Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува 2.07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 проценти има во секторот Сместување и послужување храна, ...

Индустриското производство во април годинава е зголемено за 7,6 % во однос на април 2025 година – соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4,3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 6,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,6 %. Според главните ...

Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, што повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 километри на час. Температурата се очекува да се движи од 9 до 32 Целзиусови степена. Во Скопје, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. ...

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Од владината прес-служба информираат дека премиерот Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. ...

Од денес на сила се новите цени на горивата во Македонија, со значително намалување на цената на дизелот и благо поскапување на бензините. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС и екстра лесното масло за домаќинство е намалена за 6,50 денари по литар, додека бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се поскапи за 0,50 денари по литар. Новите максимални малопродажни цени изнесуваат: • ЕУРОСУПЕР ...

Добродојдовте во криминална држава на лажните патриоти на ВМРО – Дизниленд за возрасни. Нема леб, има игри. Нема Европа, ама има базен. Додека тие се капат во пари, граѓаните се дават во проблеми. Додека Реформската агенда официјално умре, а рокот истече со нула реализирани точки, премиерот Христијан Мицкоски свечено отвора нов базен во Карпош. Скопје плови во ѓубре од кога Мицкоски го постави Орце за градоначалник. Кај Мицкоски сè плови ...

Целокупната трговија што транзитира низ земјава од 1 јуни се одвива преку новиот компјутеризиран транзитен систем – Фаза 6, со што нашата држава целосно се усогласува со стандардите што се применуваат во Царинската унија на ЕУ. Воведувањето на НКТС Фаза 6 е дел од нашите обврски предвидени со Планот за раст, со што Царинската управа јасно ја потврдува својата посветеност на забрзаната интеграција во единствениот пазар на ЕУ, пишува во ...

Скандалозна, срамна и понижувачка за секоја жртва на семејно насилство е одлуката за условна казна за бодигардот на Мицкоски. Човекот кој ја претепа сопругата и призна вина за насилство, да добие условна казна е пораз за правдата, навреда за жртвите и јасен доказ дека блискоста до власта носи заштита од одговорност. Ова е порака дека за криминалната ВМРО, Мицкоски и луѓето блиски до нив не важат законите. Таква порака испраќа оваа одлука на ...

Додека граѓаните чекаат реформи и европска иднина, вицепремиерот Иван Стоилковиќ, најблизок соработник на Мицкоски и втор човек во државата, се обраќа на 7. состанок на локалните лидери на Кина, заедно со српската делегација. Во земја која полноправна членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија, вториот човек на владата отворено промовира стратешка соработка со Кина? Човекот кој јавно се дружи со „Ноќните волци“ на Путин, кој ...

Земјоделството никогаш не било во полоша состојба како овие две години со ВМРО. Мицкоски и неговата криминална организација ги излажаа и ги понижија земјоделците. Ветуваа сигурен пласман, лажеа за повисоки приходи и повеќе пари кај земјоделците. Денеска земјоделците се на раб на преживување, а особено малите, индивидуални производители. Статистиката го потврди она што изминатиов период го зборува СДСМ. Според најновите податоци на Државниот ...

Од Министерството за здравство попладнево информираа дека во рамките на националната кампања, што се реализира подсо мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Љуљзим Агаи, директор на Клиниката за неврохирургија, преку видеообраќање изразува поддршка за оваа племенита акција. – Се наоѓаме на нашата интензивна нега, каде што секојдневно се бориме за животите на нашите пациенти и многупати успеваме во тоа, но ...

Случаите на меѓуврсничко насилство, како неодамнешниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, се сигнал дека кај младите се јавува недости на емпатија, а зад насилното однесување најчесто стојат повеќе причини, меѓу кои потребата за докажување моќ, наталожен бес и гнев или уверување дека сторителите ќе избегнат одговорност, оцени Кристина Атанасова, психолог во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“. Во гостување на телевизија Алфа, ...

