Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Основното јавно обвинителство Скопје покрена истрага против две лица, сопственички на приватни домови за стари лица во Скопје, поради сериозни злоупотреби и нехуман третман на корисниците. Според обвинението, установите работеле над дозволениот капацитет, без соодветен стручен кадар, со сериозни пропусти во хигиената, исхраната и документацијата. -Со дејствијата што ги координираше јавниот обвинител во изминатите два дена, обезбедени се докази ...
Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад. Последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните. До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните? Не е само последното пукање во ...
Компаниите во Србија што произведуваат цемент, железо, челик, алуминиум, вештачко ѓубриво, но и електрична енергија – компании што се класифицирани како „големи загадувачи“ поради природата на нивната работа – ќе мора да ѝ платат на државата данок на загадување од 1 јануари. Наплатата на тој данок ќе важи и за компаниите што увезуваат овие „валкани“ суровини. Нацрт-законите на Законот за данокот на емисиите на стакленички гасови и Законот за ...
Со жалење беше примена веста за смртта на Панчо Минов, долгогодишен политичар и јавен функционер кој остави длабок белег во политичкиот живот на Македонија, особено во Кавадарци. Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој двапати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци — прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009). Минов имаше и богата ...
Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, на церемонијата на доделувањето на „Португалски фудбалски глобуси 2025“ изјави дека нема долгорочни планови и сè уште не знае дали ќе игра на Светското првенство во 2026 година. – Благодарен сум на сите мои соиграчи за сè што научив од нив, па дури и од помладата генерација. Нашата цел е да ги добиеме следните два натпреварa и да се квалификуваме за Светското првенство. Ќе видиме што ќе се случи на ...
Одбележувајќи ја втората годишнина од нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година од страна на палестинската милитантна група Хамас, премиерот Бенјамин Нетанјаху вчера вети дека ќе продолжи да ги остварува воените цели на Израел, јави ДПА. „Нашите крволочни непријатели нè удрија силно, но не нè скршија“, рече тој во изјавата што вчера беше цитирана од израелските медиуми. „Кој и да крене рака против нас добива невидени удари“, додаде тој, ...
Рускиот претседател Владимир Путин вчера повторно потврди дека останува посветен на своите воени цели во Украина за време на состанокот со воените лидери, велејќи им дека украинските напади длабоко во внатрешноста на Русија „нема да му помогнат“ на Киев. Путин рече дека Киев се обидува да им даде на своите западни поддржувачи впечаток на успех со своите контранапади, „додека украинските сили биле принудени да се повлечат долж линијата на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината ...
На десеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со своите активности на терен – со митинзи и директни средби со граѓаните во повеќе градови и општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе ги претстават своите кандидати во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош, додека СДСМ продолжува со кампањата во Долнени, ...
На Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска и утре ќе се одржи дводневниот Саем за пракса и вработување TECHMECH 2025, со цел да се поврзат студентите, академијата и индустријата на едно место. Настанот ќе трае од 11 до 17 часот во двата дена. Организатор на настанот е Факултетското студентско собрание на Машинскиот факултет, во соработка со Машинскиот факултет – УКИМ, Центарот за кариера при УКИМ, ЦИЗИ и ...
Без струја денеска ќе останат дел од жителите на скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН. – На ден 08.10.2025 (среда) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од ул.с. Долно Лисиче (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево (Општина Центар“); во периодот од 08.10 до 12.00 часот, ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, со што создале диви депонии на дел од локацијата во Вардариште. Обвинетите Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи на минатото рочиште признаа вина за стореното дело – загрозување на животната средина и природа со складирање и создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во ...
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Одбраната на првообвинетиот Васев на минатото рочиште до Судот поднесе барање државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или делегира на друго обвинителство. Со оглед дека по предлогот е потребно да одлучи ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина, синоќа, во Валандово ги повика граѓаните, да дадат глас за Перо Костадинов, бидејќи тоа е глас за продолжување на развојот, за секое маало и за цело Валандово. „Овде луѓето ја знаат тежината на дадениот збор, ја знаат вредноста на чесната и посветена работа. Тоа се одлики и на нашиот Перо и затоа верувам, убеден сум, дека со вашиот глас ќе го ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Валандово истакна дека политиката треба да биде алатка за подобрување на животот на луѓето, а не кон пропаганда и лични интереси, укажувајќи на разликата во владеење на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ која стои зад малкумина, зад богати олигарси, и му го врти грбот на народот. „Тоа е нашата борба – за поголеми плати на работниците, за минимална плата од 500 ...
Русија, која беше домаќин на делегација на талибанската влада, предупреди дека е неприфатливо странско воено присуство во Авганистан. На почетокот а средбата, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја пофали талибанската влада за нејзината борба против Исламска држава и други екстремистички групи, како и за борбата против трговијата со наркотици. – Распоредувањето на воена инфраструктура од трети страни на територијата на Авганистан, како и ...
Израел постојано ги одбива барањата за префрлање инкубатори од евакуираните болници во северниот дел во јужниот дел на Појасот Газа, каде што новороденчињата сега делат маски за кислород и креветчиња, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер. Според Светската здравствена организација (СЗО), поради војната помеѓу Израел и Хамас, една петтина од бебињата во Појасот Газа се предвремено родени и ненахранети. Во една од педијатриските соби, имаше ...
Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, што се одржуваат во египетското летувалиште Шарм ел Шејк, заврши без видлив напредок, изјави неименуван египетски претставник. – Ситуацијата е непроменета во споредба со првиот ден, а израелската и делегацијата на Хамас цврсто се држат до своите ставови, наведе египетски неименуван претставник. Преговорите за завршување на војната во Појасот Газа се ...
Данска планира да ја забрани употребата на социјалните медиуми за лица под 15 години, објави премиерката Мете Фредериксен. – Владата ќе предложи забрана за некои социјални медиуми за деца и млади под 15 години, рече таа во говорот на отворањето на парламентарната седница. Во законот, кој треба да биде презентиран на сè уште неопределен датум, родителите ќе имаат можност да им дозволат на своите деца да ги користат од 13-годишна возраст. – ...
Пролетната сеидба на земјоделските култури во битолскиот дел на Пелагонија е со солиден род, изјави за МИА, Стојан Христовски, раководител на ПЕ на Министерството за змјоделство, шумарство и водостопанство. Според Христовски дел од земјоделските производи се целосно собрани, а дел е во завршна фаза, освен луцерката, зелка и кељ кои се во нивите. -Собирањето на родот од пролетната сеидба е во полн ек, се собира се што е посеано и на сите ...
„Земјоделството е на колена. ВМРО-ДПМНЕ буквално им заврте грб на земјоделците. Откупот на индустриската пиперка – ајварка е закочен. Ветуваа 45 денари по килограм, а денес цената е понижувачки 20 денари. Половина од родот стои без откуп. Ниту субвенциите од лани се уште не се исплатени”, рече Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Валандово, нагласувајќи дека земјоделците се ...
Нема достоинствена работа без достоинствени плати кои ќе ги задоволат реалните егзистенцијални потреби на работниците и нивните семејства, порачува Сојузот на синдикати на Македонија по повод 7 Октомври – Светскиот ден на достоинствената работа. Од ССМ укажуваат дека платите во државата значително заостануваат зад реалните животни трошоци, дека според нив, истите создаваат сиромаштија, поттикнуваат масовна миграција и дека затоа нивното ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, вечерва од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во општина Дојран, истакна дека актуелните градоначалници на СДСМ со дела покажауваат како домаќински и чесно може да се водат општините и порача дека континуитетот и искуството се клучни за напредокот на општина Дојран. „Над 200 имплементирани проекти, од кои сигурно 15 до 20 капитални, и над 30 милиони евра ...
„Од овде од Гевгелија имам една порака за Мицкоски: Македонија не е твој експеримент ниту твој вилает. Македонија е нашата татковина, наш дом и ние ќе се избориме за него,“ порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Гевгелија. Филипче истакна дека народот живее тешко, а Владата наместо да му помогне со конкретни мерки и политики за покачување на стандардот, за поголеми плати, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанскиот собир во Гевгелија нагласи дека Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе немаштија и безнадежност. „Народот живее тешко, тешки времиња дојдоа со ВМРО-ДПМНЕ и тоа граѓаните го чувствуваат секој ден, ни го кажуваат на секоја една средба. Цените секојдневно растат, луѓето мака мачат да ги полнат трпезите, а платите стојат.“, рече Филипче. Тој додаде дека цела Македонија живее под тежината на ...
Поради уличен дефект утре прекинато водоснабдување ќе имаат повеќе улици во општините Центар и Аеродром. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето во општина Центар ќе биде прекинато од 8:30 часот сѐ до завршување со санација на дефектот. Без вода ќе бидат улиците „Питу Гули“, дел од „Загребска“, „Ганчо Хаџипанзов, „Капиштец“, „Димитар Пандилов“, „Караорман“, висока зона „Козле“ и крак еден, три, пет и седум од улицата ...
„Ниту сме шести во Европа по раст на платите, ниту скандинавски живееме, годишната инфлација не паѓа, таа е 4%, народот живее тешко и тоа е факт“, порача вечерва Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ која се одржа во Гевгелија. „Годишната инфлација е 4%. И тоа е факт. Ама излегува денеска податок за септември, цитирам „ од месец на месец се намалила инфлацијата -0,2%. Со статистички финти и ...
„Ова не се обични избори. Ова е борба за вистината, за достоинството, за иднината на нашиот заеднички дом, Македонија,“ порача Венко Филипче вечерва во Гевгелија на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“. Тој ги повика граѓаните на 19 октомври масовно да излезат и да ја испратат јасна порака до властадека е доста од лаги и ароганција. „Ве повикувам, Гевгелија, со својот глас да ја испратите првата порака: доста е од лаги, доста е од ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во Извештајот од мониторингот на радиодифузерите во периодот од распишување на изборите до почетокот на кампањата за Локалните избори, односно од 10 август до 28 септември 2025 година, наведува дека во овој период не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик. Медиумите генерално се придржуваа кон начелото за објективно и непристрасно прикажување на настаните, но ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Валандово каде продолжува изборниот караван со граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, порача дека неспособноста и безидејноста на владата е прочитана и затоа власта посегнува по црни кампањи. „ВМРО-ДПМНЕ не испорача резултати туку се сликаше со проектите кои останаа недовршени од СДСМ. Без резултати власта прибегнува кон лаги и спинови“, рече Филипче. „Кога се нема резултати, кога ...