Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Во првиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по квадратен метар изнесува 177.667 денари (130.000 евра) за вкупна површина од 45 квадратни метри, кој се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода. За квадратен метар се платени 2.888 евра. Тоа го покажуваат податоците од денеска објавениот извештај од регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижностите за периодот јануари – март годинава според кој бројот ...
Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...
Денес имав чест и задоволство, во својство на Почесен конзул на Република Албанија во Република Северна Македонија, да ги поздравам учесниците на Бизнис форумот Северна Македонија–Албанија: Преку границите, одржан во Скопје, значаен настан кој отвори ново поглавје на економска соработка и регионално партнерство. Форумот обедини претставници на бизнис заедницата, институциите, дипломатијата и партнерските организации од двете земји, во дух на ...
Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степен. Во Скопје, променливо облачно со ...
Во организација на Стопанска комора на Северна Македонија и во соработка со Амбасадата на Република Албанија, денеска во Скопје ќе се одржи Македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“. Според агендата, воведни обраќања на бизнис-форумот ќе имаат албанскиот амбасадор во земјава Денион Мејдани, претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на стопански комори на Албанија, Инес ...
Јавна расправа по Нацрт-предлогот на Законот за пробација ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот, во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Настанот го организираат Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ и Македонското пенолошко друштво. На јавната расправа се очекува учество на претставници од институциите, академската заедница и ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „24 Анализа“ обвини дека економските политики на Владата не даваат резултати, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми ценовни шокови, раст на сиромаштијата и отсуство на конкретни мерки за заштита на животниот стандард, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. „Постојано цените растат и пред да биде криза и сега кога сме во криза некои производи двократно, трократно, ...
ДИК едногласно донесе одлука за детализирање на задачите на експерти за одржување и заштита на интегрираниот систем за биометриска идентификација. На денешната шеста по ред седница, членовите ја изгласаа одлуката за изменување и дополнување на одлуката за формирање на стручна работна група од надворешни експерти за ИКТ, за техничка анализа и обезбедување на целосна функционалност, одржување и заштита на интегрираниот систем за биометриска ...
На денешното рочиште за судскиот предмет „Онкологија 2“ адвокатите на двајцата обвинети изразија различни ставови за начинот на изведување на обемните материјални докази. Додека одбраната на првообвинетиот Никола Васев побара од судот селекција и читање само на клучните докази за да се избегне неоправдано одолжување, бранителката на второобвинетиот Нехад Нухи инсистира секој доказ да биде поединечно изведен во судницата. Бранителот на Васев, ...
Повторно видовме како функционира дипломатијата на ВМРО. Прво, Тимчо Муцунски премолче дека имал средба со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова – Чамова. Потоа, кога излегоа информациите на европските медиуми, рече дека тоа било само кратка размена на зборови. Но, најважно од се, која е пораката на министерката на Бугарија, а што Тимчо Муцунски и Христо Мицкоски ја сокрија од јавноста. Ја цитирам – „Бугарија има јасно ...
14-годишен ученик се бори за живот во Клиничкиот центар откако вчера бил избоден од друг 15 годишник додека бил на училиште во Основното училиште „22 Ноември“, односно 25 Мај по старо, во скопската населба Ченто. Во Клиниката велат дека ученикот бил донесен вчера околу 14:40 часот со убодна рана во стомакот и расекотина на главата. „Веднаш по приемот е направена компјутерска дијагностика, лабораториски анализи, при што е установено дека има ...
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, ги кажа причините за поразот од Аталанта (2:3) синоќа на домашен терен во натпревар од 36. коло од првенството во Серија А. – Нема смисла да зборуваме за тоа што веќе се случило, бидејќи не можеме да го промениме. Сè што можеме да направиме е да работиме напорно следната недела и да бидеме подготвени за натпреварот против Џенова, кој ќе биде одлучувачки за нашиот пласман во Лигата на шампионите. ...
