Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Светски познатиот научник Џејмс Вотсон, кој ја делеше Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година за помош во откривањето на структурата на ДНК, почина на 97-годишна возраст. Смртта на Вотсон беше потврдена синоќа од лабораторијата „Колд Спринг Харбор“, каде што работеше со децении. Во 2007 година се пензионираше од престижната лабораторија во државата Њујорк откако даде расистички коментари, пренесе ДПА. Вотсон, заедно со ...
Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди апелира до германскиот парламент да ја прошири хуманитарната помош, додека Бундестагот се подготвува да го финализира буџетот за следната година. – Одржувањето на хуманитарниот буџет толку низок каков што е, е огромна стратешка грешка, изјави тој за ДПА во неодамнешно интервју. На 13 ноември, буџетскиот комитет на Бундестагот ќе се состане за да го финализира буџетот за 2026 година. Германија ...
Уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети од сите региони на Македонија, претставува Саемот за храна што ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје. Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, Саемот ќе ги промовира производите „Македонско најдобро“ кои, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), претставуваат синоним за квалитет. -Саемот за храна ќе ...
Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на Бизнис-форумот што се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија, организиран во соработка со Амбасадата на Република Грција во Скопје. Настанот имаше за цел да ги продлабочи економските односи меѓу двете земји и да отвори нови можности за деловна соработка и инвестициски партнерства меѓу компаниите. На Форумот учествуваа претставници на Атинската комора за трговија и ...
По изборите за членови на Европскиот парламент во јуни минатата година, првата оценка беше дека и покрај значителниот подем на десницата и екстремната десница, мнозинството во претставничкото тело на ЕУ го задржа „политичкиот центар“, што го формираат Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група Да ја обновиме Европа (РЕ), на кои многу често им се приклучуваат и Зелените. Но, ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека успехот на годишните нуклеарни вежби на Алијансата, одржани на почетокот на овој месец, влеал апсолутна доверба во кредибилитетот на нуклеарното одвраќање на овој воен сојуз, и покрај руските закани. – Кога Русија користи опасна и непромислена нуклеарна реторика, нашето население мора да знае дека нема потреба од паника, бидејќи НАТО располага со силно нуклеарно одвраќање, изјави Руте, ...
Судијката на Окружниот суд на САД, Карин Имергут, донесе пресуда со која „трајно“ се забранува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да распореди трупи од Националната гарда во Портланд, во сојузната држава Орегон. Во својата пресуда од 106 страници, судијката напиша дека судот утврдил оти „немало ниту побуна, ниту опасност од побуна“, ниту пак претседателот бил „онеспособен да ги спроведува законите на Соединетите Држави ...
Во однос на температурите, тие ќе бидат малку над просекот и ќе се движат во интервалот од 11 до 18 степени Обилните врнежи кои ја зафатија Македонија изминатата ноќ ќе продолжат и за двата дена од викендот па се до вторник (11 ноември). Повремено тие ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи и со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Локално ...
Митровден, празник посветен на Свети Димитриј Солунски, е еден од најпочитуваните датуми во српската традиција. Освен што се слави со литургии и празнични обреди, овој ден е испреплетен и со бројни народни обичаи и верувања кои се пренесуваат од генерација на генерација . Меѓу нив, се издвојува едно правило кое родителите сè уште го паметат. Зошто децата не се караат меѓусебно на Митровден Според едно старо народно верување, на Митровден ...
Прв пат по две години, фудбалерите на Барселона денеска симболично се вратија на стадионот „Камп Ноу“, кој е во фаза на реконструкција, одржувајќи тренинг што беше отворен за јавноста. Тренингот се одржа претпладнето пред 22.000 гледачи. Цената на влезниците изнесуваше пет и десет евра, а целиот приход ќе биде наменет за проектот „Пулсерас Блаугранас“, кој собира пари за менталното здравје на хоспитализирани деца и адолесценти. Стадионот ...
Германија ќе го поддржи новиот мултимилијардерски фонд што го иницира Бразил за заштита на тропските шуми и ќе придонесе со „значителна сума“ во иницијативата, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска на самитот што се одржа пред почетокот на клучните климатски разговори. Германскиот лидер зборуваше на состанокот на шефови на држави и влади во Белем, на работ на амазонската прашума, пред почетокот на Конференцијата на ОН за климатски ...
