Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
На 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода лице (43) од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје. На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил ...
По успешните проекти во Охрид, Велес и Свети Николе, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ пристигнува во Битола – град со богата спортска традиција и срце кое чука за фудбалот. Новиот терен ќе го носи името на легендарниот Петар Упалевски – Упале, човек кој со својата страст и посветеност остави трага што инспирира генерации. Свеченото отворање ќе се одржи во петок, 12 јуни 2026 со почеток во 18:00 часот. Локација: Улица ...
Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности, од достапната инфраструктура и мрежа за дистрибуција и од свеста за поголема промоцијата на домашната музичка продукција. Ова е генералниот заклучок на Панел дискусијата „Музичко издаваштво во Македонија – лет во место?“, посветена на актуелната состојба, предизвиците и можностите за развој на домашното ...
„Кажете НЕ на овој деструктивен Предлог-закон за игрите на среќа и за забавните игри! Отфрлете го ова решение кое ќе значи крај за легалната индустрија и кое ширум ќе ја отвори вратата за сивата економија и криминалот“, порача претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, на денешната прес-конференција што АСОМ и АПИС заедно со вработените во секторот ја одржаа во паркот „Жена Борец“ по повод ставањето на Предлог-законот за игрите на среќа и за ...
Денес завршува учебната 2025/2026 година. Токму по овој повод се огласи со порака до учениците и министерката за образование, Весна Јаневска: – Денес завршува учебната 2025/2026 година. Година што беше подобра од претходната и во која воведовме бројни новини во воспитно-образовниот процес, во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори втората седница на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествуваа претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери. Во своето обраќање министерот Сали истакна дека Северна Македонија останува ...
На 09.06.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека околу 14:15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, жена го тепала своето дете, на возраст од околу три-четири години. Според пријавеното, откако случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, мајката го оставила детето на улицата и заминала со количка во која имало друго малолетно дете. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово и се преземаат ...
На 09.06.2026 во 13:30 часот во СВР Тетово, 47-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен за сума од 20.000 денари. Според пријавеното, на 06.06.2026 преку онлајн платформа добил порака во врска со наводна уплата за резервација на стан во Скопје, го отворил линкот и ги внел податоците од својата платежна картичка, по што му биле побарани и повлечени парите. Откако сторителот побарал дополнителни 25.000 денари, тој се посомневал дека е ...
Кога граѓаните одат преку граница по храна, тоа повеќе не е само викенд-прошетка. Тоа е економска порака. Сè повеќе македонски семејства пресметуваат дали повеќе им се исплати да пазарат во соседните држави отколку дома. Лерин, Врање, Ниш, Солун, па и други блиски градови стануваат дестинации не само за прошетка, туку за полнење торби со храна, хигиена, детски производи, кафе, месо, млечни производи и артикли на акција. Дома се штеди. Надвор ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Софија учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржа во рамки на бугарското претседавање со оваа најстара и најзначајна политичка иницијатива за регионална соработка во Југоисточна Европа. Состанокот е посветен на одбележувањето на три децении од ...
На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа М.Е.С. (19), П.С.(23), Ј.С.(19), Д.Г.(250 и Б.Т.Б.(20), сите од Р.Турција, поради нерегулиран престој во државата. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на ...
На 10.06.2026 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Т.Е.(45) и Р.Ф.(39), двајцата од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидираат со мерка апси по барање на ЕВР Чаир поради сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик. Имено, по преземени мерки и активности ...
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на 10 јуни 2026 година (среда), со почеток од 10:00 часот во Сала 6, ќе одржи Јавна расправа на тема: „Имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција)“ и Јавна расправа на тема: „Нацрт-национална стратегија за превенција и заштита од родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство ...
Додека чекаше одговор на Иран на најновата закана на Трамп за соборувањето на американскиот воен хеликоптер, непосредно пред објавата на американскиот претседател, претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамад Багер Галибаф се огласи на социјалните мрежи. Во екот на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран, шефот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, испрати остра порака на социјалната мрежа Икс, додека американскиот ...
Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГК) рано утрово лансираше ракети и беспилотни летала врз американски воени цели на Блискиот Исток. Техеран го опиша нападот како одмазда за претходните американски напади врз Иран, кои беа одговор на неодамнешното соборување на американски воен хеликоптер. Снимките од веб-камерата, чија локација беше потврдена и потврдена од CNN, наводно го покажуваат моментот на моќен блесок што доаѓа од правец на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска (10 јуни 2026 година, среда) во Софија, Република Бугарија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Таа ќе се обрати на пленарната сесија на тема „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“. Домаќин на самитот е претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова. Покрај македонската претседателка, на ...