Екипата на Крива Паланка е победник на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига и нов македонски шампион во женска сениорска конкуренција. Во четвртиот натпревар од финалето на плејофот, Крива Паланка вчеравечер во Скопје славеше минимална победа (75:73) против екипата на Бадел 1862 и со вкупни (3:1) ја затвори серијата која го даде новиот државен првак за натпреварувачката сезона 2025/26. Кошаркарката на Крива Паланка, Аби Ниехуес го доби најголемото ...
Арсенал постави нов клупски рекорд за најмногу победи во една сезона. Во 36-то коло од англиската Премиер лига, вчера „топчиите“ го победија Вест Хем со 1:0. Оваа победа беше 42-ра за Арсенал во сите натпреварувања во сезоната 2025/26. Претходниот рекорд на клубот беше од сезоната 1970/71, кога победија на 41 натпревар. По 36 натпревари, Арсенал е на врвот на табелата во Премиер лигата со 79 бода. Манчестер Сити е втор со 74 бода и натпревар ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, ќе се врати во Реал Мадрид на крајот од сезоната, објави „COPE“. Клубот има намера да го објави назначувањето на 63-годишниот Португалец по натпреварот против Атлетик Билбао во 38. коло од Ла Лига, што ќе биде последниот натпревар на тимот во сезоната. Натпреварот ќе се одржи на 24 мај. Новинарот Јагиз Сабунчоглу известува дека Реал Мадрид ќе ѝ плати на Бенфика шест милиони евра оштета за прекин на ...
Деменцијата погодува милиони луѓе ширум светот и претставува огромен предизвик за поединци, нивните семејства и здравството. Иако когнитивниот пад обично се поврзува со староста, првите симптоми се појавуваат уште во средните години. Доколку таквите симптоми бидат детектирани на време, може да се избегнат проблеми со паметењето.Но, покрај сериозноста на болеста, постојат начини со кои може да се заштити мозокот. Новата студија објавена во ...
Едноставно направени тиквички, безмесни и освежителни. Состојки: 5 парчиња тиквички 300 грама кравјо сирење 100 грама пармезан 2 големи лажици павлака 100 грама салама (пилешки гради) магдонос 3 јајца сол, бибер масло Подготовка: Ставете ги тиквичките во тенџере со врела вода да зоврие малку (само 2-3 минути). Подгответе длабок сад со ладна вода во кој ќе ги ставите топлите тиквички. Направете засек по должина (околу 1/3 од ширината на ...
Прашањето кој подобро поднесува болка, а кој болест на прв поглед изгледа како едноставно прашање, но научните истражувања покажуваат дека одговорот зависи од тоа за што точно станува збор. „Кога се работи за чувството на болка, бројни истражувања потврдуваат дека жените во просек имаат поголема чувствителност. Студијата објавена на „Пабмед“ (PubMed) покажува дека жените почесто имаат пониско ниво на толеранција на болка и поголема ...
Иранските државни медиуми објавија дека иранското раководство го одбило предлогот на САД за прекин на војната на Блискиот Исток бидејќи претставувал повик за предавање на Техеран. Прифаќањето на предлогот би значело дека Исламската Република ќе се покори на „прекумерните барања“ на американскиот претседател Доналд Трамп, рано утринава коментираше Press TV, радиодифузер поврзан со раководството на Иран, пренесе ДПА. Од друга страна, планот на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се надева дека ќе го одвикне Израел од американската воена помош во рок од една деценија, бидејќи неговата земја се стреми да ги зајакне врските со земјите од Заливот, рече тој во вчера објавено интервју за американската телевизиска мрежа Си-би-ес. „Сакам да ја намалам на нула американската финансиска поддршка, финансиската компонента на воената соработка што ја имаме“, рече Нетанјаху во емисијата „60 ...
Вкупно 94 патници и членови на екипажот досега се евакуирани од крузерот „Хондиус“ зафатен од смртоносниот хантавирус. Како што соопшти шпанската министерка за здравство, Моника Гарсија, станува збор за државјани на 19 земји, кои вчера со осум специјални лета ги напуштиле Канарските Острови. За денеска е најавена евакуација на уште шест лица за Холандија и 18 лица за Австралија. Евакуацијата се случува една недела откако Светска здравствена ...