Над 37.000 тони хуманитарна помош на Обединетите нации влегле во Појасот Газа од почетокот на примирјето на 10 октомври, изјави портпаролот на ОН, изразувајќи жалење поради бавниот напредок во отстранувањето на пречките, и покрај одреден напредок. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека „и покрај значителниот напредок во засилувањето на хуманитарните операции, итните потреби на населението остануваат ...
Американската армија планира да купи најмалку еден милион дронови во следните две до три години и би можела да набави од половина милион до еден милион дронови годишно во наредните години, изјави секретарот на армијата, Даниел Дрискол. Во интервју за Ројтерс, Дрискол детално го опиша значителното зголемување на планот за набавка на дронови на армијата, признавајќи ги предизвиците, со оглед на тоа што најголемата гранка на американската војска ...
Принцезата Кејт Мидлтон не можеше ниту да претпостави дека нејзиниот живот ќе изгледа ваков каков што е денес. На многу мала возраст била обично девојче, излегувало со својата сестра Пипа, се забавувало и уживало во своите денови. Нејзиното семејство припаѓаше на горната средна класа, а нејзиниот татко, Мајкл, работеше како диспечер на летови, додека нејзината мајка, Керол Мидлтон, беше стјуардеса во Бритиш ервејс. Таа е најстарата од три ...
Српското МВР соопшти вечерва дека на неколку локации во Белград, Зворник и Бања Лука, денеска се приведени неколку луѓе поврзани со случајот познат како „уфрлени снајперисти“. Во операцијата за апсење учествувале припадници на Министерството за внатрешни работи и Безбедносната и информативна агенција. Надлежните државни органи продолжуваат интензивно да работат на расветлување на сите околности и факти поврзани со тој случај, се додава во ...
Турција издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и уште 36 други осомничени поради нивната улога во „геноцид“ во палестинската област Газа, јави ТРТ. Главното јавно обвинителство во Истанбул соопшти дека денеска издало налози за апсење за 37 осомничени, вклучувајќи го Нетанјаху, поради обвиненија за „геноцид“ во Газа. Во соопштението се наведува дека налогот е издаден по обемна истрага за „систематските“ напади на ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан не може да го запре движењето на Украина кон Европската Унија, а неговите обиди да го блокира овој процес само ја покажуваат неговата поддршка за реториката на Москва, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Американскиот претседател Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ќе се сретнат во Белата куќа. – На прво место, Орбан сака да го донесе Трамп во Унгарија на средба со Путин. Ако ...
Извршниот директор и мнозински сопственик Торбјорн Торнквист вели дека шведската група „Гунвор“ со седиште во Женева треба да ги преземе средствата на „Лукоил“ во Србија, Бугарија и Романија, мрежите на бензински пумпи во Европа и САД, како и нафтените и гасните полиња на Блискиот Исток, Централна Азија и Африка. Реализацијата на овој договор зависи од одобрувањето на американските, британските и швајцарските институции, а времето е ...
САД станаа втората земја по Израел што одби да учествува во ревизијата на Обединетите нации за својата евиденција за човекови права, оставајќи ги празни своите места на закажаната седница на работната група на Советот за човекови права на ОН одржана денеска во Женева. САД, исто така, не доставиле национален извештај пред состанокот, соопшти работната група, формално забележувајќи го „недостигот на соработка“ од страна на Вашингтон, пренесе ...
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги отфрли шпекулациите дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров веројатно ја изгубил довербата кај претседателот Владимир Путин. Во одговор на новинарско прашање за време на неговиот дневен брифинг, Песков изјави дека оваа информација „не одговара на реалноста“ и дека Лавров продолжува да ги извршува своите должности како шеф на дипломатијата. – Во овие соопштенија нема ништо што ...
