Руската влада денеска соопшти дека забранува извоз на керозин до 30 ноември, со цел да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива. Одлуката е донесена во време на интензивирани украински напади со дронови врз руските рафинерии, што доведе до намалување или стопирање на производството. Русија извезува керозин по железнички пат во Централна Азија, меѓу кои и Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Русија веќе го ограничи извозот ...

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска изјави дека Париз е целосно подготвен да ги поддржи мировните преговори помеѓу САД и Иран и да преземе оперативна улога на терен штом се постигне договор. Неговата изјава следува по синоќешниот телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп. – Истакнав дека сме подготвени во целост да ги поддржиме овие напори и да го преземеме својот дел од одговорноста во спроведувањето. Всушност, ...

Во Србија почна со работа „Кибер стража“, национална платформа наменета за пријавување и спречување различни форми на високотехнолошки криминал, зајакнување на дигиталната безбедност и заштита на граѓаните и економијата во дигиталниот простор. Платформата е достапна на https://sajberstraza.gov.rs, и таа е дизајнирана како единствено место каде што граѓаните и правните лица можат да пријавуваат кривични дела во дигиталната средина, но и да ...

Три мачки врзани со јаже, чувала 49-годишна жена од Солун, која е уапсена и казнета со 17.600 евра, согласно одредбите од Законот за заштита на животните, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објавија грчките медиуми, мачките биле врзани со јаже на балконот од станот на жената, а полицијата вчера попладне ја уапсила. Против 49-годишната жена биле изречени предвидените административни казни во вкупен износ од 17.600 евра, а паралелно ќе ...

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше за ситуацијата создадена во Звернец, кај Валона, каде што жителите на областа и претставниците на граѓанското општество протестираат против проектот за изградба на луксузен ресорт, кој се поврзува со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека самиот би се придружил на протестот доколку верувал во тврдењата што се ширеле за проектот. На средба со парламентарната група ...

Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел. Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање. Фјучерсите за сурова нафта WTI во јули на електронската трговска сесија на ...

Од денеска, 1 јуни 2026 година, започнува глобалната транзиција кон е-АТА CARNET, целосно електронски систем за обезбедување документација за извоз на стоки, за кој Стопанската комора има јавни овластувања и ги издава овие документи во интерес на компаниите. Во време кога дигитализацијата станува предуслов за поефикасни административни процеси и поконкурентна економија, модернизацијата на инструментите што ја олеснуваат меѓународната трговија ...

Раст на даночната основа и на нето даночниот ефект кај данокот на добивка, покажува обработката на даночните биланси за 2025 година што ја направи Управата за јавни приходи. Ова, според УЈП, укажува на стабилност во наплатата на приходите од данокот на добивка. – Даночен биланс за оданочување на добивка – образец „ДБ” поднесоа 25.506 даночни обврзници, наспроти 25.051 во 2024 година, додека даночен биланс за оданочување на вкупен приход – ...

Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,8 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (12,3%). На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваа 4.925,3 милиони евра. МИА Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 ...

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. До крајот на работната седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со ...

Денеска и утре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информираат од Градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Од град Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. МИА ...

Истече рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите точки од Реформската агенда. Уште едно ветување на Мицкоски останува не исполнето. Уште една лага на Мицкоски е разобличена, не се исполнети сите точки од Реформската агенда. Христијан Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да лаже. Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобри ...

Град Скопје ја реализираше втората авионска фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на територијата на градот. Активностите беа спроведени во раните утрински часови, согласно предвидената програма, законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје, соопшти прес-службатра на Град Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе биде реализирана и ...

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој утре во западните делови повремено ќе достигнува брзина од ...

Со изведба на социјален танц театар на кој беа прикажани сцени на насилство, отфрленост и осаменост, ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар денеска пред Собранието ја испратија пораката дека заштитата на децата од насилство мора да биде највисок општествен приоритет и дека „булингот“ секојдневно се случува во училиштата, но често остануваат незабележани од возрасните. Настанот кој е во организација на Меѓаши ...

Компанијата „Окта“ АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари за литар за бензините од 95 и 98 октани како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни годинава. Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ...

Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски, се емитува вечерва (1 јуни 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1. Дали погрешија како тогашна влада и шеф на државата со тоа што го прифатија т.н. француски предлог – е едно од прашањата до експретседателот Стево Пендаровски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Дали Македонија повторно се разминува со ...