Ставот на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со иранскиот одговор на мировниот предлог „нема никакво значење“. Иран не дава предлози за да го задоволи американскиот претседател, пренесуваат иранските медиуми изјава на неименуван претставник близок до властите во Техеран. Анонимниот извор уште во изјавата го посочил како „пожелно“ незадоволството на Трамп. „Преговарачкиот тим мора да носи одлуки исклучиво во согласност со правата ...
Вкупно 344 деца починале од почетокот на епидемијата на мали сипаници во Бангладеш во март оваа година, а бројот на случаи продолжува да расте, соопштија здравствените службеници во земјата, цитирани од ДПА. Од 344 деца кои починале од 15 март, кај 65 е потврдена инфекција со мали сипаници, додека останатите имале симптоми. Генералниот директорат за медицински услуги на владата соопшти дека 11 деца починале за само 24 часа до недела наутро. ...
Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој една од темите ќе биде напредокот на Западен Балкан во рамките на европската интеграција. Министрите на земјите-членки на ЕУ ќе одржат работен појадок со своите колеги од државите од регионот. Главна тема ќе биде спроведувањето на реформите и хибридната закана, изјави шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, пристигнувајќи на состанокот. – Ќе разговараме ...
Бројот на затвореници во швајцарските затвори заклучно со 31 јануари 2026 година изнесувал 7.119 лица, што е највисока бројка откако се води статистика, се наведува во извештајот на Федерален завод за статистика (ФСО), објавен денеска. Високиот број затвореници довел до национална стапка на исполнетост на казнено-поправните установи од 97 проценти, пренесе „Свис инфо“. Од вкупно 7.119 затвореници, 63 проценти издржувале затворска казна или ...
Организацијата „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) оцени дека Светското фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада, што ќе се одржи во јуни и јули, претставува „потенцијална катастрофа за човековите права“. Директорката на организацијата, Минки Ворден, за порталот „ntv.de“ изјави дека турнирот треба да биде воден според рамка за заштита на човековите права. – Но, со сигурност можам да кажам дека, иако Светското првенство можеби и ...
Цените на нафтата продолжија со растот на почетокот на неделава, откако пропаднаа мировните разговори меѓу Иран и САД. Цената на еден барел (159 литри) од северноморската нафта „брент“ за испорака во јули порасна за нешто повеќе од четири отсто и во раното тргување денеска достигна 105,76 долари. Цената на нафтата почна да расте уште кон крајот на минатата недела, откако во четвртокот падна на 96 долари поради надежите за дипломатско решение ...
Според најновите проценки на Светската здравствена организација (СЗО), опасноста од хантавирус за европската јавност е ниска, изјави денеска портпаролот на Европската комисија. Тој додаде дека Комисијата работи на усогласување на европскиот одговор заснован врз научни сознанија. Портпаролот посочи дека вчера биле реализирани четири летови преку Европскиот механизам за цивилна заштита, поврзани со епидемијата на бродот „Хондиус“. – Подготвени ...
Капетанот на крузерот „Хондиус“ (Hondius) денеска им оддаде признание на екипажот и патниците за нивното „трпение, дисциплина и љубезност“ за време на кризата на Атлантикот по појавата на хантавирус на бродот, пренесе ДПА. „Хондиус“ пристигна вчера крај брегот на Тенерифе, по што започна постепеното симнување на патниците и членовите на екипажот. Бродот треба вечерва да отплови од Тенерифе кон Ротердам. – Изминатите неколку недели беа ...
Во Истанбул денеска започнува ново судење против поранешниот градоначалник Екрем Имамоглу, кој се смета за можен противкандидат на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган. Имамоглу заедно со уште три лица се товарат дека се извршители на кривично дело „политичка шпионажа“. Според обвинението, Имамоглу, неговиот советник за кампањи Неџати Озкан, бизнисменот Хусеин Гун и новинарот Мердан Јанардаг наводно управувале со криминална мрежа ...