Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Во Холандија повторно е потврдено присуството на птичји грип, за првпат по март, во покраината Дренте, на фарма за гоење кокошки каде што ќе бидат еутанизирани 71.000 кокошки. -Иако знаеме дека ризикот се зголемува на есен, секој случај што ни се појавува секако е разочарувачки. Се надевав дека тоа сепак ќе се случи неколку месеци подоцна, рече претседателот на здружението за одгледување живина, Кес де Јонг, објави холандскиот јавен радиодифузен ...
Ололу 9:30 часот утринава комбе се запали на улицата Варен во Париз. Настанато се случи во близина на хотелот Матињон, каде што премиерот во заминување Себастијан Лекорну требаше да се сретне со лидерот на Сенатот, Жерар Ларшер, и претседателката на Националното собрание, Јаела Браун-Пивет. Официјалната канцеларија на Лекорну се наоѓа токму во тој хотел. Во неколку видеа објавени на социјалната мрежа X, може да се види црн чад како се извива од ...
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,2 процента, додека во однос на декември 2024 година за 1,9 отсто. Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4,7 отсто во однос на истиот месец претходната година. Цените во угостителството по ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес најави низа капитални проекти за Општина Бутел, меѓу кои изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, пробивање на нови улици и формирање на модерен мега парк. – Кружниот тек е дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје, со цел зголемена безбедност и ред во сообраќајот. Сакаме град со нула фатални несреќи до ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави нова мерка во рамки на својот план за поодржлива и модерна општина – субвенции за изградба на енергетски ефикасни фасади на објектите за колективно домување. „Ова не е само фасада – ова е инвестиција во нашата иднина, во почист и поубав Пробиштип,“ истакна Тоневски, нагласувајќи дека целта е намалување на потрошувачката на енергија и создавање позелена заедница. Според него, ...
Франција повторно се соочува со политичка криза откако новата влада на Себастијан Лекорну падна помалку од 24 часа по преземањето на функцијата, испраќајќи нервоза на пазарите и отворајќи ја можноста за нови избори што би можеле да ја зајакнат крајната десница. Овие настани доаѓаат во време кога Европа веќе се соочува со низа предизвици, војната во Украина, притисоците на американскиот претседател Доналд Трамп врз меѓународната трговија и растот ...
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, изјави дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, не е тој кој ќе одлучи дали таа земја ќе се приклучи на Европската Унија, туку земјите-членки. Ваквата реакција Сијарто ја објави на Фејсбук откако Зеленски изјави дека Украина на крајот ќе стане членка на ЕУ, со или без унгарскиот премиер Виктор Орбан, и истакна дека унгарскиот народ веќе ја донел својата одлука. „Не е претседателот на ...
Граѓаните и компаниите од денеска ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Со приклучувањето кон СЕПА им се овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од уште 40 земји. Гувернерот на Народната банка Трајко Славески вели дека земјава практично станува дел од Единствената област за ...
Реален раст на БДП од 3,1 отсто во 2025 година, од 3 проценти во 2026-та и од 3 отсто во 2027 година се проценките на Светска банка за земјава. Според последниот извештај, разликата во процентни поени од проекциите во пролетниот извештај за 2025 година е во нагорна линија и изнесува 0,4, 0,3 и 0,2 за овие три години. Проценките и прогнозите ги отсликуваат податоците достапни до 20 септември 2025 година. Според Светска банка, економскиот раст во ...
,,Центар на овие избори повторно е повикан да застане на нозе и да испрати силна порака до Мицкоски и неговата банда на власт. Центар на овие избори прв ќе се разбуди и ќе му порача на ова лажно, арогантно и своеволно владеење на Мицкоски дека е доста, порача лидерот на СДСМ д-р Филипче на граѓанската трибина во Центар. Филипче побара поддршка за актуелниот градоначалник Герасимовски и листата на советници предводени од неговиот ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, синоќа на митинг во општина Центар најави еден поинаков, пристап кон кампањата, во духот на солидарноста. Шукова и кандидатите за советници одлучиле да се откажат од градски изборен штаб и средствата да ги насочи таму каде што најмногу се потребни. „Јас како кандидат за градоначалник и кандидатите за советници во Град Скопје се откажавме од градски штаб. Сите средства за работа на ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина во општина Центар, го коментираше однесувањето на актуелната власт и посочи на негативната кампања која ја води против СДСМ. Според Филипче оваа кампања на ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден на власт е одраз на нивната немоќ и неспособност. „Сведоци сме на одвратна лажна и црна кампања против СДСМ која ја водат од првиот ден на власт. Оваа мизерна и ниска ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а ...
Претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници во рамки на кампањата за локалните избори 2025 продолжува и денеска, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии. Предизборниот караван на СДСМ е во Дојран Богданци, Гевгелија и Валандово. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово. Од Левица за денеска најавија средба со граѓани во ...
Приватните автобуски превозници во Скопје од денеска ќе сообраќаат по редовен возен ред. Сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски, за МИА потврди дека ЈСП Скопје вчера попладне им уплатило по 6 милиони денари на трите компании. – Добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари и по кординацијата со превозниците се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за ...