Мицкоски најавува големи промени и реорганизација, и во Владата и во партијата. Во Владата ќе биде козметика. Ќе менуваат имиња, ќе прават фотосесии, ќе ни продаваат „нова енергија“. А зад сè ќе остане истото, Мицкоски и неговата криминална група кои водат во изолација и продолжуваат со кражба. Во партијата, пак, ќе биде чистка. Како и со потпретседателите. Ќе ги отстрануваат сите кои не се 100% лојални, кои не се дел од фан-клубот на ...

Општинската организација на СДСМ Карпош јавно застана во одбрана на поранешниот градоначалник на општината и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, откако тој беше опфатен во акцијата што ја спроведуваат Управата за финансиска полиција и Обвинителството. Во партиската реакција се наведува дека станува збор за политички мотивиран притисок врз опозицијата и обид за пренасочување на вниманието од актуелните проблеми во Општина ...

Ракометарите на Охрид се победници во Европскиот куп сезона 2025/26. До историскиот прв трофеј на европската сцена, ГРК Охрид дојде по две победи во финалните пресметки со унгарска Татабања. По минималната победа (29:28) на гостински терен минатата недела, охриѓани вечерва во преполната сала „Билјанини Извори“ домаќините славеа триумф со 31:25 (полувреме 12:11). Охриѓани ја слават историската победа, а најголема благодарност искажуваат на ...

Бразилецот Жоао Фонсека успеа да се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос откако синоќа по полноќ го победи Каспер Руд со 3:1 во сетови. На тој начин по триумфот над Новак Ѓоковиќ 19-годишниот Бразилец успеа да елиминира уште еден од фаворитите. Фонсека по голема борба ги доби првите два сета со 7:5 и 7:6 (8) за водство од 2:0, но Руд го доби третиот сет со 7:5 во гемови за неизвесност во мечот. Сепак Фонсека продолжи со одличната игра и ...

Менаџерот на новиот првак на Премиер лигата екипата на Арсенал, Микел Артета веќе има план за засилување на неколку позиции. Арсенал по 22 години ја освои титулата шампион на Англија, но оваа екипа иако без пораз остана без титулата европски првак откако во саботата го загуби финалето од ПСЖ по изведување пенали. Артета планира засилувања на четири позиции; лево крило, напаѓач, десен бек и играч од средна на теренот. Како потенцијални ...

Куманово е домаќин на шахисти од повеќе земји со бројни учесници. Во организација на градскиот шаховски клуб „Куманово“, од 29 мај до денеска се одржува четиридневен шаховски турнир. – За прв пат годинава се одржа „Куманово Опен“ на кој учествуваа 120 шахисти од 12 држави, во недела се одржа и турнир за деца до десет години како и „блиц турнир“ во чест на покојниот мајстор, Драги Димитриевски-изјави претседателот на клубот, Сања Трајковска. ...

Освежете се со вкусна салата со тестенини, заедно со вашиот омилен зеленчук. Обавезно користете ја течноста во која биле краставиците за дресингот, бидејќи тоа додава посебен шмек на ова јадење. Состојки: 300 грама тестенини(по желба) 100 грама цветчиња од брокула 80 грама кисели краставички 50 грама виолетов кромид 80 грама шери домати 1 црвена пиперка 30 грама слатка пченка 100 грама тврдо младо сирење неколку црни маслинки За дресингот: ...

