
Скопје
5ᴼ /
5ᴼ



Сподели ВЛЕН изразува загриженост и ги осудува изјавите на некој маргинален проруски политичар во Бугарија кој тврди дека „нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија“. Ваквите изјави не придонесуваат кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту пак го олеснуваат процесот за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Сакаме да потсетиме дека Бугарија, со Договорот за добрососедство, се обврза да ...
Сподели Бројот на загинати во застрашувачкиот бран шумски пожари што зафати неколку делови на Лос Анџелес се искачи на најмалку десет. Пожарот „проголта“ околу 10 000 куќи и други згради, а бројот на евакуирани граѓани се искачи на околу 180 000. Пет пожари сè уште се активни во и околу овој град во американската сојузна држава Калифорнија. Во пожарите што го зафатија Малибу, уништени се најмалку пет цркви, синагога, седум училишта, две ...
Сподели Претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. Неговата реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и филмови со воени униформи се несоодветни провокации за кои нема место во нашето мултиетничко општество. За СДСМ се неприфатливи намерните етнички провокации на ДУИ кои прераснаа во единствена ...
Сподели Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија. Во објава на социјалната мрежа ФБ, Костадинов напиша дека претензиите на Трамп кон Канада се целосно оправдани и нема ништо пологично и понормално од тоа две земји со заедничка историја, ...
Сподели Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, ги осуди иредентистичките изјави на претседателот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов и побара реакција од Софија и осуда од страна на Европската унија. -Најостро ги осудувам иредентистичките изјави на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, со кои тој го поткопува суверенитетот и достоинството на Република Северна ...
Сподели На 08.01.2025 во 13.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Б.(28) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот во населба „Перо Чичо“ и исто така се сомничи дека од приватен имот на улица „Народна револуција“ одзел повеќе предмети. С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 08.01.2025 ...
Сподели Престижната француската издавачка куќа „Галимар“ денеска го објави своето издание на збирката раскази „Не одам никаде“ (Je ne bouge pas d’ici) од писателката и универзитетска професорка Румена Бужаровска, во превод на Марија Бежановска, информираат од Издавачки центар ТРИ. „Француското издание на ‘Не одам никаде’ од Бужаровска следува откако претходно ‘Галимар’ ја издаде и ‘Мојот маж’, додавајќи го своето издание на листата од ...
Сподели Борбата против загадувањето е долг процес кој бара стратешки пристап, континуирана посветеност и сериозни институционални мерки. За жал, повеќе од шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста, сведоци сме на недостиг од акција и преземање мерки. Скопје, Тетово, Куманово, Битола и други македонски градови постојано се на листата на најзагадени градови. Според Светската банка, загадувањето годишно одзема живот на 2.800 наши ...
Сподели Традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“ оваа година ќе се одржи на 11 и на 13 јануари, со почеток во 20:00 часот, во Националната опера и балет. Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии и дуети од светски познатите дела од композиторите Џ. Верди, Ф. Чилеа, Џ. Пучини, П. Маскањи, Г. Доницети и други. Под диригентската палка на гостинот од Шпанија, Оливер Диаз, врвен ...
Сподели Со почетокот на новата година словенечкиот град Нова Горица и германскиот Кемниц ја презедоа титулата европски престолнини на културата за 2025-та, со што во следните 12 месеци тие ќе бидат домаќини на повеќе културни настани, изложби и перформанси со кои ќе биде истакнато заедничкото богатството на европски култури. Како што соопшти денеска Европската комисија, дополнителна димензија на овие активности ќе им додаде и фактот што ...
Сподели Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID. Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства. Измамниците најчесто се претставуваат како претставници ...
Сподели Упатуваме јасен и отворен повик до раководството на Демократската унија за интеграција да преземе конкретни и видливи мерки за зачувување на стратешкото партнерство на Албанците од Северна Македонија со Соединетите Американски Држави и за докажување дека Албанците нема да бидат заложници на ничиј криминал. Бараме ДУИ да донесе формална одлука за исклучување на Артан Груби од членство во партијата. Досегашните изјави на господинот Али ...
Сподели Загадениот воздух во градовите низ државата е сериозен проблем кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите резултати од преземените системски мерки би се почувствувале за некој период од среден рок, од неколку години. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на долгорочна и системска стратегија која реално ќе го намали загадувањето. За да се направи тоа, меѓу другото, потребно е промена на начинот на ...
Сподели Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, пресуди Окружниот суд во Перник. Според судот, АПИ е одговорна за 10% од настанатата штета и треба да и се наложи на секој од тужителите да им плати по 20.000 лева како надомест за нематеријална штета. Исто така, се признаваат околностите ...
Сподели 2024 година беше обележана со целосно неконтролирани покачувања на цените во маркетите, кои претставуваа директен удар врз џебот на македонските семејства. Наместо да реагира и да ја заштити куповната моќ на граѓаните, Владата на ВМРО-ДПМНЕ дозволи овој „грабеж“ да се одвива пред нејзините очи, со целосна поддршка и пасивност на премиерот Христијан Мицкоски. „Се проценува дека десетици милиони евра се одлеани од џебовите на граѓаните ...
