
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Осомничениот е 22-годишен Данец кој не давал отпор при апсењето и ѝ е познат на полицијата „но само површно“, изјави главниот инспектор Сорен Томасен на прес-конференција, додавајќи дека не може да ги потврди пишувањата на сцијалните мрежи дека мотивот е расизам Инспекторите изјавија дека не ја исклучуваат можноста за „тероризам“, но претпоставуваа дека напаѓачот дејствувал сам Три лица се убиени вчера во оружен напад во трговски центар во ...
Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Ковачевски изјави дека останува на позицијата дека не го прифаќа францускиот предлог. Тој појасни дека на премиерот му дал понуда да каже НЕ за предлогот , по што ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од предвремени избори. Посочи дека два члена од договорот смета дека треба да се избришат во делот на отворање на Уставот. Мицкоски нагласи дека државата ја чека тешка зима со проблеми со ...
Модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ во оваа фаза е прифатлив за претседателот, Стево Пендаровски, изјави тој по состанокотна Советот за безбедност. -Предлогот се сведува на едно барање, да се внесат Бугарите во Уставот. Не верувам дека ова е судбинска дилема. Мојот став е дека со одлуката да го прифатиме предлогот е само за да ги отвориме преговорите. Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде ниту ...
Тој тип да ми пцуе починат родител, да ми пцуе гроб на родител, мојата мајка е почината пред десет години, треба или да е нашмркан или да му фали нешто, да не е со сите, изјави претседателот, Стево Пендаровски за пцовката која му ја упати лидерот на „Левица“ на Фејсбук, „Пендаровски, пичка ти матер“. Тој го нарече Апасиев психопат, гнида. – Ако имаше нешто меѓу нозе ќе ме испцуеше во лице, а не да се крие зад тастатурата. Преку глава ми е такви ...
Во Клубот на пратениците попладнево во тек е средбата на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Средбата е дел од низата планирани консултативни средби на Ковачевски со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска ќе присуствува на седница на Советот за безбедност која ќе се одржи во 12:00 часот во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. На дневен ред на седницата, како што информираат од владината прес-служба, ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство за почеток на пристапните преговори на Република Северна ...
Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во текот на утрешниот ден ќе ја одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство. По ...
На 3 јули 2022 година (недела) со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност. На дневен ред на седницата ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на брифинг со новинари изјави дека прашањето на македонскиот јазик е решено и дека треба да се „демонтираат” сите лаги поврзани со него. Османи тврди дека во рамката што треба да биде потпишана со Европската унија ќе стои дека Северна Македонија ќе го преведе законодавството на македонски јазик исто како и во рамките на други земји. Својот став Бугарија ќе го искаже во изјава која ќе влезе во ...
Од вчера во 19.50 часот, па сѐ до 3.00 часот изутринава, за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола и ги лишиле од слобода М.Ж.(26), Ф.П.(25), Ж.Н.(26), К.Ј.(28), Ј.Р.(21), Д.Т.(22) и Ф.П.(34), сите од Скопје, И.Г.(25) од с.Кадино, општина Илинден, А.С.(26) и В.Б.(26) од Кавадарци, А.П.(26) и З.Т.(46) од Неготино, А.У.(23) и Ј.У.(30) од Нов ...
„ВМРО-Народна партија ја анализираше најновата и изменета верзија на „францускиот предлог“, и оценува дека во него нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет. Секој договор е своевиден компромис но факт е дека бугарската страна има повеќе отстапено од нејзината последна позиција, т.н. рамковна позиција со која Македонија требаше самата да прифати и објави дека македонскиот јазик и нација се настанати од 1945 година“ стои ...
Со реакција за финалниот “француски предлог“, на Фејсбук реагира академик Катица Ќулавкова. -Имало само една фуснота дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Па колку пати треба да повторат за да биде уверливо дека според Бугарија, а сега и според ЕУ, македонскиот јазик не е природојазичен систем, туку дијалект на друг јазик, бугарскиот јазик? Од 2017 го пишуваат истото во сите официјални документи, но вие се правите дека не е напишано, ...
ФБИ ја стави исчезнатата бугарска „кралица на криптовалути“ Ружа Игнатова на својата листа на десетте најбарани луѓе на светот. Таа се товари за измама тешка над четири милијарди долари преку нејзината криптовалута уанкоин. Игнатова се води како исчезната од 2017 година, кога американските власти распишаа потерница за нејзино апсење, а истражителите почнаа да ѝ се доближуваат. Последен пат била видена како се качува во авион од Бугарија за ...
Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Русија ќе одговори ако НАТО распореди трупи и инфраструктура во Финска и Шведска, по влезот на земјите во Алијансата. „Со Шведска и Финска ги немаме проблемите кои ги имаме со Украина. Ако сакаат да се приклучат во НАТО, само напред! Но, тие мора да разберат дека претходно немало закана, додека сега, ако таму се распоредат воени контингенти и инфраструктура, ние ќе мораме да одговориме на ист начин и ...
