
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Сподели За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик е осомничен 22-годишник од Гостивар. Основното јавно обвинителство Гостивар поведе истрага поради основано сомнение дека осомничениот на 2 јануари принудил на сексуален однос 13-годишно девојче. Со жртвата се запознале преку апликацијата “Снеп-чет” и започнале да контактираат и да се гледаат. Кога девојчето не сакало повеќе да ...
Сподели Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека новата градинка Пролет која е прва по пет децении е изградена по највисоки светски стандарди за поквалитетен престој на дечињата и подостоинствени услови за работа на вработените. „Градинката Пролет е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна која треба да обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. ...
Сподели 17 јануари, МНТ Режисер: Нела Витошевиќ Драматуршка адаптација: Ана Ристоска-Трпеноска Продуценти: Владимир Анастасов, Ангела Несторовска; Сектор филм Организатор: Васил Трајковски Композитор на музиката: Огнен Анастасовски Сценограф: Константин Трпеноски Костимограф: Роза Трајчевска-Ристоска Видео едитор и фотограф: Емил Петров Копродукциски проект помеѓу: Македонски народен театар и Сектор филм. Инициран и финансиски поддржан од ...
Сподели Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортира приближно 55 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар. Најголемиот дел од активностите се одвиваа во скопската општина Чаир, каде што е отстранета обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Оваа локација претставува таканаречена „црна точка“ каде ...
Сподели Вчерашната изјава на премиерот јасно го откри неговиот план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик, враќајќи една застарена и неприфатлива формула, како што беше во Законот од 2008 година, каде албанскиот јазик се користеше само на барање на Албанците и преку пополнување на посебни формулари. Ова е отворен обид за укинување на албанскиот јазик загарантиран со Уставот и со Законот за употреба на јазиците од 2018 ...
Сподели Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати честитка по повод празникот Божиќ. “Во духот на празничната магија, дозволете ми од сè срце да Ви го честитам Божиќ – празникот на радоста, надежта и љубовта! Овој свет ден нека донесе топлина во Вашите домови, спокојство во срцата и заедништво меѓу сите нас. Божиќ е време кога се потсетуваме на вистинските вредности – почит, солидарност и заеднички стремеж за подобро утре. Нека ...
Сподели Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, упатува честитка до сите граѓани кои го празнуваат големиот христијански празник Рождество Христово, Божик. Герасимовски, порачува дека најсветлиот христијански празник, Божиќ носи здравје, мир, љубов, но и надеж, за заедништво, за споделување и за меѓусебно помагање. „Човечноста нека биде нашата водилка во секојдневието. Нека овој Божиќ донесе радост и мир во домот, а љубовта и ...
Сподели Претседателот на Собранието, Африм Гаши до граѓаните упати честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ. Почитувани граѓани од православна вероисповед, Во името на Собранието на Република Северна Македонија Ви го честитам православниот Божиќ. Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг, наведува спикерот на Законодавниот дом ...
Сподели „Почитувана Ваша Светост, архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, Почитувани членови на Светиот архиерејски синод, Почитувано свештенство и монаштво, Драги сограѓани, Во мое лично име и во име на Владата упатувам најискрени честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ. Раѓањето на Спасителот на светот е симбол на љубовта, милосрдието и жртвата за доброто на човештвото. Овој свет ден нè потсетува на вистинските ...
Сподели Честитка од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по повод Рождеството Христово – Божиќ до претседателот на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев Од мое лично име и од име на Владата, на сите верници на Евангелско-методистичката црква им го честитам празникот Рождеството Христово – Божиќ, со најискрени желби за здравје, мир и духовен напредок. Божиќ е празник кој нè потсетува на силата на вербата, надежта и љубовта. Тој нè ...
Сподели Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска, од Охрид. Возилото било запалено на 05 јануари 2025 година, во дворот на семејната куќа, во гаражата каде што било паркирано. Според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за намерно предизвикан акт. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ...
Сподели Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев. Имам особено задоволство и чест на сите граѓани кои го прославуваат денот на ...
Сподели Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар. И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата. Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена ...
Сподели Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. При семејно насилство и по кратка меѓусебна расправија, осомничениот со истрел од ловна пушка која ја поседувал со дозвола, со умисла го лишил од живот сопствениот 39-годишен син, со кого живееле во ...
Сподели Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на денешната прес-конференција на која беше најавено претстојното издание на традиционалниот Вевчански карневал, го истакна значењето на како што рече, еден од најавтентичните симболи на нашето културно наследство, со над илајада годишна традиција. Тој подвлече дека Вевчанскиот карневал и покрај предизвиците и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години, опстојува како симбол ...
