скопје поскапува за 14,18% за 55 илјади домаќинства. Приклучените на железарското парно ќе добијат за 15 и пол проценти повисоки сметки, додека за оние на топланата Скопје Север, поскапувањето е најголемо, односно 16,31%. Тоа во пракса значи дека ако сега за 50 метри квадратни станбена површина се плаќа 1.800 денари, од следниот месец ќе требаат плус 250 денари, па сметката ќе достигне 2.050 денари. Топланите побарале уште ...
Поради основано сомневање дека директорот на Управата за финасиска полиција сторило кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања, како и кривично дело „насилство“, Основното јавно обвинителство поднело кривична пријава против директорот Арафат Муареми, ексклузивно дознава НетПрес кој има увид во соодветите документи. Неофицијално, Муареми во јавноста се споменува како дел од случаи за кои се води постапка во Јавното ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42%. Според одлуката се намалува цената на дизелот за 2 денари, а бензините и маслото за домаќинство не се менуваат. Од вечер на полноќ новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 94 денари/литар, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава по 95,5 денари/литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР ...
Во вторник навечер свечено беше отворен Пељешкиот мост, еден од најважните инфраструктурни проекти што ќе го поврзе југот на Хрватска со остатокот од земјата. Свеченото отворање беше одбележано во текот на целиот ден со програма што се одвиваше од двете страни на мостот – на одморалиштата на Бријест и Комарна. Главното отворање започна во 20 часот и 15 минути, а кулминираше околу 22 часот кога хрватскиот суперавтомобил моделот „Невера“ на ...
Седум од осум обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог, денеска признаа вина пред Кривичниот суд. На седуммината кои признаа вина, Судот им изрече условни двегодишни затворски казни, доколку во следните четири години сторат кривично дело. Обвинетите се на возраст од 18 до 36 години, од кои тројца се средношколци и имаат по 18 години, а еден 19 години. Тие беа обвиенети за учество во толпа и дека ...
Во земјава активни се два пожари, меѓу струмичките села Требичино и Василево и во Тетово, каде гори депонијата. На терен се излезени екипи на Територијалната противпожарна единица – Тетово (ТППЕ), кои вршат гаснење. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот во Струмичко е на непристапен терен, карпесто-ритчест, а гори нискостеблеста мешана шума и висока трева. Пожарот е од вчера во доцните попладневни часови, а активно е ...
Такси – превозот во Скопје сепак ќе поскапи. Пред Советот на Град Скопје денеска повторно се најде Предлогот за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје и овој пат таа доби „зелено“ светло од советниците. Советот за сообраќај на Град Скопје уште на предложи три тарифи за наплата на услугите во скопските такси – возила, кои веќе биле усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални ...
Данската биотехнолошка компанија Баварски нордик (БН) објави дека Европската комисија дозволила нејзината вакцина Имванекс да се продава за заштита од мајмунски сипаници, како што препорача Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела. Ден претходно, Светската здравствена организација (СЗО) издаде сериозно предупредување, прогласувајќи го брзото ширење на мајмунските сипаници за глобална здравствена вонредна состојба. „ Достапноста на ...
До среда подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност со максимални температури до 40 степени, информираат од УХМР. На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. На предлог на Министерството за здравство, Владата во петок ја измени Одлуката во врска со ...
Капетанот на бродот што утринава пред 3 часот удри во сплитското пристаништето а потоа и потона е приведен. Во тек е истрагата на капетанијата на пристаништата, а капетанот на бродот бил приведен во службените простории на полицијата поради тоа што е констатирано дека бил во алкохолизирана состојба и поради тоа е осомничен за кривичното дело загрозување на посебни видови сообраќај. Сплитската полиција извести дека околу 02:30 часот утринава во ...
„Веруваше дека може и успеа“ – стои во описот до видеото во кое се гледа како по долга 9-месечна борба со леукемијата 3-годишната Дарија Чулевиќ од Скопје конечно ја напушти Детската клиника. Кога гледаме дека некое детенце успеало да се избори и да го победи ракот, тогаш срцето ни е полно. Малата Дарија од Скопје на само 3 години заедно со своето семејство ја водеше најтешката битка за животот и успеа да победи. За време на долгата 9-месечна ...
Околу 20 автомобили утринава се испокршени и уништени во катна гаража позади трговскиот центар „Буњаковец“, дознава „Фокус“. Според фотографиите со кои располагаме, автомобилите во катната гаража се со скршени стакла, скршени предни и задни шофершајбни, уништени врати… е уште официјално не е позната причината – што точно се случило, но од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ го потврдија случајот. „На 22.07 во 07.25часот во СВР Скопје ...
Две лица се приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Петар Ристески, кое во пожар целосно изгоре вчера во раните утрински часови. Едното лице е од прилепското село Ново Лагово на возраст од 41 година, а другото лице е од Прилеп на возраст од 31 година. Според јавниот обвинител од прилепското основно јавно обвинителство Маријана Илиеска, на едно од двете лица, 31-годишниот прилепчанец му е определен притвор до осум дена поради ...
УНЕСКО го избра Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година, како прв француски град со таа титула, што почна да се одредува од 2001 година, пренесе Бета. Во соопштението на УНЕСКО се вели дека биле „импресионирани” од акцентот што Стразбур го става на книгата како средство за справување со предизвиците на социјалната кохезија и климатските промени. Годината на славење ќе почне на 23 април 2024 година, Светскиот ден на книгата и ...
Пред десетина дена Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, осуден на три години затвор за случајот „Империја“, поднел барање за да стане жител на Охрид. Претходно истото го направил и бизнисменот Јордан Камчев, кој затворската казна ја издржува во отворениот затвор во Струга. Затворот во Струга е еден од затворите во Македонија каде казната се издржува само со преспивање во затворските одделенија. Во Струга казната затвор ја издржува и Зоран ...
Европската унија е подготвена да одмрзне дел од средствата што ги поседуваат руските банки под санкции за да дозволи трансакции за трговија со храна и ѓубрива, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на нацрт-документот. Покрај тоа, Брисел наводно има намера да го олесни извозот на храна од руските пристаништа, кои се суспендирани поради санкциите на Западот. Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, во 2021 година Русија и ...
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во просториите на директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, потврдија з „Фокус“ од Обвинителството. Оттаму кратко велат дека постапуваат по кривична пријава што била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани. Муареми е недостапен за коментар. Иако тој е дел од предистражна постапка на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал по кривична ...