Бенјамин Шешко во претходната рунда го постигна првиот гол во дресот на Манчестер Јунајтед, но вчера првпат стрелаше и како домашен фудбалер на „Олд Трафорд“, поддржан од сите верни фанови облечени во црвено. Јунајтед вчера за првпат имаше еден покомотен натпревар и го победи Сандерленд со 2:0, а стрелец на вториот погодок беше токму словенечкиот фудбалер. Шешко ги постигна првите два гола за Јунајтед пред да замине на репрезентативни обврски, ...

Брера Струмица и Башкими ги поделија бодовите на денешниот натпревар кој се одигра во Првата македонска фудбалска лига, но по крајот на истиот, во прв план се најде дуелот во шеснаесетникот меѓу Пановски и Драме. Башкими имаше водство како гостин во Струмица се до самата завршница, но тогаш главниот арбитар Пларент Салихи досуди пенал, а својата одлука ја остави непроменета и покрај тоа што беше повикан да го провери спорниот момент преку ВАР ...

Македонската одбројкарска репрезентација со победата над Грузија обезбеди пласман на Европското првенство кое се игра наредната година, а вечерва ги дозна и ривалите со кои ќе се соочи на континенталниот собир. Нашите „спартанци“ ќе играат на четврто Европско првенство во низа, а во групната фаза ќе ги одмерат силите со пет ривали кои се дел од групата Б. Бугарија како домаќин на турнирот во Варна ја избра Македонија во својата група, но ...

Осмата рунда во Ла Лига донесе дуел меѓу второ и третопласираниот тим на табелата, па така пресметката меѓу Реал и Вилјареал се чекаше со голема возбуда на „Сантијаго Бернабеу“. Дисциплинираната чета на Марселино одлично се носеше со Реал Мадрид и трпеливо се бранеше од налетите на фаворитот, но пред крајот на првиот дел, не реализираше и зицер за да поведе на семафорот, нешто што можеше да му даде целосно поинаков тек на мечот. Тибо Куртоа беше ...

Аталанта и Комо ја започнаа својата пресметка како шесто и седмо пласирани екипи на табелата, а по одиграната меѓусебна пресметка денеска, остсануваат на исти позиции. Натпреварот во Бергамо очекувано донесе изедначена игра и голема борба на теренот, но главните возбудувања ги видовме во воведните 20 минути. Самарџиќ донесе рано водство за Аталанта во 6-та минута, додека Комо постига среќен и урнебесен гол, кој на крајот испадна и одлучувачки за ...

Депортиво сезонава има сериозна намера да се врати во Ла Лига после долго време, а тимот од Ла Коруња е предводен од својата најголема ѕвезда, Јеремај Ернандес. Суперталентиранит шпански фудбалер е исклучително популарен на Пиринеите и покрај тоа што се натпреварува во Втора лига, па во период кога неговите изданија беа запазени и од неколку англиски премиерлигаши, заедно со Спортинг Лисабон и Комо, вистинско изненадување беше тоа што тој реши ...

Сем Ламенс денеска го дочека своето деби во дресот на Манчестер Јунајтед и доби шанса добро да се претстави на „Олд Трафорд“, а со оглед на тоа што тимот првпат сочува „чиста мрежа“ оваа сезона, младиот голман доби навистина висока оценка. Ламенс имаше неколку добри и сигурни реакции и покажа дека поседува голем потенцијал, а бидејќи покажа перформанси далеку посигурни од оние на Бајиндир, фановите на „Олд Трафорд“ решија да му смислат и комична ...

Вардар продолжува без грешка на стартот на сезоната во Суперлигата, па така после големата победа во дербито со Еруфарм Пелистер, денеска запиша нов рутински триумф со послаб ривал. Последниот натпревар од шестото коло донесе дуел меѓу Радовиш и Вардар, а фаворитот си ја одработи задачата без проблеми и славеше со 27:33. Вардар го диктираше ритамот и случувањата на теренот и покрај тоа што тренерот Иван Чупиќ играше со комбиниран состав, па ...

Челси играше со отворен гард и без многу размислување за својот гол во дерби пресметката со Ливерпул, а таквиот пристап на крајот доби и награда во самата завршница од мечот. Тимот на Енцо Мареска покажа голема храброст против англискиот шампион, па во моментите кога се чинеше дека дербито оди во фаза кога двете екипи се задоволија со по еден бод, следеше акција која го фрли во втор план ваквото сценарио. Акцијата од левата страна заврши со гол ...

Славен Белупо го доби денешниот натпревар против Осијек и освои важни три бода, нешто што беше навистина важно со оглед на двата порази во низа во претходните две рунди. Илија Несторовски беше асистент при вториот гол во победата од 2:1, но македонскиот напаѓач се најде во центарот на вниманието и поради еден необичен инцидент со противнички стопер. Несторовски и Стјопа Мкртчијан влегоа во неколку дуели во период од 90 секунди, а подебелиот крај ...

