
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија денеска да протестираат во Белград, Ниш, Нови Сад, Крагуевац и други градови против полициската бруталност и целосно да ги блокираат градовите. Студентите повикаа на таа акција бидејќи за време на претходните блокади, полицијата приведуваше студенти и граѓани и насилно ги кршеше блокадите. Како што објави МВР на Србија, низ целата државабеа приведени 79 лица. Претседателот на Српската напредна ...
Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата се очекува да се зголеми со надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата држава, за што Јавното претпријатие за држави патишта наскоро ќе објави повик за избор на ...
Комбинирани патроли одат во теренска посета на населените места во Гевгелија за заштита од пожари и справување со шумски пожари, а патролирањето почна вчера од селото Негорци, соопштија од Општина Гевгелија. Оттаму информираат дека со тоа започнал да се спроведува уште еден од донесените заклучоци на координативниот состанок одржан на 17 јуни, со претставници на институциите за превенција и справување со шумски пожари на територијата на ...
Eнормно e зголемена потрошувачката на водата, особено во попладневните часови. Неконтролирано се полеваат бавчи и ниви, се перат возила и се полнат базени, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Претпријатието апелира граѓаните совесно и рационално да ја користат водата, а доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk. -Конкретно, на 23 јуни 2025 година дневната ...
Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, што не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија), одложување на работниот процес од 11 до 17 часот за работници изложени на директна топлина, работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо, обезбедување микроклиматски услови за работа од ...
Американскиот глумец Мајкл Медсен, можеби најпознат по своите харизматични но „опасни“ и сурови ликови во филмовите на Квентин Тарантино, почина вчера, на 67-годишна возраст, во својот дом во Малибу, Калифорнија, САД. Веста ја потврди неговиот менаџер Рон Смит, наведувајќи дека причина за смртта е срцев удар. Во заедничка изјава, Смит, со-менаџерката Сузан Ферис и публицистката Лиз Родригез истакнаа дека Мадсен последниве две години интензивно ...
Соединетите Американски Држави ќе воведат царини од 10 проценти за околу 100 земји, изјави синоќа американскиот секретар за финансии Скот Бесент, додавајќи дека очекува „бран“ трговски договори пред крајниот рок на 9 јули, кога царините треба драматично да се зголемат. Доколку 100 земји бидат погодени со царини од 10 проценти, тоа би било помалку од 123-те земји што првично ги проектираше администрацијата на Трамп. Во април, американскиот ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика граѓаните на државата на мир и упати „апел“ дека „Србија не треба да биде уништена“. „За жал, оние што не ја сакаат Србија, а ги има некои од нив, ги има некои од надвор, ги има некои во нашата земја, решија да ви го отежнат животот на сите вас. Решија да ве блокираат да одите на работа, да ви го блокираат нормалниот живот, да ве блокираат да се чувствувате слободно во вашата земја“, рече ...
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска е во дводневна официјална посета на Света Гора, посета што според весникот „Катимерини“, доаѓа по реакциите на седум манастири, кои првично не се согласувале со пристигнувањето на премиерот, јави дописничката на МИА од Атина. Посетата синоќа беше официјално најавена од кабинетот на Мицотакис, а грчкиот весник пишува дека „голем дел од манастирите ја ставија под сомнеж посетата на премиерот на Света ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 40 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека до вторник времето ќе биде ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. -На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица 20-30 минути, на Табановце 20-30 минути на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Автомотосојузот препорачува ...
Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата. Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени во традиционалните галички свадбарски носии, на настанот ќе говорат Огнен Караѓозовски, претседател на Месната заедница Галичник, и Марија Мининчиќ, менаџер за партнерства со заедницата на Пивара Скопје – традиционален ...
На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола. На официјалниот старт на One Stop системот ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ. Воведувањето на овој систем, како што изјави неодамна министерот Тошковски, ќе овозможи многу побрз проток на граѓани на „Табановце-Прешево“, кој моментално е ...
Во академската 2024/2025 година на додипломски (прв циклус) студии се запишале 53 535 студенти, што е зголемување за 2.3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Над половина од запишаните, 31 734 или 59.3 отсто, се студентки. Најголем број студенти, 76.8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23.2 проценти на приватните високообразовни установи. -Во прва година ...
„Според податоците на Народната банка, во однос на последниот квартал од 2024 година, странските директни инвестиции се намалени за 261 милион евра – од 397 на 135 милиони евра, за две третини се намалени. Дури и на ова поле на кое што се фалат дека нешто ќе направат, тие потфрлуваат“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на трибина во Крушево. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ за една година не реализирале ниту еден проект. „Нула проекти, едвај ...
„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се ‘бореле со Бугарите’, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив“, изјави претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина „Мугра на слободата“ во Крушево. Тој појасни дека проблемот не е дали некој има бугарски пасош, туку лицемерието. „И не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет трет ден денеска треба да продолжи расправата за ребалансот на Буџетот. На вториот ден од расправата, вчера пратениците од власта и опозицијата продолжија со меѓусебни обвинувања – за пратениците од власта предложениот ребаланс ја отсликува стабилната и одговорна економска политика на Владата со повеќе средства за плати, пензии и капитални инвестиции, додека за опозицијата тој е обид да се ...
