Сподели Под мотото „Совреме муабети за современ театар“, на 15 јануари (среда) во 18:00 часот во фоајето од НУ ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи промоција на книгата „Современи театарски осврти“ од Звонко Димоски, во која се објавени и осврти за претстави од театарот „Војдан Чернодрински“. Промоцијата ќе ја води Оливера Андоноска. Промотор ќе биде Габриела Стојаноска Станоеска. Дизајнот на насловната фотографија е на „Civette Production“. ...

Сподели Волонтирањето не е само доброволна активност, туку претставува и патување кое отвора нови можности, ги проширува перспективите и го поттикнува личниот и професионален развој. Преку волонтерските активности, младите добиваат можност да придонесат за заедницата, да стекнат нови вештини и да изградат вредни врски. Личен развој преку волонтирање Волонтирањето им помага на младите да ги развијат своите меки вештини, како што се ...

Сподели Во синоќешното гостување на „Топ Тема“, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека неколку минати раководства на ФИТР, работеле криминално и направиле бројни финансиски злоупотреби и криминали, за кои се поднесени и се поднесуваат кривични пријави. „Се покажа дека Фондот за иновации со сите негови претходни директори во последните 6 години работел многу криминално. Неколку милиони евра штета се во прашање ...

Сподели Претставата „Еволуцијата на распадот“ во режија на Дамјан Димовски, ќе биде премиерно изведена вечерва (14. 1.2025 г.) во 20 часот на сцената на Драмски театар во Скопје. Претставата е прва од петте што ќе бидат изведени како дел од посветата на независната сцена во Драмски. Работена е според „Отело“ на Вилијам Шекспир, а во продукција на „Артема – театарска лабораторија“. Музиката е на Дарко Спировски, а играат: Илин Јовановски, ...

Сподели Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република во нашата држава, Паоло Палминтиери. За време на средбата, министерот Муцунски му посака успешна мисија на новиот италијански амбасадор, изразувајќи уверување дека неговото дипломатско искуство и личен ангажман ќе придонесат значително кон продлабочување на ...

Сподели Судот денеска ги прогласи за виновни обвинетите Тони Јакимовски и Валентина Симоновска, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, екс разузнавачи кои избегаа во Грција, на кои им се судеше во отсуство, за за случајот „Тврдина“, т.е. злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК. Горан Грујевски доби 14 години и шест месеци казна затвор, Никола Бошковски ...

Сподели На 12.01.2025 во 08.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.З.(32) од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната. На 12.01.2025 во Куманово, полициски ...

Сподели Општина Центар информира дека на официјалната веб-страница е објавен Граѓанскиот буџет за 2025 година. Овој документ, подготвен во едноставен и разбирлив формат, обезбедува увид во приходите, расходите и планираните капитални инвестиции на општината, претставувајќи ги приоритетите и стратешките определби на локалната самоуправа. „Граѓаните преку оваа апликација можат да имаат увид во тоа како се креира буџетот, како се трошат нивните ...

Сподели Министерот за правда Игор Филков во интервју за Плусинфо соопшти дека Министерството за правда наскоро ќе излезе со кратко законско решение за измени во постоечкиот Кривичен законик, со кое треба да се отстранат штетните последици од законските измени на КЗ од 2023 година. ,, Дефиницијата на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластувања“ е од суштинско значење за функционирањето на правосудниот систем, но, исто така, ...

Сподели Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост во врска со алармантното ниво на загадување на воздухот во Северна Македонија, која, според податоците на Euronews, има највисока стапка на смртност поврзана со загадувањето во Европа – ситуација без преседан. Оваа состојба претставува сериозна закана за здравјето на нашите граѓани, особено за најранливите групи, како што се децата, постарите лица и оние со хронични ...

Сподели Маскирани, вевчанци на сатиричен начин, зачувувајќи ја речиси 15-вековната традиција, ќе ги прикажaт случувањата од изминатата година во јавниот и во политичкиот живот, како во земјава така и во странство. Се верува дека преку маските, Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар, испраќајќи порака за промена на негативните збиднувања во општеството. Дефилето почнува околу ...

Сподели Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, поради основано сомнение дека пријавениот при вршење семејно насилство ја повредил неговата сопруга со која не живее заедно затоа што во тек е бракоразводна постпка. Во домот на родителите на жртвата осомничениот отишол за да го земе на видување нивното шестмесечно бебе, ...

Сподели Со едноминутно молчење и полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, денеска 12 јануари, беше одбележана седумнаесет годишнината од трагичното загинување на единаесетте припадници на Армијата, кои ги загубија своите животи враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Почит на загинатите припадници на Армијата им оддадоа делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена ...

Сподели Пет деца и еден возрасен беа заглавени поради снегот во селото Рајчани, во Општина Кочани. „Во 9:53 часот добиена е пријава преку бројот за итни повици 112 за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во Рајчани и не можат да се спуштат во Кочани. Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се ...