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 6,50 денари по литар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 88,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 90,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 85,50, а литар Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 87,50 денари. За ...

Денес на 1 јуни официјално истекува рокот што премиерот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, а тоа е да се исполнат неисполнетите точки од реформската агенда. И се потврди уште една јасна и недвосмислена лага на Христијан Мицкоски – така дојде на власт со лаги, така и владе. Според официјалната листа на владата, според официјалната листа во рамките на реформската агенда, до јуни 2025 година требаше да се донесат 16 закони. Тогаш се ...

Лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја турка Македонија во изолација, Владата намерно ги блокира реформите и европскиот пат на државата, додека зад лажната патриотската реторика се кријат партиски и бизнис интереси преку тендери, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. „Се потврдува тоа што го говориме изминатите месеци, оваа Влада едноставно не сака во Европа. И затоа велиме: престанете да ...

Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството, Милан Ристески, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на Обвинителство, Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган Јакимовски, ...

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, нагласи дека одлуката на Владата за враќање на ДДВ-то за горивата на 18 проценти е уште еден доказ дека власта не води сметка за животниот стандард на граѓаните и дополнително ќе придонесе за нов бран поскапувања. Филипче посочи дека наместо мерки за заштита на граѓаните во услови на растечки цени и економска неизвесност, Владата не понуди никаква конкретна поддршка ...

Ципрас се врати на грчката политичка сцена со новата формација „Грчка левичарска алијанса“ и, според најновата анкета на Alco за Flash што ја пренесува „Катимерини“, веднаш се искачи на второто место, зад владејачката Нова демократија, а пред ПАСОК и новото движење на Марија Каристијану. Анкетата покажува дека грчката опозиција влегува во целосно нов распоред. Нова демократија останува прва со 23,5 проценти, но партијата на Алексис Ципрас ...

Деведесет и една мостра од млеко и млечни производи и од сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, земаа официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на вонредните контроли кои имаа за цел утврдување, дали реално производите по својот квалитет соодветствуваат со означеното на декларациите. Засега комплетирани се резултатите од тестираните примероци млеко и млечни производи земени од поголемите ...

Владата денеска на вонредна седница треба да донесе одлука за мерките коишто се однесуваат на нафтените деривати. Премирот Христијан Мицкоски очекува поевтинување на дизелот за 6,5 денари за литар и стабилизирање на цените. – Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно втората половина од мај, и како се движеа цените изминатава недела, очекуваме полека, но сигурно да ...

Православните верници денеска го одбележуваат еден од најголемите и најзначајни христијански празници – Света Троица, познат и како Духовден или Педесетница. Овој голем празник се слави на педесеттиот ден по Христовото Воскресение и десет дена по Вознесението Христово, а во православната традиција се смета за трет најважен празник по Велигден и Божиќ. Според Светото писмо и црковното предание, на овој ден се исполнило ветувањето на Исус ...

Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни, со цел да се ублажи ценовниот притисок врз граѓаните и стопанството. Дополнително, по разговорите со компанијата „ОКТА“, која е најголем домашен снабдувач со нафтени деривати, обезбеден е и дополнителен попуст од два денари по литар, кој ќе почне да се применува од утре. Според владините пресметки, со комбинираниот ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска пред конгресот на партијата НСДП изјави дека коалицијата со НСДП продолжува. Филипче упати и апел до сите граѓани и субјекти да се приклучат на Фронтот предводен од СДСМ. „Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите политички партии, дури дел на коалициските партнери на сегашната криминална ...

Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е доказ дека споделуваат еднакви вредносни политики. Коалицијата и соработката, најави тој пред денешниот конгрес на НСДП, продолжува и понатаму. -Сега и во една нова форма, во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н. Р. (22), М. И. (19), О. Н. (19), Л. Г. (19), А. Д. В. (18) и 15-годишник, сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „злоупотреба на лични податоци“, „неовластено снимање“ и „самовластие“. Според полицијата, од февруари 2025 година пријавените дејствувале организирано како група. Тие креирале лажен профил на социјални мрежи во кој се претставувале како ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.43
54%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.0
69%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.78
81%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.55
80%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.12
69%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.71
90%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
47%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.72
45%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.78
40%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
4.92
67%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
2.68
47%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.25
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Платина

50476.67

Родиум

249168.29

Калај

50.54

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Сребро

1862.96

Цинк

0.00

Алуминиум

3.11

Кобалт

56.29

Злато

129060.56

Бакар

12.22

Паладиум

38355.84