Припадници на словенечката војска од денеска заедно со полицијата ќе учествуваат во обезбедувањето на државната граница, откако владата вчера го активираше членот 37 од Законот за одбрана, кој тоа го овозможува, јави словенечката агенција СТА. Со оваа мерка ќе се растерети полицијата, за да може подобро да се справува со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија. Членот 37 од Законот за одбрана пропишува дека ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот во Атина, откако првиот носител во полуфиналето вечерва рутински го победи Германецот Јаник Ханфман со 6-3, 6-4. За 38-годишниот Ѓоковиќ, ова е 144. финале во кариерата во која освои точно 100 турнири, од кои 24 на грен слем турнирите. Оваа година, Ѓоковиќ играше во две финалиња пред Атина. На Мастерсот 1000 во Мајами загуби од младиот Чех Јакуб Меншик, додека ја прослави ...
Во турскиот регион на Црното Море и планинскиот дел на Непал, постои мед кој има речиси митска репутација – „дели бал“, што буквално значи „луд мед“. Пчелите го произведуваат од цветовите на виолетовиот рододендрон, растение чиј нектар содржи природен токсин наречен родотоксин. Само една лажица може да предизвика благ седативен ефект, но ако претерате, лесно можете да завршите во болница. Сепак, локалните жители го користат овој мед како ...
Јапонија се соочува со рекордно зголемување на смртоносните напади од мечки. Така, властите во северната префектура Акита ја повикаа војската да постави стапици и да обезбеди логистичка поддршка за контрола на популацијата на мечки, затоа што војската не смее да убива мечки, а заловувањето сè уште го извршуваат лиценцирани ловци, чиј број, пак, се намалува поради стареењето на населението. Проблемот е толку сериозен што и Британската влада ...
Студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград изгласаа за целосна блокада на наставата. Тоа е прв фалултет во главниот град на србија што објави дека стапува во блокада откако почна на 3 ноември официјално новата учебна година. Во изјава за белградски медиуми еден од студентте од тој факултет вели дека постојат многу причини за таа одлука. „Ниту едно од барањата што ги имавме не беше исполнето. Постојано баравме избори, ќе ...
Лекарите и медицинскиот персонал од државните болници во Грција денеска излегоа на протест пред Министерството за здравство во Атина, во рамки на втор ден од штрајкот, изразувајќи незадоволство од, како што велат, „бедната состојба“ во јавното здравство, која ги погодува и пациентите и здравствените работници. „Пациентите страдаат. Нивните животи се загрозени поради недостатоците во јавниот здравствен систем, и покрај надчовечките напори на ...
Денес, бугарскиот парламент донесе закон со кој рафинеријата на руската групација Лукоил во Бургас, на Црното Море, се става под државна контрола. Ова е последица на американските санкции воведени во октомври против овој руски нафтен гигант, што ја загрижи бугарската влада дека руската рафинерија, најголемата компанија во Бугарија со промет од 4,68 милијарди евра во 2024 година, ќе мора да се затвори според санкциите. Американските санкции, ...
Унгарската Влада подготвува сеопфатен договор за инвестиции, образование, обука и технологија со американската компанија од секторот за вселенска технологија и одбрана Војаџер Технолоџис (Voyager Technologies), изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто во Вашингтон. Според него, договорот ќе и овозможи на Унгарија да има активна улога во проектот на компанијата за изградба на вселенска станица. Сијарто додаде дека Voyager ...
Данска планира да воведе национална минимална возраст од 15 години за пристап до одредени социјални мрежи, соопшти денеска данската Влада. Сепак, родителите ќе имаат можност да им дозволат на своите деца да се регистрираат на социјални мрежи од 13-годишна возраст, пренесе ДПА. Според Министерството за дигитализација, новиот закон има за цел подобра заштита на децата и младите во дигиталниот свет. На тој начин, како што објаснија од ...
По инцидентот во кој мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум беше малтретирана во јавност, а настанот беше снимен со камера, нејзината влада денеска претстави план за борба против сексуалното вознемирување, со кој тоа ќе биде класифицирано како тешко кривично дело во сите сојузни држави. Планот предвидува кампања за охрабрување на жртвите да ги пријавуваат случаите и подобрување на пристапот до правда. – Сите жени, адолесцентки и ...