Пожарот во село Длабочица, општина Старо Нагоричане е изгаснат околу 19 часот вчера, но екипи на „Национални Шуми“ дежурале во текот на ноќта, соопштија денеска од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане и од „Национални шуми“. Според првичните проценки, опожарени се 50-тина хектари мешана шума, бор, даб и ниска вегетација. Командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски информираше дека биле ангажирани две противпожарни ...
Доколку македонскиот јазик биде тргнат од Извештајот на ЕУ виновен ќе биде само Христијан Мицкоски кој ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент за прашање кое беше затворено. Вечерва Венко Филипче од граѓанската трибина „Мугра на слободата“ обвини дека за една година ВМРО-ДПМНЕ сите победи на СДСМ ги претвори во пораз. „Последниот пораз најмногу боли. Очигледно македонскиот јазик ќе биде тргнат од извештајот на ЕУ. Заради ...
Upgrade to a smarter Gmail Secure, fast & organized email Open Primary [КРГ] Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од правен прогон, 03.07.2025 S SDSM Centar za komunikacii so javnost to 2 hours ago Details Соопштение за јавност Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од правен прогон На вечерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ Венко ...
За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава на залжник на туѓи интереси, потенцираше претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на Слободата“, во Крушево. Тој предупреди дека Владата на ВМРО ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси. „За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. ...
Реал Мадрид успеа да заработи најмногу пари од сите четвртфиналисти на ФИФА Светското клупско првенство. Клубот од Мадрид е првиот што ја надмина бројката од 50 милиони евра заработка врз основа на учество и пласманот досега. „Кралскиот клуб“ ги мина групата и осминафиналето и го очекува дуелот од четвртфиналето против Борусија Дортмунд во сабота. Нивната заработка досега е 54,83 милиони евра. Причината за надминувањето на сумата од 50 милиони е ...
Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, денеска објави дека ЕУ ги следи извештаите за прекумерна употреба на сила против демонстрантите во Србија. Кос на X објави дека „правата на мирни демонстрации и слободата на собирање и изразување мора да се почитуваат“. Во објавата таа додаде дека ЕУ остро го осудува секој чин на насилство и омраза, како и дека основните права и вредности мора да се почитуваат. Однесувањето на полицијата ...
Поради штрајкот на француските контролори на летање денеска и утре откажани се повеќе од 1.500 летови, што влијае на речиси 300.000 патници, се наведува во соопштението на европската организацијата на авиопревозници „Ерлајнс фор Јуроп“ (Airlines for Europe – A4E), меѓу кои и „Ер Франс – Ка-ел-ем“ (Air France – KLM) „Луфтханза“ (Lufthansa), „изиЏет“ (easyJet) и „Рајанер“ (Ryanair). А4Е го осудува штрајкот на француските контролори на летање што ...
Овој јули, Полска го започнува првиот пилот-проект за скратена работна недела, со цел да одговори на современите предизвици на пазарот на трудот. Фокусот е помалку стрес, повеќе време за семејството и здравјето, како и зголемена ефикасност. Полска овој месец ќе ја започне својата прва пилот-проект за скратена работна недела, во обид да одговори на растечките социјални потреби и да го промени пристапот кон работата. Идејата за намалување на ...
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот на претседателот Доналд Трамп, кој предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари (3,8 трилиони евра). За законот гласаа 218 пратеници, додека 214 беа против. Двајца републиканци им се придружија на демократите во противењето на предлог-законот. Трамп постави краен рок до 4 јули за Конгресот да го усвои законот. Сенатот веќе го ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го предупреди Иран дека Париз ќе преземе реципрочни мерки доколку Техеран не се откаже од обвиненијата за шпионажа во полза на Израел против двајца француски државјани кои со години се во ирански затвор. Макрон ги нарече обвиненијата „провокација“, „навреда“ и „неприфатлив чин на агресија врз Франција“. Тој најави дека наскоро ќе разговара со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Изјавите ги даде ...
Слабо позната група која се нарекува „Деца на огнот“ ја презеде одговорноста за десетици пожари во шест турски градови, јавија турски медиуми, повикувајќи се на онлајн соопштение на групата. Групата тврди дека е поврзана со Кюрдската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција и е прогласена за терористичка организација од Турција, ЕУ и САД. ПКК, која во мај најави крај на четиридецениската вооружена борба, досега не го коментирала ...
Меѓународната организација за човекови права Амнести интернешенал денеска обвини дека спорната Хуманитарна фондација за Газа (GHF), поддржана од Израел и САД, применува тактика на изгладнување на населението во Појасот Газа како средство за продолжување на геноцидот врз Палестинците. Во нов извештај, Амнести обвинува дека Израел преку милитаризирани центри на GHF ја претворил хуманитарната помош во „замка за очајните и изгладнети Палестинци“, ...
Денеска во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01.07.2025 околу 19.30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, со мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што го напуштил местото на настанот, а од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Денеска Ф.Љ. е лишен од слобода и по документирање на ...