Како што соопштија надлежните, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која е осомничена за – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Имено, Јавното Обвинителство информира дека на 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Охрид, каде ги посети погоните на странскиот инвеститор Костал. Тој искажа задоволство затоа што „Костал“ верува во Охрид, верувал во Македонија, верувал во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио. – Станува збор за компанија којашто генерално е семеен бизнис со голема традиција. Моментално ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до ...

Соопштение на СДСМ: Се потврди најлошото, ИПАРД 3 програмата е суспендирана поради корупцискиот мега скандал на власта. Земјоделците остануваат без потребната поддршка, поради корупција, партизација и неспособност на кадрите на ДПМНЕ. Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство, врз илјадници земјоделци и компании кои веќе имаат склучени договори и реализираат инвестиции. Овој мега скандал е показател за ...

Ништо од ПР-от и шминката на Орце Ѓорѓиевски. Денеска во 10.00 часот изминаа 72 часа, период за кој новоизбраниот градоначалник на Скопје, вети дека ќе го исчисти градот од ѓубре. Не го исчисти, пишува Рацин.мк Фотогрфиите што ги направија фоторепортерите на Рацин.мк го сведочат тоа. Населбите и понатаму тонат во ѓубре, а за дивите депонии нема што да се зборува. Тие и понатаму се грда слика и извори на зараза. Еве ги фотографиите според ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената заклетва на питомците од 29. класа и слушателите на Курсот за офицери и штабни службеници на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Таа истакна дека со денешниот чин младите питомци стануваат чувари и гаранти на македонската слобода, сигурност и безбедност. За неа, заклетвата е не само збир на патриотски зборови, туку и израз на решеност, истрајност, одлучност и верност. ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.  ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ ...

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење. „Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД, а Владата и Министерството за земјоделство се ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес одржа работна средба со претседателката на Фармацевтската комора, Весна Ставрова и претседателката на Здружението на приватни аптеки, Џоана Андоноска. На средбата, министерот ја потенцираше дигитализацијата како еден од главните приоритети во сите сегменти на здравствениот систем, вклучувајќи ја и фармацијата. – Нашата заложба е континуирано унапредување на условите и воведување нови методи во јавните ...

Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура. Прогноза за 12.11.2025 Минимална температура: -1°C до 7°C Максимална температура: 12°C до 19°C Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен ...

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата – инструментот на ЕУ за претпристапна помош за рурален развој, соопшти Министерството за финансии. Оттука објаснија дека одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. „За ваквата одлука истиот ден е известена Европската ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.А., вработен во Полициската станица од општа надлежност Аеродром при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво по член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 и член 22 „соизвршителство“ од ...

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот извештај „Спавување со евроскептицизмот кај младите на Западен Балкан: Случајот на Северна Македонија“, подготвен од Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи (Institute for Good Governance and Euro-Atlantic Perspectives) во соработка со Фондацијата „Фридрих Науман за слобода“ (Friedrich Naumann Foundation for ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ, како реакција на прес конференцијата на СДСМ: Љупчо Путер Николовски, кој во својата кариера остана запаметен по гломазно презентираната акција за заплена на стотина килограми путер, не е релевантен да зборува на ниту една тема, особено не на тема корупција. Сега, за разлика од времето на СДС одговорност има за секој сторен криминал. Одговорноста во случајот со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието е брза и ...

Како што соопшти МВР, ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Д.(48) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата” и „затајување”. Според МВР,пријавената В.Д., вработена како благајник во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци, во периодот од 22.09.2025 до 31.10.2025 одзела 568.684 денари од претпријатието. Полицијата информира ...

Осврнувајќи се на начинот на владеење на македонската влада и нејзините капацитети, професорот Љубомир Фрчковски во емисијата во Центар оцени дека за разлика од Македонија, Албанија е далеку повеќе посветена на евроинтеграцијата „Еди Рама е за нив академик во политиката. Има еден став, нека го земат последниот став, „ќе направиме се, да седнеме рамноправно на масата на ЕУ’“.Тоа е политика која Мицкоски треба да ја подели исто така заедно со сите ...

Невладиниот сектор е она што ги одржува „меурите“ на слободата и ним мора да им се помогне, оцени професорот Љубомир Фрчкоски во интервју во емисијата „Во центар“ „НВО секторот мора да биде жилав и да се обиде да се снајде сам, но тоа многу тешко да се направи. Тоа не е лесно, апсолутно херои се тие што го прават тоа што успеваат да се соживеат, респект мора да има. И не е лошо да им се помогне. Ова што ние зборуваме, со што се изложуваме на ...

Вчера, во Скопје се одржа петтиот Социо-еколошки форум во организација на Фондација Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје и Прогрес Институт за социјална демократија. Форумот, почна со едукативна прошетка низ централното градско подрачје, каде што преку приказни, набљудување и заеднички дискусии се истражуваше јавниот простор. Преку оваа активност, граѓаните го искажуваа своето размислување. Тие велат дека сакаат простор што подеднакво им служи ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија за Република Северна Македонија. Претседателот Гаши потенцираше дека особено ја цени улогата на парламентарната дипломатија, клучен механизам за продлабочување на билатералните односи и затоа ја реафирмираше потребата од поблиска соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и парламентот ...

