Рајан Шерки остана во сенка на другите четири француски ѕвезди во нападот во голем дел на Светското првенство, но кога Францијата остана без идеи да и нанесе било каква штета на Шпанија, Дидие Дешамп побара помош од ѕвездата на Манчестер Сити. Шерки успеа малку да ги живне „триколорите“ и Франција беше доста поопасна во последните 20 минути, меѓутоа ова се покажа како презадоцнето будење од „галските петли“ кои претходно беа целосно надиграни ...

Французинот Рајан Шерки, кој влезе од клупата во второто полувреме, ја призна супериорноста на Шпанија, иако не мисли дека Шпанија е подобар тим. „Не знам дали ни недостигаа решенија или желба, но тие полесно ја враќаа топката во посед отколку ние. Да им одземевме повеќе топки, ќе им наштетевме повеќе. На полувремето, тренерот ни кажа дека остануваат 50 минути и дека ќе имаме шанси. Знаевме дека нивната главна сила е играњето со бавно темпо. ...