Баерн Минхен делува како вистинска гол-машина од стартот на сезоната, а таквиот статус го потврди и денеска на теренот кој важи за еден од најтешките во Бундеслигата. Ајнтрахт Франкфурт влезе со големи амбиции во дуелот со германскиот првак, но топката ја вадеше од мрежа после само 15 секунди, што воедно беше и најбрз гол од стартот на сезоната во германската елита. Луис Диаз се најде на вистинско место по додавањето од Гнабри и Колумбиецот го ...

Микел Артета има доста проблеми со повредени фудбалери од стартот на сезоната, но убедливо најмалерозен во редовите на англискиот вицешампион е Мартин Одегард. Норвежанецот веќе мораше на двапати да паузира поради повреда на рамото, меѓутоа сега повторно ќе биде неизвесен за настап, овојпат поради повреда на коленото. Капитенот на Арсенал се удри колено во колено со противнички фудбалер на Вест Хем и веднаш побара измена, а фактот што тоа го ...

Арне Слот негираше дека неговиот тим има резултатска криза после двата порази во низа во период од неколку дена, но после денешниот драматичен исход на „Стемфорд Бриџ“, холандскиот стручњак ќе мора да размислува и за тоа сценарио. Англискиот шампион влезе крајно мотивирано и со императив да освојува три бода на тежок терен, но на крајот ја доживеа судбината од пред една недела на гостувањето кај Кристал Палас. Челси поведе со спектакуларниот гол ...

Интер влезе во позитивен натпреварувачки ритам и денеска врза петта победа во низа во сите натпреварувања, а третата во Серија А беше инспирана од едно летно засилување. Анже Јоан Бони денеска за првпат доби место во стартната постава на Интер и го замени Маркус Тирам во почетните 11, но не само што ги оправда очекувањата, туку напаѓачот се претвори и во играч на мечот. Засилувањето од Парма на најдобар можен начин ја искористи првата вистинска ...

Барселона вчера пријави обновување на повредата кај Ламин Јамал и со тоа ја принуди шпанската фудбалска репрезентација да го отповика нивниот крилен фудбалер, а бидејќи станува збор за ист тип на проблем како оној поради кој паузираше две недели, во каталонскиот великан сега планираат да бидат попретпазливи со него. Јанал повтрно чувствува болки во пределот на препонската коска и ќе мора да направи нова пауза, но Ханси Флик најави дека сега нема ...

Моизес Каиседо беше доста долго оспоруван во јавноста поради огромната сума која ја плати Челси за негов ангажман, но откако Енцо Мареска е менаџер на првиот тим, играчот за врска целосно се препороди и е еден од најдобрите и најконстантни фудбалери. Еквадорецот најчесто доаѓа до израз поради деструкција на противничките акции, но оваа сезона се почесто се докажува и како извонреден голгетер. Каиседо оваа вечер го постигна и третиот гол во ...

Владимир Шмицер во изминативе денови е активен, актуелен со коментари за неговите поранешни соиграчи од редовите на Ливерпул. Некогашниот репрезентативец на Чешка имаше што да каже на тема Стивен Џерард и можноста во иднина да биде предводник на „црвените“, а така беше и за Џејми Карагер за кого смета дека направил вистински избор и наместо да биде тренер работи како коментатор, стручен аналитичар. -Мислам дека Џејми Карагер направи добар избор. ...

Арсенал и Манчестер Јунајтед ја оправдаа улогата на фаворити и славеа над Вест Хем и Сандерленд во натпреварите во Премиер лигата. „Топчиите“ ги добија „чеканите“ со 2-0 во средба во која Сака дојде до еден убав јубилеј во најсилната англиска фудбалска конкуренција. Сака во 67 минута беше прецизен од белата точка и со тоа дојде до бројката 100 во Премиер лигата или поточно директно е „виновен“ за 100 погодоци на Арсенал во шампионатот (55 гола и ...

Брегалница по подолго време не успеа да слави во Втората македонска фудбалска лига и тоа на гостувањето кај Охрид. Соочувањето крај езерото заврши со најнепопуларниот резултат 0-0. Најубедлив на денешните средби од 7. коло беше составот на Скопје кој го доби Вардар Неготино со 4-1. Ова за тимот од престолнината е добар резултат со кој во одлична атмосфера ќе го дочека дербито со Брегалница во Штип кое е на програмата во наредното коло. РЕЗУЛТАТИ ...

Екипата на РБ Лајпциг ја прекина победничката серија на Борусија Дортмунд во Бундеслигата и тоа откако попладнево му оддолеа на ривалот на соочувањето на „Сигнал Идуна Парк“. Дортмунд влезе во овој меч со четири победи во низа, учинок кој го имаа и „биковите“, па на крајот двете екипи останаа непоразени, но мораа да се задоволат со реми од 1-1. Двата најзначајни моменти се случија во првиот дел во 7 и 23 минута кога Баумгартнер и Коуто се ...