Вкупно 16.885 казни се изречени во текот на изминатиот месец при интензивни сообраќајни контроли на патиштата спроведени од полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, информира Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од санкциите се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење – 4.473 прекршоци. Следуваат непрописното паркирање со 3.851 санкција, како и користењето мобилен телефон при управување ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан синоќа повика на фундаментална промена во стилот на лидерство во земјата, додека неговиот кабинет ги негираше гласините дека планира да поднесе оставка, јави ДПА. Пезешкијан рече дека раководството на Иран не смее да се состои од ограничена група лидери и функционери, пренесе државната агенција Фарс, која е поврзана со моќниот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Тој повика на вклучување на ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, разговарал со либанскиот претседател, Жозеф Аун, и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за дипломатските преговори меѓу Израел и Либан при што предложил план за „постепена деескалација“ на конфликтот. Неименуван американски претставник соопштил дека предлогот на САД како прв чекор предвидува прекин на сите напади на проиранското движење Хезболах врз Израел, а за возврат израелските сили да се ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека „Иран всушност навистина сака да постигне договор“. Истовремено, тој жестоко ги нападна сите критичари кои ги доведуваат во прашање неговите напори во преговорите со Техеран. „Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога политичките платеници ...

Европските разузнавачки агенции го реконструираа системот што го користеше Москва во последните години за дестабилизација на континентот – сеопфатна хибридна кампања што ги комбинира најевтините и најскапите методи на субверзија со цел да се поткопа западната поддршка за Украина и да се наруши европската кохезија. Обемот на кампањата го потврди и Полската агенција за внатрешна безбедност (ABW), која објави дека спровела повеќе ...

САД презедоа нови мерки со цел да ја затворат „дупката“ во контролата на извозот на напредни компјутерски чипови кон Кина, преку ограничувања и за странските компании што соработуваат со Кина. Според новите насоки на американскиот Уред за индустрија и безбедност при Министерството за трговија, забраните за извоз не се однесуваат само на директни испораки кон Кина, туку и на странски компании кои имаат седиште или матична фирма во Кина. ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да ги нападне позициите на либанската милитантна група Хезболах во предградијата на либанскиот главен град Бејрут. „Како одговор на повторените и континуирани прекршувања на прекинот на огнот во Либан од страна на терористичката организација Хезболах и нападите врз нашите градови и граѓани, заедно со министерот за одбрана Израел Кац, им наредив на Израелските одбранбени ...

Долги редици возила се формираат на бензинските пумпи на анектираниот полуостров Крим, по воведените ограничувања за точење гориво за индивидуалните купувачи. Според информации објавени преку локални телеграм-канали, на некои од пумпите прекината е продажбата на ваучери за гориво, а услугата е достапна само врз основа на постојни договори. Шефот на Регионалната руска администрација, Сергеј Аксјонов, соопшти дека од саботата продажбата на ...

Најмалку две лица се повредени при експлозија во фабрика за пиротехнички материјал во Малта, соопштија локалните медиуми. Двајца мажи на возраст од 67 и 47 години биле пренесени во болница по експлозијата, што се случила изутринава околу 6:30 часот по локално време. Според извештаите, од силината на детонацијата се треселе околните згради, а жителите пријавиле и скршени прозорци. Очевидци наведуваат дека експлозијата се слушнала на голема ...

Американските воени сили во последните неколку недели им помогнаа на десетици трговски бродови да поминат низ блокираната Ормуска Теснина – објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на изјави на американски функционери. Во последните три недели Централната команда на американската војска (Centcom) водеше 70-ина трговски брода низ овој стратешки воден пат, откри еден од функционерите под услов да остане анонимен. Истите извори наведуваат дека ...

Поранешната потпретседателка на Европска комисија, Вера Јурова, во интервју за бриселскиот портал „Еуроњуз“, апелира на нов бран проширување на Европска Унија, посебно со Западен Балкан. Таа истакна дека сретнува голем број луѓе од земјите од Западен Балкан, кои се презаситени од чекањето 20 години за пристапување кон ЕУ. Мора да има некакво движење, посочи Јурова денеска, кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта ја почнува ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.43
54%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.0
69%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.78
81%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.55
80%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.12
69%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.71
90%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
47%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.72
45%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.78
40%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
4.92
67%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
2.68
47%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.25
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89

Платина

50476.67

Кобалт

56.29

Иридиум

233896.68

Сребро

1862.96

Паладиум

38355.84

Калај

50.54

Цинк

0.00

Бакар

12.22

Алуминиум

3.11

Злато

129060.56