„СДСМ е движење на храбрите, на оние кои не се плашат да ја кажат вистината, кои ја сакаат својата земја со дела, не со лажни пароли. Ова е движење што ја чува Македонија, секој ден, секој пат, секоја генерација“, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Валандово. Пред преполна сала Филипче истакна дека ова движење не се предава ни кога е најтешко, затоа што се бори за секој ...

СДСМ покажа дека со вистински политики платите може да растат и во време на најтешките кризи кои некогаш ги имала државата. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Валандово потсети дека со СДСМ платите растеа седум години по ред, се зголемија за повеќе од 100%, воведе систем на раст на пензии кои ВМРО-ДПМНЕ денеска кога во државата нема ниту една криза ги укина. „Минималната плата од 8.000 денари ја зголемивме на 22.500 денари, а просечната ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината во Валандово упати силен повик за масовна излезност на изборите на 19. октомври, нагласувајќи дека ова не е само изборна битка, туку борба за иднината на државата и за заштита на достоинството на сите граѓани. „На 19 октомври, овде во Валандово треба да се потврди дека политиката е алатка за подобар живот, а не сцена за пропаганда. Валандово во оваа слика е важна точка на отпор и надеж, порача ...

Но, додека многумина се фокусираат на техники за релаксација, темна соба и исклучување на екрани, често се заборава еден клучен фактор: исхраната. Она што го јадеме, особено во вечерните часови, може значително да влијае на способноста да заспиеме и на квалитетот на сонот. Квалитетниот сон е основа за добро здравје, ментална јасност и емоционална стабилност. Но, додека многумина се фокусираат на техники за релаксација, темна соба и исклучување ...

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани објави дека неговата земја ќе поднесе официјално барање за прекин на огнот во целиот свет за време на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо, кои се закажани од 6 до 22 февруари следната година. Концептот за глобален прекин на огнот за време на Олимписките игри датира од античко време, кога завојуваните сили се согласуваа да ги прекинат непријателствата за да можат ...

Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните. Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски. СДСМ бара од надлежните институци веднаш да го растчистат случајот и да ја информираат јавноста. Бараме и политичка одговорност од Панче Тошковски. Ова што се случува во континуитет ...

Повредениот од денешното пукање на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во Куманово е вон животна опасност. По завршените иследувања во Општата болица е пратен за Скопје, информираше за МИА, директорот на Кумановската општа болница, Сашо Стошевски. -Лицето е примено со четири прострелни рани во пределот на левата подлактица и десно колено. Направени се сите иследувања од наша страна-рендген, компјутер. Лицето е вон животна опасност. Со возило на општа ...

Израелски тенкови, бродови и авиони денеска го напаѓаат Појасот Газа, на самата годишнина од нападот на Хамас што доведе до војната која трае две години. Со оглед на недостигот на склучено примирје, Израел ја продолжи офанзивата и покрај тоа што започна индиректни преговори со Хамас во египетското одморалиште Шарм ел Шеик. На преговорите се разговара за сложени прашања, вклучително и повлекувањето на Израел од Газа и разоружувањето на Хамас. ...

Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердеке, социјалдемократката Ирис Сталцер, е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми. Според полицијата, Сталцер претрпела повеќекратни убодни рани, а во градот во Северна Рајна-Вестфалија е во тек голема полициска операција, пишува германскиот „Шпигел“. Деталите за нападот и идентитетот на сторителот сè уште не се познати. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази длабока ...

Нешто повеќе од половина од граѓаните на Европската Унија не се убедени дека Унијата е воено подготвена за продолжен конфликт, но истовремено опаѓа поддршката за поголемо трошење за национална одбрана, покажува ново истражување. Со оглед на руската агресија врз Украина и обврската на повеќето членки на ЕУ да ги зголемат буџетите за одбрана кон новата цел на НАТО од пет отсто од бруто домашниот производ, повторното вооружување на Европа е високо ...

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска, заедно со кандидатот за градоначалник на општина Неготино Петар Мантев, денеска оствари средба со претставници на НВО „Порака – Неготино“, здружение на родители на деца со ментален хендикеп, како и со Центарот за лица со попреченост. На средбите во Неготино беше истакната јасната определба на СДСМ за инклузивност и еднакви можности за сите граѓани која што е внесена и во програмата на ...

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, септември се карактеризира како топол до многу топол и посушен месец во однос на количества врнежи на ниво на држава, во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20. Средномесечната температура се движеше од 13,6 степени во Лазарополе до 22,7 во Гевгелија. Споредено со просечните септемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), ...

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје, информира дека во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот. -Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две ...

Едно лице е повредено попладнево на улицата зад зградата на општина Куманово, откако врз него било пукано од возило во движење. МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково и оти е пренесен во кумановската болница. – Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило ...

Треба да се спроведе парламентарна истрага за средбата меѓу лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и Доналд Трамп Помладиот, изјави Ивајло Мирчев, копретседател на „Да, Бугарија“ и пратеник од коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП–ДБ). Пред новинарите во Парламентот, Мирчев изјави дека на сослушување треба да бидат повикани и самиот Борисов, како и бугарскиот министер за енергетика, пренесува БТА. Во статија на „Волстрит ...

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, најави амбициозен проект за ревитализација на градската река, со цел таа да стане современ и функционален јавен простор за сите генерации. На површина од повеќе од 14 хектари, проектот предвидува изградба на пешачки и велосипедски патеки, кејски ѕидови, урбана опрема, клупи и современо осветлување. „Градската река ќе стане симбол на новиот Прилеп, место каде природата и урбаната убавина се ...

