Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на промотивната конвенција на Националната алијанса за интеграција (НАИ), повтори дека Рамковниот договор останува клучен документ за мирот и стабилноста во земјата и дека мора да се почитува од сите политички страни. Во својот говор, тој жестоко го критикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека преку своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и создава опасни тензии. ...
Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со носителот на советничката листа Александар Савевски и сите кандидати за советници, кампањата за локалните избори ја почнаа со работа, со садење дрвја во Паркот на Франкофонијата како симболика за развој, за одржливост, за иднина, за долгорочна грижа за Центар. Герасимовски, потенцираше дека во изминатите четири години со ...
Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека до денеска 635 институции доставиле податоци за бројот, видот, регистарските таблици и возната состојба на сите службени возила со кои располагаат односно 42%, додека 879 институции односно 58%, воопшто не доставиле податоци. Од 879 институциите што не доставиле информации, според податоците на МВР, ДКСК констатирала дека 192 институции располагаат со 2.028 возила, но не доставиле ...
Проевропска Партија за акција и солидарност (ПАС), предводена од претседателката Маја Санду, победи на клучните парламентарни избори во Молдавија, во услови на растечка загриженост за потенцијално руско мешање. Со преброени 99,91% од гласачките ливчиња, ПАС обезбеди 50,16% од гласовите, што ѝ дава јасна предност и ја потврдува јавната поддршка за напорите на Санду кон европска интеграција. Опозицискиот Патриотски изборен блок, предводен од ...
Ерион Велиај, кој беше разрешен од функцијата градоначалник на Тирана на 25 септември, поднесе жалба против одлуката до Уставниот суд, со што, според албанските медиуми, ги блокира изборите во Албанија. Во Косово, станува уште еден ден Уставниот суд да донесе одлука за политичкиот ќорсокак во Косово. Овој пат, во врска со изборот на заменик-градоначалници од заедниците. Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, предводи напори за унапредување на апликацијата на Украина за членство во ЕУ и покрај противењето на Унгарија, додека лидерите се упатуваат кон клучен самит во Копенхаген оваа недела, објави ПОЛИТИКО. Кошта бара поддршка од главните градови на ЕУ за поедноставување на процесот за нови членки и прекинување на застојот околу потенцијалното членство на Украина и Молдавија, според пет дипломати и ...
Прв ден од дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври. Партиите и коалициите почнуваат со официјалните изборни активности. Изборната кампања започна на полноќ и ќе трае дваесет дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи две недели подоцна на 2 ноември. Како што е предвидено во Изборниот законик (член 69а) за ...
На голем број места во Србија се организираат денеска „собири против блокадите“, на кои повика Центарот за социјална стабилност. Во исто време, во Белград, Нови Сад, Богатиќ, Чачак, Ваљево, Ниш, Краљево, во тек се контра собири. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој дојде во Обреновац за време на прошетката на граѓаните како дел од митингот против блокадите, рече дека за него е многу поубаво да биде со граѓаните на својата земја ...
Изборната кампања за локалните избори започна на полноќ и ќе трае дваесет дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред денот на гласање на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи две недели подоцна на 2 ноември. ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што очекувате од изборната кампања? Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во ...
Партиите и независните кандидати денеска на првиот ден од кампањата за Локалните избори 2025 започнуват со официјалните претставувања пред гласачите. Изборната кампања започна денеска и ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври (втор круг 2 ноември). Освен на терен меѓу и со поддржувачите, кампањата е веќе започната и на социјалните мрежи. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изборната кампања за ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија, партиски послушници и одредени медиуми и Фејсбук страници тврди дека Стевчо Јакимовски бил „кандидат на СДС(М), Зоран Заев и Венко Филипче“ за Општина Карпош. Ова е невистина и манипулација. „Не може да му се верува на Стевчо Јакимовски, кандидат на СДС, Заев и Филипче, зошто исто како неговите поддржувачи, а зине а лаже, а вети нешто, не исполнува“, се вели во дел од манипулативното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. ...
Проевропската партија на молдавската претседателка Маја Санду презеде силно водство на парламентарните избори кои се сметаат за критични за идниот пат на нејзината земја кон ЕУ, пренесува Би-би-си. Санду, која предупреди на „масовно руско мешање“ по гласањето во неделата, рече дека иднината на нејзината земја, опкружена со Украина и Романија, е во прашање. Со речиси 90% од преброените 1,6 милиони гласови, Партијата за акција и солидарност ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче денеска на Конвенцијата за промоција на кандидатите за градоначалници и советници, оцени дека државата „живее под последиците на апсолутна власт“ која работи за себе, а граѓаните ги става на последно место. Повика на обединување за, како што рече, да се одбрани „заедничкиот дом“ и да се врати достоинството на народот. -Ние денес живееме во држава и општество кои се жртви ...
Има гужви на граница? Колку време се чека за влез во Грција? Во колку е најдобро да тргнеме за да ги избегнеме колоните? Да одиме преку Богородица или преку Дојран? Беа најчесто поставуваните прашање во изминатите месеци на социјалните мрежи во групите за туристи, пред сè од Балканот, кои разменуваа искуства за нивниот летен одмор во Грција и како најлесно и најбрзо да стигнат до нивната дестинација. Не е мал бројот на оние кои чекале и над ...
ОЛИВЕР АНДОНОВ Насловот на оваа колумна можеше да биде и „секс, лаги и видео ролни“, но тоа ќе беше копија на насловот од еден познат филм иако многу ќе одговараше на нашата реалност во кампањата пред локалните избори. Токму изборите се главната тема во Македонија, а секако главна тема се не поради тоа што се судбински (освен за некои поединци во политиката), туку затоа што на крајот ќе ја покажат нашата колективна самосвест и нашиот однос ...