Сподели Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) ќе може да поднесува иницијативи, барања и предлози до Уставниот суд. Електронското поднесување на поднесоци е овозможено преку интернет страницата на Уставниот суд, односно преку категоријата „Обраќање до Судот”, каде во поткатегоријата „Eлектронско поднесување на поднесоци” се наведени насоки за начинот на електронското поднесување. Поднесувањето ...
Сподели Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, како физичко лице, граѓанин, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд, барајќи вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од с. Липково. Во претставката, Минчев укажува на сериозни неправилности во објавениот јавен оглас број 03-204/3, со кој се бараат четири нови вработувања на неопределено време. Според огласот, критериумите за ...
Сподели Најголемите христијански празници, Бадник и Божиќ, Општина Крива Паланка ќе ги одбележи во празничен дух и атмосфера, организирајќи Бадникова прослава и Божиќен концерт на кои ќе учествуваат гости од земјава и од странство. Прославата за Бадник е на 6 јануари, со почеток во 11,00 часот, на Градскиот плоштад, а ќе започне со Бадникова поворка во која ќе учествуваат над 200 дечиња. Младите коледарчиња со божиќни ѕвезди и песни ќе ...
Сподели На 02.01.2025 во 13 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Р.(52) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. На 02.01.2025 во 14.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, ...
Сподели Општина Гостивар има предвидено доделување на 6.000 денари за секое новороденче во Гостивар. Аплицирањето се врши на веб-страницата на Општина Гостивар, каде што се бараат следниве документи: извод од матична книга на родените за бебето, лична карта на таткото и мајката, банкарска трансакција на еден од родителите и контакт број. Оваа мерка е предложена од градоначалникот на Општина Гостивар, а беше изгласана на последната седница на ...
Сподели Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали во Новата 2025 година во овој Буџетот се предвидени повеќе средства за покачување на пензиите, информираше дека се предвидени зголемувања за мартовската пензија, којашто ќе биде исплатена во месец април. „Да, во новиот Буџет се предвидени зголемувања. Сега во мартовската пензија, односно која што ќе биде исплатена почетокот на април, односно ...
Сподели СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА Зашто Дете ни се роди – Син ни се даде… и ќе Го наречат: Чудесен Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот..[1] Возљубени празникољупци, Воплотувањето на ...
Сподели Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа дали Владата ќе го почитува договорот за повисоки плати во здравството посочи дека оваа Влада ги почитува сите договори дури и тие преземени од претходната Влада. „Владата секако дека ги почитува договорите, па дури и оние коишто се преземени како обврска од претходната Влада, но тоа е што е, а камо ли па своите договори. Ние имаме ...
Сподели Министерот за правда, Игор Филков во интервју за Локално.мк се осврна на актуелните состојби во правосудството, реформите и предизвиците со кои се соочува од моментот на преземањето на функцијата . Враќањето на довербата на граѓаните во правосудниот систем е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Говорејќи за новите имиња на црната листа на САД поради корупција на која се најде и судија, министерот Филков смета дека тоа ...
Сподели Министерството за надворешни работи упати сочувство по масакрот во Цетиње, Црна Гора. „Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас“, велат од МНР. Во масакрот убиени беа 12 лица, а меѓу жртвите има и две деца на возраст од 10 и 13 години. Четири лица се во болница, од кои едно е во многу критична ...
Сподели На 01.01.2025 во 11 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Н.В.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 01.01.2025 во 20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, ...
Сподели Заменик директорот на Македонија пат и претседател на унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, гордо се фотографира со мечка што ја застрелал во декември 2024 година. Мечката е класифицирана како дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането.Фотографиите до кои дојде Анима Мунди, покажуваат дека Дранго откако ја убил мечката, ладнокрвно позира со неа како да е трофеј, што ...
Сподели ЈП Комунална хигиена-Скопје и во текот на новогодишната ноќ реализираше активности за одржување на хигиената и чистотата на јавните површини во градот Скопје, како и празнење на поставените садови за одлагање комунален отпад. Веднаш по завршувањето на новогодишната прослава на плоштадот Македонија, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување на просторот на плоштадот, улицата Македонија и пешачките мостови во ...
Сподели Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“. Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските чинители и со текот на времето прерасна во релевантен показател на корупцијата и на волјата на државата да се справува со ...
Сподели Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски со рендер фотографии ја информира јавноста како треба да изгледа проектирањето и реконструкцијата на новата сала Работнички. Тој вели дека скопјани во Новата година добиваат целосно реконструирана спортска сала Работнички којашто е симбол на Центар и Скопје. “Во Новата година го враќаме домот на македонската кошарка, го враќаме достоинството на нашите кошаркари. Минатата недела ...