Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, се наведува во соопштението од Народна банка. – Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечно и годишно намалување ...

„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е тема на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026 кој свечено ќе биде отворен денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Го организираат Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со ...

По повод одбележувањето на Светскиот ден на Мултиплекс склероза (МС), Мобилност Скопје со поддршка од страна на град Скопје, единаесетти пат организира мирен марш за силно поткревање на гласот на лицата со МС, Параплегија, Дистрофија и Детска парализа, како и успешно подигнување на јавната свест за овие дијагнози и состојби, постојаната борба за остварување на нивните права и создавање кохезија со заедницата за еднакви можности. По тој повод ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште се изведуваа материјални докази на обвинителството – видео снимки и слики поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. Досега на судењето на пожарот во ...

Владата на Мицкоски признава дека нема пари за организирање референдум, на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина. Кога буџетот е во „одлична форма“? Ова е уште една потврда дека во буџетот нема пари. Ова го зборуваме со месеци, бидејќи се задолжуваат секојдневно. Има пари само за криминалната група ВМРО. Има пари за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, има пари за 93 тендери за Мастеф, има за 51 тендер преку општините за ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката Пулс. Во судница беа презентирани 19 записници од вршење увид од ...

Министерството за внатрешни работи информира дека воведува кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат објектите на Одделот за граѓански работи. Како што соопштуваат од МВР, целта на кодексот е одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит. -Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и ...

Владата на Мицкоски призна дека нема пари ниту за организирање референдум на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина. Пари има само за криминалната група на ВМРО и нивните криминални тендери. Нема пари за граѓаните, нема за повисоки плати, нема за минимална плата од 600 евра, нема пари за мерки, нема пари за субвенции за земјоделците. Нема ниту за референдум на кој граѓаните треба да одлучат за својата судбина, за иднината на ...

Апелациониот судија Ѓоко Ристов, кому истражителите му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид во домот на неговите родители во Неготино, денеска на почетокот на судскиот процес во Кривичниот суд се изјасни како невин за кривичните дела што му се ставаат на товар. – Не се чувствувам виновен ниту за првото, ниту за второто кривично дело со оглед на правната квалификација, изјави Ристов пред судот. Обвинителката Искра Хаџи Василева, пак, тврди дека ...

Навистина е неверојатно колку лесно денес некои адвокати бараат трагедијата со 63 мртви деца да се прогласи за „несреќа“. Несреќа е кога природата ќе удри без предупредување, но кога со години институции дозволуваат небезбеден објект да работи, тоа не е несреќа, тогаш тоа е системско замижување, изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани. Наунов, во изјава за медиумите на паузата на ...

Граѓаните плаќаат а владата крие колку чини концертот на Дејвид Гета за независноста. Наместо да заобиколува и да се крие зад некакви договорни клаузули, Владата има обврска јавно да каже колку ќе ги чини граѓаните. Ова само ги подгрева сомнежите дека станува збор за дил во четири очи позади кој се кријат дебели провизии. Сите детали мора да бидат јавно објавени. Ние не сме против Дејвид Гета и негов настап, не сме против концерти и прослави. ...

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната седница за пратенички прашања упати две прашања до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи дека безбедносниот систем во државата е во сериозен распад и дека МВР не функционира ниту како превентивен, ниту како заштитен механизам за граѓаните. Талевски посочи дека последните години се карактеризираат со низа тешки криминални и насилни настани, од убиства и семејно насилство до ...

Во Скопје во понеделник и вторник ќе се врши прскање против комарци, како дел од редовните активности за дезинсекција на подрачјето на градот. Акцијата е најавена во период кога поради потоплото време и зголемената влажност се создаваат услови за поголемо присуство на комарци во урбаните и зелените површини. Граѓаните се информираат дека третирањето ќе се изведува во предвидените термини, а доколку временските услови не дозволат безбедно ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази за правното лице – правните субјекти Класик ДМ ДОО Кочани и ММММ ДООЕЛ Кочани и подружниците Кабаре Пулс и Клуб Пулс – од основање, измени, состојба во централен регистар и нивна поврзаност од лицата кои биле ...

Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји на граничните премини и нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од Северна Македонија и Србија“, јави дописничката на МИА од Атина. ...

Оклахома Сити ноќеска го победи Сан Антонио со 127:114 во петтиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА-лигата. Плејмејкерот на Тандер, Шеј Гилџус-Александар беше најефикасен на натпреварот со постигнати 32 поена. Значаен придонес во победата на домашниот тим имаа и: Карусо (22 поена), Мекејн (20), Холмгрен (16 + 11 скока), Хартенштајн (12 + 15 скока). Во тимот на Спарс се истакнаа: Касл (24 поени), Шампени (22), Вембањама ...

Екипите на Кристал Палас и на Рајо Ваљекано ќе играат во финалето на Конференциската лига. Натпреварот ќе се одржи на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг, Германија, со почеток во 21 часот. Оваа арена беше домаќин на Светското првенство во фудбал во 2006 година. Во полуфиналето, англискиот клуб го победи Шахтјор Донецк со вкупен резултат 5:2, додека Рајо беше поуспешен од Стразбур со вкупни 2:0. Во пресрет на финалето, навивачите на двете екипи имаа ...

Фудбалерот од средниот ред на Милан и хрватски репрезентативец Лука Модриќ, ќе го објави своето пензионирање по Светското првенство во 2026 година, објави новинарот Николо Шира на социјалните мрежи. Модриќ во септември ќе наполни 41 година. Хрватот се приклучи на италијанскиот клуб минатото лето како слободен играч. Неговиот тековен договор со Милан е до крајот на јуни 2026 година, со можност за продолжување. „Transfermarkt“ ја проценува ...

