Истражувачката сторија на Истражувачката репортеска лаобораторија ја потресе јавноста со шокантни откријита за тоа како пациенти во позната приватна клиника биле испористени за спориведување екпсерименти. Во сторијата зборуваат роднини на починат пациент кои ја отвораат приказната за екпериментално , но и дебело наплатена медицинска услуга под превезот одлично лечи болни од Ковид. Збоурва и сопственикот на клиниката , но не дава објаснувања кои ...

Повеќе од 60 вработени во Јавното обвинителство и во Државната безбедност останале во окупираните територии и работат против интересите на Украина Украинскиот претседател, Володимир Зеленски доцна синоќа издаде наредба за разрешување на шефот на Државната безбедност и главната обвинителка во земјата. Тој во видео обраќање на социјалните мрежи објави дека повеќе од 60 вработени во Јавното обвинителство и во Државната безбедност останале во ...

Утре во Брисел ќе се одржи првата Меѓувладина конференција со Европската Унија. Премиерот Димитар Ковачевски на македонски јазик ќе ја прочита отворачката изјава, а веднаш потоа, според тврдењата на шефот на дипломатијата, Бујар Османи, ќе почне скрининг процесот кој ќе трае година и половина. По завршување на скринингот предвидена и втора Меѓувладина конференција на која треба да се комплетира фазата за отворање на преговорите, меѓутоа, ...

Состанокот во Софија и потпишувањето на протоколот денеска следуваат откако вчера Собранието на Северна Македонија ги изгласа заклучоците за францускиот предлог, а Владата потоа одлучи да го прифати предлогот. Во вторник (19 јули), пак, предвидено е одржување на првата меѓувладина конференција на земјава со ЕУ Во Софија денеска треба да се одржи состанок на мешовитата меѓувладина комисија на Северна Македонија и Бугарија, а министрите за ...

На 15.07.2022 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Штип-НК за КР Кочани до Основно jавно oбвинителство Кочани поднесоа кривична пријава против правeн субјект од Кочани и С.В.К. (39) од Р.Бугарија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични ...

Од удар на гром во Мал Триглав вчера биле повредени 18 планинари, од кои двајца потешко, информираат од полициската управа во Крањ. Како што пренесува Глас Истре, во 20 часот и 30 минути полициски хеликоптер и спасувачи префрлиле двајца тешко повредени планинари од Кредарица до КБЦ Љубљана. Според првичните информации, нивните животи не се во опасност. Останатите планинари се полесно повредени и тие остануваат во Кредарица под лекарски надзор. ...

„Јас, Димитар Ковачевски сум Македонец од раѓање. Ниту една хартија не може да ми го одземе мојот идентитет. Немам дилема и знам дека со продолжување на европскиот пат можам да станам подостоинствен Македонец. Планирам да живеам во земјата и да помогнам и како граѓанин, но и да ја исполнам обврската државата да биде подобра за сите граѓани. Со прифаќањето на предлог-преговарачката рамка остануваме на вистинскиот пат кон ЕУ“, порача премиерот ...

Службените телефонски броеви на пратениците од владејачката коалиција осамнаа на Твитер, со повик до граѓаните : „Порачајте им да не го предаваат македонскиот народ“. Ваквата објава на приватен профил на еден од корисниците се случува во пресрет на утрешната собраниска седница на која што треба да се разгледува францускиот предлог со кој треба да се тргне бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ. Од скопското обвинителство велат дека ги ...

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов ги објави предлог-заклучоците за францускиот предлог, кои ги предлага до Собранието на Република Македонија. Предлог-заклучоците ви ги пренесуваме во целост: 1. Собранието на Република Македонија, поаѓајќи од стратешките и националните интереси за членство на Република Македонија во ЕУ, ја охрабрува Владата на Република Македонија, да ги продолжи разговорите со Европската Унија со цел да се ...

Од петок во недела ќе се одржи 48. издание на Галичката свадба. Илчо Димитров и Елена Дураковска годинава се зет и невеста. Од Месната заедница го објавија куќниот ред. Оттаму апелираат заради непречено и безбедно одржување на Галичка свадба, сите да се придржуваат до правилата и да помогнат во непречено и беспрекорно организирање на настанот. -1. Одлагање отпад: – Сите контејнери и кафези за одлагање отпад ќе се дислоцираат на паркингот позади ...