Ако не бидат изгласени измените на Законот за работни односи ќе им заврши работниот век на судиите и обвинителите кои се пред пензионирање, изјави министерот за правда Никола Тупанчески кој рече дека не може да каже како ќе се одвиваат работите во Собранието и кога ќе продолжи седницата што вчера беше прекината, но дека е извесно дека тоа нема да се случи денеска затоа што пратениците ќе расправаат за интерпелацијата на собранискиот претседател ...
Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, по неколку месеци поминати во притвор, во истражниот затвор ,,Шутка”, заминува во куќен притвор. Одлуката денеска ја донесе Апелација, а од судот велат дека му е одземен и пасошот. Зеќири изминатите денови беше на болничко лекување, па од таму ќе замине дома. Тој помина речеси 4 месеци во притвор, односно во ,,Шутка” влезе на 8 април. Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената ...
Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно стратегиските интереси на земјата и на сите нејзини граѓани, се вели во соопштението од Владата Од Владата предмалку пристигна соопштение во кое се вели дека од француското претседателство, преку Министерството за надворешни работи, пристигнал предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови. „Ова претставува основа за отворање ...
Вчерашниот предлог на Франција до Бугарија и Република Македонија за решавање на спорот е идентичен со првичниот што беше изгласан во бугарскиот парламент, изјави француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин. -Предлогот, не се разликува од првиот и целосно ги штити правата на малцинствата во Заедницата, вклучително и Бугарите. Документот е идентичен со првиот, веќе изгласан во бугарскиот парламент и не треба ново разгледување во нашата ...
Професорот на битолскиот универзитет Дејан Трајковски објави пост на Фејсбук по повод растот на бројките на ковид-позитивни пациенти. Тој предупредува дека најновиот сој на коронавирусот, односно подваријантите на омикрон, не се обична настинка, туку може да бидат опасни, дури и со двојно повисока стапка на смртност отколку во зимскиот бран. Ви го пренесуваме неговиот пост: „Се уште сме на почетокот на петтиот бран и бројките засега не се големи ...
Позицијата во која сега се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Нашата позиција и стратегија дадоа резултат. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно изградени ставови, изјави Премиерот Димитар Ковачевски, на прес-конференцијата со партнерите во владата по состанокот на кој беше разгледуван францускиот предлог за преговарачката рамка со ЕУ. „Предлогот го гледаме како солидна основа за градење сериозен, одговорен и ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на сенароден протест кој ќе се случи утре во 19 часот на платото пред Владата. Тој вели дека францускиот предлог е срам и предавство и ги задоволува сите бугарски барања Никогаш нема да прифатиме предлог кој е ултиматум и диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако час претходно Владата го објави ...
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да се одржи 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на парламентот Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот. Претседателот на ...
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65.8%. Kонстатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи. Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 27.06.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,460%, кај дизелот намалување во просек за 2,480%, кај екстра лесното масло ...
Не треба да има предвремени парламентарни избори. Во однос на националните интереси на сите граѓани на Република Македонија, ние во моментов имаме Влада која се грижи за националните интереси, за достоинството на сите граѓани без оглед на тоа од која етничка, верска и национална припадност доаѓаат, истакна премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашање на пратеникот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ. Истото, посочи Ковачевски, тоа се ...
Полицијата во Лесковец објави дека истражувајќи го самоубиството на 38-годишна жена од Велики Трњан кај Лесковац, открила тело на маж забетонирано во столб на куќата. Телото е дадено обдукција и истрагата е во тек, но медиумите јавуваат дека неофицијално се работи за сопругот на сега починатата жена, за кого се верувало дека е на работа во странство. Сомневањата се дека таа го убила заедно со својот љубовник пред три години и го забетонирала. ...
За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Како што рече Бислимовски, ако не беа воведени блоковите, оваа цена ќе беше зголемена за 17,74 проценти. Во зависност од блоковите, во зима 59,9 отсто од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 проценти, додека 35,5 отсто ќе имаат зголемени сметки од 6,6 до ...
Можно е поскапување и на евтината струја. Денеска а РКЕ наместо една просечна, ќе објави четири цени, за секој тарифен блок посебно. Она што се знае е дека цените за потрошувачката на киловатите, во сите блокови ќе бидат зголемени. Но најголемо поскапување ќе има за последниот, четвртиот блок кое се очекува да биде и повеќе од 140 отсто. На овие граѓани електрична енергија ќе им се фактуира по цени, слични како на отворен пазар. Речиси сите ...
Отсечена човечка глава е пронајдена вчера пред зградата на судот во западниот германски град Бон. „Случајни минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од телото се наоѓа пред влезот на судот“, изјави портпаролот на полицијата. „Набргу потоа, дознавме дека се работи за човечка глава“, рече тој. Торзо за кое се претпоставува дека е од истото тело било пронајдено во близина на брегот на реката Рајна, недалеку од ...
Најмалку 46 тела се пронајдени во приколка на напуштен камион на периферијата на Сан Антонио, Тексас. Од противпожарната служба соопштија дека 16 луѓе, меѓу кои четири деца, се пренесени во болница. Преживеаните имале температура и страдале од топлотен удар и исцрпеност. Камионот бил пронајден покрај пруга во оддалечена област на јужната периферија на градот. Сан Антонио се наоѓа на 250 километри од границата меѓу САД и Мексико и е главна ...