
Скопје
5ᴼ /
5ᴼ



Сподели Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев. Имам особено задоволство и чест на сите граѓани кои го прославуваат денот на ...
Сподели Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар. И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата. Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена ...
Сподели Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. При семејно насилство и по кратка меѓусебна расправија, осомничениот со истрел од ловна пушка која ја поседувал со дозвола, со умисла го лишил од живот сопствениот 39-годишен син, со кого живееле во ...
Сподели Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на денешната прес-конференција на која беше најавено претстојното издание на традиционалниот Вевчански карневал, го истакна значењето на како што рече, еден од најавтентичните симболи на нашето културно наследство, со над илајада годишна традиција. Тој подвлече дека Вевчанскиот карневал и покрај предизвиците и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години, опстојува како симбол ...
Сподели Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) ќе може да поднесува иницијативи, барања и предлози до Уставниот суд. Електронското поднесување на поднесоци е овозможено преку интернет страницата на Уставниот суд, односно преку категоријата „Обраќање до Судот”, каде во поткатегоријата „Eлектронско поднесување на поднесоци” се наведени насоки за начинот на електронското поднесување. Поднесувањето ...
Сподели Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, како физичко лице, граѓанин, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд, барајќи вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од с. Липково. Во претставката, Минчев укажува на сериозни неправилности во објавениот јавен оглас број 03-204/3, со кој се бараат четири нови вработувања на неопределено време. Според огласот, критериумите за ...
Сподели Најголемите христијански празници, Бадник и Божиќ, Општина Крива Паланка ќе ги одбележи во празничен дух и атмосфера, организирајќи Бадникова прослава и Божиќен концерт на кои ќе учествуваат гости од земјава и од странство. Прославата за Бадник е на 6 јануари, со почеток во 11,00 часот, на Градскиот плоштад, а ќе започне со Бадникова поворка во која ќе учествуваат над 200 дечиња. Младите коледарчиња со божиќни ѕвезди и песни ќе ...
Сподели На 02.01.2025 во 13 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Р.(52) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. На 02.01.2025 во 14.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, ...
Сподели Општина Гостивар има предвидено доделување на 6.000 денари за секое новороденче во Гостивар. Аплицирањето се врши на веб-страницата на Општина Гостивар, каде што се бараат следниве документи: извод од матична книга на родените за бебето, лична карта на таткото и мајката, банкарска трансакција на еден од родителите и контакт број. Оваа мерка е предложена од градоначалникот на Општина Гостивар, а беше изгласана на последната седница на ...
Сподели Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали во Новата 2025 година во овој Буџетот се предвидени повеќе средства за покачување на пензиите, информираше дека се предвидени зголемувања за мартовската пензија, којашто ќе биде исплатена во месец април. „Да, во новиот Буџет се предвидени зголемувања. Сега во мартовската пензија, односно која што ќе биде исплатена почетокот на април, односно ...
Сподели СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА Зашто Дете ни се роди – Син ни се даде… и ќе Го наречат: Чудесен Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот..[1] Возљубени празникољупци, Воплотувањето на ...
Сподели Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа дали Владата ќе го почитува договорот за повисоки плати во здравството посочи дека оваа Влада ги почитува сите договори дури и тие преземени од претходната Влада. „Владата секако дека ги почитува договорите, па дури и оние коишто се преземени како обврска од претходната Влада, но тоа е што е, а камо ли па своите договори. Ние имаме ...
Сподели Министерот за правда, Игор Филков во интервју за Локално.мк се осврна на актуелните состојби во правосудството, реформите и предизвиците со кои се соочува од моментот на преземањето на функцијата . Враќањето на довербата на граѓаните во правосудниот систем е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Говорејќи за новите имиња на црната листа на САД поради корупција на која се најде и судија, министерот Филков смета дека тоа ...
Сподели Министерството за надворешни работи упати сочувство по масакрот во Цетиње, Црна Гора. „Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас“, велат од МНР. Во масакрот убиени беа 12 лица, а меѓу жртвите има и две деца на возраст од 10 и 13 години. Четири лица се во болница, од кои едно е во многу критична ...
Сподели На 01.01.2025 во 11 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Н.В.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 01.01.2025 во 20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, ...
Сподели Заменик директорот на Македонија пат и претседател на унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, гордо се фотографира со мечка што ја застрелал во декември 2024 година. Мечката е класифицирана како дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането.Фотографиите до кои дојде Анима Мунди, покажуваат дека Дранго откако ја убил мечката, ладнокрвно позира со неа како да е трофеј, што ...