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ќе се обрати пред пратениците, само половина час пред седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог. Седницата е закажана за во четврток. Нејзината посета беше најавена како можна пред неколку дена, како обид на ЕУ да го убеди Скопје да направи чкеор напред во евроинтеграцискиот процес. Во меѓувреме пратениците конечно добија три од четирите документи кои се поврзани со информацијата за ...

Собраниските служби ги подготвија предлог заклучоците за владината информација за францускиот предлог. Според она што го подготвува собраниското мнозинство, оваа информација треба лесно да помине на сѐ уште незакажаната пленарна собраниска седница, со што македонската влада добива задача како да се однесува, но не и да се промени преговарачката рамка. Рокот да се заврши целата процедура е 22 јули кога почнуваат летните одмори во Европската ...

Францускиот претседател Емануел Макрон е под притисок да ги објасни своите врски со такси апликацијата Убер во периодот додека бил министер за економија. Во периодот од 2014 до 2016 додека бил министер за економија, Емануел Макрон одржал серија непријавени состаноци со првите луѓе на Убер. Францускиот весник „Л’Монд“ пишува дека Макрон постигнал „таен“ договор со Убер за регулирање на услугите на компанијата на директна штета на постојните ...

Продолжува спасувачката акција и потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин во Посиди, на првиот крак на Халкидики, откако вчера и завчера беа пронајдени живи неговите двајца пријатели. – Со првото светло на денот продолжи потрагата на копно и море на Халкидики по 28-годишниот млад човек кој се води како исчезнат. Момче кое, како што открија неговите двајца спасени другари, не знае добро да плива и влегло во морето во саботата попладне, ...

Еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и е во релативно добра здравствена состојба, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина извори од крајбрежната служба на Грција. Според истите информации на МИА, станува збор за 30- годишен државјани на Северна Македонија, кој по над 17 часа од исчезнувањето е пронајден од товарен брод што пловел во близина во морскиот дел југозападно од Касандра. Акцијата и потрагата на ...

Потрагата по исчезнатите момчиња на Халкидики продолжува, а во акцијата учествуваат бродови на крајбрежната служба, како и останати приватни чамци, но и еден хеликоптер. Вчерашната акција не даде резултат, односно немаше трага од двете исчезнати момчиња, додека едно момче од Македонија беше спасено и испратено во болница. Грчкиот медиум „Ворија“ објави дека на еден од бродовите со кои се врши потрагата по исчезнатите се наоѓаат татко и брат на ...

По роденденска прослава тројца македонски туристи скокнале во морето, по што двајца од нив биле однесени од брановите во областа Посиди на првиот крак Касандра на Халкидики. Во тек е голема потрага со хеликоптери и бродови, јавуваат грчките медиуми. Екатимерини јавува дека туристите исчезнале од плажата „Мити“. Крајбрежната стража била информирана од капачи кои виделе како тројцата млади момчиња биле однесени од морската струја. Крајбрежната ...

Почина Проф. Др. Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија. „Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов. Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20години. Вечна му слава!“ информираат од ...

Главниот извршен директор на Тесла и најбогатиот човек на светот Илон Маск во петокот на 8 јули изјави дека го раскинува договорот за купување на Твитер вреден 44 милијарди долари, бидејќи компанијата не дала информации за лажните сметки. Акциите на Твитер во петокот паднаа за 5 отсто на 36,81 долари, што е многу помалку од 54,20 долари колку што во април понуди Маск да ги плати. Во меѓувреме, акциите на Тесла се зголемија за 2,5 отсто, односно ...

Главната обвинителка на Обвинителството за спречување организиран криминал и корупција, Вилма Русковска изјава дека во тек е спогодбата за осомничениот во случајот „Империја“, Сашо Мијалков. Таа во изјава за МИА вели дека Обвинителството наскоро ќе објави детали за спогодбата. Телма објави дека Мијалков признал вина и се спогодил со Обвинителството на Русковска да добие три години затвори и да му биде конфискуван имот во висина од 36 милиони ...

