Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Кандидатите за локалните избори денеска на четвртиот ден од кампањата ќе ги престават своите програми на митинзи и средби со граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Карбинци (17:00), Чешиново Облешево (18:00), Зрновци (19:00) и Виница (20:00). Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Студеничани (17:30), Зелениково (17:30), Кисела Вода (18:30) и Аеродром (20:00). Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ...
Има предлог, кој со сигурност ќе го прифатиме за повеќекратно да се зголемат казните, од сегашните 20 000 евра, за непочитувањето на Законот за нефер трговски практики, најави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Ристески денеска имаше средба со бизнисмените од прилепската регионална стопанска комора. -Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме за поголемо почитување на Законот за нефер трговски практики е ...
Во пресрет на претстојните локални избори, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) апелира да се исполнат препораките од донесените мислења со кои се утврдува дискриминација врз различни групи граѓани во процесот на остварување на избирачкото право. Комисијата во допис до медиумите потсетува дека на 9 ти август 2021 година „утврди директна дискриминација извршена од страна на ДИК и индиректна дискриминација која ...
Најмалку четири цивили беа убиени, а 25 други беа повредени во руски напади низ Украина во текот на изминатиот ден, објавија регионалните власти на 2 октомври, пренесува Кијив Индипендент. Нападите ја демонстрираат континуираната стратегија на Русија за насочување кон цивилната инфраструктура за притисок врз Украина, додека Москва продолжува да ги отфрла повиците за безусловно прекин на огнот. Воздухопловните сили на Украина објавија дека ...
Израелското Министерство за надворешни работи oбјави снимка од пресретнувањето на која се гледа Тунберг како седи на палубата на брод, каде што ѝ дава вода и јакна припадник на израелската војска, пренесува Би-би-си. Групата тврди дека еден брод во флотилата бил „намерно удрен во морето“ и рече дека дополнителни бродови биле погодени од водни топови. Тие го опишаа пресретнувањето како „нелегално“ и „не чин на одбрана“, туку „дрзок чин на ...
Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение ја истакнува својата постојана и активна соработка со здруженијата и институциите кои работат на заштита на правата и безбедноста на новинарите и нагласува дека слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се столбот на демократското општество. Како дел од таа заложба и меѓусебната блиска соработка меѓу МВР и ЗНМ на насловната веб-страница на МВР е поставен линк до регистарот ...
САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за ракетни напади со долг дострел врз енергетската инфраструктура на Русија, изјавија американски претставници, додека администрацијата на Трамп размислува да му испрати на Кијив моќно оружје кое би можело да постави во дострел повеќе цели во Русија, објави The Wall Street Journal (WSJ) на 1 октомври. Претседателот Трамп неодамна потпиша дозвола за разузнавачките агенции и Пентагон да му ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони ѝ наложи на флотилата што плови кон Газа да запре, велејќи дека најновиот обид на активистите да достават помош ризикува да го попречи американскиот план за завршување на војната, пренесува Би-би-си. Повеќе од 40 бродови што пловат во Глобалната флотила Сумуд (GSF) беа придружувани од италијанска поморска фрегата, за која италијанските власти рекоа дека ќе застане откако флотилата ќе биде на 150 наутички ...
На социјалните мрежи се појави експлицитен говор на омраза насочен кон кандидатката за советничка во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Луна Стефаноска. „Се мислев дали да гласам за ВМРО, али сега дефинитивно ќе гласам! Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје. Место бр. 38. Луна Стефановска, македонска инфлуенсерка. Како да не ја гласаме и не ја поддржиме?“, пишува извесен профил Робусна акција на Х. ...
Шефот на метрополитенската полиција, Сер Марк Роули, вели дека однесувањето откриено од тајното снимање на Би-Би-Си е „за осуда“ и дека сака луѓето да бидат „отпуштени од платен список“. Роули изјави за Би-Би-Си Лондон дека полицијата е подобра отколку пред три години и дека е „горд“ на сработеното, но прифаќа дека сè уште има „рак“ што треба да се отстрани Тој вели дека „неуморната“ работа за чистење на полицијата значи дека лошото ...
Руската пропаганда во македонските медиуми, наративите против интеграцијата во ЕУ во политичките кампуси на земјата, замената на локалните прашања со национални во кампањата за локалните избори, се темите за кои разговаравме со политичкиот аналитичар и раководител на Институтот БИРЦ, Џелал Незири, во интервју за ЦивилМедиа. „Руската пропаганда може да се открие во одредени наративи што медиумите сакаат да ги изградат, тие поедноставени ...
По затворањето на американската влада предизвикано од пробивањето на рокот за постигнување договор за финансирање пред почетокот на новата фискална година, на 1 октомври, кој помина без договор, амбасадата на САД во Северна Македонија, на Фејсбук објави дека поради новонастанатата ситуација, профилот на амбасадата на социјалната мрежа нема да се ажурира редовно. Поради пропуштањето на средствата, оваа сметка нема да се ажурира редовно сè ...
Управата за јавни приходи веднаш пристапи кон спроведување на внатрешна проверка на наводите изнесени во објавата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и донесе решение за суспензија на вработените лица кои се опфатени во случајот, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба. -Оваа мерка е преземена со цел заштита на институционалниот интегритет, угледот на Управата и довербата на граѓаните, посочуваат од УЈП. Во ...
Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома. Ако одиме надвор со консензус, тогаш ќе не почитуваат, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова, коментирајќи ја предлог-резолуција што ја претстави лидерот на СДСМ, Венко Филипче за европските интеграции со „црвени линии“. -Веќе нема црвени линии, линиите се веќе прегазени или избришани со гума. Она што требаше ние да го сториме, бидејќи ова не е веќе некој нов предлог пред него ...