Сподели Денеска откриваме уште еден неприфатлив чин од страна на државна институција – Државниот пазарен инспекторат го укина албанскиот јазик од службена употреба! Во неговите нови документи, албанскиот јазик е целосно избришан, со што се прекршуваат сите законски и уставни норми што гарантираат употреба на двата службени јазици, се наведува во денешното соопштение на ДУИ. Овој чин не е техничка грешка – тоа е намерен акт и флагрантно кршење ...

Сподели СДСМ се противи на национализмот и поделбите кои ги шири ДУИ. ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм, подгревањето етнички тензии и поделби меѓу граѓаните. Таквите изјави и дејствија се целосно неприфатливи и несоодветни за нашето мултиетничко и демократско општество. ДУИ мора да разбере дека граѓаните на Република Северна Македонија, независно од нивната етничка припадност, сакаат мир, стабилност и добри меѓуетнички ...

Сподели На 11.01.2025 во 19.55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 11.01.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР ...

Сподели Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во интервју за ТВ24 ги презентираше клучните чекори за реформа на јавната администрација, нагласувајќи ја неопходноста од политичка волја, квалитетни законски решенија и рационализација на кадровските ресурси. Министерот истакна дека основниот гарант за ефикасна јавна администрација е постоењето на политичка волја во структурата на власт. „Во оваа влада има политичка волја за да ги ...

Сподели Сара Мејс заедно со девојките приреди незаборавна празнична вечер на Божиќниот концерт што се одржа синоќа (10 јануари) во распродадената сала на Велешкиот театар. Со изведба на Божиќни песни, под музичка придружба на Камерниот оркестар од Битола, тие ја донесоа магијата на празничната атмосфера. „Вообичаено за Божик, семејството се собира дома, за да го одбележи овој голем христијански празник. Ви благодарам што нѐ примивте како дел ...

Сподели Ниту пратениците на ДУИ не веруваат во политиката која ја води врвот на ДУИ. Никој повеќе не верува на празните зборови на Али Ахмети, Бујар Османи и Блерим Беџети. Вчерашното гласање за интерпелацијата против Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставува јасен доказ дека ДУИ веќе нема контрола ниту врз сопствената пратеничка група. Само 3 пратеници успеаја да гласаат „за“ интерпелацијата што е сериозна ...

Сподели За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието дека со изгласувањето на интерпелацијата не следува и разрешување на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и спорт, госпоѓа Даути. Од вчерашната седница на Собранието на која беше изгласана интерпелацијата за г-ѓа Даути, за нас исходот е многу јасен. Собранието на Република ...

Сподели Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонија пат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Сподели „Зимската служба започна со расчистување на снегот уште од доцна синоќа, приоритетно на најкритичните локации, како што е подножјето на планината Водно, и на најпрометните улици под надлежност на општината. Со вкупно 4 возила – 2 со плуг и соларка, како и 2 специјализирани возила за отстранување снег, тимовите се на терен од ноќеска и интензивно работат на фрлање сол и расчистување на уличната мрежа, како и на критичните сообраќајни ...

Сподели По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име Премин, надлежниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 14 лица и Обвинителен предлог против две лица. Според наводите содржани во диспозитивот на обвинителниот акт 13 царински службеници ...

Сподели Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја поздрави брзата и професионална реакција на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), кој по применета претставка утврди дека огласот за вработување во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од Липково, е објавен во спротивност со важечките законски прописи. Државниот инспекторат за труд информираше дека на 8 јануари 2025 година, по добиената претставка, извршен е вонреден инспекциски ...

Сподели Од 17 до 26 јануари ќе се одржи зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион. Станува збор за заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали – Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки“. Публиката од земјите чии фестивали се членки на Мрежата, ќе може бесплатно да погледне пет ...

Сподели По пријава од граѓани кои се пожалија на прекумерната бучава во реонот на населбата Карпош 2, овластениот инспектор за животна средина од Општина Карпош веднаш реагираше и излезе на терен, каде направи вонреден инспекциски надзор на местото каде што функционира правниот субјект ДПТУ „Делта Центар“ ДООЕЛ-Скопје, со основна дејност миење на моторни возила. Станува збор за самоуслужна автоперална која се наоѓа на булеварот 8-ми Септември ...

Сподели Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, на социјалната мрежа Facebook, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава. Таквите злонамерни изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад ...

Сподели Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член 258 став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства. Соочен со сериозни закани кон сопствениот и животите на ...

Сподели МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла, а кон крајот на денот со повремен слаб дожд. За викенд ќе биде облачно и студено со врнежи претежно ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1012
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
79%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
60%
1018
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
6.17
57%
1009
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.91
89%
1010
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.55
84%
1017
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.79
80%
1011
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1015
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
76%
1015
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
79%
1010
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 4ᴼ
1.34
72%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
6.17
39%
1010
Currency

61.525

Currency

54.3684

Currency

70.9439

Currency

33.8516

Currency

38.923

Currency

66.6976

Currency

7.40043

Currency

0.64626

Currency

0.37871

Currency

0.52552

Currency

1.42227

Currency

0.62797

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15015.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.45

Сребро

1037.27

Злато

104051.10

Бакар

9.15

Паладиум

28999.97

Платина

29939.28

Родиум

174417.80

Цинк

2.65