Сподели Откако пред еден месец се запознавме со „ТОНИ“ – првиот роман на современата македонска писателка Румена Бужаровска, јавноста веќе го чита неговото второ издание, информираат од Издавачкиот центар ТРИ. „Многу добар начин да се каже ‘патријархатот е отепувачка’ и како генерации мажи и жени се оштетени до таа мера што со самото свое (навидум беневолентно) постоење (и делување) оставаат цела низа трагедии зад себе“, рекоа читателите за ...
Сподели Кинотека ја почнува новата година со богата и разновидна програма за љубителите на филмската уметност. Во текот на јануари, за најмладите Кинотека организира утрински проекции во рамки на тематот „Кино Утро“, а исто така ќе се одржат и проекции на македонски документарни и кратки филмови, како и зимското издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Во рамките на програмата на „Кино утро“ ќе бидат ...
Сподели На натпреварот American protege кој што се одржува секоја година во Карнеги Хол, Њујорк, на 27-ми декември 2024, настапи и Агнеса Русомаровска од Скопје. Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории: свирење на разни инструменти, classical singing, opera singing, broadway/theatre. 12-годишната Агнеса настапи во Бродвеј категоријата со Tomorrow од мјузиклот Annie. Беше придружувана од пијано, а нумерата ја изведе без микрофон. ...
Сподели Веста дека нон грата Артан Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово поради неоправдани отсуства е јасен одраз на културата на неодговорност и ароганција која ДУИ ја негува со децении. Како може човек кој не може да ги исполни ниту своите академски обврски, да се обиде да продаде политички морал и да зборува за јавна одговорност? Артан Груби, познат по своето проблематично минато и по обвинувањата за бегството од правдата, ...
Сподели За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик е осомничен 22-годишник од Гостивар. Основното јавно обвинителство Гостивар поведе истрага поради основано сомнение дека осомничениот на 2 јануари принудил на сексуален однос 13-годишно девојче. Со жртвата се запознале преку апликацијата “Снеп-чет” и започнале да контактираат и да се гледаат. Кога девојчето не сакало повеќе да ...
Сподели Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека новата градинка Пролет која е прва по пет децении е изградена по највисоки светски стандарди за поквалитетен престој на дечињата и подостоинствени услови за работа на вработените. „Градинката Пролет е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна која треба да обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. ...
Сподели 17 јануари, МНТ Режисер: Нела Витошевиќ Драматуршка адаптација: Ана Ристоска-Трпеноска Продуценти: Владимир Анастасов, Ангела Несторовска; Сектор филм Организатор: Васил Трајковски Композитор на музиката: Огнен Анастасовски Сценограф: Константин Трпеноски Костимограф: Роза Трајчевска-Ристоска Видео едитор и фотограф: Емил Петров Копродукциски проект помеѓу: Македонски народен театар и Сектор филм. Инициран и финансиски поддржан од ...
Сподели Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортира приближно 55 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар. Најголемиот дел од активностите се одвиваа во скопската општина Чаир, каде што е отстранета обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Оваа локација претставува таканаречена „црна точка“ каде ...
Сподели Вчерашната изјава на премиерот јасно го откри неговиот план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик, враќајќи една застарена и неприфатлива формула, како што беше во Законот од 2008 година, каде албанскиот јазик се користеше само на барање на Албанците и преку пополнување на посебни формулари. Ова е отворен обид за укинување на албанскиот јазик загарантиран со Уставот и со Законот за употреба на јазиците од 2018 ...
Сподели Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати честитка по повод празникот Божиќ. “Во духот на празничната магија, дозволете ми од сè срце да Ви го честитам Божиќ – празникот на радоста, надежта и љубовта! Овој свет ден нека донесе топлина во Вашите домови, спокојство во срцата и заедништво меѓу сите нас. Божиќ е време кога се потсетуваме на вистинските вредности – почит, солидарност и заеднички стремеж за подобро утре. Нека ...
Сподели Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, упатува честитка до сите граѓани кои го празнуваат големиот христијански празник Рождество Христово, Божик. Герасимовски, порачува дека најсветлиот христијански празник, Божиќ носи здравје, мир, љубов, но и надеж, за заедништво, за споделување и за меѓусебно помагање. „Човечноста нека биде нашата водилка во секојдневието. Нека овој Божиќ донесе радост и мир во домот, а љубовта и ...
Сподели Претседателот на Собранието, Африм Гаши до граѓаните упати честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ. Почитувани граѓани од православна вероисповед, Во името на Собранието на Република Северна Македонија Ви го честитам православниот Божиќ. Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг, наведува спикерот на Законодавниот дом ...
Сподели „Почитувана Ваша Светост, архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, Почитувани членови на Светиот архиерејски синод, Почитувано свештенство и монаштво, Драги сограѓани, Во мое лично име и во име на Владата упатувам најискрени честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ. Раѓањето на Спасителот на светот е симбол на љубовта, милосрдието и жртвата за доброто на човештвото. Овој свет ден нè потсетува на вистинските ...
Сподели Честитка од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по повод Рождеството Христово – Божиќ до претседателот на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев Од мое лично име и од име на Владата, на сите верници на Евангелско-методистичката црква им го честитам празникот Рождеството Христово – Божиќ, со најискрени желби за здравје, мир и духовен напредок. Божиќ е празник кој нè потсетува на силата на вербата, надежта и љубовта. Тој нè ...
Сподели Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска, од Охрид. Возилото било запалено на 05 јануари 2025 година, во дворот на семејната куќа, во гаражата каде што било паркирано. Според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за намерно предизвикан акт. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ...