
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Сподели Изминатиов викенд, во периодот од 4-ти до 6-ти октомври се одржа Третиот конгрес на медицинските сестри со меѓународно учество на тема „Автономија на сестринството, сега и во иднина“. Импозантната посетеност на учесници и предавачи од регионот и пошироко ја потврдија единственоста на Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ кои како организатори на овој голем ...
Сподели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервјуто за Отворено студио по повод „100 дена Влада“ на МРТ, вели дека до сега е разочаран од делувањето на обвинителството и судството, односно иако имале шанса за работат согласно законите и Уставот, одредени обвинители и судии работат калкулантски односно како што рече постапуваат според навигација добиена од други центри, односно од тие центри кои ...
Сподели Во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ вечер ќе се одржат свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска од Институтот за македонска литература, проф. д-р Ермис Лафазановски од Институтот за фолклор и Бисера Бендевска, ...
Сподели По повод државниот празник 11 Октомври – Денот на македонското востание, хорот „Менада“ од Тетово на 10 октомври ќе настапи во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул, како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија. За настапот во Истанбул, хорот „Менада“ ќе се претстави со програма која вклучува духовна музика, како и изведба на популарни ...
Сподели Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ во Тиват, Црна Гора, каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони. На средбата претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за цврстата и континуирана поддршка од Хрватска во процесот на евроинтеграции, што е најдобриот пат за развој на нашиот регион и ...
Сподели Почина Михаил Ренџов, еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач. Телграма со сочувство до семејството упати и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој посочи дека неговиот придонес кон развојот и промоцијата на македонската култура е навистина огромен. „Ренџов поседуваше уникатен авторски профил, кој во наследство на идните генерации им остави бесценети поетски збирки и други значајни дела, со кои ѝ ...
Сподели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, говорејќи околу тоа зошто уставните измени се проблем да се донесат пред да се добијат јасни гаранции дека нема да има нови пречки од страна на Бугарија на патот кон ЕУ, истакна дека и ние имаме проблем со тоа што Бугарија не им дозволува на Македонците таму ниту невладина да регистрираат, а Европскиот ...
Сподели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, на прашање за повикот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче за информирање на планот за надминување на проблемот со Бугарија истакна дека кога ќе има нови детали опозицијата ќе биде информирана, оваа влада нема да ја повтори грешката на СДСМ кога беа на власт и сами го тераа процесот без да информираат и без да се консултираат со опозицијата. – Не ја ...
Сподели Денес, тука во Скопје имавме значајна и искрена средба со премиерот на Република Србија, господинот Милош Вучевиќ. Нашата средба беше повеќе од формален состанок, таа беше израз на заедничката желба за подобра иднина и зацврстување на врските помеѓу нашите две земји. Во срцето на нашите разговори беше разбирањето дека споделуваме многу повеќе од заедничка граница. Многу од граѓаните на двете земји споделуваат историја, култура, ...
Сподели Во ЛУ Градски музеј Крива Паланка отворена е мултимедијална изложба насловена „Дневник“ на ликовниот уметник и графичар Стефан Јакимовски-Стеф. На изложбата, која претставува магистерски труд на Јакимовски, се поставени повеќе ликовни, визуелни и мултимедијални дела во различни техники и тоа 19 графики, 100 бетонски објекти со основа на квадрат и вметнати разни материјали, како и 20-тина бележници (дневници). Делата се инспирирани од ...
Сподели Со голема загриженост ги следиме информациите за трагичната смрт на 14 месечното новороденче на Клиниката за детски болести и она што се случува. Министерството за здравство и сите надлежни институции итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се утврдат причините за овој трагичен настан за кој мора да има одговорност, бараат од СДСМ. Потврдените информации дека бебето било одбиено да биде хоспитализирано се крајно загрижувачки. ...
Сподели Оваа година, во фокусот на програмата на “ЗДРАВО МЛАДИ” е холандската современа култура. Благодарение на прекрасната соработка со Холандската амбасада во Скопје, во рамките на 14 издание на фестивалот покрај веќе најавената музичка програма, ќе има и Нов МКЦ мурал! Нацртан од страна на еден од најпознатите ротердамски артисти, Јорен Јошуа, чија специјалност се духовити и апсурдни илустрации од секојдневниот живот. Неговите цртежи, ...
Сподели Денеска, со почеток во 10 часот претседателот на Владата на РС Македонија Христијан Мицкоски, ќе го пречека и ќе биде домаќин на посетата на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ и српската делегација. Во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба на претседателот на Владата, Мицкоски со претседателот на Владата на Република Србија, Вучевиќ. Исто така ќе се одржи и пленарна средба помеѓу делегацијата на ...
Сподели Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата ...
Сподели Демократската Унија за Интеграција денеска одржа Прес-конференција на која го соопшти за бројните неуспеси на Владата во однос на економскиот развој, зголемувањето на стандардот на граѓаните и финансиската стабилност. ДУИ потенцираа дека наместо Владата да ја забрза реализацијата на капиталните инвестиции, тие го направија спротивното, скратија капитални проекти кои влијаат на економскиот развој на државата, како што беше случајот со ...