На вториот ден од кампањата за локалните избори што ќе се одржат во октомври, во попладневните и вечерните часови партиите и нивните кандидати за градоначалници продолжуваат со претставување на своите програми низ земјава и во главниот град. ВМРO-ДПМНЕ Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл. Тој рече дека ...
Од 12 октомври годинава Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 годи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Овој нов дигитален систем, како што велат од МВР, претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци ...
На Конвенцијата за презентирање на кандидатите за градоначалници и општински советници на коалицијата ВРЕДИ во Скопје, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити, остро ја обвини ДУИ дека станала симбол и гарант на влезот на српските банки, компании и криминални интереси во средините каде живеат Албанците. – „НЕ, ние не сме предавници – НЕ го поддржуваме Отворен Балкан, НЕ го признаваме Дака ...
Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија На 1 октомври Украина го одбележува Денот на бранителите и бранителките – национален празник посветен на чествувањето на храброста и саможртвата на сите што ја бранат Украинската држава од надворешна агресија. Овој празник, воведен недолго по почетокот на руската војна против Украина во 2014 година, не е само чин на почит кон воините, туку ...
Од денес среда 1 октомври во канцеларијата на Народниот правобранител почна да функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември 2025 година). По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе ...
Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флахерти, ја промовираше книгата и фото-изложбата „Неслушнатите 12 милиони“, посветени на правата на Ромите и Патниците. Книгата преку лични сведоштва и фотографии пренесува приказни за борбата за еднаквост на околу 10 – 12 милиони луѓе, од кои 6 милиони живеат во ЕУ. Комесарот О’Флахерти порача дека тие и понатаму се соочуваат со системска дискриминација и омраза. „Ова е еден од ...
Затворањето на американската влада е предизвикано откако рокот за постигнување договор за финансирање пред почетокот на новата фискална година, на 1 октомври, дојде и помина без договор, објави Гардијан. Според Гардијан, демократите и републиканците луто се обвинуваа меѓусебно и одбија да се повлечат од своите позиции додека земјата се приближуваше кон крајниот рок по полноќ, не можејќи да најдат договор или дури и да преговараат, бидејќи ...
Пожар избувна рано наутро на 1 октомври во руска рафинерија за нафта во северозападната Јарославска област, објавија локалните власти, нарекувајќи го инцидент „предизвикан од човек“, кој не е поврзан со никакви напади со дронови, пренесува Кијив Индипендент. Пожарот избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во градот Јарослав, според независниот руски Телеграм канал Астра. Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека добило ...
Кандидатите за локалните избори денеска на третиот ден од кампањата ќе ги престават своите програми на митинзи и средби со граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Конче (16:30), Демир Капија (17:30), Неготино (18:30) и Кавадарци (20:30). Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Конче (17:30), Кичево (18:30) и Македонски Брод (20:00). Движење ЗНАМ, пак, ќе има промотивна конвенција на Градскиот плоштад во Куманово (19:00). ...
Владата на САД се затвори, откако сенаторите не успеаја да се договорат за закон за финансирање во последен момент. Како што пренесува Би-би-си, затворањето, прво од крајот на 2018 година, веројатно ќе доведе до привремено запирање на некои – но не сите – владини служби на САД Претходно, претседателот Доналд Трамп се закани со масовни „неповратни“ отпуштања на федерални работници ако затворањето продолжи Глобалните финансиски пазари во голема ...
Формирањето семејство, формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката припадност, на верската припадност. Многудетното семејство значи иднина. Ако сакаме да имаме иднина, ако сакаме да имаме држава, богата држава која ќе се развива и по нас тогаш семејството е одговорот на овој предизвик, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на настанот Демографски трендови – ...
Група кол-центри од Белград измамила луѓе ширум светот за околу 250 милиони евра преку лажни финансиски инвестиции. Зад мрежата на поврзани компании и инвестициски платформи, меѓу кои бил и спонзорот на англискиот ФК Лидс, трагата води до Израелец претходно осуден за перење пари, откриваат БИРН и Investigate Europe. Се проценува дека група кол-центри од Белград, кои се под истрага на српското и германското обвинителство, измамиле околу 70.000 ...
СДСМ нема никаква соработка со ДУИ и Левица. Тоа се само празни, неиздржани обвинувања, рече денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче. Тој на прес-конференција повтори дека партијата на локалните избори настапува само во соработка со своите коалициски партнери. На ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ им порача да зборуваат за сериозни теми, наместо да се препукуваат и, како што нагласи, да подгреваат национализам. ...
ТЕМА НА ДЕНОТ Локални избори без локални теми Вчера и официјално започна кампањата за локалните избори што ќе се одржат во октомври. На централниот митинг во Скопје, наместо за локални прашања, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски ,најмногу зборуваше за „судбината на Македонија“, национални теми и политички пресметки со СДСМ, ДУИ и Левица, наместо на локалните проблеми со кои се соочуваат скопјани. Тој изборите ги претстави како ...
Чешка сака да стане првата земја од ЕУ што веднаш ќе го ограничи влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи од безбедносни причини, соопшти владата, цитирана од француските медиуми. Мерката ќе се применува на сите аеродроми во земјата. Руските граѓани акредитирани во руската Амбасада во Прага ќе го задржат своето право да влезат во земјата, соопшти чешкото Министерство за надворешни работи. Европската унија има намера да ...
Поранешен соработник на крајно десничарски германски пратеник е осуден денес на четири години и девет месеци затвор за шпионажа за Кина. Од септември 2019 година до неговото апсење во април 2024 година, германскиот државјанин Џиан Гуо бил асистент на поранешниот европратеник и сегашен германски европратеник Максимилијан Крах. Крах е член на радикалното крило на Алтернатива за Германија (AfD), главната опозициска партија во Бундестагот. И Крах ...