Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На 15.02.2026 година во 06:50 часот на МПА2 од Кичево кон с.Колари на влез после мостот каде што претходно имаше појава од одрон од кој беа зафатени двете сообраќајни ленти ...

Вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција. Денот го започнавме на средба со Тед Дојч, инаку претседател на американско-еврејскиот комитет, средба на којашто разговаравме за глобалните безбедносни предизвици, но и мирот којшто секогаш треба да претставува наша цел кон којашто како политичари треба да се стремиме, изјави премиерот Мицкоски од Минхен. Веднаш потоа присуствував на исклучително инспиративното обраќање на ...

На 13/14.02.2026 во периодот од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени соодветни мерки по претходно изготвен план за зајакнати активности за одржување на поволна безбедносна состојба на централно градско подрачје. При тоа извршени се проверки на идентитет на 24 лица, преглед на 17 лица и преглед на четири возила. За време на контролата констатирани ...

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по ОСМИ пат ќе се обидеме да се сретнеме со храбрите приказни и поблиску да Ве запознаеме со сите оние кои живеат со предизвиците и проблемите кои се невидливи. Ајде да започнеме нова страница во разбирањето и емпатијата, бидејќи сите заедно ја имаме силата на ...

„Одиме кон креирање на новата партиска програма, во процес на сериозна, многу честа комуникација со членството, којшто процес ќе заврши на почетокот или средината на месец јуни со уште еден програмски конгрес, на којшто ќе ја презентираме новата партиска програма на СДСМ“, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија. Филипче потенцираше дека СДСМ не е и нема да биде контролирана опозиција и дека ...

Скопје се подготвува за спектакл од светска класа! На 13 март 2026 година, во арената „Борис Трајковски“, ќе настапи мега популарниот HUGEL со своето ексклузивно шоу “UP ALL NIGHT” и интересот е огромен уште од самиот старт. Ова е единствен настап на HUGEL во регионот, што дополнително го зголемува значењето на настанот. Францускиот диџеј и продуцент моментално е на светска турнеја со настапи речиси секој ден во различен дел од светот-од ...

Министерството за дигитална трансформација и VISA потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува рамка за заеднички активности насочени кон олеснување на дигиталната интеракција помеѓу администрацијата и граѓаните, унапредување на дигиталните услуги, воведување и проширување на прифаќањето и исплатата на дигитални плаќања каде што е потребно, како и зголемување на достапноста на електронските државни услуги за граѓаните и бизнисите. ...

Европската балетска елита доаѓа во Скопје оваа година Од 21 до 29 октомври 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство во модерен, џез и класичен балет – еден од најреномираните танцови настани на континентот. Првенството ќе се одржи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и ќе обедини повеќе од 3.500 танчери од над 30 европски држави. Настанот е во организација на студиото „Брејк А Лег“, кое најавува девет дена интензивна ...

Општина Центар и годинава е домаќин и покровител на традиционалната манифестација „Дебармаалски средби и серенади“, која се одржува по повод празникот на виното и љубовта, во организација на здружението „Гороцвет“ и Здружението на пензионерите од Општина Центар. Манифестацијата започна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, каде што градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со познатиот уметник Живко Поповски-Цветин и присутните граѓани, ...

Во првите 100 дена од мојот нов мандат како градоначалник на Општина Илинден, покажавме дека довербата што повторно ни ја дадоа граѓаните значи уште поголема одговорност, посветеност и работа со јасна цел, континуиран развој и подобар квалитет на живот за граѓаните на Општина Илинден. Новиот мандат го започнавме со силно темпо во подобрување на патната и на комуналната инфраструктура. Во тек е изградбата на нов плочест мост и сервисната ...

Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини ја информира јавноста дека во целост ги отфрла Правилникот и Водичот донесени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), оценувајќи дека истите се надвор од законските рамки и не се усогласени со реалноста на дигиталниот простор. Според ставот на инфлуенсерите, предложените акти не нудат системско решение за транспарентноста и одговорноста во интернет ...

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата. Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници за внимателно, совесно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на виното и љубовта 14 Февруари – Свети Трифун и Ден на вљубените. Празниците се време за радост, блискост и споделени мигови со саканите. Но, вистинското прославување е она по која сите безбедно се враќаме дома. Затоа, не дозволувајте момент на невнимание да ја засени ...

ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2026 Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по ОСМИ пат ќе се обидеме да се сретнеме со храбрите приказни и поблиску да Ве запознаеме со сите оние кои живеат со предизвиците и проблемите кои се невидливи. Ајде да започнеме нова страница во разбирањето и емпатијата, бидејќи ...

“Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, која очигледно и веќе во неколку наврати не ја разбира функцијата која ја обавува и мандатот кој и е доверен од граѓаните,” реагираат од Левица. “Објавувањето снимка во која се појавуваат малолетните деца на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија претставува особено тежок морален и институционален пад за носител на јавна функција. ...

Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец. На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата. ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција. Во рамки на конференцијата, премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски ...

РС Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што се зајакнува билатералната економска соработка и се отвора поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании. „Денес правиме значаен исчекор во економската соработка со нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Усогласивме заедничка изјава и рамка за Договор за ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави: „Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа ...

Нападите врз предметите на СЈО и црната кампања преку мадиумите на Орбан во Македонија се дел од организирана политичка операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок. Станува извесно дека блискиот сојузник на ВМРО, Виктор Орбан, може да се соочи со пораз на изборите во Унгарија. Оваа нова реалност ја гледа и самиот Груевски. Наместо да ја отслужува казната во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на осудениот ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природа со отпад од член 230 од Кривичниот законик. Во периодот од 28.02.2025 до 09.07.2025 година, обвинетите незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, запаливост, ...

По месеци интензивна работа и поминување на сите неопходни административни и правни процедури, конечно стигнавме до одлука со која го решаваме деценискиот проблем со паркирањето во кругот на клиничкиот комплекс. Ова прашање го најавивме како еден од првите приоритети, чие затворање беше условено од сложени постапки и усогласувања. Со последната одлука на Владата, оваа работа добива јасна институционална рамка и се отвора патот кон трајно ...

Група пратеници од власта, до Собранието доставија срамни предлог измени, на уште посрамен и исклучително погрешно замислен и применет закон, Законот за постапување со бесправно изградени објекти, реагираат од Левица. Уште кога беше донесен овој закон во 2011 година – со кој се легализира неправото – се воведе реална опасност за легализација на секаков тип на објекти, без разлика на нивната безбедност. Неспособноста на своите градоначалници ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека станува збор за проект кој се покажа како значаен и корисен, и ги повика граѓаните кои имаат потреба од ваква услуга активно да ја користат. „Со овој проект им го олеснуваме животот на лицата со попреченост. За реализација на услугата, Општина Центар издвои 500.000 денари од сопствениот буџет, со цел да им го олесни пристапот до болниците и лекарите на граѓаните на кои тоа ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењата на инфлацијата, изјави: „Па јас како што веќе во неколку наврати кажав дека оваа година очекувам да се стабилизираме под 3%, да бидеме со годишната инфлација. Очекувам некој месечен негативен тренд, односно опаѓање споредено со минатата година. Минатата година во јануари ...

Заокружувањето на роденденската програма на МНТ е закажано за 4 април, кога ќе биде изведена претставата „Од другата страна“ во продукција на Црногорско народно позориште од Подгорица. Режисер на претставата е Борис Лијешевиќ. Драматургијата е на Стела Мишковиќ и Стефан Бошковиќ. Улогите ги играат: Александар Радуловиќ, Лазар Ѓурѓевиќ, Кристина Обрадовиќ, Зоран Вујовиќ, Нада Вукчевиќ, Тихана Ќулафиќ, Жана Гардашевиќ Булатовиќ, Бранка ...

ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2026 Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по ОСМИ пат ќе се обидеме да се сретнеме со храбрите приказни и поблиску да Ве запознаеме со сите оние кои живеат со предизвиците и проблемите кои се невидливи. Ајде да започнеме нова страница во разбирањето и емпатијата, бидејќи ...

Денеска (12.02.2026) со почеток од 12 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на ул.„Димитрие Чуповски “ и ул.„Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. МВР апелира граѓаните ...

На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026. На Саитов му е ...

Националната установа „Охридско лето“ е добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“ на 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Република Турција, како признание за високо-квалитетната програма на 65. издание на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација. Со оваа награда, „Охридско лето“ уште еднаш ја оправда својата репутација како центар на врвната уметност, со програма што ги обедини ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.03
63%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.68
64%
1016
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.94
82%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
78%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.97
66%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.73
85%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
49%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.31
85%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.44
70%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.92
85%
1016
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
0.45
51%
1016
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
4.47
71%
1016
Currency

61.635

Currency

53.4857

Currency

71.3414

Currency

37.6712

Currency

38.2758

Currency

66.9831

Currency

7.89326

Currency

0.73197

Currency

0.33346

Currency

0.52516

Currency

1.15868

Currency

0.55875

Платина

56649.62

Калај

54.21

Кобалт

45.39

Злато

139117.96

Родиум

258813.51

Сребро

2199.66

Паладиум

38484.44

Цинк

0.00

Рутениум

49769.36

Алуминиум

3.60

Иридиум

253540.09

Бакар

12.81