Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Хрватска со подмладен состав успеа да ја победи Македонија во Пореч на првиот тест за двете репрезентации во пресрет на Европското првенство кое следи, а фактот што „коцкестите“ победија со играчи кои воглавно играат во домашното првенство е добар знак за ширината на ростерот со кој располага Дагур Сигурдсон. Селекторот на Хрватска им даде одмор на 90 проценти од клучните играчи и против Македонија настапи со тим кој досега никогаш не играл ...
Лука Модриќ прави голема разлика за Милан и на 40-годишна возраст, а тоа го докажа и на последниот натпревар кој го одиграа „росонерите“ во календарската 2025-та година. Милан на домашен терен ја надигра Верона со 3:0 и конечно славеше против тим од долниот дел на табелата, но покрај Нкунку кој постигна два гола, клучен фактор за триумфот беше и Модриќ. Покрај тоа што учествуваше во два од трите гола, Лука воодушеви со својата доминација и ...
Церемонијата во чест на „Глоуб Сокер“ наградите и годинава се одржа во Дубаи и собра голем дел од светскиот спортски крем, а покрај доминацијата на ПСЖ на фудбалски план, мора да се издвои и моментот кога беше доделена специјална награда за Новак Ѓоковиќ. Прославениот српски тенисер доби награда за долговечност и специјален допринос во спортската сфера, а наградата му ја додели уште една легенда, Португалецот Кристијано Роналдо. Петкратниот ...
Македонскиот кошаркарски стратег, Александар Јончевски нема повеќе да го води унгарскиот прволигаш Атомерому. По 13. одиграни натпревари составот на Атомерому има учинок од седум победи и шест порази, резултати од кои не е задоволно раководството и е донесена одлука да се активира опцијата за раскин на договорот. -Нашиот тим моментално е на седмото место со седум победи и шест порази, но ниту прикажаната игра ниту перформансите на играчите не ...
Бундеслигата уште некое време ќе биде во мирување или поточно новите возбудувања ќе се вратат дури од 9 јануари со пресметката меѓу Ајнтрахт Франкфурт-Борусија Дортмунд. До 15. коло има простор и време да се потсетиме на некои убави моменти, па луѓето задолжение за јутјуб каналот на најсилната германска фудбалска конкуренција излегоа со едно супер видео, компилација со магични голови постигнати со пета. Се работи за мајстории кои нудат ...
Капитенот на европскиот шампион ПСЖ, Маркињос, открил пред француските медиуми дека започнал постапка за добивање француско државјанство. Бразилецот повеќе од една деценија е дел од парискиот клуб и во последното интервју признал дека посакува да добие документи од земјата која се претвори во негов втор дом. – Работиме на тоа, мојата сопруга Карол веќе аплицираше, а јас наскоро ќе го направам тоа. – За мене ќе биде голема чест за конечно да ...
Жоао Кансело потпиша финансиски најповолен договор во кариерата со Ал Хилал, но тренерската смена во составот од Саудиска Арабија, донесе и поинаков статус за португалскиот бек. По принудната пауза поради повреда, Кансело се врати на тренинзите, но новиот тренер Симоне Инѕаги очигледно не го планира за наредниот период и тоа им го соопштил на одговорните во клбот. Инѕаги одлучил да не го пријави Кансело за настапите во домашното првенство од ...
Интер ја продолжи долгата позитивна серија во меѓусебните дуели со Аталанта и вечерва стигна до многу важна, минимална победа во Бергамо (0:1). Двете екипи имаа по неколку сериозни обиди, по еден поништен погодок поради офсајд, но решавачкиот момент дојде дури по една грешка на одбраната на домаќините. Џимсити лошо додаде во опасната зона, до топката дојде Еспозито, а тој му асистираше на Лаутаро Мартинез, кој пак не погреши и го постигна ...
Македонската машка ракометна репрезентација загуби од Хрватска (26:23), на првиот контролен натпревар во пресрет на Европското првенство кое започнува на средина на следниот месец. Избраниците на Кире Лазаров по неколку дена тренинзи, вечерва во Пореч го имаа првиот посериозен тест, а домаќините ја искористија одличната вечер на голманот Славиќ за на полувреме да дојдат до солидна предност од 14:11. Македонската селекција не дозволи ...
Борнмут речиси сигурно ќе остане без Антоан Семењо во јануарскиот преоден рок, а самиот офанзивен фудбалер му соопштил на клубот дека сака брза одлука и избегнување на ситуација во која преговорите би се развлекле до крајот на следниот месец. Манчестер Сити е единствениот клуб кој има испратено официјална понуда за Семењо и се смета за фаворит за потписот на фудбалерот од Гана, но англиските медиуми најавуваат дека од позадина може да се ...