По повод 28-ми Септември – Денот на Бошњаците, претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, ја упатува следнава честитка: Дозволете ми, во мое име и во име на СДА Македонија, на сите Бошњакињи и Бошњаци во Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Санџак, во домовинските земји и во дијаспората, од срце да им го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците. Денес Меѓународниот ден на Бошњаците се слави низ целиот свет, со цел зачувување на ...
Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани вчера по 24-ти пат маршираа за своите ангели. Маршот започна од Паркот на Револуцијата, преку Трговскиот центар, мостот кај Шопинг центарот до зградата на Управата за јавни приходи. Поворката продолжи кон полициската станица и заврши пред Основниот суд, од каде беше упатено ултимативно предупредување до Обвинителството и Судот, од каде очекуваат одговори на ...
Изборите не се институционална формалност. Тие се основно право и реален инструмент за граѓаните да изберат раководители со интегритет, визија и посветеност кон јавниот интерес. Свесен за обединувачката должност што ја имам, чувствувам обврска да упатам јасен повик до сите политички субјекти, кандидати и организациски структури, институциите и медиумите, активистите и граѓаните: да покажат висок степен на политичка и граѓанска култура. Да се ...
Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Силјановска – Давкова. – Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно ...
Полска го затвори воздушниот простор во близина на градовите Лублин и Жешов на југоистокот од земјата до најмалку 6 часот изутринава поради „непланирани воени активности поврзани со обезбедување на државната безбедност“, објави службата за следење на летови Флајтрадар24. Полските вооружени сили објавија дека подигнале авиони за да ја осигурат безбедноста на нивниот воздушен простор откако Русија започна напад врз Украина. „Во врска со ...
Уште една бессона ноќ за Украинците. Извори на ЦИВИЛ Медиа од Кијив јавуваат дека рускиот агресор изврши уште еден масивен напад врз цивилни цели каде што се регистрирани удари врз станбени згради и критична инфраструктура. Има повредени и загинати, меѓу кои и едно 12-годишно девојче. „Бевме на само стотина метри од една од погодените цели, јас и моето семејство. Имаме двегодишно дете кое цела ноќ не можеше да заспие од експлозиите“, ни кажа ...
Нашиот пат кон Брисел наликува на маратон, маратон за кој понекогош мислам дека може да се прашаме „дали го чекаме Годо“. Ние го започнавме нашиот маратон во 2005 година кога ни беше даден кандидатскиот статус. Денес често се користи синтагмата дека Европа е незавршена симфонија без Западниот Балкан, а интересот за регионот порасна пред три години кога, за жал, почна војната во Украина, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова пред ...
Белгискиот премиер изјави дека предлогот на Европската комисија за користење на имобилизирани средства на руската централна банка за финансирање на „кредит за репарација“ за Украина нема да се реализира, пренесе Euractiv. Овој потег фрла огромна пречка во планот на извршната власт на ЕУ да ги користи паричните салда поврзани со 200 милијарди евра замрзнати средства за поддршка на буџетските потреби и реконструкцијата на Киев. Поголемиот дел ...
Одлуката на владата на Христијан Мицкоски, со која се укинува двојазичноста на униформите на полицијата, предизвика лавина реакции во јавноста. Правни експерти, универзитетски професори и граѓански организации предупредуваат дека оваа мерка носи сериозни ризици и закани за мултиетничкиот баланс и стабилноста на земјата. Дерала: Одлуката е противзаконска и неуставна Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, остро ја осуди ...
БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА Локалните избори во Северна Македонија, закажани за 19 октомври 2025 година, а во пресрет на официјалниот старт на изборната кампања, очигледно ќе го држат отворено прашањето колку навистина зборуваме за локални проблеми, а колку политичките партии ги претвораат овие избори во уште една национална битка? Иако изборите формално се однесуваат на иднината на општините, јавните услуги и секојдневието на граѓаните, трендовите ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека се во тек интензивни разговори со земјите од Блискиот Исток за да се најде решение за конфликтот во Појасот Газа. – Интензивните разговори траат веќе четири дена и ќе продолжат колку што е потребно за да се постигне успешен договор. Вклучени се сите земји во регионот, наведе Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social). Трамп неделава се сретна со лидери и претставници од ...
Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција. – Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција. Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што ...
Коалиција за итни случаи за финансиска одржливост на Палестинската самоуправа вети најмалку 170 милиони долари финансиска поддршка за Палестинската самоуправа, соопшти канцеларијата на палестинскиот премиер Мохамед Мустафа. Претходно, Норвешка најави дека ќе даде 40 милиони долари, а Саудиска Арабија – 90 милиони долари. Коалицијата побара од Израел да ги ослободи средствата што и припаѓаат на Палестинската самоуправа. Израел од 1994 година, ...
Санкциите на Обединети нации за Иран вечерва повторно ќе бидат воведени по неуспешните преговори помеѓу европската тројка (Германија, Франција и Велика Британија) која бара гаранции за иранската нуклеарна програма. Е3 минатиот месец го активира механизмот за враќање на санкциите, обвинувајќи го Иран за сериозно кршење на Сеопфатниот нуклеарен договор (ЈЦПОА) од 2015 година. Според европската група, Иран збогатува ураниум до нивоа далеку над ...
Началниците на генералштабовите на земјите-членки на НАТО денеска во главниот град на Летонија, Рига ќе разговараат за нарушувањето на воздушниот простор од страна на Русија. – Денеска ја изразувам мојата целосна и недвосмислена солидарност со сите сојузници чиј воздушен простор е нарушен. Одговорот на Алијансата беше силен и само ќе продолжи да станува посилен, наведе во воведниот говор адмирал Џузепе Каво Драгоне, претседател на Воениот ...