Соопштение на СДСМ: Вистина е дека за две години Влада на Мицкоски и ВМРО, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Наместо зголемени субвенции како што лажеа кога беа опозицијата, земјоделците од ВМРО добија намалување. Субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари по грло. Намалена е и поддршката за тутунот, од 100 на 80 денари за прва класа. Укинати се низа ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Приклучувањето кон иницијативата ,,Роаминг како дома“ ќе им овозможи на граѓаните на Македонија да користат пакети за мобилни услуги, интернет, повици, СМС пораки, во земјите од ЕУ, по цени исти како и дома. Ова претставува директна придобивка од европската интеграција, која ќе донесе пониски трошоци за граѓаните, полесна комуникација со семејствата, пријателите и деловните партнери во Европа, како и подобри услови ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажува дека европскиот пат е можен и без национални понижувања. Македонија е лидер во реформите и Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, без да се продава идентитетот, без да се редефинира историјата и без да се релативизира македонскиот идентитет. Тоа им пречи на СДС и на Филипче и затоа упорно тврдат дека без отстапки нема напредок. Затоа граѓаните ги испратија СДС во ...
Оваа година, Русија планира да одобри две вакцини против глиобластом, еден од најагресивните тумори на мозокот. Веста ја потврди Вероника Скворцова, директорка на Федералната медицинска и биолошка агенција (FMBA), во интервју за државната новинска агенција РИА Новости. Скворцова објави дека се надева дека наскоро ќе дојде одобрение за првата онколошка вакцина. „Се надевам дека во 2026 година ќе добиеме одобрение за употреба на онколошка ...
САД додадоа неколку големи кинески компании, вклучувајќи ги технолошкиот гигант Alibaba и производителот на електрични автомобили BYD, на списокот на компании за кои велат дека се поврзани со кинеската војска. Списокот, составен од Министерството за одбрана, има за цел да ги предупреди американските организации за ризиците од водење бизнис со компаниите, но не води автоматски кон санкции, објавува Би-Би-Си. Список што ги затегнува односите ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, е оптимист и верува дека, по повеќе од четири години од почетокот на руската инвазија, текот на најголемата европска војна од 1945 година полека се врти во корист на Украина. Во опширно интервју од Лондон, Зеленски оцени дека воената ситуација за Киев е најповолна во последните две и пол години. „Не можеме да кажеме дека Русија ја губи оваа војна, но можеме да кажеме дека ја губат иницијативата од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската дипломатија прави „последен притисок“ за постигнување договор со Иран, еден ден по невидените реципрочни напади од страна на Израел и Иран по договореното примирје пред два месеци. „Правиме последен притисок за она што ќе биде многу, многу добар договор“, рече Трамп, наведувајќи временска рамка од „два до три дена“ за договор. Тој исто така рече дека договорот „нема да дозволи ...
Лидерите на осумте нордиски и балтички држави испратија порака од регионалниот состанок во Талин во вторник, поддржувајќи го „неповратниот пат“ на Украина кон НАТО и пристапувањето на Киев во Европската Унија „што е можно поскоро“, пренесуваат медиумите во регионот. Лидерите на Шведска, Норвешка, Финска, Данска, Исланд, Литванија, Латвија и Естонија се собраа во Талин во присуство на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Украина е ...
Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“ , музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје. „Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во безвременски мелодии од светските филмски класици, претставени во моќно и современо симфониско ...
Уставниот суд денеска(10.06.2026) во 9:30 ќе ја одржи 16. седница со Дневен ред за кој е предвидено да се дискутира за осум предмети во кои се бара оценување на уставност изаконитост и да се донесат две конечни одлуки. Седницата ќе може да се следи во живо на веб-страницата на Судот: https://ustavensud.mk/%D0%B2%D0%BE-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%BE Оспорени одредби: член 22 став 1 во делот „актите“ и член 26 во делот „акт“ од Законот за Академија ...
Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши ...
Историски земјотрес го погоди северозападниот брег на Куба во понеделник, според официјалните извештаи, погодувајќи делови од островот, Мексико и Флорида кои обично не се склони кон земјотреси. Епицентар и измерена магнитуда Геолошкиот завод на САД (USGS) го измери земјотресот со магнитуда од 6,1 степени на мала длабочина од 26 км, со епицентар 104 км западно-северозападно од градот Мантуа, Куба, на околу четири часа возење од главниот град ...
Четиринаесет лица беа убиени, а повеќе од 20 ранети во израелските воздушни напади во јужен Либан, според властите и Црвениот крст, додека Израел вети дека ќе продолжи да ги таргетира проирански Хезболах и покрај заканите за одмазда од Техеран. „Во нападот на непријателот, Израел, во зори врз селото Зифта во регионот Набатија“, седум лица беа убиени, вклучувајќи „едно сириско дете и една жена, а осум беа ранети, вклучувајќи две жени“, се вели ...
Американски воен јуришен хеликоптер се урна вчера во Ормускиот теснец, а неговите двајца членови на екипажот беа безбедно спасени, објави „Њујорк тајмс“. Весникот, повикувајќи се на две лица запознаени со инцидентот, наведува дека сè уште не е јасно дали хеликоптерот „Апачи“ бил соборен, дали претрпел технички дефект или се урнал од некоја друга причина. Белата куќа и Централната команда на САД (CENTCOM) сè уште не го коментирале ...