Сподели ЈП Комунална хигиена-Скопје и во текот на новогодишната ноќ реализираше активности за одржување на хигиената и чистотата на јавните површини во градот Скопје, како и празнење на поставените садови за одлагање комунален отпад. Веднаш по завршувањето на новогодишната прослава на плоштадот Македонија, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување на просторот на плоштадот, улицата Македонија и пешачките мостови во ...
Сподели Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“. Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските чинители и со текот на времето прерасна во релевантен показател на корупцијата и на волјата на државата да се справува со ...
Сподели Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски со рендер фотографии ја информира јавноста како треба да изгледа проектирањето и реконструкцијата на новата сала Работнички. Тој вели дека скопјани во Новата година добиваат целосно реконструирана спортска сала Работнички којашто е симбол на Центар и Скопје. “Во Новата година го враќаме домот на македонската кошарка, го враќаме достоинството на нашите кошаркари. Минатата недела ...
Сподели Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла има кај Неготино до 30 метри и Д.Капија до 50 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Сподели Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР, синоќа извршија увид на местото на настан кој се случи на скопската обиколница и во кој починато е едно лице. Точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозникот на коловозот. Во тој момент, во ноќни ...
Сподели Ски центар ,,Михајлово” е официјално отворен, а првите скијачи имаа можност да уживаат во снегот на Кожуф планина, 40 километри од градот Кавадарци. Има ски лифтови во должина од 370 метри со капацитет од 600 лица на еден час и скијачки појас, со капацитет од 800 лица. “Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за навистина овој прекрасен објект, оваа ски- стаза. Дозволете ми да се заблагодарам ...
Сподели Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, на Градските гробишта Бутел во Скопје. Овој чин претставува израз на почит кон животот и делото на претседателот Глигоров, кој го посвети својот живот на визијата за мирна, стабилна и напредна Македонија. Делегацијата се ...
Сподели Во изминатите неколку недели актуелна беше темата за јавниот бесплатен превоз на студентите. Имајќи ја во предвид очајната финансиска состојба во Јавното сообраќајно претпријатие се наметна темата дали тоа воопшто ќе продолжи да работи, да функционира и се доведе во прашање имплементацијата на самата мерка за бесплатниот превоз на студентите. Станува збор за наследен проект и проект кој беше заглавен со многу недоречености и долгови. ...
Сподели Со вчерашната премиерна изведба на претставата „Празнина“, Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица ја спушти завесата на годинашниве нови остварувања. Претставата е работена според драмска предлошка, драматизација, работена по мотиви на издвоени сцени од драмскиот текст „Празно“ од авторката Алис Бирч. Режијата, сценографијата и изборот на музиката се на Васил Христов, драматизацијата е на Викторија Рангелова и Васил Христов, а ...
Сподели Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, оформи предмет и поведе постапка против 8 лица поради основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во текот на предистражната постапка која Управата за финансиска полиција ја водеше во координација и под ...
Сподели На 29.12.2024 врз основа на воспоставена криминалистичка контрола од страна на СВР Скопје- ЕВР Ѓорче Петров, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување, Единицата за интервентна полиција, СВР Битола, ОВР Гевгелија и ОВР Неготино, а по издадени наредби од страна на судија за претходна постапка и јавен обвинител заради докажување на кривични дела поврзани со криминал со луксузни моторни ...
Сподели Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна, поради зголемената побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент со контролите беше ставен на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност бидејќи до Агенцијата за храна и ветеринарство, стасуваа ...
Сподели Изјавите на премиерот Мицкоски се повторување на тактика позната од прирачникот на секој пропаднат авторитарен режим: измислување „непријатели“ за да се прикрие неспособноста за водење на државата. Тој не треба да се импресионира од својата реторика, бидејќи овој пристап – демонизирање на противниците и фабрикување на имагинарни кризи – е стара стратегија која секогаш пропаѓа пред реалноста. Во обид да ги замолчи Албанците и нивната ...
Сподели Приближно 620 килограми небезбедна храна од животинско потекло, нештетно уништија официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведените 191 вонредни инспекциски надзори во изминативе две недели, во месарници, месарници со работилници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло. За ставање во промет на брзо замрзната храна која не е означена, незадоволување на хигиенските ...