Денес, Апелацискиот суд во Париз ќе го разгледа барањето на поранешниот француски претседател на таа земја, Николас Саркози, кој издржува затворска казна во затворот „Ла Санте“ во Париз, јавува телевизијата БФМ. Саркози ќе биде сослушан преку видеообраќање, а постои можност да биде застапуван од неговите адвокати, кои најавија дека ќе тврдат на суд дека седумте критериуми за неговото затворање може лесно да се исполнат ако биде ослободен под ...

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа во историска прва официјална посета на сириски лидер откога земјата стекна независност во 1946 година. Се очекува тој да побара целосно укинување на преостанатите санкции воведени врз неговата земја, разурната од војна, објавува „Гардијан“. Ахмед ал-Шаара, чии исламистички бунтовнички сили го соборија долгогодишниот владетел Башар ал-Асад кон крајот на минатата ...

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, денес изјави дека не гледа никаква улога за Обединетите нации во решавањето на украинската криза. „Мислам дека одговорот е не“, рече Небензја како одговор на прашањето на РИА Новости дали ОН ќе игра каква било улога во украинското решение. Небензја рече дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и „неговите соработници во форма на портпароли и други службени ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на маргините на 30-тата Конференција на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP-30) во Бразил, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори од Брисел. Европската комисија објави дека состанокот не се одржал „поради причини поврзани со распоредот“, но лондонскиот весник наведе дека растечкиот ...

Ефектите од климатските промени веќе принудија милиони луѓе ширум светот да ги напуштат своите домови, според податоците објавени од агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) пред 30-тата годишна Конференција на ОН за климатски промени, која започнува денес во Бразил. „Во текот на изминатата деценија, катастрофите поврзани со временските услови внатрешно раселиле 250 милиони луѓе, или повеќе од 67.000 луѓе дневно“, се вели во извештајот на агенцијата. ...

Русија веќе е во војна со Европа и „далеку порафинирана од претходно“, вели полскиот премиер Доналд Туск. „Испраќањето мамки-дронови е исто така чин на непријателство, односно чин на агресија. Војната што Русија ја води против нас е многу пософистицирана од претходно. Виктор Орбан вели дека Туск сака војна, но таа војна веќе е во тек“, рече Туск во интервју за полскиот весник „Газета Виборча“. Тој предупреди дека руските напади во Европа ќе ...

Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано. Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, министерот Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски денеска (10 ноември) на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се обратија пред новата класа од 31 питомец и 28 слушатели на курсот за офицери кои дадоа свечена заклетва, со што и официјално го започнаа своето воено образование. Претседателката Сиљановска – Давкова порача дека питомците стапуваат во ...

Судскиот систем страда заради одредени поединци, кои постојано уверуваат дека системот функционира, а ваквата приказна се споделуваат во јавноста 25 години, вели во својата колумна јавниот обвинител Мустафа Хајрулахи. Во својата колумна се осврнува за состојбите во судската власт, за што како што наведува се нотира во последниот извештај на Европската комисија, каде што се нотира поразителна состојба во борбата против корупцијата и лошата ...

Соопштение на СДСМ: Додека државата тоне во скандали, додека заради корупција се губат стотици милиони евра од ЕУ, а граѓаните имаат се помалку пари, ВМРО-ДПМНЕ измислува приказни за СДСМ. Само за да го одвлече вниманието од сопствените проблеми. Очигледно е дека кога во Владата владеат криминал и неспособност единственото што им останува е да зборуваат за Венко Филипче и за СДСМ. Ова се очајнички обиди на ВМРО-ДПМНЕ да го сокријат фактот дека ...

На денешната панел-дискусија во Стопанската комора на тема „Планот за раст за Западен Балкан и националната Реформска агенда – зошто се важни за бизнис секторот?“, Министерството за дигитална трансформација беше истакнато како институција што ја предводи реализацијата на клучните реформски чекори нотирани во годинешниот Европски извештај за напредокот на државата. Во своето обраќање, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ...

На 09.11.2025 во 23:40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа лице(28) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.11.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа лице (24) од Скопје, затоа што ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1020
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
4.63
79%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
89%
1017
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1021
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.36
93%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
96%
1018
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
82%
1016
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1016
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1017
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
87%
1022
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
94%
1019
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
87%
1018
Currency

61.555

Currency

52.45

Currency

70.4652

Currency

34.8078

Currency

38.0655

Currency

66.0372

Currency

7.43989

Currency

0.66369

Currency

0.33333

Currency

0.52441

Currency

1.22377

Currency

0.5843

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Злато

141766.89

Платина

67491.55

Паладиум

56360.26

Родиум

258813.51

Рутениум

29192.88

Сребро

2219.66

Цинк

3.04

Алуминиум

2.93

Бакар

11.13

Калај

43.92