Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Сподели Синоќа, на голем собир во Арачиново, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги заокружи мобилизациските средби на партијата со говор исполнет со силни пораки за еднаквост, партнерство и заштита на темелите на мултиетничката држава. Во преполна сала со граѓани, Ахмети испрати јасни сигнали до оние кои се обидуваат да ја вратат државата назад. „Ние не ја носиме државата со себе – ние имаме право да ја водиме, ...
Сподели СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(56) од село Ореше, општина Чашка, С.М.(40) и Д.Д.(37), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Имено, на 10.05.2025 во 10.35 часот во СВР Велес било пријавено дека во близина на село Капиново, општина Чашка, настанал пожар ...
Сподели Вчера, во Тирана, беше постигната согласност за Заеднички договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. “Ова партнерство значи многу повеќе од билатерален аранжман. Ова партнерство кое е архитектура за иднината. И токму затоа ја отвораме вратата за највисоко ниво на соработка со Обединетото Кралство. Во одбраната. Во борбата против организираниот криминал и нелегалните финансии. Во образованието. Здравството. Културата. ...
Сподели Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со Н.Е. Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во Република Северна Македонија. Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Палминтери за предизвиците и актуелностите со кои се соочува Уставниот суд. На средбата беше изразено заедничко задоволство од нивото на развој на билатералните односи, при што е договорено зајакнување на соработката помеѓу ...
Сподели Во изминативе три дена (13./14./15.05.2025) во рамки на реализираните сообраќајни контроли што полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи во континуитет ги спроведуваат на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 2018 платни налози од кои што во најголем број, односно половината се однесуваат на прекршоците: непрописно паркирање 600, брзина на движење спротивна од пропишаната 256, како и управување на возило без ...
Сподели Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската интеграција не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтеграција. Истакнувајќи дека земјава e фокусирана на спроведување на реформската агенда заради достигнување на европските стандарди, таа истакна дека Копенхагенските ...
Сподели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно со Миња Милетиќ“ на Euronews Србија истакна дека нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, и изрази жалење што корумпирани политичари претходно за да останат на власт прифаќаа се и сешто. “Ако ние го прошириме ние нашиот Устав со повеќе делови од народи, бидејќи таму се наоѓаат и албанскиот, српскиот, турскиот, ромскиот, бошњачкиот и така натаму, тогаш се ...
Сподели Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, ја поднесе својата оставка и ја достави до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. “Почитуван Премиер Мицкоски, Со ова писмо, Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Република Северна Македонија. Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство ...
Сподели „На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“ Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот. ...
Сподели Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад и силување согласно член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 февруари вечерта, со умисла и на сила, спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја присилил на полов однос. Делото го извршил во автомобил, на паркинг во Сопиште, така што најпрво без согласност ...
Сподели Премиерот Мицкоски во неговото интервју за Euronews се осврна и на економската состојба во Македонија и животниот стандард на македонските граѓани. Според него македонските граѓани живеат тешко, како и останатите жители на регионот, но она коешто е разлика е дека се враќа надежта. “Параметрите кои се постигнати оваа година се многу јасни. 2024 година милијарда двесте педесет и пет милиони евра странски директни инвестиции. Македонија ...
Сподели Од УХМР известуваат дека под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30л/м2). На повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Утре ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите ...
Сподели Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работен состанок со Умер Ал-Катиб, раководител на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На состанокот се разговараше за идните активности кои Уставниот суд и Мисијата на ОБСЕ во Скопје заеднички ќе ги спроведат, во насока на продолжување на соработката и склучување нов Меморандум за разбирање. Меѓу приоритетите кои Костадиновски ги нагласи е ...
Сподели Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не гласаа и не го поддржаа предлогот на СДСМ на дневен ред да се стави Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани. – Го предложивме ова законско решение затоа што не станува збор за обичен законски текст, туку за морална, институционална и човечка обврска на сите нас. Тој произлезе од големата трагедија што ни се случи во Кочани, каде што животот го загубија 62 лица, а уште 250 беа ...
Сподели Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка – замрзнување на паричните средства во износ од околу 3 милиони евра од банкарска сметка на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола, бидејќи постои основано сомнение дека парите се стекнати како незаконска корист од кривично дело – Злоупотреба на службена ...