Турскиот фудбалски гигант Галатасарај е заинтересиран за соработка со напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, објави „Ла Газета дело Спорт“. Според италијанскиот спортски весник, Галатасарај е подготвен да му понуди на 26-годишниот Португалец договор од 10 милиони евра, а трансферната сума потенцијално се движи од 40 до 50 милиони евра. Оваа сезона, Леао има 31 настап во сите натпреварувања, постигна 10 гола и три асистенции. Договорот на Леао со ...

Кога сакате нешто лесно, а сепак богато со вкус – овие ролнички од модри патлиџани се вистински избор. Потребни состојки за ролничките: 2 модри патлиџани За филот: 150 грама рендана моцарела 50 грама рендан пармезан 100 грама крем сирење (на собна температура) 100 грама урда 100 грама сирење 1 јајце 2 лажици ситно сечкан босилек 4 лажици ситно сечкан магдонос 1/2 лажица ситно сечкан власец 1/2 мала лажичка бибер Подготовка: Модрите ...

Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето, предупредуваат водечките британски лекари, повикувајќи ги пратениците да се справат со ефектите од времето минато пред екрани врз децата и младите. Академијата на кралските колеџи на лекари подробно го објасни влијанието на социјалните мрежи врз децата во поднесувањето до владината консултација за заштита на децата на интернет што завршува во вторник. Според телото што ...

Исхраната богата со шеќер може сериозно да му наштети на помнењето, а таа штета можеби, не може целосно да се поправи дури ни по преминување на здрави навики, покажаа новите истражувања спроведени врз глодари. Според студијата објавена во „Нутришнал неуросајенс“ (Nutritional Neuroscience), иако намалувањето на внесот на шеќер може да доведе до подобрување на меморијата, таа сепак недостигнува ниво какво што имаат лицата кои постојано се ...

Ново истражување открива кои европски градови нудат најдобра вредност за посетителите за 2026 година – и кои би можеле да ги натераат да потрошат значително повеќе. Со цените на летовите коишто моментно се во пораст, кратките патувања до европските градови веројатно ќе бидат меѓу најголемите трендови за патување ова лето, бидејќи патниците ги менуваат скапите дестинации на долги релации за поевтини и подостапни одмори. Најновиот „Барометар за ...

Според ново истражување кое ги анализира последиците од нуклеарната катастрофа во 2011 година, брзорастечка популација на хибридни – мутирани свињи се шири низ напуштените области околу Фукушима, Јапонија.Истражувачи од универзитетите Фукушима и Хиросаки анализирале ДНК примероци од овие животни и откриле дека хибридите ги наследиле значајните репродуктивни карактеристики на домашните свињи, што им овозможило значително побрзо размножување од ...

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово вчера во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, ги привеле А.Г. (42) и Г.Г. (39), двајцата од Косово, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека превезувале седум лица мигранти од Египет, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ...

Канада синоќа соопшти дека ќе воведе привремена забрана за влез на нејзина територија за државјани и жители на Демократската Република Конго, Уганда и на Јужен Судан, како мерка поврзана со епидемијата на ебола во Африка. Забраната ќе важи 90 дена, почнувајќи од денес, со цел да се намали ризикот од внесување и ширење на вирусот ебола во земјата, соопшти канадската Влада. Светската здравствена организација претходно го зголеми нивото на ризик ...

Поранешниот германски канцелар, Олаф Шолц, ја отфрли можноста за формирање малцинска влада со поддршка од крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), предупредувајќи дека останатите партии треба да продолжат со нејзино политичко изолирање. Шолц изјави дека одредени конзервативни кругови сметаат дека во Германија постои мнозинство за спроведување десни политики, но нагласи дека таква политичка конфигурација не е ниту ...

Бројот потврдени случаи на инфекција со хантавирус поврзани со првичното избувнување на заразата на холандскиот крузер се зголеми на 13, соопшти денеска Светска здравствена организација (СЗО). Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата „Икс“ наведе дека Шпанија пријавила нов случај кај патник во изолација, со што вкупниот број на заразени се искачи на 13. Тој додаде дека досега има три смртни случаи, но дека од 2 ...

Европската Унија во 2025 година била дом на 451 милион луѓе, што е за еден милион повеќе споредено со 2024 година. Шест проценти од популацијата во ЕУ била постара од 80 години, а медијанската возраст е зголемена од 39,6 во 2005 на 44,9 години во 2025. Според последните проекции на Евростат населението на ЕУ се очекува да се намали за 11,7% до 2100 година, што значи 53 милиони луѓе помалку до стартот на следнот век. Според проекциите, ...

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на „катастрофален судир на болест и конфликт“ во регионот засегнат од ебола во источниот дел на Демократична Република Конго, при што шефот на организацијата, Тедрос Аданом Гебрејесус, повика на итен прекин на огнот, пренесе ДПА. – Не можеме да изградиме доверба во заедницата или да ги изолираме болните додека паѓаат бомби – напиша Тедрос во објава на X. Тој ги повика завојуваните страни, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.43
54%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.0
69%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.78
81%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.55
80%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.12
69%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.71
90%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
47%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.72
45%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.78
40%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
4.92
67%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
2.68
47%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.25
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Родиум

249168.29

Бакар

12.22

Паладиум

38355.84

Алуминиум

3.11

Кобалт

56.29

Сребро

1862.96

Калај

50.54

Платина

50476.67

Иридиум

233896.68

Злато

129060.56