Се вршат контроли и надзори кај извозникот, откупувачите и индивидуалните земјоделски производители по нотификациите од RASFF системот и официјалното известување од Хрватска за утврдено присуство на пестицидот метомил во свежа црвена пиперка увезена од Македонија, информира Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ). Станува збор за пратка од околу 15 000 килограм пипер. Извозникот не е производител, пиперот го купил од други правни субјекти ...

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, ...

Реалната инфлација во земјата е 4% а владата со денешната објава на Државниот завод за статистика, се обидува со статисчки спинови манипулативно да ги прикаже како -0.2% споредувајќи само месец со месец. Додека трошоците растат и граѓаните секој ден плаќаат поскапо, владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја замачкаат реалноста со статистичка финти и спинови. Мора да престане манипулацијата со моделот „месец спрема месец“. Тој модел ...

Бране Петрушевски, човекот кој граѓаните го паметат како борец против покачувањето на платите и непријател на работниците, очајно се обидува преку лаги да ја скрие вистината за Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. А вистината е дека пола раководство води фирми во Бугарија и според информациите во медиумите така ја финансираат партијата. Затоа Бране Петрушевски и Мицкоски се надеваат дека со своите измислени приказни ќе го покријат срамот и ...

Во текот на 2024 година вкупно 2.017 малолетници во Белгија биле испратени на престој во казнена институција поради сторени кривични дела, што претставува зголемување за 12 проценти споредено со претходната година, покажуваат податоците на агенцијата за заштита на правата на децата и младите „Растеме“ на фламанската Регионална влада. Меѓу нив, повеќе од 100 биле на возраст под 14 години, што според полицијата, укажува дека криминалните, пред се ...

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на средба со граѓаните во Автокоманда, општина Гази Баба, најави неколку крупни инфраструктурни проекти што ќе го трансформираат главниот град во модерен, уреден и економски активен центар. „Скопје е град со дух, со историја, но и со огромен неискористен потенцијал. Нашата визија е Скопје да се развива паметно, плански и храбро, со јасни цели и вистински проекти што носат промени,“ ...

07/10/2025 01:03 - Бриф - +1

Фалафелот е традиционално вегетаријанско јадење потекнува од Блискиот Исток, направено од накиснат и сомелен наут, збогатен со зачини и свежи тревки. Се пржи во длабоко масло и се послужува со јогурт. Овој рецепт е едноставен и идеален за брз ручек или вечера. Состојки: Подготовка: Наутот прелијте го со вода и оставете го да се накиснува преку ноќ, или најмалку 12 часа. Исцедете го наутот и ставете го во сечко (блендер). Додадете го зачинот за ...

Легендарната супермоделка Клаудија Шифер, која се наоѓа точно среде шестото десетлетие од својот живот, го покажа својот безвременски добар изглед на ревијата на „Клое“ (Chloé) на Неделата на модата во Париз. Имено, сликана меѓу гледачите до Лив Тајлер и Ејми Лу Вуд, во француската престолнина Шифер привлече внимание во розова чипкана кошула, светлорозови панталони и темносино палто, комбинирани со соодветни кокетни потпетици. Изгледот го ...

Двајца осуденици на отпуст вчеравечер се лишени од слобода, откако се обиделе да избегаат од полициска патрола, по што излетале од патот кај населбата Нова Колонија, во близина на скопско Идризово, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 06.10.2025 година во близина на населбата Нова Колонија, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ги ...

Повреден бил работник во хала во Неготинско, а во друг случај неготинец пријавил дека синот му бил физички малтретиран од друг малолетник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Вчера во 09:45 часот во ОВР Неготино е пријавено дека во Итна медицинска помош Неготино со тешка телесна повреда бил донесен С.Л.(34) од село Тимјаник, Неготинско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во хала ...

Пратениците во српскиот Pарламент денеска ја почнаа редовната есенска сесија, седница што ја бојкотираат дел од опозицијата додека другииот дел од најавува борба против „штетните закони“ во рамките на институциите. Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, ја закажа првата седница од редовната есенска сесија за денеска во 10 часот и на дневен ред се 47 точки, од кои првата е Предлог-законот за посебни услови за евидентирање и ...

Во Бугарија продолжуваат обилните врнежи поради кои се затворени патишта, прогласен е црвен метео-аларм во повеќе окрузи, а поради невремето без електрична енергија останале 51 населено место. Надлежните органи вршат засилен надзор над сите мостови и инфраструктурата која е потенцијално оштетена поради поплавите, пишува денеска бугарскиот портал Новините. Локалните власти предупредија дека секоја ризична локација ќе биде веднаш затворена. До ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „ја користи својата вообичаена тактика на морална уцена“. „Се чини дека претседателот Зеленски сака да одлучи што е најдобро за Унгарците. Тој повторно ги користи своите вообичаени тактики на морална уцена за да ги принуди земјите да ги поддржат неговите воени напори“, рече унгарскиот премиер. Почитуван господине претседателе, со сето должно почитување, ...

Дури и ако светот утре престане да користи јаглен, нафта и гас, она што го јадат луѓето сепак би предизвикало раст на просечните температури за над 1,5 степени Целзиусови, од причина што речиси една третина од глобалните емисии на стакленички гасови доаѓаат од производството на храна, вклучувајќи ги метанот што го исфрла добитокот, сечењето шуми за обезбедување добиточна храна и производството на ѓубрива. Ова се порачува во Извештајот за ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1030
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.71
87%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1026
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
83%
1027
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
95%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.79
95%
1027
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Алуминиум

2.92

Иридиум

145787.60

Цинк

3.04

Калај

43.15

Паладиум

53788.20

Платина

62683.26

Рутениум

29192.88

Бакар

10.93

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Сребро

2105.58

Злато

139298.91