Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Смешни се изјавите на Христијан Мицкоски дека наводно по негово барање биле стопирани исплатите од ИПАРД 3. Исплатите од ИПАРД не може, ниту законски, ниту процедурно, да ги стопира ниту претседател на влада, ниту министер, ниту партија. Тоа го прави Националниот овластен службеник за авторизација (НОА), институција што делува во рамки на Министерството за финансии, но работи независно, според европски пропишани правила и стандарди. Тоа значи ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека ИПАРД фондовите се мошне важни за нашата држава, а злоупотребата на овие средтва мора строго да се санкционира и мора да има одговорност. – ИПАРД фондовите се многу важни. Тоа за нас е еден неверојатно значаен проект. Еве и денеска со разговорот со градоначалникот зборувавме за користењето на средствата од ИПАРД, колку е тоа важно. И мислам дека европското однесувањето или ...
Руските сопственици на Нафтена индустрија на Србија испратија барање до американската OFAC со кое бараат продолжување на лиценцата за работа, врз основа на преговори со трета страна, објави денеска српската министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Таа додадде дека Србија официјално го поддржала барањето. „Во барањето се наведува дека руската страна е подготвена да ја отстапи контролата и влијанието врз компанијата ...
Асоцијации на универзитетски професори и соработници ги повикаа администрациите на сите факултети на државните универзитети во Србија да ја прекинат наставата утре, среда, 12 ноември, и да ѝ дадат целосна поддршка на Дијана Хрка и барањето за распишување избори што таа го направи со штрајкот со глад. Тие исто така ги повикаа сите универзитетски работници и студенти, како и граѓаните, да дојдат тој ден пред српскиот Парламент во 11:30 часот за ...
Почитувани новинари, почитувани граѓани, откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои ги засегаат и земјоделците и јавноста, но и време е конечно да видиме оставка од Трипуновски кој три дена се крие од јавноста. Јавноста и граѓаните треба да знаат дека ИПАРД средствата кои се сега суспендирани се додлеуваат како 50% грант за земјоделците, а 50% тие сами обезбедуваат за ...
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија е надлежен и тоа може да го пријави, вели Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан дали Обвинителствот ќе постапува по допрен глас по изјавите дека имало злоупотреби во јавните претпријатија. Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, Коцевски рече дека Јавното обвинителство и ...
Судењето за убиството на турскиот државјанин во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип почнува на 27 ноември во Основниот суд во Штип. Судијата Јулијана Недкова е назначена за овој предмет, во којшто се опфатени пет лица, од кои еден е обвинет за сторено кривично дело убиство и за кривично дело неовластено држење на оружје и експлозивни материјали, а четири лица се за кривично дело помагачи при извршување на убиството. Основното јавно ...
Преговарачите на Европскиот парламентот и данското претседателство со Советот на ЕУ доцна синоќа постигнаа прелиминарен договор околу предложените измени на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, со кои се намалуваат административните и регулаторните оптоварувања за земјоделците. Целта на овие измени е зголемување на конкурентноста на европското земјоделство преку намалување на бирократските процедури, поддршка на земјоделците, поттикнување ...
Нежна, хранлива и неодоливо кремаста супа која совршено го спојува вкусот на брокулата и карфиолот. Идеална е за полесен ручек или за предјадење што ќе го загрее секое семејно гнездо. Потребни состојки: Подготовка: Карфиолот и брокулата исчистете ги и разделете ги на помали цветови. Заедно со зеленчукот за супа ставете ги да се варат во околу 1 литар вода, со малку сол. Варете приближно 30 минути, додека зеленчукот не омекне. Од водата во ...
СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г. (54) од Прилеп и С.И. (31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека на 25 август годинава во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син ...
Постојат јасни можности за продлабочување на економските врски меѓу двете држави, во производството, иновациите, услугите и технологијата, истакна денеска Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, во изјава за медиуми, пред почетокот на деловниот форум на тема „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија, што се одржува во Стопанската комора. Амбасадорот рече дека Швајцарија и Северна Македонија имаат одлични односи ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека неговата администрација соработува со Израел со цел земјата да постигне добар договор со Сирија, чиј претседател, Ахмед ал-Шара, вчера беше примен од него во Белата куќа. „Луѓето велат дека ал-Шара имал тешко минато. Сите ние сме имале тешко минато“, им рече Трамп на новинарите, осврнувајќи се на сирискиот претседател, кој до неодамна беше на црната листа на терористи на Вашингтон, ...
Естонија ја претстави новата ракета Марк 1 од домашно производство, наменета за одбрана од руски дронови, информира лондонски „Телеграф“. Ракетата Марк 1, долга само 65 сантиметри, е оружје кое може да ја „заштити Европа од Путин“ и ќе биде првата линија на одбрана од напади со руски дронови, пишува весникот. Поранешен државен службеник во естонското Министерство за одбрана, Кусти Салм, при претставувањето на ракетата Марк 1 рече дека ...
Рафинеријата на нафта во рускиот град Саратов во текот на ноќта беше нападната од украински беспилотни летала, пренесоа локалните канали на Телеграм кои споделија снимки за кои се тврди дека покажуваат експлозии во објектот. Гувернерот на регионот Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена. Руските медиуми известуваат дека по ...
Русија користи криминални мрежи за саботажа низ цела Европа и на Телеграм регрутира криминалци кои зборуваат руски јазик. Нејзината цел е дестабилизација и одмазда кон ЕУ за поддршката на Украина, тврди нова студија. За потребите на својата хибридна војна против Европската Унија, Русија создаде мрежа на агенти во која државните институции се тесно поврзани со криминалното подземје. Заедничката студија на невладината организација GLOBSEC од ...