Сподели Спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди за напојување со електрична енергија и друга стока. Спречен обид за криумчарење лекови на граничен премин Деве Баир. Запленети се пет парчиња ампули Genotropin GoQuick од 12 mg, 50 вијали Dysport, раствор за инјектирање чиј внес во државата подлежи на посебни дозволи од надлежни институции и истиот е строго ...
Сподели Денес, во просториите на Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир беше реализирана вредна донација од страна на компанијата Мармарис, преку г. Јусуф Алиу, со цел подобрување на условите за пациентките и поддршка на работата на медицинскиот персонал. Донацијата вклучува 10 лабораториски столици за вадење крв, кои ќе придонесат за олеснување и зголемување на ефикасноста на секојдневните медицински процедури. На настанот присуствуваа ...
Сподели Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува Планот за инфраструктурен бум што беше најавен Македонија 2025, изјави: „Да, тоа ќе биде еден, би рекол инфраструктурен бум, ако можам така да го наречам. Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Откако сето тоа ќе биде завршено граѓаните ќе патуваат и ќе можат да го ...
Сподели СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,запуштање и малтретирање на дете’’. Пријавената, од користољубие и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, го запуштила детето и го наведувала на питачење. На 10.04.2025, пријавената го однела своето дете на Граничен премин Табановце, при што од полициски службеници било затекнато ...
Сподели Министерството за правда информира дека е завршен процесот на подготовка на Предлог Законот за Судскиот совет во кој се инкорпорирани препораките од Оценската мисија на ЕК. “Со оглед на обемноста на законските измени, речиси 2/3, се премина кон изработка на целосно ново законско решение. Предлог Законот е доставен на мислење до Венецијанската комисија, а клучни новини кои ги предлага работната група се: – Уредување на постапката за ...
Сподели На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија. Таа нагласи дека, и покрај серијата економски и геополитички шокови во последните неколку години, успешно се ...
Сподели Владата на Христијан Мицковски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето неодговорно однесување, се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјава за остварување на стратешката цел – членст вото во ЕУ. Иако го поставија како прв приоритет во рамките на новата Влада, Премиерот и неговиот најблизок круг целосно се откажаа од европското досие, и тоа веќе не го кријат во ...
Сподели Таравари да одговори со што е уценет. Ова негово неразумно однесување може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДС го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ. Арбен Таравари треба да е искрен и да признае дека информациите кои сега ги лиферува за излегување од Владата, како на пример дека не биле третирани добро албанските прашања или дека имало ...
Сподели Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид. Смирено сме фокусирани на нашата работа кон Октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки. Самиот факт што ...
Сподели Во рамките на кампањата „Заедно знаеме повеќе“ на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, караванот предводен од потпретседателката на партијата, Весна Бендевска, заедно со претседавачот на Централниот одбор, Игор Филков, и членовите на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски и Ристо Николовски, остварија средба со граѓаните на Кочани. Откако им оддадоа почит со едноминутно молчење на настраданите во ужасната трагедија што се случи во овој ...
Сподели Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информација за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот април 2025 – април 2027 година и истите изнесуваат 2.319.311.828,00 денари со вклучен ДДВ, од кои 1.854.864.916,00 денари со вклучен ДДВ се средства потребни за ...
Сподели Преку Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Македонија, од вчера и официјално стана дел од единствената глобална платформа за управување со податоци за здравјето на животните. Таа ги интегрира информативните системи за нотификација на болестите кај животните на Европската комисија (ADIS) како центар за управување со податоците за здравјето на животните во Европската унија (ЕУ) и Светскиот информативен систем за здравје на ...
Сподели Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик. Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост ...
Сподели На 12.05.2025 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Д.Ф. (67), К.Г. (37), Ј.И. (64) и И.С. (41), сите од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ. Пријавениот Љ.Д.Ф. во својство на службено лице – Шеф ...
Сподели Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов ја запозна амбасадорката на САД Анџела Агелер за претстојните реформи во кризниот менаџмент и цивилната заштита и подготовките за справување со пожарите на отворен простор, капацитетите и ресурсите на државата, како и со искуствата од безбедносните предизвици и кризните состојби во земјата. За континуираната поддршка во обука, опрема и инфраструктурни инвестиции од САД, ...