Екипата на Шкендија Тетово е нов лидер на табелата на Првата фудбалска лига со максимален ефект по трите одиграни кола. Во последниот дуел од третата рунда тетовчани во вториот дел успеаја да „го скршат“ отпорот на Брегалница Штип. Шкендија поведе со голот на Александер Трумчи во 61. минута, а пет минути подоцна преку Ендрит Красниќи зголеми на 2:0. Мартин Стојанов во 86. минута намали на 2:1, но во судиското надополнување на вториот дел ...

Шпански војник загина денеска додека учествуваше во операции за гаснење на голем шумски пожар во Арагон, Шпанија, изјави шефот на регионот на североистокот од државата. „Му изразив искрено сочувство на генерал-полковникот на воената единица за итни случаи за смртта на војник за време на пожарот во близина на Пењас де Риглос“, објави Хорхе Аскон на социјалната мрежа Ex. Локалните медиуми објавија дека камионот со кој патувал војникот за време ...

Ноќеска (16.08.2026) во 00:50 часот, на брана „Топлик“ Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.А.(44) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.А. биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од марихуана, соопшти МВР. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде ...

На регионалниот пат Тетово–Скопје, кај селото Желино, вчера се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 63-годишен пешак. Од СВР Тетово информираат дека несреќата била пријавена на 15 август 2026 година во 12:50 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“, управувано од М.С. (33) од село Требош, и пешакот З.Е. (63) од село Желино. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила ...

Ноќеска, околу 00:18 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово уапсиле 42-годишен жител на валандовско село, по претходна пријава за семејно насилство. Според пријавеното, на 15 август околу 21:00 часот, во семејниот дом, 42-годишникот физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга. За случајот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Од полицијата информираат дека по целосното документирање ...

На магистралниот пат Струмица–Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица синоќа го лишиле од слобода 25-годишниот Д.М. од Струмица, откако при преглед на возилото што го управувал биле пронајдени марихуана и четири таблети екстази. Според информациите од полицијата, на 15 август 2026 година околу 21 часот, при извршен преглед на патничко возило „поло“ со струмички регистарски ознаки, Д.М. од возилото извадил и им предал на полициските ...

Германската влада е длабоко поделена околу предлогот на социјалдемократите за измена на уставот со цел подобра координација и финансирање на мерките на политиките во областа на климатските промени, додека топлотните бранови го нарушуваат нормалниот живот во земјата. Климатските промени ја погодуваат најголемата економија во Европа посилно од кога било досега: невиден пад на нивото на Рајна, слаба берба и жетва и зголемување на бројот на ...

Центарот за управување со кризи информира за нов пожар над селото Вржале во околината на Скопје. Поради непристапниот терен утре наутро планирана е и воздушна интервенција, а екипи ќе останат на терен во текот на ноќта. – Поради непристапниот терен, кој не овозможува целосна локализација на пожарот со интервенција од земја, за утре наутро е планирана и воздушна интервенција, која ќе се реализира во зависност од временските услови и состојбата ...

Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод, кај селото С’лп, м.в. Горно Село во Општина Велес, со проширување кон с. Карабуњиште и селата Добрино и ...

Денес од одмор на јахтата на Заев во Грција, Венко Филипче смисли нова тема за ширење на хистерија, овој пат за селската чешма со кисела вода во Кривогаштани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија додаваат дека ја пуштија СДС со сериозно предупредување бидејќи самопрогласениот „микробиолог“ Венко констатирал со Заев, меѓу две капења, дека селската чешма во Кривогаштани е загадена. Експресно дознале дека е загадена селската чешма, иако ...

Папата Лав Четиринаесетти повика на прекин на актите на насилство врз палестинските цивили на Западниот Брег, јави ДПА. „Го обновувам мојот апел за прекин на насилствата врз палестинското цивилно население на Западниот Брег“, рече папата. Тој го упати апелот од својата летна резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим. Папата ја повика меѓународната заедница итно да поддржи решение за две држави „за праведен и траен мир – сценарио во ...

Обид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес се обидуваат да ги оцрнат, реагираат од Министерството за образование и наука. -Основна законска ...

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, јавно заговара убивање 30 до 40 луѓе во Газа секој ден. Тој тоа го изјави во подкаст-разговор со Ром Браславски, поранешен заробеник во Газа. Двајцата разговараа за опоравувањето на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Бен-Гвир критикуваше и намален интензитет на нападите ...

Излезе од печат 102-от број на првиот печатен медиум на македонски јазик „Преспа“, гласило на Македонците во Албанија, кое повеќе од три децении придонесува кон зачувувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, култура, традиција и национален идентитет. Првиот број на „Преспа“ е објавен во 1994 година. Од тогаш до денес, весникот претставува значаен медиумски простор за информирање на македонската заедница во Албанија и за негување на ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Н.И.(47) од делчевско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“, „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“. На 16.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка и ѝ упатувал закани, со што постапил спротивно на решението од Основен суд Делчево, со кое му е изречена ...

Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале шест лица, соопшти МВР. По преземените мерки и целосно документирање на настанот, против лицата ...

Лондонската полиција се извини откако случајно ги откри е-поштенските адреси на 143 лица кои пријавиле сексуална злоупотреба на Мохамед Ал Фајед, поранешниот сопственик на Хародс, велејќи дека грешката се должи на човечка грешка. Полицијата соопшти дека како дел од својата месечна кампања за известување на жртвите, е-поштата била испратена на адресите на 143 приматели кои биле видливи за другите корисници, наместо скриени, и дека пораката ја ...

Безживотни тела на две лица биле пронајдени за време на гаснење на пожарот што избувна на грчкиот остров Саламина и брзо се прошири поради силниот ветер, а девет лица со изгореници се префрлени во болница, додека пак превентивно беа евакуирани шест населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Во период од 15 минути избувнаа два пожари на две различни локации, едниот во јужниот, другиот во источниот дел на островот, а безживотните тела ...

Повеќе од 700 камиони натоварени со меѓународна хуманитарна помош пристигнаа во Авганистан преку Пакистан и покрај речиси целосното затворање на границата меѓу двете земји, кои се во конфликт една со друга, соопштија денеска ОН. Конвојот е натоварен со „храна и основни хуманитарни производи“, изјави Олга Черевко, портпаролка на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (OCHA) во Авганистан. „724 камиони натоварени со ...

На 15.08.2026 година полициски службеници од ПО Попова Шапка ги лишиле од слобода И.И.(34) и М.И.(29), двајцата од Скопје, поради тоа што истиот ден околу 17:50 часот во угостителски објект на регионален пат Тетово – Попова Шапка физички ги нападнале вработените Г.А.(50) од с. Лисец, кој се здобил со тешки телесни повреди, и Б.Ј.(47) од Тетово, кој се здобил со телесни повреди. По консултација со јавен обвинител, лицата се задржани за ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Д.Р.(73) од Валандово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и муниција“ и „фалсификување на огнено оружје“. На 24.03.2026, по извршени проверки, констатирано е дека пријавениот има дозвола за поседување и носење на оружје за пиштол „Црвена Застава“ калибар 9мм и ...

Екипите на градските служби од раните утрински часови спроведуваат активности за чистење и уредување на повеќе локации низ Скопје, во рамки на акција за почист и поуреден град – соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Како што посочува градоначалникот, во рамки на акцијата се перат и уредуваат автобуските постојки, се собира отпад, се расчистуваат јавните површини и се освежуваат најфреквентните делови од градот. -Убав ...

Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин” во приморскиот албански град Валона, повредени се повеќе туристи, при што петмина се пренесени на лекување во Тирана, еден е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент на изгореници и бара континуирано медицинско следење и нега, ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета. Како што соопшти полицијата, околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во скопското село Бардовци, кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата. – Направил оштетување на скалите од влезот на куќата, бил скршен прозорец, потоа оштетено било ...

На 15.08.2026 година во 16:30 часот полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Ј.Н.(45) од с. Боговиње поради тоа што истиот ден во дворот од семејната куќа во с. Боговиње физички ја нападнал својата 34-годишна снаа, при што ѝ нанел телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. На ...

На 15.08.2026 година во 23:20 часот, полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Д.(37) од Гостивар поради тоа што околу 23:20 часот влегол во домот на неговата 32 годишна девојка, вербално ја нападнал, а потоа ѝ го одзел и искршил мобилниот телефон. Набрзо потоа, пред зградата и физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ телесни повреди констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и по ...

На 15.08.2026 околу 20:30 часот Полициската станица Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Н.(59) од Скопје по претходна пријава дека околу 16:30 часот во домот физички ги нападнал неговата 58-годишна сопруга и нејзината 78-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 15.08.2026 околу 20:30 часот Полициската станица Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од ...

Наместо да се буни, СДС треба да се навикне на функционирање на институциите. Девастираните институции кои ги остави СДС по седумгодишната власт, полека се консолидираат и почнуваат да функционираат. Ама тоа изгледа не им се допаѓа на талогот во СДС, затоа што тие се навикнати само да седат во фотелјите, да уживаат во бенефициите кои ги им ги нудат позициите, а неработењето или, пак, лошото работење никој да не им го провери, посочуваат од ...

Економијата е еден од главните приоритети на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нашата политика е јасна. Интензивно и посветено работиме да создаваме услови за успешен бизнис, затоа што колку е поуспешен бизнисот, толку е поуспешна и државата, изјави на прес-конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Најголемите патриоти се оние кои отвараат ново работно ...

Оваа Влада на Мицкоски од почеток во 2024 година се занимава само со пропаганда. Без ниту еден реален резултат на полето на економијата и европските интеграции – двете основни теми во нивните предизборни ветувања. Единственото во што се успешни е криминалот и корупцијата – се вели во реакцијата од СДСМ на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, што МИА го пренесува интегрално. Зошто Мицкоски постојано во медиумите ја споредува економијата ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87