Тимот на Шкендија Арачиново 77 се избори за победа над Тетекс од 2-1 на средбата од осмото коло во Втората македонска фудбалска лига. Избраниците на Љупчо Марковски го освоија Тетово со погодоците на Љиварека (2), додека за „штофарите“ реализираше Јамини. Ова за клубот од Арачиново шеста победа во шампионатот, трета во низа, па со вкупно 20 бода е на врвот на табелата. Беласица пак го претрпе вториот пораз во низа и тоа во Кочани кај Осогово со ...

Новак Ѓоковиќ се соочи со низа проблеми на патот до полуфиналето во Шангај, па иако имаше желба да дојде до ново финале и шанса за нова титула, Србинот едноставно остана без сила и енергија во пресметката со Валентан Вашеро. Сензацијата на турнирот во Кина режираше уште едно изненадување и го победи Ноле во два сета, па иако Србинот имаше очигледни физички проблеми во текот на мечот, по крајот на истиот воопшто не сакаше да зборува за тоа. Дел ...

Ракометарите на Тиквеш одиграа катастрофално прво полувреме на гостувањето во Турција, а тоа беше главна причина за убедливиот и тежок пораз во второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот претставник настрада на гостувањето кај Бешикташ и загуби со 31:20, пред се поради катастрофалните први 30 минути во кои постигна само три гола. Турскиот великан го доби првиот дел со 16:3 и си го трасираше патот кон победата, нешто што беше неизбежно и ...

Столе Димитриевски ужива во минутажата која ја добива како прв голман на македонската репрезентација и од натпревар во натпревар го покажува својот квалитет, а посебно воодушеви на вчерашниот меч против Белгија на кој беше последен столб во перфектната одбрана на нашиот тим. Димитриевски во Македонија ги добива сите шанси кои му недостасуваат како член на Валенсија, но неговото ново брилијантно издание за националниот тим не остана незабележано ...

Македонската репрезентација до 17 години го претрпе првиот пораз на турнирот на кој е домаќин во Струмица, откако ова попладне загуби од Чешка со резултат 2:0. Квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза од квалификациите за Европско првенство го стартувавме со реми против Унгарија (2:2), но денеска избраницит на Влатко Колев претрпеа пораз. Чешката селекција постигна два погодоци во нашата мрежа преку Марек и Сивок, па по две ...

Тоа што се шпекулираше со денови наназад, денеска доби официјална потврда, и тоа во вид на соопштение од кошаркарскиот клуб Црвена Звезда. По разделбата со Јанис Сферопулос, водечките луѓе на клубот успеаја брзо да се договорат со првиот кандидат за тренерската позиција, па клубот денеска го официјализираше кам-бекот на легендарниот Саша Обрадовиќ. – Нов тренер на нашиот првиот тим од денеска и официјално е Саша Обрадовиќ, поранешен првотимец и ...

Санти Касорла е фудбалска легенда која останува активна и на 40-годишна возраст, а во оваа фаза од кариерата, реши да одигра барем уште една сезона откако помогна на саканиот Овиедо да се врати во Ла Лига. Клубот од Астурија се врати во шпанската елита и сезоната ја почна доста неубедливо, па иако тимот беше надвор од опасната зона во пресрет на репрезентативната пауза, водечките луѓе решија да му врачат отказ на Велјко Пауновиќ. Спрскиот ...

Роберто Манчини чека нов вистински и возбудувачки проект кој ќе го натера да се врати на клупата како тренер и лидер на еден тим, а во разговорот кој го водел со „Газета дело спорт“ во Тренто, поранешниот италијански селектор не пропуштил да го искоментира новиот изненадувачки резултат кој го оствари Македонија. Токму нашите миленици му го нанесоа најголемото разочарување на Манчини како италијански селектор со елиминацијата од баражот на ...

Полуфиналните дуели на Мастерсот во Шангај завршија со два целосно неочекувани резултати, бидејќи аутсајдерите на хартија запишаа две победи и изборија финале за кое ќе се зборува долго во семејствата Вашеро и Риндеркнеш. Интересно, утрешното финале кое ќе го гледаме во Кина ќе биде посебно специјално, од едноставна причина што Валентан и Артур имаат роднински врски. Двајцата братучеди ќе ги одмерати силите во големото финале и ќе се борат за ...

Работнички има проблеми со регистрацијата на странските кошаркари и денес имаше само седум играчи на располагање во својот ростер, а во таква ситуација, дефинитивно не можеше да се носи со ТФТ Скопје. Градското дерби донесе израмнета кошарка и возбуда во првото полувреме, но во одлучувачките моменти, тимот од Тафталиџе беше подобар и славеше во Кале со резултат 83:63. Скромната ротација на Работнички посебно дојде до израз во завршните десет ...

Валентан Вашеро е сензација во изминатите две недели во Шангај, а тоа го покажа и со денешното издание кое беше доволно високо за да го победи разнишаниот Новак Ѓоковиќ. Квалификантот од Монако мораше да игра прелиминарни рунди за да се пласира на главниот турнир во Шангај, но не само што ја мина оваа фаза, Вашеро на крајот стигна и до големото финале во Кина. Тенисерот од Монако го доби Новак по два одиграни сета и стана најниско рангираниот ...

Кајл Вокер остава турбулентни десет месеци зад себе, период во кој искусниот дефанзивец бранеше бои на три различни клуба, вклучувајќи го и актуелниот Барнли. Десниот бек донесе неочекувана одлука да го напушти Манчестер Сити на средина на минатата сезона и го искористи месец јануари за трансфер во Милан, но откако ова не се покажа како воопшто добра опција за двете страни, Вокер се врати во Манчестер. Уште во раната фаза на летниот преоден рок ...

Бруно Фернандеш одби богата и примамлива понуда од Саудиска Арабија изминатово лето, но по лошиот старт на сезоната, голем дел од медиумите заклучуваат дека Манчестер Јунајтед и самиот фудбалер направи огромна грешка со повлечениот потег. Јунајтед доби понуда од 100 милиони евра за да се откаже од својот капитен, а Бруно договор на кој тешко се кажува „НЕ“, но на крајот, двете страни оценија дека најдобро во тој момент е да продолжат заедно. Три ...

Белгијците не успеаја да го пробијат македонскиот бедем пред голот на Столе Димитриевски и со големи фрустрации го завршија натпреварот во Гент, па од прес-центарот и од микс зоната, пристигнаа и изјави кои не се баш коректни од големиот фаворит во нашата група. Избраниците на Благоја Милевски знаеја за што играат и освоија огромен бод во Белгија, па во ситуација кога целта ги оправдува средствата, нашите фудбалери знаеја извонредно да се бранат ...

Стефан Ристовски го наследи Горан Пандев како капитен на македонската фудбалска репрезентација, а иако веќе извесно време не е дел од најсилниот национален тим, легендарниот десен бек се радува на сите позитивни резултати кои ги бележи оваа генерација. Македонија вчера одигра перфектен натпревар во одбрана и се враќа од Гент со она што го посакуваше, односно со бод голем како планина во пресрет на последните две рунди во квалификациите за ...

Валентан Вашеро ја продолжи својата тениска бајка и во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, па така со најголемата победа во кариерата испуша и историја на турнирите од Мастерс серијата 1000. Тенисерот од Монако стана најниско рангираниот тенисер кој се пласирал во едно финале на турнирите од серијата 1000, бидејќи 204-от играч во светот денеска најде решение и за Новак Ѓоковиќ. Откако ги мина квалификациите во Шангај, малкумина му даваа шанси ...

Патрик Виеира беше дел од моќниот тим на Јувентус кој доминираше во Италија до 2006 година, односно до аферата „Калчополи“, по која „бјанконерите“ беа префрлени во Серија Б. Французинот имаше значајно место во тој состав, но реши да се пресели во големиот ривал Интер откако беше донесена одлуката за префрлување на Јувентус во понизок ранг. Тој потег очекувано остана запаметен од фановите на торинскиот клуб, посебно што ѕвезди како Дел Пјеро, ...

Валентан Вашеро ја продолжи сензационалната победничка серија на Мастерсот во Шангај и преку квалификациите стигна до големото финале. Тенисерот од Монако денеска ја оствари и досега најголемата победа во кариерата, триумфирајќи над грен-слем рекордерот Новак Ѓоковиќ и тоа во два сета. Српскиот тенисер повторно имаше проблеми со повредата на левата нога, се обидуваше да го компензира тоа со борбеност, но не успеа да обезбеди ново Мастерс финале. ...

Раководството на хрватскиот клуб Цибона утринава објави дека екипата се повлекува од актуелната сезона во АБА2 лигата. Составот кој требаше да му биде прв ривал на македонскиот претставник ТФТ, го завршува настапот во пресрет на првиот настап во новата сезона, а ги објави и причините за ваквиот потег. Цибона решила да избере приоритет во однос на интернационалните настапи, па ќе му даде предност на ФИБА Еврокупот, односно не сака да ризикува со ...

Хенрик Мхитаријан деновиве е актуелен поради интервјуто дадено за „Газета дело Спорт“, а една од изјавите кои ги пренесоа италијанските медиуми е поврзана и со пораката која Ерменецот ја испрати до младите фудбалери. Популарниот „Мики“ им порачал на помладите колеги да не ги користат мобилните телефони за време на извршување на клупските обврски, бидејќи на тој начин си ги намалуваат шансите да успеат. – Ако го гледаш небото навечер, ќе видиш ...

Ријад Марез уште еднаш ги импресионираше алжирските фудбалски фанови и помогна неговата репрезентација да обезбеди директен пласман на СП кое ќе се игра следната година. Алжирците го потврдија првото место во групата со гостинската победа над Сомалија, во која Марез постигна еден гол и имаше една асистенција. По натпреварот и во пресрет на последното коло од квалификациите, Марез потенцирал дека ова ќе биде последен мундијал во неговата кариера, ...