На втората годишнина од масакрот на 7 октомври извршен од исламистички терористи во Израел, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика страните да ја прекинат војната во Газа, хави ДПА. „Ставете крај на непријателствата во Газа, Израел и регионот веднаш“, рече Гутереш во денешното соопштение. Тој рече дека најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп нуди можност за ставање крај на конфликтот. „По две години траума, ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Чикаго за „воена зона“ за да може таму да испраќа војници, додека припадниците на Калифорниската Национална гарда се распоредени во Портланд, Орегон, уште еден град предводен од демократите, и покрај блокадите на судовите. – Тоа е воена зона. Неговиот град е воена зона, а тој лаже за да можат криминалците да влезат и да ги уништат животите на луѓето, изјави министерката за ...
Шведската активистка Грета Тунберг синоќа пристигна во Грција каде толпа луѓе ја пречекаа со овации откако таа, заедно со стотици други активисти, беше приведена од Израел на отворено море и депортирана поради обид за доставување хуманитарна помош во Газа. Израел соопшти дека вчера протерал 171 активист, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, со што бројот на депортирани активисти се искачи на 341, од 479 приведени откако Израел пресретна флотила што ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води „хибридна војна“ во Германија. -Тој води информативна војна против нас. Тој води воена војна против Украина, а таа војна е насочена и против нас, изјави Мерц за германската телевизија ntv. Мерц тврди дека рускиот претседател сака да го преврти европскиот политички поредок наопаку. -И затоа ја поддржуваме Украина, објасни Мерц, додавајќи дека е во интерес на ...
„Карпош знаел да ги препознае и ќе ги препознае оние кои лажат и манипулираат, кои се кандидираат за лични и бизнис интереси, токму како кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Карпош знае дека глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за уште еден пиун на олигархијата, кој ќе работи под директна контрола на Мицкоски и на оние кои го плаќаат”, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанска трибина во Центар објасни зошто е силен слоганот „Се бориме за нашиот дом“, затоа што тоа е борба за секој работник, во секоја институционална сфера, во секоја област во општеството, за секој еден граѓанин во државата. „Секоја политика, секоја мерка, секој ризик и храбар потег што го преземавме беше со една цел, да обезбедиме подобри услови за живот за нас и нашите деца. Се боревме и ќе се бориме ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп сака сите страни брзо да постигнат договор за условите за ослободување на заложниците во Појасот Газа, соопшти денеска Белата куќа. Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит изјави дека Трамп очекува брзото ослободување на преостанатите заложници за да се создаде моментум за другите делови од планот. – Сакаме да постигнеме брз напредок по ова прашање и претседателот сака заложниците да бидат ослободени што е ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче од вечерашнава граѓанска трибина во Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за загари и орли додека младите се селат. Филипче испрати порака дека жално е што зад црната кампања не се крие само неспособна власт, туку власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тој исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквото владеење е непријател на државата. „Тоа е власт која се храни и одржува од внатрешни ...
„Државата е под закана, ВМРО-ДПМНЕ, ја турка во повторна изолација, назадување, узурпација и режим, вашата сила и вашиот глас значат повеќе од кога било“, рече вечерва од граѓанската трибина Центар претседателот на СДСМ Венко Филипче. „Ова не се обични локални избори, ова е момент кога е потребен силен СДСМ, кој ќе биде силен противник на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, сега е време за борба за масовна мобилизација во Центар. Ве повикувам да излезете на ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека нападите на украинската армија врз руската инфраструктура изминатите денови се извршени со ракети произведени во земјата. – Важно е да се разбере дека изминатите денови Украина користи исклучиво украински производи (и тоа не се) само дронови, наведе Зеленски на брифинг во Киев, одговарајќи на прашање дали Украина ги употребила своите нови ракети „Фламинго“ со долг дострел против ...
Европска Унија сака да учествува во мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп и да биде дел од меѓународниот преоден комитет во Појасот Газа, изјави денес високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, за време на нејзината посета на Кувајт. Според неа Европа треба да има важна улога и треба да биде дел од тоа, посочи Калас одговарајќи на новинарско прашање за евентуалното учество на ЕУ во ...
Претседателот на Бразил, Инацио Лула да Силва во денешниот телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп побара укинување на царината од 40 проценти за бразилските производи. Лула го поканил Трамп да присуствува на претстојниот Самит за климата, што ќе се одржи во Белем. По телефонскиот разговор Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth social) објави дека со Лула имал добар разговор. – Разговаравме за многу работи, но ...
Поранешниот египетски министер за туризам и антиквитети, Халед ал Енани е избран за нов генерален директор на Организацијата на Обединети нации за образование, наука и култура (УНЕСКО). Ал Енани (54) го победи својот конкурент Едуардо Фирмин Матоко (69) од Конго на тајно гласање, освојувајќи 55 гласа од 58-те членови на извршниот одбор на УНЕСКО. Матоко освои само два гласа, додека САД не гласаа. Изборот на Ал Енани на 6 ноември треба да биде ...
Делегацијата на Европската унија во Тирана вечерва реагираше поради убиството на судија од Апелацискиот суд, наведувајќи дека е „шокирана од чинот на насилство што доведе до убиство на судијата Астрит Калаја и повредувањето на двајца албански државјани“. – Остро го осудуваме овој криминален чин. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на судијата Калаја. Оваа трагедија ја истакнува итната потреба Албанија да ја зголеми безбедноста на ...
„Власт која ја губи довербата од народот измислува непријатели за да ја скрие вистината„. рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Карпош. Претседателот Филипче ја осуди црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека таа кампања е доказ за неспособност и страв од народот. „Власт која води негативна кампања кон опозицијата не е само неспособна власт, тоа е власт која не сака напредок, не ...