На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...

Вчера, од системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 526 прекршоци, првпат не е регистриран ниту еден за минување на црвено светло Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило ...

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2025 година продажбите достигнуваат 13.837.976.447 денари, што е за 3 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 20.899.116.085 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно реконструираната спортска сала „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ. Во интервју за „Тема на денот” на Сител телевизија, Герасимовски посочи дека на следната седница на Советот ќе ја предложи точката салата официјално да биде именувана „Лазар Лечиќ“. Предлогот произлегол од иницијатива на ветераните на КК „Работнички“ и спортската ...

Денеска, со почеток во 20 часот, во Евангелистичката Црква „Соулкрафт“ во Скопје (бул. Илинден бр. 9, спроти Владата) ќе биде отворена ликовната изложба „Емотивни пејзажи – никаде толку луѓе како во еден човек“ на историчарката на уметност Јасмина Котевска и сликарот Тони Попов. Изложбата претставува циклус експресионистички портрети и автопортрети создадени како непосреден одговор на внатрешните емоционални состојби на авторите. Наместо ...

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата архива на една партиска шема што со години се штитела од јавноста. Кога црната кутија еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот. Куќниот притвор не е олеснување. Тоа е знак дека приказната ...

Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно контролирано судство и обвинителство од страна на ВМРО-ОКГ. Со месеци СДСМ предупредува дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Се менува јавен обвинител за да се стави обвинител под контрола на власта, се елиминираа независни кандидати, се инсталираа партиски кадри. Сопруга ...

Денеска, Уставниот суд ќе ја одржи 5. седница со Дневен ред на кој ќе се дискутира по седум предмети за оценување на уставност и законитост на одредбите поврзани со т.н. линеарно зголемување на пензиите, од кое се исклучени пензионерите кои живеат надвор од Република Северна Македонија. Пред Судот се доставени пет иницијативи со кои подносителите сметаат дека ограничувањето на зголемувањето само на пензионерите кои пензијата ја примаат во ...

Во пресрет на Денот на жената – 8 март на приземјето во Скопје Сити мол од 5 до 8 март ќе се одржи голем базар под слоганот „ЗА ТАА ШТО ТИ Е СÈ“. На базарот учество ќе земат успешните и докажани брендови: Solar creations, СОС Детско село, Coral Jewelry, LaSoy & LA CHA, МЕДЕНА, Stardust Kejt Rakotvorbi, tilia.organica, Тиноски, Добро ми стои, M&M Luxury Soap Bouquet, Nebula jewelry, Игнеа Козметика, Монкдолс, CustomCakes од Бојана ...

Денес, македонската поштенска историја испиша уште една златна страница. Од печат официјално излезе осмата поштенска марка посветена на децата со Спинална мускулна атрофија (СМА). Ова не е само филателистички успех, туку симбол на една долгогодишна, нескршлива борба за живот и гласно препознавање на реткоста. Македонија, преку овој проект, веќе осум години по ред во месецот на ретките болести, го потврдува својот статус како прва и ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција, со цел да информира за акцијата која е во тек кај компаниите што поседуваат одобрение за одгледување канабис за медицински цели, која доби и дополнителна институционална тежина по денешната седница на Владата. – Денес упатуваме порака дека државата повеќе нема да гледа настрана таму каде што има сомнеж за злоупотреба на дозволи, пропусти во институционалниот надзор и ризик ...

Демократската Унија за Интеграција изразува крајно незадоволство и директно протестира против заканите врз судската и обвинителската фела од страна на министерот Филков во неговиот последен јавен настап. Извршната власт не само што нема уставно право да сугерира правци на постапување на правосудните органи, туку улогата на Министерството за правда е да го заштити интегритетот и независноста на судската власт, особено во вакви случаи каде ...

Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра. Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори. „Досега, почитувајќи го ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ја отвори целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата. Во рамки на свеченоста се одигра ревијален натпревар меѓу младинскиот состав на КК „Работнички“ и шампионите од Лига Центар од ООУ „Кочо Рацин“, проследен со настапи на хип-хоп групи и богата спортска програма. На отворањето, покрај бројните гости и советниците ...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола, тројца со забрана за управување возило од Б категорија, еден под дејство на алкохол, додека еден возач управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Пробиштип, општина Старо Нагоричане, Куманово, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Тетово ...

Денеска се одржа деветтата седница на Советот на Општина Карпош, каде советниците разгледуваа и одлучуваа по три точки од дневниот ред. Оттука, поддршка доби Предлог – Одлуката за кофинансирање на проектот кој го објави Министерството за локална самоуправа на РСМ, насловен како „Набавка на телескопски натоварувач со променливи корпи“. Станува збор за набавка на механизација која ќе ја користат службите од Општина Карпош, задолжени за ...

ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2026 Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по ОСМИ пат ќе се обидеме да се сретнеме со храбрите приказни и поблиску да Ве запознаеме со сите оние кои живеат со предизвиците и проблемите кои се невидливи. Ајде да започнеме нова страница во разбирањето и емпатијата, бидејќи ...

Откако ДПМНЕ Артан Груби глатко го пушти во бегство, 14 месеци недостапност завршија со куќен притвор. Лице кое повеќе од една година било недостапно за органите на прогонот, што претставува најсилен можен доказ за ризик од бегство, добива поблага мерка. Во правна држава, ваква околност води кон засилување на притворот, кај нас, води кон негово олеснување, реагираат од Левица. Дополнително загрижува фактот што јавноста доби две спротивни ...

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води исклучиво од законските основи. Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се реализира со ...

По повод Меѓународниот ден на жената Националната библиотека продолжува со својата традиција на организирање настан под мотото ,,Убавите жени во мојот народ”. Ексклузивна, фантастична, концептуална изложба со наслов ,,Убавите жени на мојот народ” (Едиција 2), од авторот Славчо Максимовски. Хол на Националната установа универзиотетска библиотека Св. “Климент Охридски” – Скопје, 6 март, со почеток од 18 часот. Приказна за македонската убавина ...

На 21.02.2026 и 22.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Д.Г.(19) од село Секирник, струмичко, Р.П.(38) од село Владевци, струмичко, А.Т.(26) од село Еднокуќево, струмичко и К.Г.(19) од Струмица поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со настанатиот пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавено во Струмица. На 22.02.2026, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите ...

„После денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор“, рече Кузеска. Таа потсети дека СДСМ уште во декември 2024 година предупредуваше на вакво сценарио. „СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година. Сега само се потврди пред очите на македонската јавност“, нагласи Кузеска. Станува збор за координирана акција меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. „Како што се договорија да го пуштат, ...

По година и пол бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДС и ДУИ. Артан Груби кој важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, конечно ќе се соочи со правдата. За потсетување на јавноста, криминалот на бегалецот од правдата, Груби достигна вредност од минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а има индиции дека оваа сума може ...

На 14 март (сабота) со почеток во 12 часот, Македонската филхармонија ќе одржи Симфониски концерт за деца со премиера на новата приказна „Магичната флејта на Вулфи“. Авторка на приказната, којашто ќе биде и нараторка на концертот, е Тина Иванова, додека како актер ќе настапи миленикот на детската публика, Мартин Јордановски. Диригент е маестро Иван Еминовиќ, а оркестарот ќе изведе дел од богатиот опус на славниот Волфганг Амадеус Моцарт. ...

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер. Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на ...

“Груба лага и манипулација се тврдењата за некакви проекти налик на искуства од други држави во регионот. Ниту сме планирале ваков тип на урбанизација ниту планираме. Свесното извртување на факти и пласирањето на ноторни лаги е опасна игра со јавноста која остро ја осудуваме,” се наведува во соопштението на Општина Карпош која остро ги демантира информациите и изнесените наводи за урбанизација на општината. “Во име на транспарентноста и ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во периодот од 2020 до 2024 година, откако бил поставен како вршител на должност директор, а потоа именуван за директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом Куманово, склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата, без ...

Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан. Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Но, ...

ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2026 Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по ОСМИ пат ќе се обидеме да се сретнеме со храбрите приказни и поблиску да Ве запознаеме со сите оние кои живеат со предизвиците и проблемите кои се невидливи. Ајде да започнеме нова страница во разбирањето и емпатијата, бидејќи ...

Денеска, на 23 февруари 2026 година, во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ, информираат од Министерството за внатрешни работи. Денеска, на 23 февруари 2026 година, во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.13
63%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
2.68
59%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.99
71%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.9
71%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.85
54%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
0.78
69%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.24
47%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.84
85%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.2
66%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.02
85%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 21ᴼ
0.45
52%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
4.62
64%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.4857

Currency

71.3414

Currency

37.6712

Currency

38.2758

Currency

66.9831

Currency

7.89326

Currency

0.73197

Currency

0.33346

Currency

0.52516

Currency

1.15868

Currency

0.55875

Иридиум

253540.09

Бакар

12.81

Злато

139117.96

Рутениум

49769.36

Паладиум

38484.44

Платина

56649.62

Цинк

0.00

Родиум

258813.51

Калај

54.21

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.60

Сребро

2199.66