Францускиот селектор Дидие Дешамп не сакаше да го поштеди Килијан Мбапе и покрај фактот што тој заработи повреда на зглобот на последниот настап за Реал Мадрид, а покрај од Шпанија, критики за овој потег заработи и од својата земја. Мбапе беше принудно заменет на вчерашниот дуел со Азербејџан и Французите објавија дека ќе се врати во Шпанија за да продолжи со рехабилитацијата, но Жоан Мику смета дека Дешамп направил катастрофален потег со ...

Белгија не ја искористи доминацијата на теренот за да постигне гол и да дојде до посакувана победа во дуелот со Македонија, па избраниците на Руди Гарсија разочарани го напуштија стадионот во Гент. Жереми Доку беше еден од најопасните белгиски репрезентативци во вчерашното реми без голови против нашата селекција, а по средбата истакнал дека и самиот е виновен што не искористил некоја од своите шанси за да го скрши отпорот на македонската ...

Реал Мадрид испрати двајца важни играчи во нивните национални тимови со потврдени проблеми со повреди, но тие не само што патуваа на подготовките, туку еден од нив одигра цел натпревар, за сега да се врати во Мадрид со веројатно покомплицирана ситуација. Килијан Мбапе и Франко Мастантуоно се враќаат во Шпанија за да направат детални прегледи и да продолжат со рехабилитацијата под мониторинг на лекарскиот тим на Реал Мадрид, но во клубот ...

Македонската фудбалска репрезентација успеа да ги издржи нападите на белгиските репрезентативци во Гент и се враќа со голем бод од ова гостување во квалификациите за СП 2026. Нашата репрезентација останува на врвот на табелата во групата, а голманот Столе Димитриевски кој имаше одличен настап, ја издвои компактната дефанзивна поставеност како клуч за позитивниот резултат во дуелот со „црвените ѓаволи“. – Ова беше тежок натпревар на гостински ...

Пјер-Емерик Обамејанг и натаму е лидер и најдобар фудбалер во репрезентацијата на Габон, а тоа го докажа и на последниот квалификациски натпревар на африканската селекција. Габон имаше незгодно гостување во Гамбија и мораше да победи за да остане во битка за првото место во групата, а Обамејанг испорача четири погодоци на натпреварот кој заврши со резултат 3:4 и на кој гостите на крајот правеа пресврт. Искусниот напаѓач блескал на дуелот кој се ...

Голем дел од белгиските медиуми го пренесоа ремито против Македонија како разочарувачки резултат, па токму поради тоа, селекторот Руди Гарија доби и провокативни прашања за неефикасноста и лошата завршницата во последната третина од теренот. Македонија одигра храбро и остана непоразена во вториот дуел со главниот фаворит во нашата група (0:0), а додека избраниците на Благоја Милевски се враќаат со подигнати глави од Гент, Белгијците сега се под ...

Македонската фудбалска репрезентација успеа да одолее на сите напади на белгиската селекција и остана непоразена во Гент, резултат кој уште толку го прави поверојатен подвигот за кој сонува цела нација. Настапот на Светското првенство е уште поблиску по големото реми со резултат 0:0 на гостувањето кај апсолутниот фаворит Белгија, а освоениот бод е злато вреден ако се знае колку беше тешко изборен, и низ што се мораа да минат нашите миленици. ...

Златан Ибрахимовиќ ја заврши кариерата во Милан, тим во кој остана по таа епизода, но со поинкава улога како советник. Ибра е човек кој едноставно е врската меѓу управата и екипата за која верува дека е добар микс на сегашноста и иднината. Тој воедно смета дека во овој тим има играчи кои ќе растат, напредуваат и издвои четири имиња. -Павловиќ сè уште може да се подобри. Хименез, откако ќе се отклучи, ќе постигнува многу голови. Јашари е врвен ...

Битигхајм на македонскиот репрезентативец Мартин Томовски забележа нова победа во втората германска лига, петта во седмиот натпревар во кампањата 2025/2026. Мартин и компанија овојпат како гости се радуваа на драматичен триумф над Ферндорф од 27:26. Домаќините беа подобри во првиот дел со 16:12, но второто полувреме донесе друга слика на теренот, подобра игра на Битигхајм и пресврт за триумф со кој останува на врвот на табелата со 12 бода. ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
76%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
88%
1018
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
67%
1021
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.64
93%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
95%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.63
82%
1016
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1016
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 2ᴼ
4.12
90%
1022
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
95%
1020
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
93%
1019
Currency

61.555

Currency

52.45

Currency

70.4652

Currency

34.8078

Currency

38.0655

Currency

66.0372

Currency

7.43989

Currency

0.66369

Currency

0.33333

Currency

0.52441

Currency

1.22377

Currency

0.5843

Иридиум

145787.60

Злато

141766.89

Платина

67491.55

Алуминиум

2.93

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Паладиум

56360.26

Бакар

11.13

Сребро

2219.66

Калај

43.92

Цинк

3.04