Фудбалските квалитети на Винисиус не можат да бидат оспорувани од фановите, но голем дел од фан базата на Реал Мадрид не може да го прифати неговото однесување, па и начинот на кој сезонава реагираше на одредени одлуки на тренерот Чаби Алонсо. Поранешниот фудбалер на оваа екипа, Поли Ринкон, во интервју за „Ел Периодико“ не го поштедил Бразилецот од сериозни критики и смета дека клубот му дозволил премногу откако минатата година извиси за ...
По триумфот на Суперкуп турнирот во Ријад, Наполи се врати во Серија А со победа над Кремонезе, со што актуелниот шампион го одржува чекорот со најсериозните ривали за скудетото. Тренерот Антонио Конте истакнал дека Наполи се погрижил за одличен крај на календарската година, во која беше освоено скудетото, а неодамна и Суперкупот, но сепак смета дека три екипи имаат подобри ресурси во однос на битката за скудетото. – Ние сме на почетокот на ...
Маркус Рашфорд остави солиден впечаток со своите настапи во дресот на Барселона, а таквите изданија се потврда дека англискиот интернационалец направил вистински потег со привремената разделба со Манчестер Јунајтед и прифаќањето на понудата на шпанскиот шампион. Рашфорд досега забележа 7 голови и 11 асистенции, а неговиот ефект, заедно со професионалниот однос на тренинзите и клупските активности го убедиле и тренерот Ханси Флик дека треба да ...
Еурофарм Пелистер на импресивен начин прослави 70 години од своето постоење, па така денеска во позната сала „Боро Чурлевски“ се беше во знакот на зелено-белата гордост. Пелистер е симбол за градот на конзулите и седум децении наназад ги радува фановите од Битола, па затоа денеска тие во голем број се појавија на трибините по повод големиот јубилеј. Свеченоста во Битола побуди многу емоции на трибините и беше исполнета и со видео пораки од ...
Фудбалските награди „Глоуб сокер“ и годинава собраа голем дел од најголемите ѕвезди на свеченоста, на која во Дубаи им беа доделени признанија на најдобрите фудбалери во 2025 година. Повторно се доделени награди во повеќе категории, а главната, за најдобар фудбалер за годината која истекува ја доби Усман Дембеле од ПСЖ. Сепак, најемотивниот момент на сцената беше доделувањето на посмртно признание за Диого Жота, кое од рацете на агентот Жорге ...
Африканскиот Куп на нации е натпреварување кое низ годините знаело да понуди неверојатни ситуации, а такво нешто ни пристигна и денеска од мечот кој се одигра во Казабланка. Селекциите на Екваторијална Гвинеја и Судан го играа својот меч од втората рунда, а победата од 0:1 остана во сенка на она што се случи во раната фаза од натпреварот. Судан освои три бода благодарение на триумфот од 0:1, но наместо за победата, цела јавност говори и ...
Томас Франк ќе може малку да здивне пред крајот на 2025-та година, бидејќи неговиот тим успеа да оствари тешка и значајна победа на незгодното гостување кај Кристал Палас. Во дуелот на два тима кои имаа два порази во низа, Кристал Палас и Тотенхем одиграа прилично изедначен натпревар, а во такви услови, подобро се снајдоа гостите кои после подолго време сочуваа „чиста мрежа“ на гостински терен во Премиер лигата. „Петлите“ ќе ја паметат ...
„Битката на половите“ се најавуваше речиси цела година и конечно се одржа денеска во Дубаи, па тоа што требаше да претставува тениски спектакл, на крајот се претвори во чиста рутина за Ник Кирјос. Австралиецот кој нема одиграно професионален меч од месец март оваа година поради низа повреди, собра сили за да го одработи мечот кој сите со нетрпение го очекуваа, но на крајот исходот беше доста поедностран од тоа што се очекуваше. Светскиот ...
„Глоуб Сокер“ наградите се доделуваат оваа вечер, а кога е во прашање Ла Лига, Барселона како клуб ги собра сите најважни признанија. Ламин Јамал беше избран за најдобар млад играч, Рафиња за најдобар играч, Ханси Флик за најдобар тренер, додека Барселона за најдобар тим. Жоан Лапорта како претседател на клубот ја прими наградата за најдобар тренер во име на Флик, па покрај тоа што го испофали Германецот, не заборави да ги потсети „кралевите“ ...
Милан стигна до 35 освоени бода и во овој момент е првопласиран тим на табелата, а од исходот на дербито меѓу Аталанта и Интер ќе биде познато дали „росонерите“ ќе ја затворат 2025-та година како лидери во Серија А. Тимот на Макс Алегри денеска конечно имаше лесна задача против тим кој не треба да претставува никаква опасност, бидејќи досега „росонерите“ загубија доста бодови од тимови кои се од долниот дел од табелата. За разлика од ...