Сподели Херман Хесе вели: „Многу добри работи би се случиле доколку секој гласно каже што сака!” Cегашниот свет изгледа како место каде што никој не кажува што сака. А никој и не прашува! Како да им е сеедно, а од „сеедно“ никој се нема вратено. Светскиот безбедносен систем е клинички мртов, a планетата влегува во неконтролиран хаос. Состојбата наликува на 1938/1939 година, кога се молчело додека Австрија била анектирана! Сe молчело и по ...
Сподели Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна работна посета на Ливерпул, Обединето Кралство, каде што оствари средби со градоначалникот на Ливерпул и со истакнати претставници од британски културни институции, во насока на искуства за организацијата на „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“. На средбата со Клер МекКоган, директорка на „Култура на Ливерпул“ надлежна за повеќе сегменти од културната ...
Сподели Денеска (06.10.2024) во 01.40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода М.К.(19), И.Ц.(21) и Б.Ј.(20), сите од Штип, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Денеска (06.10.2024) во 03.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода ...
Сподели Морам да кажам дека сме исклучително задоволни од тоа што се случува во одредени маркети, не во сите, бидејќи во некои за жал имаме и шпекулативно однесување. Но, таму каде што се намалени цените, се намалени со оваа таканаречената есенска кошничка некаде и повеќе од 10 проценти. Посебно тоа се однесува на производите кои се од житарици, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на ...
Сподели СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека утре, на 7 октомври поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. ...
Сподели Вицепремиерот на Владата Изет Меџити на прес-конференција за првите 100 од новата влада се фокусираше на борбата против коцкатањето како една од главните точки што ја ветија како предизборно ветување. Според него, коцкањето во последните години стана рак на општеството каде илјадници наши сограѓани претрпеле финансиски, семејни, морални и економски штети. „Илјадници наши луѓе заминаа и побегнаа во странство. Претходната власт го ...
Сподели Во импресивна атмосфера со голем број на жени и девојки, делегати и гости, во присуство на претседателот Арбен Таравари и раководството на партијата, Собранието на жени при Алијансата за Албанците ја одржа втората Конференција. За претседателка беше избрана г-ѓа Елфете Исмаили, заменик министер за одбрана. Женското собрание при Алијансата за Албанците избра и други тела, каде што г-ца Мимоза Муса, актуелна пратеничка, додека за ...
Сподели Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји денеска ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и многу ведри и задоволни лица. Ваква беше сликата на стартот на јубилејното 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон. Трките започнаа точно во 8 часот пред Собранието на Република Mкедонија. Тркачите на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон се упатија накај населбата Хром, по улицата Теодосиј Гологанов, ...
Сподели Денеска (04.10.2024) околу 10.15 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода С.Х.(55) од Косово. Тој управувал минибус на релација Косово– Грција и кога пристапил на пасошка контрола, поради тоа што немал сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му понудил поткуп. За случајот бил известен Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за ...
Сподели Поради влошената здравствена состојба на еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Кривичниот суд ги отповика следните две рочишта. “Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. од ноември 2023 – та година, ја известуваме јавноста дека: ЈЗУ Универзитетска клиника за ...
Сподели Подгответе се за единствениот настан од светски размери каде се претставува уметноста преку мастило. Скопје ќе биде домаќин на втората интернационална конвенција за тетовирање, Skopje Tattoo Show 2024, која ќе се одржи на 12 и 13 октомври во Skopje Event Center. Skopje Tattoo Show ќе биде место каде што ќе се слави различноста, креативноста и уметничкото изразување преку тетовирањето – форма на уметност која има долга историја и ...
Сподели НУ Драмски театар Скопје вечер (4 октомври), со претставата „Чудесна терапија“, ќе настапи на 16. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка. Претставата почнува во 19:30 часот во Националната установа Центар за култура Крива Паланка, а Фестивалот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – град на културата за 2024“. Претставата „Чудесна терапија“ е на редовниот репертоар на Драмскиот театар Скопје од 2019 ...
Сподели Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои доцна попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни (над 30 л/м2). Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме проследени со појава на грмежи, особено во западните делови. Вдолж Повардарието, во Пелагонија и во североисточните делови ќе дува засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени. Скопје од 14 до 27 степени. Времето и ...
Сподели Во овие 100 дена видовме специјална соработка со Унгарија и специјална стратешка соработка со ДУИ, ништо друго, нагласи пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески, во емисијата 24 Анализа на телевизија 24. -Историјата се повторува како фарса, ВМРО-ДПМНЕ во 1998 ги доби изборите со ветување дека ќе ја укине Времената спогодба и привремената референца, дека ќе го врати знамето од Кутлеш и такви романтичарски ветувања, од кои ветувања, после ...
Сподели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, говорејќи за преговорите со Бугарија, истакна дека во истите не се влегува само за да се учествува, туку треба да се избориме за успех, при што потенцираше дека Гоце Делчев за него е титан на македонската борба. Не сум во оваа приказна само за да учествуваме, туку да завршиме со успех. Тоа е суштината на целиот овој процес. Не е ...