Позната инфлуeнсерка од Северна Македонија и ќерка на политичар од соседната земја е едно од уапсените лица на Миконос за учество во злосторничка организација која продавала кокаин и екстази на грчкиот остров Миконос, пишува грчкиот весник „Прототема“. Девојката која уште е опишана и како русокоса со многу следбеници на Инстаграм и чија мајка е правник/адвокат, оперирала заедно со уште двајца македонски државјани и еден познат либански ди-џеј. ...

По инцидентите на протестите против францускиот предлог за кревање на бугарското вето во Скопје, расте притисокот за одговорност. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска порача дека не може да се бара оставки и одговорност од некој којшто спречил инциденти во главниот град. Полицијата е таа која спречи инцидент, вели Спасовски во врска со синоќешните инциденти кога едно лице впери пиштол, а други фрлаа со предмети кон граѓаните ...

Бриселскиот договор не беше лесен ниту за Србија, а многу луѓе, посебно Србите на Косово и Метохија, не сакаа ни да слушнат, ни да го прифатат, сега на тој договор се повикуваме најмногу, вели претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во Тема на денот на Сител. Вучиќ, ги повика македонските граѓани да не отфрлаат нешто априори, туку убаво да размислат пред нешто да прифатат, или одбијат. -Кога го прифаќавме Бриселскиот договор во 2013 ...

Триесет и девет годишната поранешна бразилска манекенка Талита до Вале, член на елитната снајперска единица на Украина, која документирала воени подвизи на YouTube, била убиена за време на руски ракетен напад во градот Харков. Во нападот загинал и нејзиниот придружник, поранешен војник на бразилската армија откако се обидел да ја извлече Талита од погодениот со проектил бункер во кој таа се наоѓала Талита била единствената членка на тимот што го ...

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број случаи на Ковид-19, над 30.000, од кои 25.566 се новозаразени, а 5.022 се веројатни реинфекции, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. Дополнително, регистрирани се и 19 смртни случаи, а 98 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници. Минатата седмица по речиси три месеци беа ...

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој денеска е во посета на земјава, на средба со премиерот Димитар Ковачевски истакнале дека францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија и почнување на преговорите со ЕУ овозможува чист македонски јазик еднаков со останатите во земјите-членки на ЕУ. По средбата со шефот на државата Стево Пендаровски, Мишел се сретна и со премиерот Димитар Ковачевски. „На средбата, премиерот Димитар ...

Две лица починаа при пад на кран во Кавадарци, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи. Информацијата за МИА ја потврдија и од Основното јавно обвинителство во Кавадарци од каде велат дека несреќата се случила на локација каде се гради зграда. На местото на несреќата се присутни јавен обвинител, увидна екипа и трудова инспекција. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Смртта на двете лица е констатирана од страна на ...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување на консултации за предлогот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. Стратешкиот совет претставува еден од столбовите за изградба на долгогодишната стратегија за надворешна политика на Северна Македонија, во процесот кој се иницираше минатата година од страна на Министерството – Рефлексија2030. Османи ...

За прв пат во нашата историја 27-те земји членки го потврдуваат македонскиот јазик без фусноти и затоа овој момент е историска можност да се реши прашањето со македонскиот јазик, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во гостување на емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24, министерот за надворешни работи Бујар Османи порача дека во јавноста се направил „спин“ од неговата изјава на брифингот во саботата кога одговарајќи на новинарски ...

Локалните власти предупредија дека се очекува уште „ по диво време“ во следните 12 часа. Се предвидува нискиот притисок на источниот брег на Австралија да донесе пообилни врнежи од дожд во јужните региони на Нов Јужен Велс, јавува Си-Ен-Ен. Дождот во некои делови од земјата паѓа веќе еден месец, а во следните 24 часа би можеле да паднат уште 100 милиметри во широка област од Њукасл до јужниот дел на Сиднеј, на растојание од повеќе од 300 ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
76%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1013
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.55
78%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
89%
1013
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.79
71%
1010
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1011
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
75%
1011
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
0.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52