Милвоки има негативен ефект во НБА лигата и е далеку од формата која правеше Бакси да се борат за титула, па во таква ситуација, Јанис Адетокумбо ја користи секоја ситуација за да делува мотивирачки врз тимот. Рано утрово, Милвоки оствари победа на гостувањето кај Чикаго и исходот беше јасен на неколку секунди пред крајот, но кога во вакви ситуации обично гледаме мирни завршници, овојпат дојде до тензија и кошкање. Причина за тоа е потегот на ...
Златко Далиќ успешно ја води Хрватска и си обезбеди учество на уште едно Светско првенство, но за разлика од претходните две на кои се освоија сребро и бронза, селекторот сега не влегува со толку високи амбиции. „Коцкестите“ имаат смена на генерации и покрај тоа што дел од тимот и натаму се ветерани како Лука Модриќ и Иван Перишиќ, но кога ќе се направи една паралела тимовите кои играа пред четири или осум години, Далиќ смета дека постои ...
Наполи ја заврши 2025-та година онака какошто доликува, односно со мирна победа на гостувањето во Кремона потив екипата на Кремонезе. Тимот на Антонио Конте имаше императив да замине на новогодишни празници со освоени три бода, а најавата за такво сценарио беше извонредно добрa за гостите од Неапол. Два отпадоци завршија со два погодоци на Расмус Хојлунд во првото полувреме, па иако имаше уште цело полувреме за игра, резултатот не се ...
33-то изадание на популарниот турнир „Хасетово класик“ секогаш се игра пред Нова година, а овојпат полуфиналето донело и една непријатна сцена, од која дел бил Македонецот Крсте Велкоски. Поранешниот македонски репрезентативец како актуелен директор на Сараево бил дел од тимот кој настапил на теренот, но токму нашиот екс фудбалер бил мета на еден противнички играч од Вратник. Во моменти кога Велкоски бил во налет по левата страна, фудбалерот ...
Лука Модриќ учествуваше во два од трите погодоци кои ги постигна Милан против Верона и правеше клучна разлика на теренот, перформанси за кои одново доби импресивни стоечки овации од гледалиштето на „Сан Сиро“. Навивачите на Милан ќе заминат на новогодишни празници со голема сатисфакција поради убедливата победа со резултат 3:0, а во ситуација кога Модриќ повторно се најде во прв план кај навивачите на Милан, тој самиот одлучи да му оддаде ...
Кристијан Ериксен го напушти Манчестер Јунајтед изминатово лето откако му истече договорот, но како играч кој се уште игра професионално во Бундеслигата, Данецот ги следи случувањата во Премиер лигата. Искусниот Ериксен три години му служеше на великанот од „Олд Трафорд“ и беше дел од клубот во проблематичен период, па често се носеше и со жестоки притисоци и критики во јавноста, нешто што ескалираше под водство на Аморим на почетокот на ...
Астон Вила за првпат после 111 години врза 11 победи во низа, а последниот триумф беше остварен на сензационален начин на тешкото гостување на „Стемфорд Бриџ“. Гостите од Бирмингем беа зрели да примат три или четири голови во првите 45 минути, но откако мрежата на Мартинез се тресеше само еднаш, Унаи Емери направи импресивна тактичка промена во вториот дел и тоа резултираше со огромна доминација и пресврт за три бода. Оли Воткинс беше херој ...
Сан Антонио Спарс не успеа да ја продолжи победничката серија во НБА лигата, но ако е за утеха нивен член го има потегот на денот во најквалитетниот кошаркарски шампионат на светот. Се работи за Виктор Вембањама кој против „џезерите“ од Солт Лејк Сити изведе страшно забивање при кое воедно дури беше и фаулиран. Со оваа мајсторија Французинот дојде до првата позиција и со тоа ги остави зад себе атракциите во режија на Адетокумбо, Харпер, ...
Екипата на Милан повторно дојде во првото место во италијанскиот шампионат и тоа откако денеска рутински го совлада составот на Верона со 3-0. Верона е ривал кој им лежи на „црвено-црните“, ривал кого редовно го добиваат, па така беше и попладнево на „Сан Сиро“ каде дојдоа до десеттото сезонско славје во шестнаесеттиот лигашки натпревар во кампањата 2025/2026. Избраниците на Масимилијано Алегри постигнаа погодоци во вистинско време, ...
Македонија пред неколку денови остана без една од најголемите фудбалски икони, големиот Васил Рингов кој по кратко боледување почина во 70. година од животот. Заминувањето на Рингов остава празнина на фудбалската и воедно спортската сцена во нашата земја. Денеска Вардар, клубот за кого Васе настапуваше со успех во три мандати одржа комеморативна седница во негова чест. На истата беше откриено дека клубот одлучил да го повлече дресот со број ...