Европската комисија започна со формирање на ново разузнавачко тело под водство на претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид за поуспешно користење на информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Единицата што ќе се формира во рамките на генералниот секретаријат на Комисијата планира да вработи службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички ...
Поплавени домови и бизниси, затворени училишта, уништена инфраструктура, остави зад себе невремето што вчера го зафати Лезбос, а најпогоден е западниот дел на грчкиот остров, каде што противпожарната служба интервенирала за помош на заглавени лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми од островот, поради интензивните и продолжени врнежи од дожд десетици домови и бизниси биле поплавени во областите Калони и Скала, водата ...
Германскиот оператор на аеродроми Фрапорт очекува помал број патници на во Франкфурт оваа година отколку што претходно се предвидуваше, соопшти компанијата во својот квартален извештај во вторникот. Операторот на најголемиот германски аеродром сега прогнозира околу 63 милиони патници, што е намалување во однос на претходната проценка од до 64 милиони. Ова значи дека претпандемискиот рекорд од речиси 70,6 милиони патници во 2019 година сè уште ...
Одлуката да се стопираат средствата од ИПАРД 3 Програмата поради неодамнешниот корупциски скандал во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го вклучи алармот на јавноста но и донесе неизвесност во аграрот, еден од најважните стопански сектори во државата. Економистите што 24инфо.мк ги контактираше велат дека ова е удар како за земјоделството, така и за репутацијата на Македонија во Брисел. „ИПАРД 3 е програма ...
Се потврди најлошото, ИПАРД 3 програмата е суспендирана поради корупцискиот мега скандал на власта. Земјоделците остануваат без потребната поддршка, поради корупција, партизација и неспособност на кадрите на ДПМНЕ. Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство, врз илјадници земјоделци и компании кои веќе имаат склучени договори и реализираат инвестиции. Овој мега скандал е показател за систем на корупција и ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим во натпревар од групната фаза на Завршниот АТП турнир со 7:5 и 6:1. Дваесет и четиригодишниот Синер сервираше три аса, направи една двојна грешка и реализираше три од 10 брејк топки. Неговиот 25-годишен противник сервираше девет аса, направи две двојни грешки, а немаше ниту една шанса за брејк. Синер на следниот меч утре ќе се соочи со Германецот Александар Зверев. ...
Белгиската полиција синоќа се судри со група пропалестински демонстранти на плоштадот Гроте Маркт во центарот на белгискиот град Антверпен, при што уапси неколкумина од нив. Организацијата Антверпенска коалиција за Палестина секој понеделник одржува протести во Антверпен со барање за преземање мерки за справување со хуманитарната криза во Појасот Газа. Протестите вообичаено се одржуваа на Гроте Маркт, но пред нешто повеќе од десет дена ...
Белгија денеска го чествува Денот на примирјето, со кој се одбележува годишнината од прекинот на огнот во Првата светска војна на 11 ноември 1918 година и водено им се оддава почит на милионите загинати во овој четиригодишен конфликт. Главната свеченост за одбележување на Денот на примирјето во Белгија ќе се одржи пред Менинската порта во градот Ипр, каде се водела една од најжестоките битки на Западниот фронт за време на Војната. Портата, ...
Ирачаните денеска гласаат за избор на нов состав на парламентот со 329 пратеници, во услови на зголемени регионални тензии и борба за стабилност во оваа блискоисточна земја. Повеќе од 21 милион луѓе имаат право на глас, повеќе од две децении по американската инвазија што го собори Садам Хусеин и по години конфликти против Исламска држава. И покрај редовните избори, ирачката демократија останува кревка и погодена од корупција и лошо ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а ...
Синот на починатиот либиски лидер Моамер ел-Гадафи, Ханибал Гадафи, беше ослободен од либански затвор по десет години поминати во притвор, потврдија денеска неговиот адвокат и судски извори. „Тој е ослободен“, изјави за ДПА Насиб Чедид, еден од неговите адвокати. Неговиот правен тим соопшти дека Ханибал бил ослободен со кауција од 900.000 американски долари и дека му е укината забраната за патување. Ослободувањето се случи неколку дена откако ...
Без струја изутринава ќе бидат дел од корисниците во општините Центар, Зелениково и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Според информации од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на Современа Уметност во општина Центар. Во периодот од 08:30 до 15:00 часот прекин во електрична енергија ќе има за корисниците од селата ...
„Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ е темата на деловниот форум што ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Северна Македонија. Настанот има за цел да поттикне деловна размена, инвестиции и развој на нови партнерства меѓу швајцарските и македонските компании, преку размена на искуства, идеи и визии за иднината на двете економии. Воведни обраќања ќе имаат Бранко Азески, претседател на Стопанската ...
Сите инволвирани во корупција ќе бидат повикани на одговорност, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, ветувајќи дека националната нуклеарна компанија ќе биде исчистена од корупциски шеми, јавија британските меидуми. -Сите оние што создадоа корупциска шема мора да добијат јасен правен одговор. Мора да има кривични казни, нагласи Зеленски во своето редовно вечерно видео обраќање. Изјавата тој ја даде во коментар за денеска ...
Решен сум да воведам ред, а тоа подразбира и да се изрекуваат казни. Над 40 казни имаме досега и ќе продолжиме сè додека не ги изолираме целосно овие девијантни појави, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по спроведената 72-часовна акција за чистење на главниот град. Соопшти дека затекнал 16 функционални камиони на ЈП Комунална хигиена зашто Градот должел за сервисирање. Како што рече во интервју за ТВ Сител, сервисерите излегле ...