Лацио со доста мака успеа да остане непоразен во драматичниот меч со Торино кој попладнево се одигра на „Олимпико“. Домаќините двапати беа во негатива на овој натпревар со 1-0 и 3-2, но со гол во 103 минута од пенал се изборија за реми од 3-3. Симеоне донесе почетна радост за „биковите“, но потоа на сцена стапи Канчелијери кој со два гола го сврте резултатот и донесе радост за Лацио. Гостите одговорија во вториот дел, прво Адамс израмни на 2-2 ...

Без победник и со идентичен резултат завршија дуелите Шкупи-Работнички и Брера Струмица-Башкими во Првата македонска лига. Скопското соочување заврши 1-1 и со тоа чаирчани дојдоа до првиот бод во натпреварувачката 2025/2026. Шкупи поведе со 1-0 со голот на Шику кој дојде по грешката на голманот Јакимов. „Романтичарите“ потоа возвратија преку Адем во вториот дел, потоа и притискаа за комплетен пресврт, меѓутоа не успее да дојдат до таа цел. Во ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел оствари најдобро време во квалификациите и ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Сингапур. Британецот најдобро се снајде на денешните квалификации во кои во третата „рунда“ оствари време од 1:29.158 што беше доволно за да биде пред конкурентите, поточно дојде до втората пол позиција во оваа сезона, осма во кариерата. Le magnifique tour de George Russell en caméra embarquée qui lui ...

Вејн Руни имаше одлична кариера пред се на клупски план каде ги освои сите можни титули меѓу кои и онаа најпрестижната во Лигата на шампионите. Руни долго време играше на највисоко ниво, најголемата сцена и тоа во Манчестер Јунајтед и имаше можност да води многу битки со противничките дефанзивци. Со дел од нив имаше поголеми успеси и подобро се снаоѓаше, дел од нив му правеа проблеми за да го извлече и даде најдоброто од себе, па Вејн направи ...

Милан го дочека шестото коло како лидер во Серија А, коло во кое го очекува нов сериозен испит, пресметка со Јувентус во Торино. „Црвено-црните“ во претходната рунда го добија Наполи со 2-1 во меч во кој скоро целото второ полувреме го играа со играч помалку, резултат кој веќе е историја затоа што сега го очекува нова битка против моќен ривал. Ваквите резултати носат прашања дали Милан е какндидат за Скудетото, дали може да биде пред екипи како ...

Екипата на Тотенхем издвојува победа над Лидс од 2-1 во првиот натпревар од денешната програма од седмото коло во Премиер лигата. Домаќините повеќе ја имаат топката во своите нозе, имаа повеќе упатени удари од противникот, но останаа со празни раце во својот дом. Родон ја погоди рамката од голот на Тотенхем во 7 минута, промашување за кое Лидс беше казнет во 23 кога Тел го отвори резултатот. Избраниците на Фарке се вратија во игра во 34 кога ...

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ја очекува квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за место на ЕП. Ова е турнир на кој ние сме домаќини во Струмица во периодот од 8. до 14. октомври, а ривали ќе ни бидат Унгарија, Чешка и Гибралтар. -Не очекува квалификациски турнир на кој сме домаќини и се надевам дека момците ќе дадат сѐ од себе во дуелите со Унгарија, Чешка и Гибралтар и достојно ќе ја претставуваат ...

Ненад Димитријевиќ беше најефикасен, но неговиот Зенит загуби од Уникс Казањ во дерби натпреварот од второто коло во ВТБ лигата. Домаќините не одговорија соодветно во вториот дел во кој беа надиграни со 29:21 и 30:11, па на крајот беше претрпен убедлив пораз од 104:77. Македонскиот репрезентативец беше најфикасен во Зенит со 14 поени, 2 скока, 5 асистенции, но имаше и 6 загубени топки. На другата страна поранешниот тим на Нено имаше дури ...

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го скрати списокот на ракометарки на кои ќе смета за дуелите со Германија и Словенија во квалификациите за пласман ан Европското првенство во 2026 година. На конечниот список на Грчевски се најдоа 20 ракометарки од кои половина играат во странски екипи, додека останатите се од домашното првенство. Сениорките прво ќе оддиграат натпревар против селекцијата на Германија, ...

Најдобриот италијански тенисер, Јаник Синер имаше победничка старт на АТП Мастерсот во Шангај. Ова е турнир на кој Синер ја брани титулата, а на патот до новиот успех прва пречка му беше Даниел Алтмајер од Германија. На фаворитот му беа потребни два сета, нешто повеќе од еден ипол час игра за да ја одработи првата задача со 6:3, 6:3. Нареден ривал на вториот светски рекет ќе му биде Талон Грикспор од Холандија. Champion’s start ✨@janniksin ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
80%
1025
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1022
weather icon

Софија

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
67%
1027
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.25
88%
1026
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
74%
1023
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1024
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 1ᴼ
2.57
93%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
94%
1025
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
66%
1026
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57734

Калај

41.30

Иридиум

145787.60

Цинк

3.13

Паладиум

50058.71

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Платина

58054.69

Злато

138408.99

Кобалт

58.42

Сребро

2060.60

Бакар

10.87

Алуминиум

2.87